дома блог страница 5136

Утре е Крстовден – тежок празник и строг пост : Еве што не треба да правите !

311886-deneska-e-krstovden-praznik-na-chesniot-gospodov-krstth45y54y54

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека на 27 септември денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

 

 

Станарите не смеат да излезат од домовите – врие полиција во зградата во Куманово

policijalenta20146-640x305

Станарите сеуште не можат да излезат од зградата каде се утрово беше пронајден мртов маж со прострелна рана во главата. Во зградата на улицита Октомвриска револуција во Куманово, каде живее и градоначалникот на Куманово, сеуште врие од полцииски екипи кои вршат увид и не пуштаат никој да влезе и излезе од влезот, пренесе Куманово Њуз.

Меѓу станарите во својот дом од каде не може да излезе е и самиот градоначалник.

Неофицијално застреланиот маж е на 60-годишна возраст. Тој е пронајден во ходникот помеѓу првиот и вториот кат, а до него било пронајдено и оружјето од кое било пукано.

СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” расадник на стручни кадри за берзата на трудот

60 години раст на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу

– Во минатото, Прилеп бил значаен трговски и економски центар

– Профилите кои се денес застапени се економски, правен, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, банкарски техничар и продавач

spasija_neskoska__cuculeska

Трговци од целиот Балкански Полуостров доаѓале во Прилеп во средниот век. Жито, тутун, килими и друга стока најчесто се нудела на панаѓурите на кои се продавале и пиперки и килими. Според историските податоци, кон крајот на 13 век подигната е црквата Св. Димитрија, во која се крие тајната зошто и венецијанските трговци својата стока, пред да ја однесат во Солун и Цариград, ја нуделе на прилепскиот панаѓур, кој во 12-14 век се одржувал во подножјето на црквата. За важноста на панаѓурот зборувал и посебниот султанов указ, со кој сите трговски карвани што носеле стока на панаѓурот ја уживале заштитата на султановите војници. Значајни аргументи за Прилеп во 17 век оставиле турските патеписци Хаџи Калфа, Евлија Челебија и други кои забележале дека поголемиот број од жителите на градот се занимавале со изработка на играчки и ножеви. Во своето патување низ Прилеп, во 1807 година, францускиот конзул Анри Пуквиљ забележал дека градот имал 1000 -1100 куќи и дека водел трговија со жито, волна и добиток. Според него прилепскиот панаѓур бил еден од најголемите во Румелија и траел 25 дена.

Историските податоци покажуваат дека Прилеп има богато минато и длабок корен за трговијата. Бил трговски и економски центар. Токму како продолжување на практичното искуство кое се стекнувало на пазарот, градот под Марковите кули има и долга едукативна традиција на кадрите за чувствителната гранка, трговијата на која многу влијаеле и економистите.

sovremen_vlez

Трговската комора – иницијатор пред 60 години

Токму пред 60 години, поточно во 1956 година, тогашната трговска комора на Македонија, а во соработка со истата асоцијација во Прилеп формира средно училиште за потребите на трговијата. Истата година, со одлука на советот за просвета на тогашната НРМ, се отвори средно економско училиште иако претходно, во учебната 1955/56 година, се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеле во составот на гимназијата “Мирче Ацев”. Во наредниот период општествено – политичките организации го определиле името на училиштето “Кузман Јосифоски – Питу”. Во прво време средното економско и средното трговско училиште работеле одделно, а со посебна одлука за поврзување на двете училишта, која се спроведува во учебната 1987/88 година, започнува забрзан развој на економско – трговскиот центар. Основната дејност на училиштето е образовно – воспитна на ученици од стручно образование со четиригодишно  траење од економска, правна и трговска струка.

