дома блог страница 5135

НОВАК ЃОКОВИЌ КАКОВ ШТО ДОСЕГА НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ: Како најдобриот тенисер во светот се весели на свадба!

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ беше на свадба кај свој пријател, па имаше прилика да се опушти.Тој пред сватовите го запеа хитот од Мирослав Илиќ „Луцкаста си ти“, а потоа му се придружија и останатите.

Нема сомнеж дека било многу весело, а дел од атмосферата погледнете во видеото во продолжение.

 

Знаете ли што значат белите дамки на ноктите ?

nokti-crte-696x398

Немојте да ги игнорирате промените на ноктите бидеќи тие се поврзани со здравјето повеќе од што мислите.

Ако некогаш сте се запрашале што претставуваат белите траги на ноктите, еве ви одговор . Всушност, најголем дел од белите дамки настануваат како мали меурчина со воздух под ноктите.

Тие можат да бидат наследни, но во определени ситуации може да укажуваат на медицински проблеми како брадавици, псоријаза и екцема, како и саркоидоза која ја зафаќа кожата.

Кога ноктот е мек и има бела трага, таа состојба е позната под името “Пламеров нокт”, и може да упатува на хипертериоза.

Колку подолу се наоѓа белата дамка, толку болеста е понова.

Ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја желба! Еве што да направите

krstovdenukm67i67i67-640x384

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора, каде што легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

Ќе се изненадите: Зошто не смеете да спиете со вклучен телевизор?!

Многу луѓе имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор и велат дека така полесно тонат во сон. Ако и вие сте дел од таа група, тогаш мора да знаете дека тоа ви го пореметува процесот на спиење и остава последици на вашето здравје.

 

tv-640x435

Научниците се едногласни – човечкото тело треба да спие во целосен мрак. Кога сонцето ќе излезе и ќе се појави дневната светлина, рецепторите на светлина во мрежницата ни испраќаат сигнал дека е време за будење и спречуваат создавање мелатонин (хормон за спиење) во организмот.

Ситуацијата е обратна кога ќе падне мрак. Тогаш телото добива сигнал дека е време за кревет и не поттикнува на спиење испуштајќи мелатонин. Ако во моментот сте изложени на силен извор на светлина како вклучен телевизор, тогаш ќе имате немирен сон бидејќи светлината значително ги пореметува основните телесни функции, циркадијарниот ритам и влегувањето во фаза на спиење во која најдобро ќе се одморите.

Тоа резултира со чувство на поспаност, лошо расположение и тешкотии кога ќе се разбудите.

Истото важи и за спиењето со вклучен компјутер или пригушени светла – невролошките истражувања покажале дека тие доведуваат до лошо расположение.

Обидете се да се решите од овие навики. Ако сепак не можете да заспиете без телевизор, задолжително подесете го на автоматско исклучување.

ГРСТ НАГРАДИ ЗА ООУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

medali

На државното натпреварување во џудо што се одржа изминатиот викенд во Универзалната сала во Прилеп, учениците од О.О.У “Блаже Конески”- Прилеп освоија вкупно 7 медали и тоа:

Павлоска Сара- 1 место, Петрески Мартин две први места, Трпкоски Христијан второ место, Трајкоски Николче 2 место, Павлоски Михаил 2 и 3 место.

site-dzudisti-zaedno

Во тенис ученичката Мила Игеска е неприкосновена. На државниот турнир – ТК Битола, го освои третото местоа, а тоа не е нејзина единствена награда во овој спорт.

mila-igeska

На трката “Крали Марко Trails 2016″,  што се одржа во населбата Варош под покровителство на локалната самоуправа на општина Прилеп, ученичката Звездакоска Ана го освои првото место, а Стојаноска Александра го освои второто место.

Им честитаме на сите и посакуваме уште многу награди во иднина, тие се гордост за училиштето.

krali-marko-trails-pobednicite

 

 

Груевски промовираше нова мерка- субвенции до 5.000 евра за купување електричен автомобил, 0% царина, 5% даночна стапка, бесплатна патарина и паркинг!

