дома блог страница 5292

Мисот на САД е воен заповедник која со задоволство би прифатила повик за борба во Ирак

160606027.3_mn

Овогодинешната Мис на Соединетите Американски Држави била во воена служба на својата земја. Deshauna Barber ќе го продолжи натпреварувањето за Miss Universe како победничка на изборот за Мис на САД за 2016-та година, кој се одржа во Лас Вегас.

Barber  која работи како IT aналитичар за Министерството за трговија на САД во Вашингтон, а која исто така била командант за логистика, титулата за мисица ја дочекала во солзи.

160606027.2_mn

Дваесет и шест годишната Американка, чии родители, брат и сестра исто така служеле во војската, тврди дека полот не ги ограничува жените во Америка.

Изјавила дека жените се еднакви по сите правила во САД и додала: “Како заповедник на својата единица јас сум моќна и посветена на својата работа. Полот не не ограничува во САД.
160606027.6_mn

160606027.5_mn

Таа е првиот воен заповедник која некогаш ја освоила титулата Мис.

“Ако претседателот Обама побара од мене да се борам во Ирак, ќе прифатам. Би заминала веднаш. Тоа е она за што јас потпишав пред 10 години, и за тоа се борам и денес”, рекла Deshauna во Вегас.

160606027.7_mn

 

ФОТО – Ножот на Гадафи вреден 10 милиони долари на црниот пазар: Бил украсен со дијаманти, смарагди и рубини

Припадниците на Одделението за борба против криумчарење на истамбулската полиција, заплениле десет милионски нож кој претходно бил украден од палатата на бившиот либиски претседател Муамер Гадафи.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834070-928177

Врз основа на сознанијата дека криумчарите треба да извршшат продажба во Истамбул на вредни предмети, кои се украдени во странство и внесени во Турција, припадниците на полицијата денес наутро извршиле претрес во еден објект во местото Есенјурт.

Притоа биле уапсени три осомничени лица, итоа еден бизнисмен и двајца негови соработници.

Полицијата во тој објект пронашла специјално изработен куфер во кој се наоѓал ножот, направен од слонова коска и украсен со сафири, дијаманти, смарагди, рубини и злато.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834113-928179

Вредниот нож бил украден од палатата на Гадафи за време на револуцијата во Либија, а во Истамбул требало да го купи некој саудиски бизнисмен.

Од истамбулската полиција тврдат дека уапсените ножот го купиле 4,6 милиони долари пред три месеци, а во Истамбул требало да го продадат за 10 милиони долари.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834163-928183

A.Г.

Маж од Србија пријави мечка во полиција – погледнете зошто

Close up of Grizzly bear growling Captive Alaska...Close up of Grizzly bear growling Captive Alaska --- Image by © AlaskaStock/Corbis

Close up of Grizzly bear growling Captive Alaska...Close up of Grizzly bear growling Captive Alaska --- Image by © AlaskaStock/Corbis

Маж со иницијали М.Б. (79) од Бања Лука синоќа околу 22 часот во полиција пријавил една мечка затоа што влегла во заграден двор на неговиот имот во местото Липовац и му нанела штета на кошниците за пчели .

Тој раскажал дека мечката ги скршила и расфрлила низ дворот пет сандаци со пчелични семејства.

На местото на случувањето излегле полициски службеници на Полициската станица Челинци, а информиран е и општинскиот инспектор во Челинци.

 

Леново го претстави новиот флексибилен смартфон и таблет – ВИДЕО

Компанијата Леново на World Tech конференцијата во Сан Франциско го претстави новиот флексибилен, супереластичен смартфон и таблет, кои можете дури да ги преклопите.
dddd

Смартфонот е флексибилен и се прицрврстува околу зглобот на корисникот. Тоа го овозможуваат еластичниот екран, како и флексибилните хардверски компоненти, како што се: матичната плоча и батеријата.

Покрај смартфонот, тука е и новиот таблет, кој може да се преклопи на половина и да се користи како телефон.

Флексибилниот смартфон е наречен C-Plus, а таблетот Follo. Датумот за почетокот на продажбата на овие нови уреди на Леново, сеуште не е објавен.

А.Г.

ВИДЕО – Свадба од два милиони долари: Руски милијардер го ожени својот син

Кога во Русија милијардер го жени синот, тоа мора да стане светска вест.

34032_svadba_ff

Саргис Карапетјан (23), син на руски милијардер, се ожени во саботата со Саломе Кинсурашвили (25), а свадбената церемонија чинела повеќе од 2 милиони долари.

Торта на девет спратови, им свиреле Мaroon 5, насекаде слики од младенците, познати личности и раскош во полн сјај….. Не постои некој што би одолеал на вакво одбележување на најсреќниот ден во животот.

