дома блог страница 5244

Генералите на НАТО шокирани: Еве што Русија долго крие од очите на светската јавност!

123 (1)

Руското најново наоружување прикажано на видео во ХД резолуција ги шокира генералите на Пентагон и НАТО.

На видеото се прикажува како ќе изгледа Третата светска војна и што е тоа што Русите толку долго го криеле од очите на јавноста.

Погледајте го видеото кое содржи невероватно софтифцирано одружје од кое со право се шокирани и генералите нa Пентагон и НАТО.

Ердоган нареди борбени авиони да патролираат над Турција

turcija-f-16-650x396

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган издал наредба борбените авиони на армијата да патролираат на небето над Турција, јави Анадолија.

Летовите ќе имаат за цел поголема безбедност во земјата и контрола на воздушниот простор.

Пучистите во ноќта меѓу петокот и саботата употребија ловци Ф-16 во нападот врз зградата на Парламентот и реонот крај претседателскиот комплекс.

Ердоган наредбата ја издадал вчера.

Турското државно раководство во меѓувреме објави дека пучот е задушен, а според последните информации во него загинаа 290 лица, додека 1.440 лица се ранети.

Посвежо и ветровито време

Времето денеска ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

 

oblaci.jpg500

Кон крајот на денот во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура ќе биде во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурите ќе се движат од 15 до 26 степени.

Откриена е вековната лага за “Jack Daniel’s”

Секоја година 275.000 луѓе одат на разгледување на оригиналната дестилерија, во која уште од 19 век се произведуваат производите на “Jack Daniel’s”.

jack-daniels

Сите ја слушаат истата приказна, дека во 1850 година, уште како мал, Даниел започнал да работи за еден свештеник како продавач на вискито “Dana Calla”. Свештеникот бил многу зафатен, а кога ја забележал желбата и талентот на Даниел, го научил и да произведува виски. Останатото е историја.

Оваа година, “Jack Daniel’s” едно од најпродаваните виски на светот, го слави својот 150 роденден, а компанијата после сите тие години, реши да ја открие вистината.

Даниел тајната состојка не ја дознал од “Dana Calla”, туку од еден од неговите робови, по име Неарис Грин. Со години се ширеа гласини за оваа приказна, но тие не беа потврдени, се до сега.

“Се решивме да чекаме заокружена годишнина, па да зборуваме отворено за нашата историја” – рече Нелсон Еди, историчар во Музејот на “Jack Daniel’s”.

ДРОН ВИДЕО: ВАКОВ СПЕКТАКЛ СЕ СЛУЧУВАШЕ ВЧЕРА ВО ПРИЛЕП НА ПИВО ФЕСТ

121

Дрон видео кое го отсликува целосниот спектакл и оргомните бројки на посетители кои синоќа како реки се слеаа во Прилеп.

1111

Фестивалската журка завршува вечерва, кога се очекува уште помасовна посета и исполнување на бројката од 350.000 гости за четирите фестивалски вечери.

Ова е Прилеп! Ова е Пиво Фест! Организација, забава, море од луѓе! ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ!

_DSC2942Markukule

Изминаа три фестивалски вечери на Пиво Фест 2016 или на најголемата и најмасовната фестивалска организација кај нас. Фестивалот на скарата и пивото и годинава на неговото 14-то издание понуди пред се многу забава, различни видови на пиво и превкусна скара.

Програмата на сцената направена по мерак за секаква публика и за љубители на различни жанрови на музика.

Организацијата феноменална!

Тоа го видовме пред одржувањето на втората фестивалска вечер, кога силното невреме донесе многу вода на просторот каде се одржува фестивалот. Екипите на комуналните претпријатија на градот со одлична координација од Локалната самоуправа, експресно се справија и во рок од еден час ја совладаа надојдената вода.

Колони и колони на автомобили кои пристигнуваат и денеска од сите краеви на државата, ветуваат и оваа вечер 100.000 публика и луда забава.

