дома блог страница 5282

Четири региони „горат” – цела Македонија во портокалова фаза

73994-95564

Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокаловата фаза.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Температурата во интервал од 18 до 38 степени.

Во регионите со портокалова фаза Министерството за здравство препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски. Работодавачите, според препораките, треба да го реорганизираат работното време и да се избегнуваат активности од 11 до 17 часот. Во регионите опфатени со портокалова фаза се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено.

Останатите два региони, односно Полошкиот и во Охридско-Преспанскиот регион, ќе бидат зафатени со температури од жолта фаза.

На граѓаните од целата држава им се препорачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Министерството за здравство напоменува дека е потребен и повисок степен на внимание при подготовката и консумирањето на храната поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови.

Повеќе информации за топлотните бранови граѓаните може да најдат и на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

Според УХМР, во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и повторно многу топло. Температурите од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени. Од крајот на работната недела ќе се врати попладневната нестабилност, особено во недела попладне.

 

Најголемите грешки кои ги прават слободните девојките

Девојки, доста е со играње игри, откажувања, глумење недостижност. Застанете цврсто на нозе, љубовта е убава да се искуси во секој поглед и кога се добива и кога се губи.

ubavi-devojki

Затоа во иднина не правете ги следните грешки и уживајте во статусот кој вас ви одговара.

 Играње игри и глумење недостижна

Можеби на почетокот е во ред малку да тактизирате, но преголемата незаинтересираност може да го одбие од тебе. Не велиме дека треба веднаш да му се фрлите под нозе, но ако ви се допаѓа немојте да го бркате од себе.

Откажување во последен момент

Сте се договориле да излезете, а потоа сте му се јавиле дека не можете да стигнете. Со убаво извинување изведете го некаде на кафе утре и објаснете (на пример) дека сте презафатени со работа. Мажите понекогаш мислат дека дамите намерно ги извисуваат и дека си играат со нивните емоции.

 Зборуваш за поранешното момче на првиот состанок

Постојат толку многу теми за разговор на овој свет! Навистина можете да ја заобиколите приказната за поранешното момче и претходната врска.

 Правите сè за да го импресионирате

Бидете своја! Немојте да глумите нешто што не сте, затоа што нему ќе му се допадне жената која сте навистина, а не онаа која се преправате дека сте.

Започна летото, уживајте во најдолгиот ден

Летото во Македонија и на северната хемисфера почна ноќеска во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи зимата.

leto.jpg-700

Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со температути до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.

Хаос, демолирање и напади врз полицијата – исход на вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС (ВИДЕО)

Хаос, демолирање на Министерството за правда, обид за рушење на споменик, срамен напад врз македонската полиција. Ова е исходот од вечерашниот тензичен протест на хулиганите и вандалите предводени од СДСМ и платени од СОРОС  кои повторно удрија врз македонската држава.

 

1

Со брза интервенција на Единицата за брзи реакции беше спречен обидот да го урнат споменикот на Прометеј во паркот „Жена борец“ спроти Македонското собрание. Тоа е прв обид за посериозно уништување на спомениците кои се поставени во централното градско подрачје на Скопје.

Откако најпрво го демолираа Министерството за правда, маскирани хулигани почнаа со отстранување на штиците поставени на метална конструкција околу споменикот. Потоа се качија на него, истакнаа транспарент, со кој потоа го врзаа и се обидоа насилно со тегнење да го откорнат од лежиштето. Специјалната полициска единица, која до тогаш не преземаше мерки, бргу реагираше и направи кордон околу споменикот.

Според присутните на терен, видливо било дека имало многу издрогирани и алкохолизирани членови на СДСМ и СОРОС кои дивееле и уништувале се што им се нашло на патот. Најголемиот дел говореле дека не знаат зошто се дојдени во Скопје. Тие го поддржувале Заев и би го бранеле доколку треба кривично да одговара и да ги врати украдените 8 милиони евра, но не се согласуваат со уништувањето на јавни добра.

Откако се појавиле маскираните бандити и насилната толпа почнала да демолира, најголемиот дел од поддржувачите на СДСМ кои биле принудно донесени од другите градови одбиле да учествуваат во морбидното сценарио на Заев и се упатиле кон автобусите.

