дома блог страница 5272

ЗАТОА СЕ ЧУДО ОД ДРЖАВА: Швеѓаните направија електрични камиони

Шведската компанија Сканиа во партнерство со германската Сименс, го создадоа првиот електричен камион, кој ќе се движи по автопатот наречен “еHighway”. Тоа е четири километарски автопат северно од Стокхолм.

990487fe4a03da678bf518d24da55422b5e2e2ea738cb8dc482816860cda30b0

“еHighway” ќе се користи како тест траса за камиони на батерии, кои се полнат со енергија додека се движат, пренесува британскиот сајт ArsTechnica.

Teхнологијата е сеуште во пробна фаза, но им овозможува на специјално дизајнираните камиони да се движат по трасата.

Камионите се полнат со енергија со самото движење, а достигнуваат брзина од 90 км/ч и не испуштаат штетни гасови.

Хибридниот систем им овозможува на камионите да се префрлат на дизел откако ќе ја напуштат електричната траса.

Компанијата Сименс смета дека “еHighway” е два пати поефикасен начин на транспорт, бидејќи штеди големо количевство на енергија.

A.Г.

Страшна сообраќајка на излезот од Прилеп, едно лице загина

Женско лице чиј идентитет засега не е познат загина во сообраќајна несреќа кога попладнево се случи на излезот од Прилеп, на патот кон Битола.

 

soobrakajka-pesak-640x360-40115

Според првичните информации до кои дојдовме во несреќата учествувале автомобил „Пасат“ и веспа управувана од женското лице кое од добиените повреди починало на лице место.

Во тек е извршување на увид, а сообраќајот е во прекин.

Ништо не би било исто без нив: Ова се најубавите навивачки на Европското првенство -ФОТО

1

Големите фудбалски натпреварувања не можат да поминат без нив. Тие ги разубавуваат трибините и за момент го отргнуваат погледот од теренот со нивното присуство. Навивачките на репрезентациите кои играат на Европското првенство во Франција, покажаа дека и на ова големо натпреварување, мажите освен фудбал имаат што да видат и на трибините.

 

Football Soccer - Italy v Sweden - EURO 2016 - Group E - Stadium de Toulouse, Toulouse, France - 17/6/16 Italy fan before the match REUTERS/ Michael Dalder Livepic
2

Football Soccer - Germany v Ukraine - EURO 2016 - Group C - Stade Pierre-Mauroy, Lille, France - 12/6/16 Germany fan before the match REUTERS/Carl Recine Livepic

 

https://twitter.com/Footie_Babes/status/745297966517338113

А.Г.

Домашен рецепт: Како да се спасите од изгорениците од сонце?

Колку и да се заштитувате на секого може да му се случи да изгори на сонце. За да ги ублажите и изладите изгорениците, ве советуваме што прво да направите кога ќе изгорите на сонцето.

 

izgorenica-640x427

Со примената на овој рецепт ќе почувствувате моментално олеснување, а вашата кожа брзо ќе се смири, ќе се излади и нема да ве затегнува доколку сте се здобиле со изгореници од сончевите зраци.

За инстант решение против изгорениците од сонцето потребни ви се:

– шолја млеко
– коцка мраз
– чиста памучна ткаенина
– еден сад

Постапка:

1.Во садот ставете млеко и мраз па потопете ја крпата. Исцедете ја крпата па ставете ја врз изгореницата.

2.Ставајте ги облогите сè додека не почувствувате олеснување. Отпосле, кожата можете да ја намачкате со благи лосиони и кремови за нега.

Зошто овој рецепт има ефект? Белковините од млекото ќе ѝ помогнат на кожата да се регенерира, додека мразот ќе ви пружи олеснување со ладењето на кожата.

ВИДЕО – Со чекани на 300 метри висина ја тестираат сигурноста на стаклен мост

Кинезите го изградија највисокиот и најдолгиот стаклен мост на светот, па се решија со чекани да ја тестираат неговата сигурност.

121

Мостот е висок 300 метри и најдолг стаклен мост на светот или 427  метри.

Неговата височина е речиси колку и Ајфеловата кула. Мостот до сега има срушено 10 различни светски рекорди, вклучувајќи во тоа и највисок банџи скок од неговата платформа.

Стаклените мостови во Кина не се новина. Минатата година е отоворен мост долг 300 метри, кој пукнал по само две седмици после отварањето.

Останува да видиме дали ќе издржи и новиот мост наречен “Zhangjiajie Grand Canyon”.

Погледнете:

А.Г.

ВИДЕО – Прославата на Исланѓаните го воодушеви светот

Неколку илјади Исланѓани го прославија исфрлањето на Англија и преминот во четвртфинале на Европското првенство во Францјија.

