дома блог страница 5281

Ибрахимович сепак веќе потпишал за Манчестер Јунајтед

1

Златан Ибрахимович сепак веќе се договорил да се пресели на “Олд Трафорт”, вели италијанскиот журналист Танкерди Палмери..

Новиот клуб за преселба на Швеѓанецот е топ тема во спортските медиуми веќе подолг период, одкако тој изјави дека на крајот од сезоната го напушта ПСЖ како слободен играч.

Јунајтед сепак беа и предводници на листата на клубови кои се во трка за 34-годишниот напаѓач, но Ибрахимович остана тивок и не откри дефинитивно преселување во Манчестер.

Напротив тој одбиваше да говори за поврзаноста со трансфер во Манчестер Јунајтед, на неколку пресконференции.

Но, Палмери инсистира дека “црвените ѓаволи” веќе имаат пред-договор со Златан уште од почетокот на јуни.

“Тој потпиша согласност уште на почетокот на јуни, пред стартот на Европското првенство. Ја потпиша согласноста која му беше испратена во кампот на шведската репрезентација и ја испрати назат”, вели Палмери.

За Ибрахимович во изминатиот период заинтересирани беа и Баерн Минхен, Милан и повеќе клубови од МЛС лигата.

Палмери смета дека потпишвањето на пред-договор е веќе завршена работа, како и тоа дека раскинувањето на ваков вид договор значи и голема отштета, па поради тоа никој до сега не го прави тоа.

A.Г.

Какво време не очекува следниве денови?

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

soncevo-toplo

И утре ќе биде сончево и многу топло, попладне ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 36 степени. До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но долж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.

ФОТО: Џеј Ло со длабок шлиц, ќе откриеше повеќе од потребнот

Славната пејачка со секоја година изгледа се подобро и се посекси.

jlo3

Џеј Ло е фотографирана додека излегувала од домот на филмскиот продуцент Харви Вајнстајн во Њујорк каде што се собирале средства за кампањата на Хилари Клинтон.

jlo6

Пејачката за таа пригода избрала малку поризичен модел со висок шлиц којшто наметнува внимателно движење, бидејќи премногу долгиот чекор може да го открие токму она што би требало да остане сокриено.

jlo2

jlo1

Одбележан Денот на Охридското Езеро

ohridsko-ezero

Охридското Езеро под еднакво припаѓа на сите генерации и треба да го чуваме како најскапоцен божји дар. Со оваа порака и пуштање во шише во водите на Езерото, потпишана од градоначалниците на Охрид и Поградец, Никола Бакрачески и Едуард Капри, денеска е одбележан Денот на Охридското Езеро – 21 јуни.

Според охридскиот градоначалник, денешниот ден не треба да се сведува само на декларативни средби, туку треба да се покаже почит кон Езерото и неговото значење за регионот.

–  Сакаме да упатиме јасна порака пред се до младите генерации и да ја подигаме свеста за потребата од заштита на Охридското Езеро. Но ќе упатиме и силна порака до сите субјекти кои имаат обврска да се грижат за Езерото да ги ангажираат своите ресурси, знаење и внимание кон извршување на обврските за заштита на Охридското Езеро. Обврска која треба да ја пренесуваме на идните генерации, рече Бакрачески.

И градоначалникот на Поградец вети дека ќе продолжат да се залагаат за зачувување на Езерото и неговите вредности.

–  Општина Поградец ги презема сите мерки за заштита на Охридското Езеро, што не беше случај и порано. Досега не беа третирани отпадните води од албанска страна, а сега има само една општина која не го третира овој проблем, но се преземаат сите активности за и таа да ги третира отпадните води, истакна Капри.

Трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец во 2000 година потпишаа декларација за заштита на Езерото и на 21 јуни со различни активности, најизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското Езеро.

ХЕРОЈ: Руски војник загина спасувајќи хуманитарен конвој! (ВИДЕО)

andrei-timosenkov-715x400

Еден руски војник загинал во бомбашки напад во Сирија кога се обидел да запре автомобил бомба на Исламска држава во провинцијата Хомс.
Мета на нападот бил центарот за дистрибуција на хуманитарна помош, објавува руското министерство за одбрана.

“Наредникот Андреј Тимошенков го следел хуманитарниот конвој на Рускиот центар за помирување кога се случил нападот. Тој отворил оган со цел да го запред автомобилот, меѓутоа самоубиецот успеал да го активира експлозивот”.

Руските лекари речиси 24 часа се бореле за неговиот живот во руската база во Латакија, за жал без успех.

Наредникот Тимошенков е постхумно одлукуван.

Според извештајот на руското министерство за одбрана Тимошенков бил припадник на морнарска пешадија.

A.Г.

Фотографија која го освои Балканот- љубовта не познава граници

Љубовта не познава граници. Доказ за тоа е оваа фотографија, на која се гледа заљубен пар момче и девојка облечени во дресови од фудбалските репрезентации на Хрватска и Србија како се бакнуваат.

hrvatska-srbija

Тие гордо ја објавија сликата на социјалните мрежи и со тоа покажаа дека нема потреба од несогласувања, без разлика што доаѓаат од земји кои политички баш и не се согласуваат околу многу ставови.

