дома блог страница 5295

ВИДЕО – Доколку го забележите ова во хотелска соба или јавен тоалет, веднаш повикајте полиција

12121

Во нормалниот живот, закачалката не би требало да претставува никаков проблем, зар не? Тоа се сосема вообичаени работи, било да се наоѓаат во хотел или јавно веце. Нажалост живееме во многу лошо време каде поединци доаѓаат до разни болни идеи.

Верувале или не, постојат закачалки кои во себе имаат скриена камера со помош на која поединци сакаат да ги снимат вашите интимни моменти, тоест подоцна да ги објават на интернет.

Погледнете како тоа изгледа:

ЕКСКЛУЗИВНО ИСТОРИСКО ОТКРИТИЕ

image-0.02.01.22e6c7a32e5464b153d5717bf455c980d3405899f45083c9a419fcf0a82b4503-V

Активностите на археолошкиот локалитет Локвенско кале во Општина Кривогаштани се одвиваат со несмален интензитет. Денес за време на ископувањата пронајдена е монета со ликот на Александар Македонски која според археолозите потекнува некаде околу 4 век пред нашата ера. Според изјавата на Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, кој е во работна посета, се работи за големо откритие. Во посета на локалитетот беше и градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски. Археолошките ископувања ќе се реализираат и во наредниот период.

image-0.02.01.d1eeaa318676ca835ac6ec7a4b7c8e4d4332771178db0bc5da621c8ae8624499-V

image-0.02.01.bd96cabd5199691fc9a9dc043c6ea3ba423b136169093e2688150e35b4fbfe98-V

image-0.02.01.d7a15822936209d8e60a6eee705730749b70399d5ed040966e54e8f9b477e7d2-V

ВЕТЕНОТО СЕ РЕАЛИЗИРА: Ќе се вработат најдобрите 100 студенти од државните универзитети

Вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во месец февруари најавувајќи пакет мерки за младите лица.

 

gruevski-mladi

-За два месеци излеговме со 14 значајни ветувања за младите, тие се нашиотфокус и еден од нашите најзначајни приоритети. Секоја инвестиција во младите луѓе е инвестиција во својата иднина и во обезбедување на капитал кој е трајна вредност која се исплати неколкукратно. Сите мерки и проекти стануваат реалност. Со нас знаете дека сте на сигурно и дека ветеното ќе го реализираме. Одмереноста е одлика на сериозноста со која ние постапуваме, но и искрениот однос кој го имаме. Денес дозволете да објавам нови проекти за младите кои имаат реална и конкретна вредност. Вработување на 100 најдобри студенти на додипломски студии, автоматско, законско, директно вработување. Најдобрите 100 веднаш по комплетирање на образованието ќе добијат работа и сигурна егзистенција, најсилен поттик на оние кои инвестирале во своето образование. Од секоја учебна година стоте најдобри кои дипломирале на државни универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрација, акционерски друштва. Ќе се подготви методологија за рангирање согласно просечната оценка во текот на студирањето и ќе има околу 70% удел во конечно рангирање. Поседување на меѓународен сертификат за трите најчесто користени јазици на ЕУ издаден од официјален европски тестатор ќе има удел од 20% во рангирање. Трет критериум ќе биде брзината на завршување на додипломските студии. Во предвид ќе бидат земени најдобрите од петте најдобро рангирани универзитети во Македонија. Секоја година од прво рангираниот 30 најдобри, второ рангираниот 25, трето рангираниот 20, четврто рангираниот 15 и петто рангираниот 10 студенти. Во критериумите ќе биде и елементот на тоа колку испити има положено студентот кај професор што има повеќе од 2 објавени труда во меѓународни списанија со импакт фактор, истакна Груевски во февруари.

Ветувањето веќе се исполнува

Капацитетите на јавната администрација ќе се зајакнуваат со вработување на 100 најдобри студенти од јавните универзитети. За реализација на владиниот проект Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) подготви Предлог закон со кој се уредува начинот и постапката за вработување на студентите, а кој ќе се најде во владина процедура следната недела.

-Според Предлогот, секоја година во август Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти. Ќе може да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година завршиле универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и вториот циклус на студии, информира вчера  на прес-конференција заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски.

За да добие работен ангажман дипломираниот студент ќе треба да помине административна селекција и да положи испит за административен службеник и тест на личност.