Во последниот осминафинален меч на Европското првенство, во Ница видено е најголемото изненадување на турнирот, репрезентацијата на Исланд ја елиминира големата Англија со 2:1.

Големиот успех играчите го прославија со навивачите на стадионот, а неколку илјади Исланѓани громогласно ја прославија победата во Рејкјавијк.

Исланѓаните до сега се непоразени на првенството. Со исфрлањето на Англија ги добија симпатиите ширум Европа и светот, а шанса да ја продолжат својата сага и понатаму, ќе имаат во недела против домаќинот Франција.

А.Г.

Голема акција: Финансиската полиција влезе во општина Струмица

133058135iul78o78o78

Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во зградата на општина Струмица, дознава Press24 од свои извори на терен.

Според нашите информации, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање на документација поврзана со криминалните тендери за превоз на ученици во општината раководена од Заев.

Акцијата следи откако деновиве во јавноста беше објавена скандалозна документација според која, општина Струмица плаќа три пати поскапо за превоз во споредба со Токио.

Од општината на Заев ги демантираа ваквите информации но не понудија никаква документација.

Интересно е што Специјалното јавно обвинителство отвори предмет и бараше притвор за битолскиот градоначалник поради наводни злоупотреби на финансиски средства во тендерите за превоз на ученици.

Според документите објавени на прес конференциите на пратеникот Васил Пишев, општина Струмица плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците, но до овој момент се уште никој не побара кривична одговорност од градоначалникот Заев.

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО БАЛКАНСКИ СОЈУЗ: Во Русија потпишана декларацијата на партијата на Путин за неутрален Балкан!

Владеачката „Единствена Русија“ вчера ја потпиша Декларацијата за соработка со претставниците на политичките партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија со која потписниците се залагаат за формирање на воено неутрални територии на Балканот.

putin_partija

Потписниците на Декларацијата укажуваат дека во рамките на „смалувањето на меѓународната тензија“, посебно значење за Југоисточна Европа претставува развојот на иницијативата на „низа балкански политичари за формирање на територија на суверени неутрални држави во кои би биле Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина“ се наведува на сајтот на „Единствена Русија“

„Тој проект има за цел да стане стратешка регионална доктрина и во иднина да биде инкорпорирана во општоевропските стратегии за нова континентална архитектура на безбедноста“, се наведува во соопштението на партијата.

Во соопштението се вели дека потписниците на Декларацијата, разгледувајќи ги актуелните проблеми на балканските и општоевропската безбедност, истакнуваат неопходност за барање на заеднички „вонблоковски решенија“.

Во Декларацијата се истакнува дека интересот кон развој на соработка за балкански земји со земјите од Евроазискиот економски сојуз, како и ширењето на мултилатералната соработка во трговско-економските, енергетските и други сфери на интерес, наведуваат од „Единствена Русија“.

Како што се наведува на сајтот на партијата, Декларацијата од руска страна ја потпиша и високиот функционер Сергеј Железњак на маргините на 15-тиот Конгрес на партијата во Москва. Во соопштението се наведува и кој ја потпишал декларацијата од балканскиот регион. Железњак за новинарите рекол дека за Русија Балканскиот регион има „огромно историско значење“.

Македонскиот потписник на декларацијата е Иван Стоилковиќ, претседател на Собраниската Комисија за соработка со Руската Федерација.

Извор: Инфомакс

Прилеп одбележа 95 години од смртта на великанот Ѓорче Петров

Денеска Прилеп ја одбележа 95 годишнината од смрттна на својот сограѓанин Ѓорче Петров, една од најмаркантните личности во македонската историја, Ѓорче Петров, односно Георги Петров Николов, е роден на 2 април, 1865, во Варош, во Прилеп, а загинал во Софија на 28 јуни.

IMG_3359

По повод 95 годишнината од смрта на Ѓорче Петров, денеска на споменикот, лоциран во центарот на Прилеп, преставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Прилеп , предводени од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески , преставници од СОУ „Ѓорче Петров“, чии име на овој револуционер е патрон на оваа образовна институција , претставници од СБРМ , општинската организација- Прилеп , граѓани и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и се поклонија на бистата на револуционерот кои го дал животот за македонската кауза.

