дома блог страница 5293

ФОТО: Вереницата на Марија е вистинска бомба

123 (1)

Српската пејачка Марија Шерифовиќ не ги жалела парите кога одлучила да се вери, па за веренички прстен искеширала околу 2.500 евра.

Марија за црно-златнен прстен за својата драга издвоила 1.450 евра, а за својот прстен дали 1.120 евра.

Пејачката реши да ја покаже својата вереница, па објави на Инстаграм фотографија со коментар: Можеби е таа. Убава, млада, телентирана,образовона. Важно ми е вашето мислење, како ви изгледа.

111

УЖАС: Крвав масакр во Орландо – загинаа 50 лица

123 (1)

Нападот во ноќниот геј клуб „Пулс“ во Орландо е најмасовното убиство во историјата на САД, јави американската телевизија Си-Ен-Ен. Педесет лица загинаа, а 53 се ранети во нападот врз ноќниот геј клуб „Пулс“ во Орландо, во американската сојузна држава Флорида.

Досега најкрвавите напади во историјата на САД беа тие на Технолошкиот универзитет во Вирџинија во 2007 година и во основното училиште во градот Њутаун во Конектикат во 2012 година во кои загинаа, 32, односно 27 лица.

Во меѓувреме таткото на напаѓачот за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека нападот нема никаква врска со религијата.

Мир Седик појасни дека неговиот син Омар Матин, кој беше застрелан од полицијата, се разлутил пред неколку месеци, кога видел двајца мажи како се бакнуваат во Мајами.

– Се извинуваме за целиот инцидент. Не знаевме што подготвува нашиот син. Шокирани сме како и целата држава, изјави тој.

Напаѓачот е идентификуван како 29 годишен Американец со авганистанско потекло, кој живее во Флорида и поминал обука за стрелаштво.

ФБИ соопшти дека Матин бил симпатизер на исламистичката кауза.

Налог на Твитер поврзан со џихадистичката групација Исламска држава објави фоптопграфија на Омар Матин, под која пишува: „Мажот, кој го изврши нападот во ноќниот клуб во Флорида, во кој беа убиени 50 и ранети десетици лица“.

До моментов нема официјално соопштение од ИД.

Според сенаторот демократ од Флорида Бил Нелсон, Матин ја изразувал својата припадност кон ИД.

– Матин работел како обезбедување и повеќе пати изјавувал дека е поврзан со ИД, додаде Нелсон, кој се повикува на информации од американското разузнавање.

До моментов сепак нема директни докази дека тој навистина бил поврзан со оваа или друга теоририсичка група., изјавија претставници на безбедносните сили.

Гувернерот на Флорида Рик Скот во меѓувреме прогласи вонредна состојба во југоисточната американска држава.

Шакири открива зошто игра за Швајцарија, а не за Албанија

Џердан Шакири, Валон Бехрами и Гранит Џака сакале да играат за Албанија, но претседателот на фудбалската федерација имал непристојно барање за нив.

 

dzerdan-640x352

„Ме боли кога ќе видам како Албанци ме навредуваат затоа што одбрав да ја претставувам Швајцарија а не Албанија“ – вели Шакири.

„Како и да е, јас сум тој кој најдобро знае зошто ја одбрав Швајцарија. Кога јас и моите пријатели Бехрами и Џака отидовме да побараме да играме за Албанија, претседателот на Фудбалската федерација на Албанија, Армандо Дука ни рече дека ќе треба да платиме по 100.000 евра за да играме за албанскиот национален тим. Тој знаеше дека ние живееме во Швајцарија, но не знаеше дека немавме пари да платиме“.

„За разлика од него, Швајцарската федерација ни понуди подобри услови кои ги прифативме. Јас сум Албанец во моето срце и сакав да играм за Албанија, но Дука ги спречи нашите надежи да ја имаме поддршката од албанските навивачи. По таа случка никогаш повеќе не прозборев со него, бидејќи тој не го заслужува тоа, поради него илијадници браќа албанци ме навредуваат затоа што се потам во швајцарскиот дрес, а не во албанскиот“.

Какво време нé очекува следните денови?

Времето претпладне ќе биде малку до умерено облачно со услови за краткотраен дожд на североисток. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

 

dozd

Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а максималната до 29 степени. УВ=6.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, а попладне ќе биде нестабилно со појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни, особено во северните и источните делови. Од среда под влијание на сува и многу топла воздушна маса ќе има нагло зголемување на температурите. За викендот највисоката температура ќе достигне 40 степени на југоистокот од земјата.

МТСП: Петок е неработен ден

mtsp-360x240 (1)

Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 17 јуни 2016 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

ВИДЕО: Не му се отвори падобранот, еве што го спаси

Неименуван полски војник успеа да се спаси и покрај тоа што во скокот му откажа падобранот.

 

polski-podobran-640x348

За среќа, до крајот останал прибран, па на дваесетина метри од земјата го отворил резервниот падобран.

Страшниот инцидент бил снимен со мобилен телефон за време на презентација на меѓународна воена вежба на која учествувале околу 30 илјади припадници на вооружените сили на 24 земји.

Полските портали наведуваат дека авионот од кој скокнал војникот летал на околу 500 метри.

Тие напоменуваат дека иста незгода го снашла и американски војник многу набрзо, кој исто така навреме успеал да се спаси со резервниот падобран.