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, денес е училиште кое овозможува квалитетна и современа настава од економска, правна и трговска струка, преку модерна образовна технологија и интерактивно учење во стимулативна и здрава средина во која постојат еднакви можности за напредок и истакнување на индивидуалните способности на сите ученици без оглед на полот или националната припадност, подигнувањето на еколошката свест и поттикнувањето на  чувството за меѓусебно почитување меѓу различните етнички заедници.

topli_ucilnici_i_hodnici

– Нашата нова визија е стремежот СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” да биде почитуван партнер во заедницата, да претставува безбедна средина со пријатна клима за работа на учениците од различните етнички заедници, која ќе овозможи стекнување на квалитетни, трајни и применливи знаења и вештини, целосно подготвувајќи ги учениците за комплетно вклучување во современите општествени текови и пазарот на трудот – вели Спасија Нешкоска Цуцулеска, директор на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.

Се профилираат: економски техничар, правен техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, банкарски техничар и продавач.

Физиономија по европски терк 

Во училиштето, во кое постојано се вложува и се менува изгледот, завршиле многу ученици кои го продолжиле школувањето,  стекнале академско образование и успешно се реализираат во бизнис – секторот, а некои се и истакнати граѓани во Прилеп и државава.

urbano_i_horitikultturno_uredne_dvor

– Инфрастуктурно прерасна во институција која го отсликува внатрешниот квалитетот и постигнувања на училиштето. Во 2013/2014 учебна година се загради задниот двор, се постави надворешна чешма и хортикултурно се уреди, се обнови видео надзорот согласно насоките на ДЗЛП, во неколку училници се обновија мушамените подови, се приспособи нова просторија – канцеларија за раководителот на практична настава, се бојадиса цоклето во училниците и ходниците, додека реалната компанија доби нов фотокопир.

 

izolirana_fasada

Во 2014/2015 учебна година се поплочи патеката пред бистата на Кузман Јосифоски – Питу и хортикултурно се уредија парковите во предниот двор, се реконструираше санитарниот јазол за потребите на вработените, финишираа изведбените работи на комплетно опремената спортска сала од мал тип, се расчисти и уреди просторот пред новата сала и се направи нова бекатонска патека, се приспособија две нови училници со нова внатрешна столарија и мушамени подови, се освежија мушамените подови во пет училници, се бојадиса внатрешната столарија, цоклето во училниците и ходниците, се приспособи нова канцеларија за потребите на помошник директорот во училиштето и се реновираше канцеларијата на секретарот на училиштето, се обнови кујнскиот дел во наставничката канцеларија со мебел и бела техника, се обнови софтверот за електронска најава на вработените согласно насоките на МТСП, се сними нова реклама за презентација на струката и профилите и се заврши постапката за легализација. Во 2015/2016 година се поставија нови клупи во предниот училишен двор, се поплочи патеката и одморалиштето во задниот двор, се отвори нова бекатон врска од училишниот двор до спортската сала, финишираа изведбените работи работи околу реконструкцијата на училишната зграда преку проектот за енергетска ефикасност: нова надворешна столарија, термоизолациона фасада, нов покрив и нова громобранска мрежа, квадратурата се прошири со нов и побезбеден застаклен скалишен простор, се направи нова котларница во просториите на старото училиште со нов котел и резервоар кои ќе ги задоволуваат потребите на старата училишна зграда и спортската сала, се поврзаа постоечките санитарни јазли со идната просторија медиотека, се реконструираа четири санитарни јазли во училиштето од кои еден прилагоден за потребите на лицата со физичка попреченост, освежување на неколку училници со нови мушамени подови и се бојадисаа грејните тела во училиштето – објаснува Нешкоска Цуцулеска.

doteran_ekterier

Прилепското училиште познато како економско – трговско, има сродни едукативни партнери во странство од кои црпи иксуства и знаења. Во последните неколку години доби 9800 евра грант од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност со обуки во Беналмадена, Шпанија и Скарбро во Англија, грант за контакт семинар во Варшава, Полска, грант за контакт семинар во Зандворт Ан Зе, Холандија, грант за мултилатерален проект во вредност од 20500 евра, учествуваше во е-твининг обуки и имаше обучувачи од прилепското училиште, учествуваше во  е-твининг виртуелни проекти, реализирани твининг проекти и мобилности на ученици и наставници во Полска,  Бугарија и Германија.