 

На снимките објавени од медиумите на СДСМ и СОРОС се гледа како организацискиот секретар на СДСМ го координира демолирањето на министерството за правда, а хулиганите земаат бекатон плочки од службеното партиско возило на СДСМ за да ги кршат прозорите.

Феномен што се случува еднаш во 70 години: Вечерашната Полна Месечина ви носи пари

mesecina

Месечината е небеско тело најблиску до Земјата и нејзиното влијание на лугето е доста големо. Таа најголемо влијание има кога е млада и полна, што е случај вечерва.

Иако поради својата сила на здравствен план ќе им направи нерамнотежа и ќе од донесе несоница на многумина, за финансиите оваа енергија е драгоцена. Поради тоа мораме да пазиме за што размислуваме тој ден затоа што би можело да се оствари.

Полната месечина може да ни донесе многу позитивни резултати ако користиме афирмации, молитви, медитација. Дури и процесот на исцелување е добар.

Секоја енергија во свемирот можеме да ја искористиме на конструктивен или деструктивен начин, зависи од нас.

Според старите верувања, треба да земете една банкнота, по можност црвена, да ја кренете раката и со нејзе да мавтате неколку секунди или минути, према месечината додека концентрирано размислувате како пари се умножуваат.

Таа банкнота треба да ја ставите во паричникот да преноќи, а следниот ден да ја потрошите.

ФОТО – Работниците од Комуналец како вистински ветеринари: Пони фамилијата на Могила доби нов член

13479663_10208031353594344_1675847858_n

Фамилијата на пони коњчиња во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, доби нов член.

Огромна заслуга за донесувањето на свет на новото мало, слатко суштество имаат вработените во ЈКП Комуналец Прилеп, кои успешно ја реализираа улогата на ветеринари.

Пони коњчињата се вистинска атракција во паркот и голема радост за сите деца.

Инаку на Могилата во Прилеп  има уште и  кафези со егзотични птици, елен, зајаци и лама. Овие животни го надполнуваат колоритот на зеленило, цвеќиња, фонтани и прекрасна уреденост.

13492958_10208031353274336_2095963772_n (1)

13474138_10208031354514367_165177253_n

А.Г.

БОМБИТЕ НА ЗАЕВ ГИ РАЗНИШАА СЛАБИТЕ ТЕМЕЛИ НА СДСМ

13045696_10207728123335499_725875_n

Има вистина во хипотезата од насловот. Но, има вистина и во следното пропратно тврдење дека “бомбашкиот“ асортиман на раководството на македонските социјалдемократи и нивните странски ментори не ги даде очекуваните резултати. Наместо очекуваната голема општествена инерција за насилно рушење на власта “бомбашењето“, всушност, ја отвори пандорината кутија на, но и за СДСМ. На сите ни е јасно кои се последиците за државата од таквата “политичка“ акција, без разлика што власта спремно ги дочека сценаријата на “бомбашите“ од Бихаќка и даде соодветен одговор на истите за одржување на општествената стабилност.

Меѓутоа, како и што стално бидува со злобните, плиткоумни и неосмислени политички акции, “бомбашењето“ имаше реактивни последици за партијата на “бомбашите“. Практично таа “политичка“ акција го активира, да го наречам, внатрешниот маркетинг во СДСМ, односно ја активира скриената суптилна борба на дезинтегрираните групи во СДСМ да се одржат на своите позиции во рамките на партијата. Консеквентно, се намали количеството на и онака малата енергија на СДСМ за поведување на здрава општествена акција. Групната кохезија внатре во партијата им опадна, а им изостана и можноста за надворешната интеграција со пошироката општествената заедница. Наспроти тоа, силно интегрираната владеачка партија ВМРО ДПМНЕ во акцијата за одбрана на нашата држава од домашните квислинзи и надворешните предатори ги зајакна уште повеќе своите социјални врски со пошироката општетсвена заедница во Р.Македонија. За ова да се случи придонесе и феноменот познат како кризно заедништво. Всушност, поголемиот дел од граѓаните на Р.Македонија препознаа од каде доаѓа гушењето или  кризата и инстиктивно ја зголемија својата кохезија со власта, односно инстинктивно создадоа дополнително заедништво за одбрана на виталните интереси на Р.Македонија и уште повеќе се интегрираа со владеачката партија, т.е. со оние кои што својата енергија ја трошат за нивната добробит. Општествената заедница како по дефиниција се дистанцира од оние што се како ракот во човечкото тело, т.е. што се како раководството на македонските социјалдемократи и нивните странски ментори-црпат енергија од организмот на заедницата, а за возврат не даваат ништо друго освен проблеми.