УЕФА ја казни Хрватска

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација УЕФА го казни Хрватскиот фудбалски сојуз со 100.000 евра и забрана за продажба на влезници а натпревари на лица кои се наоѓаат на пописот на хулиганите.

hrvatska-navivaci-640x483

Се шпекулираше дека УЕФА казната ќе ја објави денес, на денот на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија, но одлуката беше соопштена вчера.

На натпреварот против Чешка, хрватските хулигани во 85 минута предизвикаа прекин на натпреварот фрлајќи факели на теренот, а потоа се случија и тепачки. УЕФА покрена постапка против ХФС поради четири прекршоци, пиротехника, фрлање разни предмети на теренот, дивеење на навивачите  на трибините и расизам.

Хрватскиот фудбалски сојуз само во последните пет години платил над 500.000 евра поради разни казни.

ПРИЛЕПСКИ СРАМ ! ! !

13515402_10208367542577636_875851154_n

Не е потребен некој посебен коментар со кој би се окарактеризирале ваквите постапки на поединци. Ваквите излети на лудило, а можеби и забава за некој, за нас се срам и понижување, невоспитаност и разгаленост, простотилук и немање на култура.

Ако општинските власти од Прилеп сакаат и успеваат да создадат град репер во уреденост, чистота, европски град, од друга страна и  да сакаат не би можеле да созадат и европски луѓе.

Целта на ваквите објави е да се разбуди свеста и кај оние кои воопшто ја немаат, но и кај оние кои случајно ќе забележат некакво нагрдување или уништување, истото да го пријават.

Ова е наш град, се гордееме на променетиот лик и треба да го чуваме.

Се надеваме дека барем овој несовесен граѓанин, ги решил сите свои проблеми со уништувањето на оваа автобуска постојка.

13514515_10208367542657638_1301023823_n

13480051_10208367542537635_730495540_n

Старт на подготовките: ПОБЕДА ГИ АНГАЖИРА АЛОМЕРОВИЌ, ИЛИЈОВСКИ, ИВАНОВ И ТАЛЕСКИ

13517538_10209752630076460_7426696180380032536_o

Со прозивка на шефот на стручниот штаб, Дарко Крстески и спортскиот директор Јовица Обрадовиќ, со првиот тренинг стартуваа подготовките на Победа за следното првенство во Првата лига. Враќањето на двократниот шампион во елитното друштво очекувано предизвикува голем интерес кај фудбалерите, кои сакаат да го носат црвено-белиот дрес и да настапуваат во Првата лига. Потврда за тоа е што ниту еден од фудбалерите кои изборија прволигашки статус не го напушти клубот и сите беа присутни на првиот тренинг, а имаше и многу нови лица. Официјално нови засилувања на Победа се четворица фудбалери.

13443217_10209752629556447_7019135455451789674_o

13502684_10209752629436444_1054598295866094010_o

13482989_10209752629796453_8013067965524400347_o

Од нив тројца се повратници во Прилеп: играчот за врска Кемал Аломеровиќ(35) се враќа по една сезона помината во Академија Пандев, левиот страничен Ристе Илијовски(22), по две сезони во Младост, а голманот Давор Талески(21) по две сезони во Металург. Ново име е десниот страничен Димитар Иванов(21), кој беше поврзуван со трансфер во Победа и минатото лето кога од Вардар беше позајмен на Љубанци, а во зимскиот преоден рок го засили Тетекс. На проба во Прилеп е и 23-годишниот јапонски фудбалер Хајато Вакино(23), кој настапувал за литванскиот прволигаш Стумбрас и фински Атлантис, а околу 1-ви јули се очекува доаѓање на четворица напаѓачи од Африка.

13503101_10209752629596448_1083487683415423515_o

13458551_10209752629396443_5067649762376654287_o

13497683_10209752629476445_8923194072981979624_o

13502705_10209752629516446_3209881614726493077_o

На првиот тренинг имаше десетина играчи од млдинскиот погон како и неколку помлади неафирмирани играчи кои ќе тренираат со екипата одреден временски период, по што ќе следи селекција и скратување на списокот. По десетдневните почетни тренинзи во Прилеп и задолжителните лекарски прегледи, екипата од 10-ти јули заминува на летни подготовки во Банско(Бугарија), каде веќе се договорени две пријателски средби со Пелистер на 12-ти и Академија Пандев на 17-ти јули.

13517487_10209752630156462_3636376118896535202_o

ФОТО – Замокот на Могила вистински хит за децата

4

Новото детско игралиште во паркот на “Могилата на непобедените” e вистински хит за децата, а особено замокот во кој секојдневно скокаат до замор рој деца.

Игралиштето е во функција од неодамна и е во склоп на новиот ланч бар, кој на барање на граѓаните се отвори и нуди освежителни пијалоци и храна по многу ниски цени.

Ова е уште едно надополнување на прекрасно уредениот колорит на паркот, кој  е гордост на прилепчани.

3

1

2