Повеќе електични авомобили за почист воздух, е првата, од двете мерки кои денеска ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а кои ќе имаат значително влијание врз заштита на животната средина, но и ќе значат поволност која ќе може да ја искористат граѓаните која ќе значи и стимулација,но и заштеда на нивните буџети.

gruevski-merki

-Со цел да придонесеме кон понатамошно намалување на емисијата на штетни издувни гасови од возилата со бензински и дизел мотори, како и намалување на бучавата во урбаните средини, во следниот период ќе преземеме низа на активности и мерки со кои ќе го стимулираме зголеменото користење на нови возила кои се целосно на електричен погон и кои имаат нула емисија на штетни гасови. Постојат различни видови на електрични автомобили, а тенденцијата е зголемување на нивниот капацитет, односно капацитетот на батериите кои се главниот сегмент во автомобилот. Енергенсот кој што го употребуваат е електричната енергија, а полнењето се одвива преку специјализирани полначи кои генерално се со различен капацитет. Постојат брзи полначи кој целосно ја полнат батеријата на автомобилот за дваесетина минути и чинат околу 15 илјади евра и бавни полначи кои за целосно полнење на батеријата во зависност на моќноста на автомобилот ја полнат до крај до 4 часа и чинат околу илјада евра, истакна Груевски.

Постои и трет начин на полнење, а тоа е најбавно во обичен трофазен штекер со кој полнењето до крај е околу 8 часа, и најчесто се користи во сопствени гаражи или гаражни места. Многу од европските држави нудат различни пакети на поволности со кои се стимулира користењето на електричните возила. Нашата цел е следење на трендот електричните возила да станат наше секојдневие и во приватниот и во јавниот превоз. Наполнетата батерија, во зависност на капацитетот на возилото, може да вози без ново полнење од 300 до 400 километри.

-Да напоменам дека секоја година овие перформанси се подобруваат. Имено, секоја година индустријата вади поевтини, а истовремено побрзи полначи, батерии кои подолго може да се користат и кои се се полесни. За оние кои не се доволно упатени да подвлечам дека полнењето не преставува големо трошење на струја и трошок. И уште нешто: оваа индустрија започна со производство на поскапи вакви автомобили, сега произведува и поевтини и помали, а на последната годишна конференција за електрични автомобили во Барселона, пред 10 тина дена, се констатира дека иднината е производство и на мали и евтини електрични автомобили, вклучувајќи и двоседи, додаде тој.

Денес, рече Груевски, објавуваме мерки кои ќе започнат да се нудат од 2017та со цел да го потикнеме купувањето на електрични автомобили кои имаат нула загадување, побрзи се и многу помалку се расипуваат бидејќи имаат помалку делови.

За таа цел го предвидуваме следниов пакет на мерки:

1.Увозот на нови електричните возила ќе биде со 0% царина и без дополнителна акциза.

2.При купување на нови електрични автомобили ќе се применува повластената даночна стапка од 5%, наместо сегашните 18% ддв.

Со ова ќе се направи дополнителна заштеда. На пример ако за возило од 30 илјади евра данокот на додадена вредност изнесувал 5 400 евра со намалените 5 проценти ДДВто ќе изнесува 1500 евра, односно 3 900 евра ќе заштеди купувачот.

Кој е генерално ефектот од овие мерки- Со овие мерки директно се влијае на намалување на пазарната цена на возилото за околу 20% во старт. Тоа значи ако сега тип на електрично возило чини 35.000 еур, после овие мерки ќе чини 28.000еур, што е заштеда од 7 илјади евра.

3.Покрај ова, Владата на РМ ќе дава субвенција за купување на електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра, и субвенција од 5000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра. Мерката субвенции за физичките лица, но и за правните лица за набавка на најмногу 5 возила.

4.Сите електрични автомобили ќе бидат ослободени од плаќање на патарина на сите патишта низ Македонија каде што се плаќа патарина во период од 10 години, односно до 2027та година.Тоа значи дополнителна привилегија и заштеда за корисникот на автомобилот. Доколку на пример со автомобилот оди од Скопје до Градско и назад, ослободувањето од патарина ќе значи заштеда од 360 денари и тоа ќе може да го користи неограничен број пати. Ова е особена поволност за оние што патуваат секојдневно.