Притоа, на странските ментори на “бомбашите“ од Бихаќка како резултат, но и како  последица од здружена “политичката“ акција со македонските квислинзи, не им преостана ништо друго туку само лагата наменета за гласачката публика во нивните држави која што сонува за промена на името на Р.Македонија. Таа нивна лага, главно, се врти околу тезата дека е овозможена смена на власта на ВМРО ДПМНЕ која што неприфаќа смена на името Р.Македонија. Од тие причини, овој театар на гладна кокошка просо сонува ќе трае сè до моментот додека не завршат изборите во државите на странските ментори на политичката криза во Р.Македонија. Од друга страна, пак, на домашниве бомбаши ќе им остане само лажната надеж дека некој друг, од надвор, ќе им ја донесе власта на тацна за послужување. Следствено, настојувајќи да се спасат од срамот на оваа лузерска “политика“ некои припадници на СДСМ го напуштиа или/и го напуштаат. Други, пак, кои што немаат можности да го сторат тоа не заминуваат останувајќи да живеат во аурата на лажната илузија за лојалност кон СДСМ, притоа, обвинувајќи ги  “дезертерите“ за нелојалност.

Како колатерални процеси на “внатрешниот маркетинг“ кој што е последица на лажната илузија за доаѓање на власт на САДСМ(се извинувам за ненамернава печатна грешка) сè нивните внатрепартиски раздвижувања поврзани со кадровската политика во опозициониот табор. Ако воопшто станува збор за некаква кадровска политика во нивната партија со која треба сериозно да спрарингуваат на конзистентната кадровска политика на ВМРО ДПМНЕ.  Но, за да ги рабереме разликите да ги спротивставиме кадровските политики на двете партии, онаа на ВМРО ДПМНЕ и онаа на СДСМ. За таа цел ќе се послужам со анализа на она што ми е најдостапно, а тоа е согледување на спротивставените кадровски политики во рамките на општината во која што живеам и од тука да извлечам некои највпечатливи факти потребни за натамошната анализа на способноста за водење на државата од страна на главните конкуренти.

Јасната и недвосмислена кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ наспроти конфузноста на кадровската политика на СДСМ се два различни концепти според стилот и квалитативната содржина на истите. ВМРО-ДПМНЕ кадровската селекција ја дефинира врз основа на проверки на сопствените кадри во практиката на јавниот и политичкиот менаџмент. Имено, на двата последни изборни циклуси за локална власт ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено(сосема оправдано) го предложи постоечкиот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески со соодветна советничка листа бидејќи, истиот со неговата администрација во локалната самоуправа, покажаа уште со практикувањето на првиот мандат дека има успешен модел на јавен менаџмент со кој што ја поведе нашата општина во развој. Наспроти нив, СДСМ на предпоследните локални избори на конфузен и нејасен начин, најмногу заради бегање од изборен неуспех на “поголемите авторитети“ на партијата во последен момент, како жртвеник пред гилотиња го именува за кандидат за градоначалник Тони Петрески, притоа, оставајќи го сам да се бори на изборите додека другите партиски “авторитети“ се позиционираа на престижните места во партијата. Не го избраа партиските “авторитети“ на СДСМ Тони за да победи, туку за да изгуби од замавот на практично стекнатиот авторитет на Марјан Ристески и да го преземе ризикот на непопуларност на СДСМ во очите на гласачите, а колатерално за себе си да создадат политичка предност во рамките на партијата.