 

niz_zelenilo_do_salata Пријатели од јавниот и бизнис сектор

Потпишан е Меморандуми за соработка и оставрува успешна соработка со Општина Прилеп, со претставници од јавниот и бизнис секторот, партнер училишта и институции од Европа. Секоја година традиционално и доста успешно се организира Саемот на училишни компании од национален карактер, како и свечените академии по повод патрониот празник на училиштето и доделувањето на дипломи во ЦК “Марко Цепенков”, кога матурантите со фрлањето на капите го означуваат крајот на учебната година. Пријатели на училиштето кое профилира стручни кадри барани на пазарот на трудот, покрај првиот човек на градот, членовите на општинскиот совет и секторите и одделенијата, се и јавните претпријатија и многу други добронамерници. Но, заслугите и постигањата се првенствено на сите вработени и учениците. Своевидната круна на нагорната линија по која оди СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја достигнува во 2015 година кога го добива градското признание, Плакетата 3 – ти Ноември, заради достигнувањата и прикажаните резултати од инфраструктурен, организациски и воспитно образовен карактер.

10316_dostojno_odbelezuvanje_na_praznicite

Училиштето не е расадник само на стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот. Едукативна институција се и за возрасни. Веќе, втора година успешно функционира и проектот на Центарот за образование на возрасни со кое со диплома за четиригошно образование, во период од две години, бесплатно се стекнуваат возрасни лица.

 

atraktivna_manifestacija_saem_na_ucilisni_kompanii

dobredojde_na_devettooddelencite

Извор: Неделник Зенит

Македонскиот новинар почина во бизарна несреќа – ова се деталите

policijalenta20146-640x305

Битолската јавност е во шок по веста за смртта на поранешниот дописник на Утрински и Нова Македонија, Гоце К. Тој го загуби животот во страшна железничка несреќа која се случи викендов на пругата Скопје-Битола, во 5 часот и 30 минути, кога воз налетал на неговото такси возило и од силината на ударот го влечел 300 метри по шините.

Како што пишува Дневник, се претпоставува дека возот се движел со брзина од 90 километри на час, а засега не е познато како такси возилото се нашло на средина на пругата. Обдукција е направена, а анализите покажале дека машиновозачот не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.

Несреќата се случила во близина на домот на поранешниот новинар, кој последните десет години работел како такси-возач. Битола е во шок, а неговата куќа е завиена во црно.

Доделување на наградите на трката „Krali Marko Trail“

Градоначалникот Марјан Ристески сношти на отворената сцена на амфитеатарот во населбата Варош ги додели медалите на победниците на трката „Krali Marko Trail“ – 2016, со ова официјално беше затворен овогодишниот шести по ред настан „Krali Marko Trail“ 2016 – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот.

14

Оваа година беа предвидени 4 патеки, со должини од 90км, 1км, 31км и 16км.

„Ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, посочија организаторите на планинскиот маратон Krali Marko Trails.

[Best_Wordpress_Gallery id=”372″ gal_title=”KraliMarkoTrka”]

На меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ – Krali Marko Trails 2016, оваа година учествуваа околу 300 учесници од различни држави, а за пофалба беше и трката за деца на која оваа година со помош на Општина Прилеп и училиштата беа пријавени околу 90 деца.

Во новата сала во ООУ “Добре Јованоски” се одржа хуманитарен спортско-рекреативен хепенинг

1

Со низа спортски натпревари, виќендов беше означен почетокот по повод отворањето на новата сала во ООУ „Добре Јованоски“. Прилепските училишта и спортски клубови имаа организирани натпревари во кошарка, ракомет и одбојка, а ревијален натпревар се одиграа меѓу фудбалскиот клуб „Победа“ против ромскиот фудбалскиот клуб „Пролетер“ од Прилеп.

4

Настанот имаше и хуманитарен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани од спортскиот хепениниг ќе бидат наменети за помош на едно ромско семејство.