5.Сите електрични автомобили ќе можат бесплатно да паркираат на било кој јавен односно државен паркинг во рок од 10 години односно до 2027 година, вклучувајќи подземен паркинг, катна гаража, обичен паркинг и зонски паркинг кој се наплаќа, и на сите вакви паркинзи ќе има обележани и резервирани посебни места резервирани за паркирање само за овие возила.

Истовремено, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се предвиди со закон како обврска да се набават бавни полначи кои полнат до 4 часа, во износ од 5% од паркинг местата, оние кои ќе се предвидени за електрични возила на сите јавни, приватните паркинзи, оние кои се под концесија, како и катните и подземни гаражи и зонското паркирање кое се наплаќа.

Полначите кои ќе бидат инсталирани и паркинг местата кои ќе бидат обезбедени ќе бидат најатрактивните на паркиралиштето. Обврската за истите ќе биде покрај спорите полначи да набават и по најмалку два брзи полначи, при што енергијата односно струјата која ќе се троши ќе се наплаќа по цена која ќе ја утврдува Регулаторната Комисија за Енергетика, за да не дојде до злоупотреби. Што ова значи низ конкретни бројки. На пример, катната гаража Тодор Александров има 600 паркинг места, сега со оваа мерка од 5%, ќе мора да обезбеди 30 полначи за електрични возила бавни до 4 часа и 2 брзи, или Катната Гаража Македонска фаланга каде има 450 паркинг места значи дека ќе обезбеди 22 полначи за електрични возила. Плус по два брзи полначи до 20 минути.

Исто така во 2017 година, освен во Скопје, по најмалку еден брз полнач и два бавни ќе се инсталира и на поголемите јавни паркинзи во општините Битола, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш и Крива Паланка.

Исто, во 2017 година ќе се предвиди на паркинзите на сите хотели со 4 и 5 ѕвезди да обезбедат по два полначи (бавни) за електричните возила. Дополнително ќе се обезбеди и законски пропис со кој ќе се воспостави обврска новите згради кои ќе се градат да предвидат инсталации за трофазни 8 часовни приклучоци во секое гаражно место.

6.Во прва фаза, на електричните автомобили ќе им биде дозволено да возат и во приоритетниот простор на сообраќајниците, на местата каде постои, а каде сега е дозволено движење на автобуси и такси возила, што значи дека електричните автомобили побрзо ќе се движат низ сообраќајот.

7.Годишната регистрација за електричните возила, во делот за надомест за патишта ќе биде бесплатен во наредните 10 години. Тоа во просек ќе биде заштеда, во зависност од моќноста на автомобилот од 2.500 до 3 илјади денари секоја година. За полесна идентификација, електричните возила ќе имаат посебна регистарска табличка со јасно видлив дизајн и посебна боја.

8.Со цел градба на инфраструктура за полнење со енергија на електричните возила со закон ќе се предвиди задолжително вградување брзи полначи-

  • Во 2017 г. на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта во државата ќе има по најмалку 1 брз полнач за електрични возила;
  • Во 2018 г. на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта на секоја ќе има по најмалку 2 полначи брзи полначи за електричните возила;
  • Во 2019 г. на бензинските пумпи на сите регионални патишта во државата да има по најмалку 1 полнач на секоја бензинска пумпа.
  • Планот е во 2020 година да се постигне покриеност на сите патишта со по најмалку 1 брз полнач по бензинска пумпа.

Дополнително со цел полесно користење на полначите и местата каде се достапни, во прва фаза ќе се пристапи кон изработка на електронска апликација за мапирање на полначите која ќе може да се инсталира на мобилен уред.

Имајќи во предвид дека најактивни учесници во сообраќајот се токму автобусите и такси возилата, а со тоа поради природата на работата завземаат и значаен дел од загадувањето на воздухот, во рамките на овој проект предвидуваме и мерки кој се наменети за овие категории учесници во сообраќајот.

