дома блог страница 5277

Странски притисок врз судиите, амбасадори се шетаат по нашите судови

Директното или индиректното влијание, како и се почестите притисоци што странските амбасадори ги прават во работата на нашите правосудни органи е одомаќинета практика во Република Македонија, и за жал, многу малку актуелизирана во смисла на упатување критики за ваквиот однос од нашите интелектуалци и професори по право.

89A730C4-067E-4339-A265-159DB09E1F42_cx0_cy4_cw0_mw1024_s_n_r1

Ваков е ставот на експертската ајвноста во однос на се подиректното и потворено мешање на некои странски амбасадори во македонскиот правосуден систем. Ваквиот став доаѓа по вчерашната средба на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Л. Бејли.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на 14-ти април годинава рече дека некои амбасадори ги пречекориле своите овластувања кои постојат во Виенската конвенција за дипломатија.

-Не сакаме да влегуваме во конфликт со земјите од каде што доаѓаат,  но јас и во традиционалното годишно обраќање пред дипломатскиот кор им кажав, да внимаваат тоа што го работат да не биде погрешно сфатено. -Амбасадорите доаѓаат и си одат. Нашите проблеми остануваат, и  остануваат навиките и преседаните да можат и други да ги користат. Тоа можеби го правеле во време кога не сме имале своја држава, свои партии, свои институции и свој Устав. Но, тоа денес е недозволиво, порача македонскиот претседател.

Кажав, додаде, во моето обраќање, амбасадорите ни се шетаат по судови, им се диктира по телефон што да се работи. Тоа нели е притисок, или притисокот важи само за домашната јавност?

-Како да се навикнавме секојдневно да гледаме како странски амбасадори се шетаат по нашите судови, и како постојано се ставени во конкретни мисии на директна контрола врз работата на судовите, а посебно на судиите назначени да ги водат предметите иницирани од СЈО. Сигурна сум дека и ним им се добро познати меѓународните и европските стандарди за независност и непристрасност на судството, но и на другите органи во правосудниот систем на земјата, но се добива впечаток дека токму странските амбасадори најмалку водат сметка за почитување на овие стандарди иако се обврзани да ги почитуваат, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.

Таа додава дека друго е прашањето што тие согласно документите на дипломатското работење, немаат никакви овластувања и права директно да се мешаат во работата на нашите правосудни органи. Во многу земји, тоа би било санкционирано како груба повреда на нивните амабасадорски овластувања.

-Повеќе од познато е дека судството и јавното обвинителство во земјата, согласно македонскиот Устав и законите, се независни и самостојни во својата работа и дека се забранува секаков облик или форма на влијание или притисок врз нивната работа од страна на кое било физичко лице (амбасадор, политичар, интелектуалец, граѓанин и сл.), од страна на која било партија (владина, опозициска), невладина организација, странска држава итн. Притисоците, заканите, разните форми на заплашување на судиите и на јавните обвинители се најстрого забранети активности и во сите меѓународни и европски документи посветени на уредување на прашањето за независноста и самостојноста на овие државни органи, вели Каракамишева- Јовановска.

Впрочем, додава универзитетската професорка, и на странските амбасадори им е сосема јасно дека во секоја модерна уставна држава, каква што е Република Македонија, независноста и самостојноста на судството е суштината, основата за функционирањето на правната држава. Заедно со владеењето на правото, овие два принципа се основата на правната држава. Независноста на судството, како и независноста на судиите значи да им се дозволи и остави простор на судиите да ја вршат својата работа на професионален, одговорен и законски начин без да трпат влијание од кого било, и без да им се вршат притисоци да одлучуваат на еден или на друг начин.

-Судството и јавното обвинителство мора да постапуваат исклучиво и само според законите и според ништо друго. Секое мешање од надвор, секоја сугестија, даден совет, или одредено напатствие како судијата треба или не треба да суди во одреден случај претставува груба повреда на правната држава, на владеењето на правото, на домашниот Устав, но и на меѓународното право. Сите форми на директни или индиректни притисоци врз судот, или врз судиите се и груба повреда на меѓународните и на европските стандарди за независност и за самостојност на судството и на судиите што на странските амбасадори мора да им е познато. Независноста на судството е многу важен принцип преку кој треба да се спречат сите можни форми на злоупотреба на моќта или на власта од кого било кој има конкретна моќ или власт. Судиите не смеат да делуваат и да работат на арбитререн начин, или по нечија волја. Нивната обврска е да го применуваат правото и законите. Меѓународното право за судството го смета принципот на независност на судството како најважен принцип од сите останати. Токму заради неговата значајност се вели дека независноста на судството мора да биде гарантирана од државата, да биде утврдена и заштитена со Уставот, и со законите на земјата. Обврска е на сите државни, но и на други институции и органи да го почитуваат принципот на независно судство. Во принципот 7, еден од основните принципи за независност на судството, прифатени од сите релеватни меѓународни организации, се вели дека секоја земја треба да обезбеди адекватни извори со кои ќе им се овозможи на судските органи да ги извршуваат своите функции на независен и ефикасен начин, вели Каракамишева- Јовановска.

