дома блог страница 5122

Одбележана Неделата на детето во Прилеп

Под мотото „Детски права во свет без предрасуди“ од денеска до петок низ неколку градови во Македонија ќе бидат организирани повеќе настани во рамки на Неделата на детето.

_mg_8274

По тој повод во градинката Тризла денеска беше одбележан денот со мала приредба на дечињата кои престојуваат во овој објект. НВО „Ромска солза“, која е партнер во реализирањето на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишните установи во РМ“ им подели материјали за работа кои им се потребни на децата Роми кои се вклучени во овој проект.

 

_mg_8285

_mg_8266

_mg_8277

Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.

 

_mg_8335

_mg_8342

_mg_8321

Имате проблеми со Фејсбук? Еве што се случува

Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук деновиве се соочуваат со проблеми во пристапувањето. Страните тешко се отвораат, а тешко оди и прикачувањето на нови содржини. Проблем има и опцијата за пребарување, а утрово, некои корисници воопшто не можеа да и пристапат на „Месинџер“ опцијата.

fejsu_1000x0

Од Фејсбук официјално се уште нема никакви информации. Голем број корисници пријавија дека денеска околу 18 часот по македонско време воопшто не можеле да пристапат на социјалната мрежа.

Фејсбук вчера ја претстави новата платформа Messenger Lite, која претставува „полесна“ верзија на актуелната апликација за четување.

Од денеска во употреба е и апликацијата Marketplace која функционира како онлајн огласник на кој корисниците на Фејсбук ќе можат да купуваат и продаваат најразлични работи.

Дали зачестеното инсталирање на нови опции придонесе за намалување на функционалноста, се уште не се знае.

Што се случува со жените кои немаат редовен секс?

129176shutterstock-155356055ff

Некогаш одамна се верувало дека жените кои немаат активен сексуален живот патат од хистерија. Оваа теорија покасно е отфрлена, но многу се говори за тоа дека редовниот сексуален живот допринесува за добро физичко и ментално здравје на жената.

Хистеријата е вид неуроза кај која се доминантни различни телесни сензорни, моторички и ментални пореметувања со психотично потекло, како што се напад на смеење и плачење, експресна раздразнетост, анксиозност, забрзана работа на срцето, мачнина, болки во различни делови во телото.

Пореметувањата од хистерична природа прв пат се приметени кај младите жени во античка Грција. Долго се верувало дека од хистерија патат само жените, меѓутоа таа болест може да се појави и кај двата пола. За лечење на хистеријата многу лекари користеле масажа на карлицата и гениталиите.

Оваа пракса е користа во Викторијанското време, а во почетекот на 19 век се проширила на делови од Европа и САД.

Покрај масажа, хистеријата се лечела и со вибратор, кој се појавил на крајот на 19 век.

Апстиненцијата и неправилниот сексуален живот може да биде свесно или несвесно избран, присилен или доброволен и да зависи од здравјето на телот, психата и душата на жената. Нередовниот сексуален живот и апстиненцијата е штетна. Таквата апстиненција штети на физичкото и менталното здравје, а тогаш трпи и телот.

Во отсуство на партнер на жените со нормален сексуален апетит експертите им препорачуваат мастурбација.

САД се подготвени да склучат договор со „ѓаволот“?

1

– Откако не ја испочитуваа спогодбата којашто самите тие ја изработија, САД се обидуваат одговорноста да ја префрлат на некој друг. Пасивноста на Вашингтон само им овозможи наекстремистите да се прегрупираат во тој период, како и да се стекнат со вооружување и човечки ресурси, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова, откако претходно САД ги прекинаа билатералните разговори со Русија околу Сирија.

Македонија со највисоки пензии во регионот, пензионерите задоволни од новото зголемување

penzioneri-640x396

Повеќе од 300.000 пензионери во декември ќе добијат зголемување на пензијата од околу 670 денари или во просек зголемување од 5 проценти.

Пензионерите задоволни од новото зголемување, велат, во последните десетина години значително е подобрен квалитетот на нивните животи, благодарение на многубројните мерки кои Владата ги реализираше за луѓето од трето доба од животот.

За пензионерите, посебно за оние со пониски пензии ова зголемување е од огромно значење, тоа е еден проект кој значително придонесува за подобрување на квалитетот на нас пензионерите. Со пензиите пензионерите во Македонија обезбедуваат егзистенција на околу 900.000 луѓе, a тоа не е мала работа, бидејќи секој пензионер има внуци и во тој поглед добро е што државата води сметка за стандардот на пензионерите, вели во изјава за Нет Прес, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија, Драги Аргировски.