9.Градот Скопје во рамките на јавното сообраќајно претпријатие ќе отпочне со набавка на целосно електрични автобуси за потребите на Градот Скопје, со долгорочна тенденција електричните автобуси до 2030 година да сочинуваат повеќе од 50% од вкупниот број автобуси во градот.

-Можам да информирам дека веќе Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски ги започнаа првите иницијални разговори за набавка на нови 50 целосно електрични автобуси, односно 20 големи автобуси, дводелни со армоника зглоб на средината, и во кои можат да влезат 150 патника, (со дизајн на трамвај) и 30 минибуси. Набавката би била повеќегодишна, а средствата би ги покривале заеднички Владата и градот Скопје по половина. Ова е веќе усогласено меѓу градоначалникот на град Скопје и министерот за финансии, а плаќањето ќе е на неколкугодишни рати, подвлече Груевски.

Со набавката на 20-те дводелни електрични автобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како за изградба на трамвај кој чини неколкукратно поскапо, а и трамвајот и електричниот автобус имаа речиси нула загадување. Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само заради високата цена која ја побараа сите производители и можни концесионери, и со која за да има приближно иста цена како автобусот, требаше две третини од цената да ја субвенционира државата, што заедно со инвестицијата за копање и поставување шини, како и набавка на возилата за трамвај, ќе ја чинеше државата годишна субвенција меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години. Тоа беше крајно неисплатливо, и затоа не се реализира, и покрај нашите големи обиди и разговори со многу производители. За разлика од тоа, набавката на 20-те зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај, не само што ќе го постигне истиот еколошки ефект, истиот број на кабини со ист број патници во него, истата брзина овозможена со резервираната лента, исто како кај трамвајот, удобност и слично, туку што е клучна разлика ќе избегне раскопување на целиот град во период од неколку години и побрза реализација и најважно цена за се на се, само околу 12 милиони евра, проценета вредност, кои ќе се исплаќаат во неколку годишни рати. 20-те вакви автобуси ќе се обраќаат на линијата која беше предвидена за трамвај.

Загадувањето по однос на животната средина ќе биде 0% од употребата на ваквите автобуси кои се направени според највисоките еколошки и технолошки стандарди. Дополнително ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Понуда од ваков тип ќе биде овозможена и на другите општини кои имаат јавен градски превоз.

10.Имајќи во предвид дека освен автобусите, и такси возилата се најчести учесници во дневниот сообраќај, ќе се стимулира создавање на такси компании само со електрични возила. Со измена на регулативата, ќе овозможиме такси компаниите кои ќе имаат само електрични возила да бидат ослободени од сите давачки кон градот кои ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија на тие автомобили ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Треба да се има во предвид дека енергенсот односно бензините, дизел горивата или плинот на кој работи такси возилото е и најголемиот трошок на таксистите. Сега доколку се набави ново електрично возило, покрај поволностите кои следуваат за сите останати граѓани кои ќе се одлучат за ваков тип на возило, таксистите ќе се помогнат со неповратен грант од 5 илјади евра како и полнење на автомобилот кое ќе биде бесплатно за нив во рок од 10 години.

11.Секоја јавна институција, државна или општинска, како и секое јавно претпријатие формирано од Владата или општините, доколку пристапи кон јавна набавка на патнички возила за сопствени потреби со која се предвидува набавка над 3 возила во текот на една фискална година, ќе биде обврзана половина од набавените возила да бидат електрични. Оваа набавка ќе се однесува на возилата кои се набавуваат врз основа на купување или лизинг. Со ова државните и општинските институции ќе демонстрираат одговорност и ќе дадат свој придонес кон намалување на загадувањето на воздухот.

За сите овие мерки ќе се организира и јавна расправа при што секое стручно мислење ќе биде добредојдено и во наредните 2 до 3 недели овој проект е отворен за сугестии, промени и доработка во насока на подобрување на проектот.