– Оваа мерка претставува сериозен стимул за најдобрите студенти кои се посветиле на образованието, што веруваме дека е клуч за успех во животот на секој поединец и капитал кој има долгорочна употребна вредност. Преку обезбедување сигурна егзистенција за младиот научен потенцијал му овозможуваме да ја гради својата иднина во Македонија, рече Муцунски.

mucunski

При административната селекција кандидатите можат да добијат најмногу 100 бода, од кои 70  од формално образование, најмногу 20 од меѓународно признати сертификати за познавање странски јазици и најмногу 10 бода од времето кое било потребно за кандидатот да ги заврши студиите. Доколку кандидатот студирал подолго ќе освои помалку бодови. При пресметката на бодовите од формалното образование главен критериум ќе биде просечниот успех со кој кандидатот ги завршил студиите. Дополнителни бодови ќе носат и освоени меѓународни награди, како и бројот на положени испити на студенти кај професорот кој има објавено повеќе од два меѓународни труда во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс.

– За да се обезбеди застапеност при вработувањето на сите образовни профили во постапката за вработување и при распределбата на работните места ќе се води посебна сметка работните места да бидат распоредени во рамки на сите научни подрачја, односно да се вработат најдобрите студенти од различните студиски програми, рече Муцунски.

Вработените сто најдобри студенти, појасни, понатаму ќе може да бидат распоредени во соодветните институции според научното подрачје во кое припаѓа факултетот кој го завршиле. Претходно институциите во своите акти за систематизација треба да ја имаат утврдено потребата за вработување таков профил на кадар.

Ноќен живот во Прилеп – Милица Тодорович – 10.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”280″ gal_title=”NokenzivotPrilepMilica”]

Македонски филм во финалето на престижниот натпревар „MyRodeReel“

1

Филмот подготвен од група автори од Македонија, насловен како “Farewell”, ги мина сите фази на престижниот меѓународен натпревар “MyRodeReel” и во конкуренција на 1200 филмови се пласира во финалето. Натпреварот е организиран од реномираната компанија „RØDE Microphones“. Сега останува завршната фаза од натпреварот, односно гласањето!

3

2

Според актуелните резултати, филмот е во трка за првото место, кое доколку го освои ќе биде прв македонски филм којшто ја има добиено оваа престижна награда.

Погледнете го ова врвно достигнување на нашите филмаџии:

Повеќе информации за филмот на следниот линк

 

ПРИЛЕПСКИТЕ ФИЛМАЏИИ ПОВТОРНО СО НАГРАДИ

DSC_0185

Фото кино клубот Прилеп и понатаму продолжува со своите успеси!

Членовите на Фото кино клубот Прилеп, ученичката во средното медицинско училиште Анастасиа Бошкоска и гимназијлецот Горан Попоски, после минатогодишниот успех на Меѓународниот фестивал на доклументарен филм “Камера 300” во Битола, каде освоија златна плакета за најдобра камера.  Oваа година на 45 државен фестивал на непрофесионален филм во Штип, освоија две награди и тоа: награда за надобра монтажа, и награда за документарен филм, за нивниот филм “Ковач”, снимен во старата прилепска чаршија.

DSC_0181

DSC_0166

 

 

Со „Име“ на Театар Комедија започна „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „Име“ во режија на Ненни Демлестре на театар „Комедија“ и со традиционалното врачување на наградите за животно дело,вчеравечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна 51-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

ime-komedija

-Фестивалот го помина првото петдецениско постоење и годинава зачекоривме во второто петдецениско живеење на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Направив селекција од 12 претстави во официјалната конкуренција за награди и се раководев само од квалитетот што го нудат македонските професионални театри. А македонскиот театар постојано бележи нагорна линија и според квалитет и квантитет, зашто сите ансамбли се обновени со млади актери и творци, истакна претседателот на Собранието на фестивалот и селектор Петар Темелковски.

pp-vojdan

Сите осум фестивалски дена ќе биде понудена богата програма. Освен 12 претстави во официјална конкуренција има и 10-тина претстави во придружната програма. Ќе бидат организирани и изложби и промоции на драмски текстови што се наградени од Министерството за култура, како и полноќни претстави за сите генерации.

Според градоначалникот Марјан Ристески: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ претставува голема потврда дека трајните вредности и нивното негување се од особен интерес за градот Прилеп, за  Министерството за култура, за Република Македонија. Токму затоа градот Прилеп претставува епицентар во кој се случуваат културни збиднувања и настани носејќи го космополитскиот дух на уметноста, а за тоа најмногу придонесува овој фестивал на театарот“.

nagradi-pp

Годинашни добитници за животно дело се: театарскиот критичар Лилјана Мазова, како и актерите Илијаме Билјали од Албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмскиот театар од Скопје. Идниот петок, Македонската опера и балет за првпат на фестивалот ќе ја изведе операта „Кармина Бурана“ во чест на наградените.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и градот Прилеп.