Утре ќе бидат објавени рeзултатите за полуматурантите од екстерното

eeksternotestiranjee

Резултатите за полуматурантите од екстерното тестирање ќе бидат објавени утре, порано оти за нив ќе следат уште обврски, уписи за во средно училиште кои се закажани за 28 и 29 јуни. Останатите резултатите од екстерното ќе ги знаат на 17-ти јуни.

Тестирањето заврши вчера, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски за Алфа истакна дека е задоволен од тоа како се реализираше, пред се дека минало  без технички проблеми.

-Заврши процесот на екстерното тестирање, јас сум многу задоволен оваа година немаше никакви проблеми ни од технички карактер ни други проблеми кои претходно беа поврзани со паѓање на системот, интернет и слично. Сега, оваа година помина се во најдобар ред. Сметам дека се ќе заврши најдобро и со државната матура…Моја оценка е дека беше успешна оваа учебна година изјави меѓу другото заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски.

Ристовски  истакна, учениците да размислуваат едукацијата да ја продолжат во училиштата кои нудат стручно образование, во насоките да влијаат и родителите бидејќи тоа ќе им помогне полесно на младите да ја совладаат материјата, посебно  на оние кои ќе одлучат понатаму да се запишат на технички факултет, но пред се да станат конкурентни на пазарот. Полесно да се вработат, зашто потребата од техники кадар  кај домашните и странските  компаниите е во пораст.

-Апелирам да се размислува на стручно образование  не само на општо гимназиско образование иако се уште за таму има најголем интерес. Од причини што потоа е значајно што поголем дел од потенцијалните студенти ќе треба да се запишат на техничките факултети, од аспект на тоа дека на тој начин многу полесно можат да дојдат до работни места, објасни заменик министерот за образование и наука.

Наскоро ќе биде објавен и конкурсот за упис на високо образовните установи  на државните универзитети. Ристовски  вели дека веќе Владата ги  утврдила предлог квотите за упис за академската  2016/2017 година.

Инаку во последните 5 години бројот на студенти кои се запишеле на технички факултети е зголемен за 11 проценти. Ако пред 6 години, 20 проценти од младите се определуваа да се запишат на техничките факултети, последните податоци од министерството говорот дека лани се запишале над 30 проценти. Освен квалитетно обучени кадри тоа според надлежните ќе придонесе и за економски раст на државата.

Светски познати, а ќе настапат на ПИВОФЕСТ 2016

Fly_Project_-_Sedinta_foto_-La_Vita_e_Bella-

Светски познатите “Fly Project” доаѓаат во Прилеп за овогодинешниот фестивал на скарата и пивото. Романската група е со милиони фанови ширум светот и со многу успешни хитови зад себе, а за нас најпознати се: “Toca Toca”, “Musica”, “Like a star”….

Tropico

Своето учевство на Пивофест го потврдија и Тропико Бенд, како и Парни Ваљак. Сето тоа како надополнување на претходно споментатите големи имиња, значи незаборавна забава и фестивал за паметење.

ОВА Е ПРИЛЕП, ОВА Е ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ!!!

Маркукуле.мк е медиумски покровител на овогодинешниот Пивофест 2016 и редовно ќе ве известува за сите случувања во четирите фестивалски денови.

Фестивалот започнува на 14-ти јули и ќе трае до 17-ти јули.

Повелете во Прилеп !

Научна академија – “Патриотизмот и велепредавствотo”

6224-naucna-akademija-patriotizmot-i-velepredavstvoto-960x600-1

Во организација на Македонското здружение „Басилеј“ и канцеларијата за врски на Светскиот македонски конгрес, под покровителство на Фондацијата на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски денеска во Прилеп се одржа македонска национална академија на тема – Патриотизмот и велепредавството. Научниот собир го поздрави градоначалникот Марјан Ристески, кој истакна дека локалната самоуправа секогаш дава голема поддршка кога станува збор за културно – научни манифестации што допринесуваат за зачувување на македонскиот идентитет и култура. Актуелна тема која предизвика голем интерес кај научните дејци и бројни поддржувачи на македонската кауза.

Научната академија се одржа во хотелот Сонце, а и претходеше панихида на Парклисот Свети Никола посветена на сите паднати знајни и незнајни борци за Македонија, како и дефиле на учесниците низ центарот на градот.
Македонската научна академија се одржа по 27 ми пат во Прилеп. Досега, на овој традиционален научен собир зедоа учество голем број истакнати научни работници од областа на историјата, како и патриоти кои се дел од повеќе граѓански организации и здруженија од земјава и странство.

6224-naucna-akademija-patriotizmot-i-velepredavstvoto-960x600-6

6224-naucna-akademija-patriotizmot-i-velepredavstvoto-960x600-2

6224-naucna-akademija-patriotizmot-i-velepredavstvoto-960x600-3

6224-naucna-akademija-patriotizmot-i-velepredavstvoto-960x600-5

САЕМ НА КНИГАТА НА „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ВО ПРИЛЕП

Saem na knigi na Makedonika

Од 13 до 18 јуни, во соработка со Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи саем на книгата на „Македоника литера“ од Скопје. На оваа изложбено-продажна манифестација, со попуст и до 70 отсто, ќе се продаваат близу 300 изданија на Македоника литера од областа на детската литература, белетристиката и историографијата. Љубителите на добрата книга од Прилеп на едно место ќе може да најдат наградувани и восоко вреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература…

Саемот на книгата ќе се одржува на отворен простор – на платото пред Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, меѓу 10 и 20 часот.