Сето ова во кратки црти, оној кој ќе се одлучи да купи нов електричен автомобил кој сега чини на пример 35 илјади евра, ќе биде ослободен од царина, дополнителна акциза и ќе има намалено ддв од 18% на 5%. Тоа значи дека ќе чини 28.000еур, и ќе оствари заштеда од 7 илјади евра. Дополнително ќе добие субвенции од 5 илјади евра бидејќи ќе купи возило поскапо од 25 илјади евра, ќе заштедува секоја година до 3000 денари за регистрација од која ќе биде ослободен во делот за надомест за патишта, ќе биде ослободен и од патарина, ќе има можност за бесплатно паркирање, како и брзо полнење на автомобилот, ќе има приоритет во движењето во сообраќајот и ќе има и достапна инфраструктура за полнење.

Груевски ги образложи и предностите на електричните автомобили и кажа зошто се одлучиле за ваков вид на поддршка.

-Сите развиени држави и државите во развој се трудат да го подржат процесот за замена на стандардните со електрични автомобили. На пример околу 29 отсто од автомобилите во Норвешка се на електричен погон, а од 2025 година сите автомобили кои ќе бидат ново продадени мора да бидат на електричен погон. Различни видови на владина поддршка за купување на електрични автомобили даваат голем број на држави како Холандија, Норвешка, Велика Британија, Сад, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Романија и други.

Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се:

-Значително намалување на загадување на воздухот, бидејќи тие немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на енергија во моментот кога возилата работат. Истражувањата покажуваат дека движењето со електрични возила е за над 97%  проценти почисто од автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Електричните возила произведуваат нулта CO2 емисии, истовремено продуцираат намалено испуштање на стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење на батериите;

-Ниски трошоци за одржување. Нема зависност од нафтата и бензините чија цена рапидно расте, нема менување на масла и слични потрошни материјали. Многу поретко имаат дефекти отколку обичните.

-Побезбедни се од стандардните автомобили и со поголема моќ на управување. Нема елементи кои се лесно запаливи, полесни се од стандардните автомобили но полесно управливи бидејќи управувањето се одвива компјутерски. Овие фактори гарантираат и помали последици при евентуален судир.

-Произведуваат значително помалку бучава и има поголем багажен простор.

-Енергетски се поефикасни. Обично, класичните автомобили на бензин ефикасно користат околу 15% од енергетската содржина која го придвижува возилото или пак служи за напојување на додатоци, а моторите на дизел можат да достигнат ефикасност од 20%, додека пак возилата со електричен погон имаат вградена енергетска ефикасност од 80%.

-И долгорочно гледано се економски по исплатливи споредено со класичниот автомобил со мотор на внатрешно согорување. Иако просечната цена е над 25 илјади евра на ваквите автомобили, статистиката покажува дека еден електромобил ќе потроши приближно 1000 евра за 100.000 километри, а возило од иста класа со бензински или дизел мотор ќе потроши дупло од иницијалниот трошок за купување на возилото, со што може да дојдеме до компензирачката цена зошто електричното возило чини повеќе на самиот почеток. Пример со возило купено за 25 илјади евра, за 100.000км ќе потроши 50 илјади евра за гориво, а електричното само 1000 евра. Тука се гледа огромната разлика.

Нас целта, рече тој, со оваа мерка ни е да отпочнеме еден процес кој ќе значи давање на можност на граѓаните кои ќе се одлучат за ваков автомобил, како и фаќање на чекор со процесите кои се одвиваат на глобално ниво а се во насока на заштита на животната средина.

Побарана итна ексхумација: Аргентински археолози го пронашле гробот на Адолф Хитлер !

adolf-hitler

Аргентински археолози го пронашле гробот на Адолф Хитлер на приватен посед на средина од шума, 60 километри подалеку од цивилизација. Територијата на која е пронајден гробот се наоѓа во градот Сан Карлос де Барилоче.

До поседот е многу тешко да се стигне бидеќи  е опколен со шума. Единствен начин да се стигне до него е со брод. Меѓутоа стапнувањето на туѓ посед, според законите на Аргентина, се смета за тежок престап.

Гробот е осветлен и на него пишува : ” Овде лежи Адолф Хитлер, Фирерот на Третиот Рајх”.

