дома блог страница 5286

СКАНДАЛ: Заев исплаќал големи средства на фирма блиска до СДСМ, за услуга која граѓаните не ја добиле

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Васил Пишев на денешната прес-конференција рече дека отвора вистински случај, кој, според него, фрла сомнеж за корупција и скандал кој отвора сомненија за тежок криминал и финансиско работење во кој главен актер е Зоран Заев и, според Пишев, нему битните луѓе. Пратеникот посочи дека Заев склучил договор за превоз со фирма за услуга, која, како што рече Пишев, не се извршува, иако парите биле обезбедени.

 

pisev-pres-640x360

– Имено, за 2014-2015 година Општина Струмица има склучено договор за јавна набавка за превоз на ученици, односно деца со посебни потреби во ООУ „Сандо Масев“ и вработените од општинската администрација. Договорот е склучен со фирмата „Тритерол“, која е единствен понудувач на тендерот во износ од 1.864.800 денари. Парите се обезбедени, а јавна тајна е дека учениците и вработените во администрацијата не ја добиваат услугата, односно нема превоз. Овие пари обезбедени од граѓаните се преточуваат во приватен субјект без да се изврши превозот. Ова се вика крадење на граѓаните, рече Пишев.

Тој посочи дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески е жртва на политички, а не на правен прогон, за превоз на ученици кој постоел и услуга која била, според Пишев, законски извршена. Го повика СЈО и другите институции да ги проверат сомнежите кои ги презентира, додавајќи дека во цела Македонија превозот на учениците е бесплатен, освен, во Струмица, каде, според него, учениците и администрацијата се снаоѓаат со сопствени средства за превоз.

– Јавно го повикуваме СЈО наместо да се занимава со законско работење на господинот Талески, да дојде во Струмица и да го прегледа сомнението за тежок криминал кој го прави Општина Струмица. Ова е доволна причина и сите други институции да дојдат да го испитаат случајот. Заев исплаќал големи средства на фирма блиска до СДСМ, за услуга која граѓаните не ја добиле. Ова е голем скандал, додаде Пишев на прес-конференцијата.

Арсенал продолжува да се засилува: Родригез е блиску до Емирати

Одбранбениот фудбалер на Волфсбург и на репрезентацијата на Швајцарија, Рикардо Родригез, рече дека би можел да се пресели од Германија, а заинтересиран е Арсенал.

 

rodrigez--640x362

„Топџиите“ се обидуваат да го доведат Родригез во своите редови, а од Волфсбург се подготвени да му овозможат преселба.

„Желбата му е да се пресели и можеме да се согласиме со одлуката на Родригез“, вели првиот човек на бундеслигашкиот клуб.

Откупната клаузула на Родригез е 25 милиони евра, а фудбалерот истакнува дека е посветен на настапот на ЕУРО.

„Би можел да настапувам за Волфсбург, како и да се преселам во друг клуб“, наведува искусниот Швајцарец.

Ќе биде интересно доколку настапува заедно со колегата од репрезентацијата Гранит Џака, кој веќе е дел од „Емирати“.

Ноќен живот во Прилеп: Галија – 17.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”288″ gal_title=”Галија”]

Давид Нешкоски со бендот како шлаг на затворањето на театарските игри во Прилеп

DSC_0054 Markukule

Заврши 51-то издание на македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Зад нас е уште една успешна театарска седмица, која во многу аспекти беше подобро организирана од претходната. Тоа говори дека театарскиот фестивал во Прилеп се негува и од година во година се издигнува на уште повисоко ниво. Прилепската публика имаше можност да ужива во прекрасни изведби на сите учесници, како и можност да ги проследи најновите театарски достигнувања во Македонија.

Синоќа како шлаг на тортата, во центарот за култура “Марко Цепенков” беше одиграна операта “Кармина Бурана” oд Македонската опера и балет, а супер завршетокот го даде Давид Нешкоски со својот бенд.

[Best_Wordpress_Gallery id=”287″ gal_title=”ДавидНешкоски”]

ВИДЕО: Долгоочекуваниот „Moana“ кој се очекува да го симне „Frozen“ од тронот

Објавен е долгоочекуваниот трејлер за анимираниот филм „Moana“ кој ја раскажува фантастичната приказна на една полинезиска принцеза, првата принцеза од Полинезија на Дизни, и нејзиното патување по Јужниот Пацифик.

moana

За време на нејзиното патување таа се запознава со полубогот Мауи, чиј глас е на Двејн Џонсон, кој мора да направи многу повеќе од танцување и пеење за да ја импресионира принцезата.