На последните локални избори, маѓепсани од лажната надеж дека “харизмата“ на нивниот водач Б.Ц. ќе им донесе победа без мака, СДСМ си ја проба среќата со тогаш новопечениот политичар Хари Локвенец кој што со илузијата за изградба на  петстотини вештачки езера на територијата на општина Прилеп ги надмина и најголемите илузионисти и стана ефтин плен за искусниот Ристески. Кај ќе најдеше јадниот толку многу слободна територија во рамките на општина Прилеп и толку многу градежна механизација за да изгради толку многу вештачи езера за еден мандат знаат само оние кои што само нему успееја да му ја подметнат таа илузија. Како награда, пак, за изгубените локални избори го преселија во редот на пратениците – нешто кое што го немаат направено со ниту еден друг губитник на избори од СДСМ освен со него, со Бранко Црвенкоски, со Радмила Шекеринска и другите припадници на тајфата инсталирана во раководството на СДСМ. Исто така, за пропаднатите два термина за предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ немаше дилема за дефинирање на кандидатите за пратеници од Прилеп. Повторно во својот конзистентен и содржински интегративен стил на кадровска политика, промовираа кадри што се докажани во јавноста. Ставањето на престижните места на листите за пратеници наменети за следните предвремени парламентарни избори на, веќе, докажаните пратеници/борци за подобрување на општественото живеење Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија è само потврда за моето тврдење дека ВМРО ДПМНЕ има јасна и конзистентна кадровска политика. Патем, заради стравот за изборен неуспех, СДСМ не се ни обиде да профилира став за кадровска селекција, а уште помалку да селектира ликови за кандидати за пратеници. Избега од одговорноста јавно да промовира кој се нивните кадри за трка на претстојните предвремени парламентарни избори со кој што ќе спарингува на ВМРО-овската екипа.

Зошто тогаш таласаат? Заради што нивното раководство не презема ризик за кадровска селекција?

Сите знаеме што се случува. Раководството на СДСМ свесно не верува во изборна победа со постоечките, веќе, цврсто позиционирани “кадри“ во нивната партија и затоа, одбегнува било каква кадровска акција и учество на избори се додека не најдат “нови“ кадровски решенија. Можеби затоа, бараат спас во некое тивко враќање на сцена на еднаш успешниот кандидат за градоначалник Сашо Пирганоски со кој што за прв пат, но и единствено со него имаат освоено локални избори. Или, можеби тандемот од искусниот Сашо Пирганоски и новата надеж на СДСМ Прилеп Жаре Стеваноски не сé случајно главните експонати на протестите на “шарењаците“ во Прилеп. За овој вториот, Жаре Стеваноски, судејќи според судот на прилепската јавност сè појасно е дека è најпотентен кандидат за пратеник на СДСМ од Прилеп. Ова мислење, всушност, го потврдуваат текстовите во порталите Народен Глас, Револуционер и 10без10, како и нивните комуникации со најистурените “играчи“ на централното раководство на СДСМ и латерални помагачи како што е Никола Димитров од ФРОДЕМ.

Д-р Зоран Петрески

Авторот е доктор на науки по јавна администрација

Moментите кои го одлучија победникот на НБА лигата – ВИДЕО

37703_kajri_ff

Кливленд е нов шампион на NBA лигата! Кавалирс во неизвесна завршница го победија Голден Стејт и го направија невозможното, се вратија при водство на Вориорс од 3:1 и ја освоија титулата на гостински терен.

Седмата утакмица на финалето се одлучи во последните две минути, а може да се речи дека два моменти беа пресудни и го одредија победникот.

Првиот момент на две минути пред крајот е маестралната блокада на Леброн Џејмс врз Андре Игудала, при една контра на Голден Стејт и при нерешен резултат – 89:89.

Во наредниот напад на Кавалирс, одговорноста ја презеде Кајри Ирвинг. Феноменалниот плејмејкер погоди тројка и така му донесе на Кливленд недостижна предност.

А.Г.

Продавал дрога низ улиците на Прилеп, заработи кривична пријава

1111

19 годишен прилепчанец доби кривична пријава поради продавање на дрога.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против К.С.(19) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „овозможување на употреба на наркотични дроги“ .

По преземени мерки е извршен нарко тест на А.М. во ПС Прилеп и од обавен разговор со истиот изјавил дека на 05.02.2016 година, се сретнал со пријавениот и се упатиле на ул. „Димо Наредникот“ каде му дал марихуана и му овозможил да ја консумира истата.

 

Прилепските бербери и фризери го чествуваа денешниот ден

5

На втор ден од големиот христијански празник Духовден, прилепските бербери и фризери го одбележаа празникот со света божествена литургија во црквата „Св. Благовештение“. На оваа литургија присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески кој на сите еснафи им го честита празникот и им поска многу здравје и успеси. Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно заеднички ручек, а присуството на градоначалникот Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата, верата и православните обичаи.

1

2

3

4

6

7

8