IMG_3372

IMG_3380

IMG_3368

„Тој е личност кој останал доследен на македонската идеологија, борејќи се за слободна, обединета и независна Македонија. Денеска како горди прилепчани, кои дале илјадници жртви за слободна Македонија, се поклонуваме пред споменикот на нашиот сограѓанин, чии дела биле насочени кон слободна Македонија, за што и го дал и својот живот. Денеска неговите идеали ги продолжуваат неговите потомци, идните генерации Македонци, кои се залагаат за зачувување на самостојна и независна Македонија, за нејзина поголема економски просперитет и евроатланска ориентација и интеграција “- истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

IMG_3385

Воедно, делагцијата од локалната самоуправа, Советот на Општина Прилеп, преставници од СОУ „Ѓорче Петров“, преставници од Општинската боречка организација од Прилеп , граѓани и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и пред спомен куќата на Ѓорче Петров, која се наоѓа во населбата Варош.

IMG_3471

IMG_3488

IMG_3461

„Ѓорче Петров е личност која остана доследен на македонската идеологија, борејќи се за слобода на Македонскиот народ, и по Илинденското востание. Тој ќе остане засекогаш столб во македонската историја како идеолог, револуционер и борец за самостојна и независна држава Македонија и пример на идните генерации како се сака татковината„ – истакна д-р Круме Соколоски од општинската боречка организација од Прилеп.

IMG_3400

Прилепчанецот, Ѓорче Петров е еден од најсветлите примери во борбата за независна и целовита македонска држава и токму поради вавките свои идеи и делувања во рамките на организацијата на ВМРО, станува симбол на братоубиствена политика. Загинува во Софија, 1921 година, убиен од страна на врховистите, пред 95 години.

Легендарната прилепска берберница “Победа”: Две генерации со ножици в раце

Krasta_e_berberskiot_zanaet_-_sinot_Zarko_i_tatkoto___Tome_Jovanoksi

Томе Јованоски e 80-годишeн бербер во Старата чаршија во Прилеп.Со ножиците и чешлите е од 1949 година, а со свој дуќан од 1962 година.

Атрактивни се курназлаците и муабетите во берберниците. Приказните уште се шират и се раскажуваат од некогашното омилено место за дотерување и социјален живот на мажите. Затоа уште доаѓа Томе. По пензионирањето не го скратил животниот век на занаетот, туку лозата ја продолжи синот Жарко со 20 годишно искуство. Во дуќанот минале муштерии од четири генерации. Томе дотерувал, дедо и татко, а Жарко  стигнал бербер да им биде на синот и внукот.

– Бев калфа кај берберот Апле – хармоникашот. Работев и во коперацијата. Во 1962 година купив дуќан во Старата чаршија и отворив сопствена берберница. Имаше малку, а сите беа в чаршија. Само Кире го запоседна Варошко маало. Кум на берберницата е Методија Крстески –  Каше, еден од најдобрите фудбалери на Победа. Имавме дилема за името. По легендариот прилепски клуб се вика Победа до денес – ја почна приказната стариот мајстор.

Муабетите во берберницата, се вечна мистерија за женските уши. Во “машките муабети” во берберницата која важела за центар на збиднувањата, се зборувало сé и сешто. Имало и сплетки и дубари, вистини и мудрости. Кај берберот се седело за кажување и се потпивнувало по нешто.

– Берберницата е и клуб за мажи, оти идеа муштерии исклучиво од посилниот пол, сами, без жени. Беше место каде момчињата се чувствуваа како мажи, а мажите како господа. Не идеа само за стрижење и бричење, туку и за анализи на натпреварите. Идеше цел тим на Победа. Пред мечевите се собираа и правеа калкулации колку гола ќе дадат. А во понеделникот ги резимираа впечатоците. Најбитно е дека секогаш владее мајтап и позитивна енергија. Немаше радија, пеевме и свиревме на прим – мала гитара. Специфични се прилепчани, но комуникативни. Се муабетеше од спорт, политика до жени, гулаби, лов. Кога некој кисне во берберницата, нешто како да ги тера да се отворат, да кажат за себе. Се изнаслушав сé и сешто. Психологијата на берберот е таква да се прилагоди на фалинката на клиентот. Секој има маана. На некој му се гулабите, па мораш да му зборуваш за тоа. Еден муштерија се фалеше дека е женкар, а имаше и убава жена. Другарите ми беа секогаш главни зафрканти. Исчекаа да го наместат женкарот, а жена му на фризер. Му велат: “Колку убава жена има кај тој и тој фризер”. Женкарот рипна од столче и се врати надурсен. “Кај е тоа пичлемето, што рече убава жена се стрижи? Абе мојата е” – се сеќава на курназлаците стариот Јованоски, кој кратко бил и во Управата на Победа.

2

Раскажувајќи за некогашните фризури и бради, успеа да го врати духот на местата кои сме ги гледале само на филмовите.