Но, се чини нема проблем околу тоа, бидејќи Мауи има моќи со митски пропорции, „може да го запре сонцето, да извади острови од длабочините на океанот и да се бори со чудовишта“.

Нивното патешествие подразбира да пронајдат митски остров кој се наоѓа во Тихиот океан.

По „Frozen“, се очекува ова да биде новиот омилен цртан меѓу најмладите.

Русите ги претепаа и Албанците во Франција: Навивачите на Спартак им го зедоа знамето – ФОТО

B2

После Марсеј каде нехумано ги претепаа Англичаните, го продолжија ловот против нив и во Лил.

Таму Англичаните се здружиле со Велшаните против Русите. Сепак, повторно бегале од истренираните руски хулигани, кои некои од нив кои не биле доволно брзи ги претепале, а во тепачката освоиле и неколку “противнички трофеи”, меѓу кои се знамињата на англиските навивачи, но и знамето на Албанија.

Англиските навивачи претходните денови се здружиле и со албанските и заедно пееле песни, но веројатно заедно налетале на руските “ѕверови”, поточно на групата на Спартак Москва, или хулиганите на така наречената група “Тhe Aliens”.

Русите со своите трофеи се пофалија на Twitter, каде покажаа неколку англиски знамиња, но и едно албанско.

А.Г.

ВИДЕО – Минута среќа и мир во светот: Улично танцување кое воодушевува

1212

“Mинута среќа и мир во светот”, пишува во описот на видеото.

Не се знае која е девојката која танцува, ни каде видеото е снимено, но со сигурност ќе ве воодушеви.

Уживајте:

А.Г.

БРАВО: Наместо за скапа облека, босанските матуранти ги дадоа парите за лекување деца

maturanti-bih-640x419

Матурантите од средношколскиот центар „Пале“ ја покажале својата хуманост на дело со тоа што средствата во износ од 7600 евра место да ги потрошат на скапа облека ги подариле на деца болни од леукемија. Повеќето од нив за матурата место скапи костуми и фустани облекле едноставни маици со натпис „Чекор за живот“, сакајќи на тој начин да пратат порака дека нивниот мал чекор за некого значи живот.

По дефилето по улиците на градот Пале, хуманите матуранти синоќа ја прославија својата матурска вечер. Директорот на средношколскиот центар „Пале“ Недељко Газивода изјавил за новинарите дека ја испраѓаат 69. генерација матуранти, односно осум одделенија со 188 ученици. Газивода нагласил дека оваа генерација постигнала значителни резултати, како во наставни, така и во воннаставни активноси, ја покажале и нивната хумана страна.

„Морам да истакнам дека покрај ова свечено матурантско дефиле, тие организираа и хуманитарна акција. Сите осум одделенија собраа средства наменети за деца болни од леукемија.“

Газивода вели дека матурантите ги почитуваат и разликите, бидејќи еден дел од учениците и покрај тоа што и тие учествувале во хуманитарната акција, сепак решиле да облечат свечена облека.

„Ние ги почитуваме нивните разлики и ставови и ги поддржавме во нивната одлука. Се надеваме дека ова ќе стане традиција“, вели тој, додавајќи дека ова било спој на младоста, убавината и човечноста.

Милица Вуковиќ, ученичка во таа генерација истакнува дека е горда на себе и своите другари, бидејќи успеале да спроведат на дело акција која ја промовира хуманоста, солидарноста и толеранцијата. Ученикот Стефан Соколовиќ споделува дека дошле на оваа замисла согледувајќи дека доста средства непотребно се издвојуваат на скапи фустани и костуми, па решиле да се одречат од тоа и да им помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна.

„Желбата ни беше да им помогнеме на две деца заболени од леукемија и успеавме да собереме околу 15000 конвертибилни марки“, нагласува тој, посакувајќи им на малечките да ја победат болеста.

ГАЛЕРИЈА – Поубавата страна на ЕУРО: Навивачкиот колорит му дава шмек на шампионатот во Франција

Покрај немилите настани кои ги предизвикаа навивачите на дел од репрезентациите, на трибините постои вистински колорит кој му дава шарм на целиот шампионат на Европското првенство за фудбал во Франција.

[Best_Wordpress_Gallery id=”286″ gal_title=”Навивачи”]

ФОТО: Марјана Станојковска во жежок костим за капење

Најжешката Македонка Марјана Станојковска објави фотографија во костим за капење каде изгледа прекрасно!

 

marjana-vo-kostim