За големото финале на фестивалот вечерва ќе се погрижат: Александра Радович, Дејан Петрович Биг Бенд и Парни Ваљак.

Ваква беше атмосферата во градот под Марковите Кули изминатата вечер:

13694989_10208323275493931_1821889385_n _DSC2733Markukule _DSC2734Markukule _DSC2738Markukule _DSC2739Markukule _DSC2740Markukule _DSC2744Markukule _DSC2759Markukule _DSC2875Markukule _DSC2882Markukule _DSC2885Markukule _DSC2888Markukule _DSC2941Markukule _DSC2942Markukule _DSC2943Markukule _DSC2944Markukule 13689359_10208323274413904_1039539405_n 13689768_10208323275453930_179572534_n

 

Заврши 43-тата Галичка свадба

galicka-svadba-640x294-640x294

Со венчавката на Сандра Станковиќ и Александар Ристески во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник , денеска заврши 43-тата Галичка свадба.

Повеќе илјади посетители од Македонија и од странство имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи кои започнаа од синоќа и продолжија денеска.

Годинава во центарот на вниманието беа зетот, 28-годишниот Александар Ристески, и четири години помладата невеста Сандра Станковиќ, двајцата од Скопје.

Манифестацијата Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Со овации и громогласен аплауз беше поздравена изведбата на „Тешкото“ – оро на печалбарите, кое го изведоа играорци.

Во двата дена, со звукот на тапани и зурли, беа преставени: канењето на сватовите, кумот, свекрвино оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи кои биле дел од свадбените веселби на мијаците во минатото.

galicka-svadba1

Свадбарската веселба синоќа се чувствуваше на повеќе локации и траеше до утринските часови.

Првато издание на Галичка свадба се одржало во 1963 година. Од 1990 година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.

Во Галичник, една најголемите населби во мијачкиот крај, сега постојано живеат само двајца жители, но околу празникот Петровден доаѓаат илјадници посетители и туристи, а најбројни се токму за манифестацијата Галичка свадба.

Вечерва на Пиво Фест: Настапуваат Александра Радович, Дејан Петрович BIG BAND и незаменливите Парни Ваљак

Последната четврта вечер на 14-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе ја одбележат настапите на српската пејачка и една од најпознатите женски изведувачи во Србија, Александра Радович, веднаш по неа настапува Дејан Петрович со неговиот Биг Бенд, а за крај големото финале на затворањето на Пиво Фест 2016 ќе го имаат Парни Ваљак.

aleksandra-radovic-1391296683-438461

Публиката ќе има единствена можност да ужива во романтичните звуци и балади на Александра Радович.

Веднаш потоа следува Дејан Петрович Биг Бенд, што значи дека публиката треба да се спреми за спектакл. Незаменлив голем бенд кој ќе приреди одлична забава и супер размрдување на илјадниците луѓе, кои и вечерва пристигнуваат од сите страни.

За крајот се чува најдоброто! Така ќе биде и оваа година, па на сцената ќе застанат легендарните Парни Ваљак. Нема што многу да се зборува кога се работи за уметници кои со децении се на сцената и предизвикуваат бум каде и да се појават. Aки Ракимовски и неговиот бенд ќе се погрижат за секој посетител на Пиво Фест годинава, да понесе незаборавни спомени.

 

 

Од под кревет одземени 23.000 австралиски долари од куќа во Битола

Непознат сторител одзел 23.000 австралиски долари од под кревет во куќа во Битола. Случајот вчера во СВР Битола го пријавил битолчанецот К.К.(1959). Кражбата се случила во куќата на неговиот татко, во период меѓу 1-ви и 16 јули.

krazba

– Вчера во 10.15 часот во СВР-Битола К.К. од Битола пријавил дека во периодот од 1 до 16 јули од страна на непознат сторител е извршена кражба во куќата на неговиот татко, при што од под креветот од акт ташна одземени му се 23.000 австралиски долари, соопшти МВР.

Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на настанот.