Според неа, независноста на судството не се однесува само на одделеност и самостојност на судската власт од извршната и од законодавната власт во земјата, туку исто така, независноста на судството значи независност и од полицијата, образовните институции, странските амабасади итн. Независноста на судството значи и почитување на судскиот авторитет, како на судот, така и на судиите. Со повреда на овој принцип не се почитува ниту авторитетот на судот, ниту на судиите што оди на директна штета на владеењето на правото во земјата. Секоја држава има обврска да ја заштити судската власт од секакви форми на ерозија на судската независност.

-Суштината на независноста на судството се однесува на следново: судството мора да ужива институционална независност, односно да биде независна од другите гранки на власта, како и од останатите авторитети и центри на моќ, судството мора да биде независно во уредувањето на внатрешните прашања поврзани со судската администрација, вклучително и во процесот на доделување на предмети на судиите во рамките на судот каде судијата работи, судството мора да биде финансиски независно, со доволно фондови на средства за непречена работа, судството мора да биде независно во процесот на донесување судски одлуки не само од владата, туку и од сите други центри на моќ, судството мора да има конкретна судска надлежност со судска автономија во утврдувањето на прашањата што влегуваат во нивна надлежност, додава универзитетската професорка.

Оттука,  смета таа, секоја повреда на независноста на судството од кого било претставува директен упад во правната држава и негирање на владеењето на правото како основа на секоја демократска држава.

Баба Ванѓа помогнала на стотици луѓе да ослабат- еве како

По нејзината смрт рецептот се задржал и продолжува да им помага на многу луѓе со исти проблеми. Тие гарантираат дека ефектот е ненадминат и тоа без апсолутно никакви последици. Уште денес стартувајте нов начин на слабеење во својот дом и по кратко време ќе се радувате на одлични резултати. Сето тоа зависи од вас! Најдобрата билка за слабеење според Ванѓа е омајничето (Geum).

vanga3

Подгответе си соодветен голем сад. Оставете ја водата да зоврие и ставете 100 грама од билката омајниче (Geum) (во исушен вид). Неопходно е да се вари 5 минути. Почекајте да се олади, исцедете внимателно и со готовaта напивка навлажнете го целото тело (задолжително откако сте се искапиле).

Потребно е да го облевате телото во текот на три дена. Вечер земајте по една чаша запарка од маточина. Баба Ванѓа силно им препорачала на сите луѓе со прекумерна тежина да се облеваат со билки, бидејќи на тој начин тие најдобро успеваат да навлезат преку кожата.

omajnice

НА КОГО БЕ ТИ РУСКА К*РВА: Погледнете како Руси прегазија група Полски хулигани пред полицијата!

212121

Група руски навивачи физички се пресмета со полски хулигани откако Пољаците дофрлувале „Руска ку*ва“. На самиот инцидент била присутна и полицијата но залудно. На тепачката претходел судир помеѓу Пољаци и Украинци при што биле приведени неколку учесници во нередите.

Извор: Инфомакс

 

 

ВИДЕО: Протече најновата песна на Цеца

ceca-album

Протече песната „Автограм“ од новиот истоимен албум на Светлана Цеца Ражнатовиќ…

Видео кое го шокира светот: Вака ги казнуваат работниците во Кина

38463_nata01-ap-ahn-youngjoon_ff

Потресно видео за кое се претпоставува дека го снимил вработен во некоја кинеска компанија, покажува како еден надреден тренер ги казнува осуммина вработени кои покажале незавидни разултати на обука.

38453_7_ff

Во извештајот кој за овој настан го објави “People’s Daily” се наведува дека соработниците после добиените удари со дрвена палка, се одведени на стрижење, а работниците се избричени на “нула”.

Тренерот кој на овој начин ги злоставувал запослените изјавил дека тоа е “модел на обука кој го применуваат со години”.

A.Г.

Брегзит во 10 фотографии: Шок, неверување, солзи, радост…

Резултатите од референдумот во Велика Британија покажаа дека 52% од Британците се за излез од ЕУ и тоа по 43 години членство во Унијата.

 

1

Ваквите резултати и она што тоа значи за Британците, најдобро може да се долови во овие 10 фотографии.