Археолозите поднеле барање до владата и до сопственикот на поседот да се изврши ексхумација, односно да се процени дали останките му припаѓаат на Хитлер.

adolf-hitler-argentina-kuca-u-argentini-foto-printscreenyoutube-1474878986-999089

Поседот му припаѓал на директорот на “Мерцедес”, кој бил еден од најголемите приврзаници на нацизмот. Во Аргентина во тоа време имало повеќе од 60.000 нацисти, меѓу кои и Јозев Менгеле, еден од најголемите злосторници.

fbi-adolf-hitler-foto-printscreen-fbi-1474879412-999095

Хитлер не се убил во бункерот во Берлин, што е потврдено и со ДНК на черепот кој се чувал во руски музеј за кој се тврдело дека му припаѓа. Черепот дури не е ни машки. Се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун.

Американското ФБИ пуштило голем број на документи во јавноста, кои покажуваат дека се трагало по Хитлер и по неговата смрт.

МАРКУКУЛЕ

 

Денес е денот во кој ќе се решат претседателските избори во САД: Погледнете зошто…

trump-clinton_wikimedia_commons

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 8 ноември оваа година, но денес многу работи ќе станат појасни.

Денес е денот на претседателската дебата. После овој ден граѓаните на САД појасно ќе ја видат сликата за претседателските кандидати.

Ова се можеби едни од најконтроверзните кандидати во последните изборни циклуси во САД, па затоа се очекува напната но интересна претседателска дебата.

Оваа дебата ќе биде непредвидлива и ќе се разговара на многу теми меѓу кои и за надворешната политика која ќе ја води идниот претседател.

Повеќе од сигурно е дека ќе се дебарира за состојбата во Сирија и улогата на САД, за најавениот ѕид на Трамп околу Мексико, борбата поротив ИСИС или борбата против Асад, економската политика и многу други теми.

МАРКУКУЛЕ

Совети злато вредни: Како да заштедите на гориво

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите.

???????????????????????????????
Не точете до врв

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Паркирајте во гаража

Гаражата го одржува автомобилот топол на зима, ладен на лето. На тој начин нема да трошите на греење на автомобилот за да се растопи мразот од него, ниту ќе морате да ја вклучувате климата секогаш кога ќе седнете во автомобил.

Напумпајте ги гумите

Избалансирајте ги гумите. Неизбалансираните гуми, кои имаат нееднаков, слаб притисок, брзо се трошат и пружаат поголем отпор, па моторот мора да работи посилно за да оддржи брзина. Гумите кои имаат слаб притисок може да ја зголемат потрочувачката на гориво за дури 15 отсто.

Одржувајте го моторот

Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Заменете ги воздушните филтри

Внимавајте на воздушните филтри на моторот. Уредни воздушни филтри може да заштедат и до 10 отсто гориво.

Користете квалитетно масло

Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.

Не штедете на одржување

Автомобилот ќе работи оптимално, ако го одржувате оптимално.

Бананата не е добар избор за појадок: Еве и зошто

banane-1-ff-e1454879661410-600x364

Доколку спаѓате во онаа група на луѓе кои за појадок јадат банана, би требало да знаете дека таа навика и не е толку добра.

Спрема тврдењата на нутриционистите, бананата не е добар избор за појадок и може целосно да ја наруши вашата навика за здрава исхрана. Нутриционистот Дерл Жофре вели дека бананата има добра репутација поради калиумот и магнезиумот кои ги содржи, но не ја препорачува за појадок.

Причината за тоа е високата количина на шеќер, 25%.

“Бананата брзо го повишува нивото на шеќерот, но брзо ќе се чуваствувате гладни и уморни”, изјави Жофре.

Освен тоа, бананите не се здрави ни за одржување на здравиот дигестивен тракт.

” Внесување на шеќер во било која форма, доведува до ферментација, каков што е случајот со пивото и виното, а после тоа во организмот се создава киселина и алкохол. На тој начин ќе се наруши вашиот систем за варење”.

 

МАРКУКУЛЕ