А.Г.

 

СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ПРИЛЕП

4385-pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz-960x600-12

По повод големиот верски празник Духовден, 17-ти јуни (петок) ден пред Духовден е прогласен за неработен ден.

Автобусите на Јавниот градски правоз на тој ден како и на 19-ти јуни (недела), ќе сообраќаат по вонредна линија, со зголемен број на автобуси, од 6:30 до 14:30 часот од новите градски гробишта.

Со почит,

Јавен Градски Превоз

Семејството на прво место: Браќата Џака 80% од платата им ја даваат на родителите

Гранит и Тауљант Џака се вистинска сензација на ова Европско првенство и се единствените браќа кои настапувале за две различни репрезентации на еден европски мундијал.

brotherly-love

Гранит е ново момче на Арсенал, а неговиот брат повеќе време е едно од најзвучните имиња во Базел. Меѓутоа иако веќе светски познати, браќата не заборавиле од каде потекнуваат.

И покрај нивната слава, првото нешто кое браќата го прават кога ќе земат плата, не е трошењето на скапи автомобили или стилизирана облека, туку 80% од парите им ги даваат на родителите.

Гранит вели: “Бидејќи им должиме на нашите родители буквално се’, сакаме со нешто да им возвратиме. Секој месец од нашите примања одделуваме 80% и ги даваме дома. Ние сме млади, наивни, парите можат брзо да се потрошат. Ако некој мисли дека е нешто повеќе од другите, само затоа што има повеќе пари на сметката, се лаже. Семејството е нашиот најголем луксуз”

A.Г.

Рецепт: Пилешко и ориз на кинески начин

oriz-i-pileshko-650x396

Веќе ви здодеа постојано да го подготвувате пилешкото месо на традиционален начин? Еве еден рецепт што би можеле да го подготвите за вечера. Како да подготвите вкусно пилешко со ориз на кинески начин за две лица проследете во продолжение.

Состојки:

  • 400 грама пилешко филе
  • 300 грама ориз
  • 5 млади кромидчиња
  • 6 благи феферони од тегла (зелени и црвени)
  • ¼ калинка
  • Сол
  • Црн бибер
  • Масло за јадење

Подготовка:

Измиете го пилешкото филе и ставете го хартиена салфетка да се исуши. По ова месото се сече на мали коцкички.

Измиете го и ситно исечкајте 3 млади кромидчиња и издинстајте го во тава во која претходно сте ставиле масло за јадење (дното на тавата треба да биде прекриено со масло).

Кога кромидот ќе добие стаклест изглед, додадете парченца месо и продолжете да пржите, се додека не добие румена боја.

Додадете сол, црн бибер и феферони (претходно пресечени на половинки). По ова додадете 2 мали филџани вода и варете додека месото не омекне и додека водата на испари.

Во посебен сад ставете го оризот и водата (двојно количество вода во однос на оризот), додадете сол по вкус и варете се додека оризот  не е речиси готов. По ова престанете со готвење, затворете го тенџерето со капак, се додека оризот сам не се свари до крај.

Во меѓувреме исчистете ја измијте ја калинкта и ставете ја да се исуши. Остатокот од кромидот исушете го и исечкајте го на помали и потенки стапчиња.

Во чинија прво ставате ориз со дупка со средината, каде ќе го сместите пилешкото со сос. Младиот кромид и семките од калинка ги распоредувате врз месото.

Регулаторна ја донесе одлуката – ова се новите цени на горивата во Македонија

???????????????????????????????

Бензините поевтинуваат за половина денар, a цената на дизелот не се менува. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапува на сила од полноќ и ќе важи во наредните две седмици.

 

???????????????????????????????

 

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит.

Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

 

Реализирано уште едно значајно ветување: Од денеска е достапно маслото од канабис

Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките низ државата е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт (и содржи количина на THC помалку од 0,2 %, а со две различни концентрации на CBD – од 5% и 7%), објави денеска на својот ФБ профил ресорниот министер Никола Тодоров.

 

123

-Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да ги слушнеме на одржаните јавни дебати на оваа тема, а потоа истите ги вградивме во законско решение во март годинава. Според меѓународните искуства, станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора, и генерално може да помогне во подобрување на имунолошкиот систем кај човекот. Токму затоа, ова масло се наоѓа во слободна продажба и е достапно за секој човек без лекарски рецепт. Исто така, докажано е отсуство на пестициди и хербициди во производот, добиен со екстракција на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што значи дека се работи за маслен екстракт од највисок квалитет. Сепак, особено е важно да се знае и да се има предвид дека ова масло не може да биде замена за стандардна терапија доколку за одредена медицинска состојба истата е препорачана од страна на доктор, се додава во фејсбук статусот.

123