 

210 3 4 5 6 7 8 9

Првата генерација матуранти од Прилеп, од Спортската Академија–Скопје на прием кај градоначалникот

IMG_3099

Првата генерација матуранти од Прилеп, кои учеа во Спортската Академија во Скопје, денеска имаа прием кај градоначалникот, Марјан Ристески. Тие го запознаа првиот човек на градот со условите и искуствата кои ги стекнаа на оваа академија, отворена пред четири години, како проект на Владата на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, наменет за откривање и формирање на спортски таленти од Македонија во сферата на фудбалот, ракометот, кошарката и тенисот.

Градоначалникот на Прилеп се интересираше за идните планови на овие талентирани прилепски спортисти, кои беа првата генерација спортисти на Спортската академија и се школуваа во Скопје.

Денеска во рамките на Спортската Академија, веќе постои паралелка за фудбал во Прилеп, а во останатите градови во Македонија, Велес, Охрид и Струмица, се формирани паралелки и во останатите спортови, вклучени во овој успешен владин проект.

IMG_3150

IMG_3102

IMG_3122

IMG_3127

Во собраниската сала на општина Прилеп денеска врачени нови 60 решенија за легализирани бесправно изградени објекти

IMG_3080

Процесот на легализација на бесправно изградените објекти продолжува со несмалено темпо. Во собраниската сала на општинското собрание беа доделени нови 60 решенија, со кои локалните геодетски фирми и урбанистичката служба при општина Прилеп, го потврдија завршувањето на процесто на утврдување на имотно-правната сопственост на недвижен имот.

Градоначалникот Марјан Ристески, при доделувањето на решенијата за диво изградени објекти истакна, дека паралелно со физичките лица, решенија се доделуваат и на правни субјекти, за легализација на диво изградени деловни простори.

IMG_3056

IMG_3058

IMG_3059

“Ваквото темпо на легализирање на дивоградбите во Прилеп се должи на добрата соработка со Агенцијата за Катастар на недвижности и геодетските служби”, истакна тој, нагласувајќи ја важноста од овој закон, како еден од најдобрите закони кој го донела Владата за граѓаните, да можат да станат сопственици на својот имот.

IMG_3076

IMG_3060

IMG_3069

IMG_3071

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата да не ги чекаат последните денови од предвидените рокови, туку што поскоро да ја достават до административните служби. Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новоподнесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.декември  годинава.

IMG_3086

IMG_3090

IMG_3092

Се уредува дворот на подрачното училиште „Кочо Рацин“ во населбата „Рид“

IMG_2999

Започна уредувањето на дворот на едно од најстарите училишта во градот, подрачното училиште „Кочо Рацин“ во населбата „Рид“. Градежните работи се во тек . Партерното уредување и други содржини ќе бидат готови на есен, пред почетокот на новата учебна година 2016/2017, каде учениците ќе учат во училиште со уреден двор.

IMG_3015

IMG_3007

IMG_3010

„Оваа инвестиција е вредна 1.400 000 денари, средства обезбедени од локалната власт, наменети за подобрување на квалитетот во образованието на ова најстаро училиште во градот. Но, не само тука туку, планирано е во текот на летниот распуст да се реновираат и обновуваат и останатите училишта, и основните и средните, според нивните потреби и предвидени планови, се со цел подобрување на условите за работа како на учениците, така и на наставниците. Досега локалната самоуправа има инвестирано над 10 милиони евра за разни реконструкции на објектите во образованието, во кое вклучено е и изградба на нови спортски сали“- истакна градоначалникот на Прилеп, при разгледувањето на градежните активности за уредување на дворното место на подрчното ООУ „Кочо Рацин„ во населбата „Рид”.

IMG_3028

IMG_3045

IMG_3047

Подрачното училиште „Кочо Рацин„ е едно од најстарите училишта во Прилеп, изградено во далечната 1924. година.

Нафтен шок по излегувањето на Британија од ЕУ

benzinska1

На Њујоршката берза цената на сировата нафта опадна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има директно долгорочно влијание на пазарот на нафта.

Цените на сировата нафта паднаа за повеќе од 6 проценти, на азиските пазари, по објавата на резултатите за референдумот во Велика Британија, на кој е одлучено дека Велика Британија повеќе не е дел од Европската унија.

На Њујоршката берза цената на сирова нафта падна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има долгорочно влијание на пазарите на нафта, односно дека ќе постои моментална нестабилност поради претпазливоста на главните играчи на пазарите.

Пред да опаднат, цените на нафтата синоќа пораснаа, бидејќи се веруваше дека Британија нема така лесно да ја напушти ЕУ.