6

5

2

3

Имено, спортската сала беше отворена минатата недела, во присуство на заменик министерот за образование Спиро Ристовски, директоката на ОУ Виолета Лашкоска и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески. Спортската сала во ООУ „Добре Јованоски” e четврта училишна сала која се изгради во Прилеп, како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни сали.

 

7

8

ЏУДО ТУРНИРОТ „ПРИЛЕП ОПЕН“ ПО 15 ПАТ

_mg_6604

Градот под марковите кули викендов беше домаќин на 15-тиот по ред Меѓународниот џудо турнир „Прилеп опен“ во организација на Џудо клубот Пролетер. Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави прусутните им посака успешен ден и да победат најдобрите.

_mg_6796 _mg_6609 _mg_6611 _mg_6625 _mg_6669 _mg_6697 _mg_6737 _mg_6766 _mg_6783

Турнирот кој се одржа по 15 пат беше за возрасните категории У-9, У-11, У-13, У-15 и кадети. На турнирот настапија учесници од повеќе држави од соседството и од нашата држава.

 

ВИДЕО: Еве како да го отворите автомобилот доколку сте го заборавиле клучот во него

Сигурно повеќе пати досега ви се случило клучот да ви остане заклучен во автомобилот и да не знаете што да правите. Постои начин како да ја отворите вратата брзо и без оштетувања на автомобилот.

 

kola

Не очајувајте и не стојте беспомошно. Погледнете го ова видео и ќе ви стане јасно.

 

Италјански писател ја реши мистеријата на Атлантида ?!

atlantida-696x398

Италјански писател смета дека ја решил мистеријата на Атлантида, митски остров кој за прв пат е спомнат од Платон во 4 век пред нашата ера.

Серџо Фрау, писател на делото “Столбовите на Херакле”, за “Спутник Италија” изјави дека решението на мистеријата лежи во локацијата на тие столбови кои за прв пат се споменуваат во античкото време.

Фрау смета дека столбовите биле сместени во Сицилијанскиот залив а не кај Гибралтар.

” Платон говореше за островот Атлас. Атлас имал брат Прометеј, кој живеел врзан на карпа во Кавказ . Значи, постоел еден брат на планината каде сонцето изгрева и еден кој живеел на море, каде сонцето заоѓа”, објаснува Фрау.

“Почнав да ја проучувам Сардинија на поинаков начин и забележав дека брегот на кој можеби некогаш имало цунами, има многу кули карактеристични за тој остров, кои биле закопани “.

 

Мајка предупредува: Размислете пред да бакнете нечие бебе

Мајка сподели фотографии од раните на своето бебе предизвикани од вирусот херпес за да предупреди за опасностите од овој вирус за најмалите и да апелира луѓето да размислат пред да бакнат мало бебе.

 

bebe-3

Пред неколку дена, Ејми Стинтон на својот профил на Facebook сподели фотографија од раните од херпес на нозете и телото на нејзиниот син Оливер. Во описот на фотографијата, таа напиша:

„Ова им се случува на бебињата кога ќе дојдат во контакт со херпес. Оливер сега го има вирусот херпес и ќе го носи цел живот. Следниот пат, мислете пред да бакнете бебе“.

2

Подоцна Ејми додаде уште две фотографии и објасни дека нема намера некого да обвинува, туку дека сака да ја подигне свеста кај луѓето и да ги информира како се манифестира вирусот кај бебињата.

„Не сакам да обвинувам некого, само сакам да ги информирам луѓето. Штета што ќе го носи вирусот цел живот“ – напиша таа.

3

Во ноември 2014 година вирусот херпес симплекс беше поврзан со смртта на новороденче од Квинсленд, Австралија. Неговата мајка јавно зборуваше за случајот за да ја подигне свеста за сериозноста на овој вирус.

Медицинските експерти велат дека бебињата можат да се заразат во вирусот херпес по раѓањето доколку бидат бакнати од личност којашто има активен херпес на устата или ако бидат допрени од лице кое има херпес на рацете.