– Мажите беа многу педантни. Редовно бричени и пострижени. Бричењето да биде такво што цело лице да е чисто, а фризурите примерни. Спире Мудурот се пострижуваше секоја сабота. Не беше тренд брадата. Небричени беа само свештениците и уметниците. Од тоа време актуелен е српскиот афоризам, “Брада звање, брада знање, брада срање”. Првата за свештениците, другата за уметниците, а третата за битангите и пијаниците… – кажува Томе.

На бербер оделе секакви луѓе – градски, видни, од село…

– Идеа секакви муштерии, и од околните села, во среда и сабота за на пазар. Градските влегуваа по 16 ч. кога ќе заминеа селаните. Еден “големџија”, ќе се избричеше и ќе си заминеше. За половина саат пак се враќаше на второ бричење. И третпат се враќаше, за да го намачкам со колонска вода – вели Томе.

Еснафските шеги не се забораваат. Берберите биле многу мудри и правеле потези да ги научат калфите и чираците да бидат чесни луѓе. Градскиот саат чукал двапати – еднаш во без пет и вторпат во точно време. Првиотпат означувало дека мајсторот прекинува со работа, а второто чукање било знак за калфата.

– На френговите од вратите на дуќаните за 2 февруари ни врзуваа ѓеврек со црвена панделка. Се правеа сплетки да се проверат чираците и калфите дали го почитуваат еснафот, мајсторот, соседите, и муштериите. Му потфрлавме паричка на калфата, ко ќе метеше, да видевме дали е чесен. Зедов дете за калфа, ама другарите се играа мајтап со него. Имаше еден Василе, кој беше ќос, брада не му растеше. Другарите се жалеа дека секој ден се бричи, а не плаќа. Калфата се стрча, “Ќе му речам да плати, не се секирајте “. Го сретнал и му рекол “Не ти е срам да не му плаќаш на мајсторот за бричењето?!”. Следел одговор, “Море магаре едно, ќос сум, не одам на бричење”. Така го насамарија калфата – низ смеа раскажува Јованоски.

Имал муштерија, српски војник.

– Го прогласивме за “опасна брада”, оти брадата му беше толку остра, што тешко се бричеше, целиот крвојци се правеше. Од мака при бричењето, ја искуба со пинцета. Ама пак му порасна. Не можев да му помогнам ни со бритвата. Рече да не се секирам, оти плачел ко ќе се бричел сам. Во ЈНА немаше бербери. Ко ќе дојдеа регрути, градските берберите бричевме многудуши војници. Беше мачно, оти не беа машински, туку рачни ножиња. Ко ќе ни се замореа рацете, ги кубевме – вели стариот бербер.

Од дете во берберницата е и синот Жарко – втората генерација. На 14 години се учел на маалските другари со старите машинки и ножички од татко си. Прв почнал, уште во 1996/97 г., со машинка да го исцртува знакот “најк” над увото.

3

– Му помагав, метев, ми ја доверуваше берберницата. И ми остана “краста” берберскиот занает. Од Саатот прилепски подалеку не одам. Кога стартував во дуќанот, требаше да се прилагодувам на мојата генерација, на новите трендови. Тогаш беше актуелна т.н. фризура броз, ссоема кратко од страните, само на горе косата, според музичката група Броз. Најнов тренд сега се брадите. Полека, полека, се враќа ретро модата. Прво беа обликуваните бради, со фигури и во разни форми, а сега се актуелни големите бради со подвиткани мустаќи. Долгата брада е специфична, треба секојдневно миење, посебни колекции за третман, шампони, чешли и посебни бои. Потешко е да се обликува брадата. Треба дарба, внимателност, прецизност, самодоверба. Да умееш што и каде сечеш. Да ти покаже добар мајстор. При работата досега никој не сум повредил, освен што еден малку го сецнав на увото, поради невнимателност кога тој ми мрдна – кажува наследникот на “машкиот занает”.

Младиот Јованоски често бил сведок и актер во сплетките на татковите другари.

– Ме натераа да им земам цигли од џамијата. Му ставив од циглите на еден муштерија што го оставаше зумбулот со пазарот во берберницата за да му тежат кога ќе си оди дома. Имаше шеги. Еден муштерија ми вели, ајде мајсторе издувај ме. Му вратив дека и онака е издуван.Таков ни е прилепскиов јазик – тој само сакаше да му ја потсушам косата. Друг пак ми вели, мајсторе помини ме малку одназад. Го прашав дали е капен, а тој мислеше да му ја поминам мовта на вратот со машинката – се смее младиот мајстор.

Додека оживува сликата на автентичната берберница од времето, Жарко како најголемо богатство ги чува старите машинки за стрижење од татка си.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