Пред почетокот на фестивалот љубителите на ликовната уметност имаа можност да присуствувват на отварање на изложбите на Владимир Темков и Атанас Ботев.

Пет навики што ќе ви донесат пари

Се чувствувате незадоволни затоа што вашата кариера напредува бавно или затоа што имате малку пари? Време е да престанете да велите „Сакам“ и да почнете да работите на тоа. Успехот може да биде ваш ако навистина го посакувате. За да бидете како вашите супер-успешни идоли потребно е да вложите малку повеќе труд.

naviki

Неможете секогаш да се потпрете само на среќата, затоа што сме сигурни дека она работно место што отсекогаш сте го посакувале, нема сам да ви слета на рамо. За да започнете, постојат неколку навики што би требало да ги стекнете – можеби ќе ми треба малку повеќе време за да се навикнете, но така се доаѓа и до напредок.

Бидете ранобудни

Истражувањата покажуваат дека дури 44 отсто од богатите луѓе се будат три часа пред да одат на работа. Само едноставниот чин на будење порано им додава еден час повеќе во нивните животи. Замислите колку попродуктивни можете да бидете во раните утрински часови, без прекинувања и попречувања. Или искористете го ова дополнително време за работа врз поставувањето цели и истражувањето на сопствените можности.

Интернет

Истражувањата покажуваат дека 79 отсто од богатите поминуваат пет часа месечно на создавање контакти – одат на конференции, запознаваат клиенти, одат на онлајн семинари, договараат состанови итн. Тоа што ќе поминувате време со истомислениците ви овозможува да се усогласите со другите и да учите од нив. Оној круг на луѓе со кои што се дружите го обликува вашиот свет – можете да го промените целосно исходот на вашата кариера со тоа што ќе се опкружите со успешни луѓе што на нешто ќе ве поучат, ќе ве поткренат и ќе ве поддржат.

Останете фокусирани

Најуспешни луѓе се оние што почувствувале желба и работеле на неа – и токму од тој миг, станале фокусирани на она што сакаат да го направат се додека тоа не станало нивна стварност. Следете ја вашата одлучност, игнорирајте ја бучавата и задржете го фокусот.

Читајте за да научите

Според истражувањата, 86 отсто од богатите луѓе и лидери сакаат да читаат. Кога читате секако сакате нешто и да научите. Оние што постигнале некаков успех постојано работата на сосптвеното знаење, научиле и го збогатиле знаењето.

Направете листа

За да ја постигнете конечната цел, морате да го наведете она што сакате да го остварите. Поголемиот број богати луѓе секојдневно прават листи со тоа што треба да го направат, дури 81 отсто од нив! Всушност 67 отсто богати луѓе да ги исполнат нивните дневни обврски – имаат јасно зададени цели и предадено работат на тоа да ги исполнат.

Кога спиете исклучете Wi-Fi на телефонот– Еве зошто!

Кога се во прашање паметните телефони, на Интернет можете да пронајдете голем број на совети кои можат да ви бидат од голема помош.

son-1

Меѓутоа, корисниците на некои фунцкии не обрнуваат внимание претерано. Некои работи се подразбираат, па никој од корисниците и не бара совети за тоа. Но тоа не би требало да биде така.

Колку вие обрнувате внимание на  Wi-Fi i Bluetooth? Колку од вас ја исклучуваат оваа фунцкија кога не ја употребувате? Поготово кога спиете бидејќи тогаш телефонот не се користи. Дали на овие работи воопшто обрнувате внимание? Доколку вашиот одговор е негативен, да знаете  дека тука грешите.

Експертите велат дека оваа функција би требало да ги исклучувате преку ноќта бидејќи непотребно се троши батерија и со тоа се скратува нејзиниот животен век. Едноставно нема потреба оваа функција да биде активна.

ФОТО: Груевски со младите во парк го проследи првиот меч од ЕУРО 2016. Негов фаворит е Германија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со младите во Градскиот парк во Скопје го проследи премиерниот меч од Европскиот шампионат во фудбал кој од денеска, па до 10-ти јули се одржува во Франција.

 

1

На тревникот пред популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје беа присутни над 500 млади, кои колективно на проектор го проследија отворањето на Европското фудбалско првенство и првиот меч помеѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија кој заврши со победа на Французите од 2:1. Меѓу присутните беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.6

3

4

5