Пензионерите, како што посочува Аргировски, за разлика од порано, денес можат слободно да кажат дека се задоволни од плеадата мерки и проекти кои се наменети за нив, како што се бесплатен железнички превоз, бесплатен автобуски превоз, бесплатна бањско климатска рекреација, зголемени пензии. Како едни од најважните мерки кои државата ги реализира за пензионерите Аргировски ги посочува намалените цени на лекови и бесплатно болничко лекување за пензионерите кои земаат пензија под просечната, што според него, претставува огромна придобивка за оваа категорија граѓани.

Пример преку мерката за бесплатен автобуски превоз, со едно качување во градски автобус, пензионерот ја враќа својата членарина, автобускиот превоз во Скопје е 30 денари. Вакви примери има и други, мерката за бесплатен туристички викенд досега ја искористиле над 37.000 пензионери. Најважно за пензионерите е државата овозможи сите пензионери, кои земат пензија под 12.600 денари, да можат да добијат бесплатно болничко лекување, најголемите трошоци кои ги имаат пензионерите се токму за болничко лекување и купувањето на лекови. Ние ќе настојуваме тој лимит од 12.600 денари  да се зголеми на 15.000 денари, вели Аргировски за Нет Прес.

Пензионерите, дополнува тој, имаат значително поквалитетен живот денес, за разлика од пред 10 години. Најниската пензија која изнесувала 4.630 денари, сега како што вели Аргировски, е зголемена скоро двојно и изнесува 8.400 денари.

Просечната пензија во Македонија, со новото покачување ќе биде над 200 евра, што, како што посочува Аргировски,е највисока пензија во споредба со пензиите кои ги добиваат пензионерите во соседните држави.

Споредено со нашите земји од соседството просечната пензија во Македонија е најголема, Србија има 190 евра просечна пензија, Албанија околу 150 евра, Бугарија околу 140 евра, Косово нешто над 130 евра. Освен тоа Македонија има најниски животни трошоци во споредба со овие земји, што докажува дека ваквите мерки навистина придонесуваат пензионерите во земјава да имаат квалитетен живот, вели Аргировски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најавувајќи го, како што рече, ветеното зголемување на пензиите, истакна дека просечната пензија е зголемена за 70 отсто,  а минималната за 90 отсто.

Досега со зголемувањата на пензиите просечната пензија е зголемена за 70, а минималната за 90 отсто. Сега на сето ова ќе има ново, 5 процентно зголемување. Вкупно околу 300.000 пензионери ќе добијат по 670 денари плус. И покрај сите проблеми со кои што се соочи Владата, сепак со многуте мерки кои се превземаа се ублажија последиците од политичката криза која имаше удар врз економијата и се овозможи да сепак дојде до зголемување на пензиите онака како што претходно беше планирано, изјави Груевски пред неколку дена по промоцијата на книги од едицијата „Македонски искушенија“.

Новото зголемување на пензиите од 670 денари месечно, на годишно нивно, како што потенцираше Груевски, претставува зголемување од околу 8.000 денари.

ВИДЕО: Им делеше на луѓето по улица по 500 евра- еве ја нивната реакција

Францускиот комичар Реми Гиљард објави ново видео, во кое на непознати луѓе по улица им дели по 500 евра.

 

komicar

Тој сними реклама и одлучи парите кои ги заработил да ги подели со потполно непознати луѓе.

Некои го препознаа, а многу се запрашаа дали сонуваат. Реми ги поздрави им посака убав ден и им даде пари.

Јолевски најави голема инвестиција: Во Македонија ќе се гради фабрика за оружје и муниција

Ексклузивно за ТВ Нова, министерот за одбрана Зоран Јолевски најави голема инвестиција во земјава – ќе се гради фабрика за производство на оружје и муниција за потребите на земјите членки на НАТО алијансата.

jolevski

„Фабриката ќе започне со работа во јули следната година. Во првата фаза од работењето ќе се произведува муниција, а неколку месеци подоцна и повеќе видови на оружје. Оваа фабрика ќе биде направена целосно според стандардите на НАТО“, истакна Јолевски.

Првиот човек на одбраната во земјава додаде дека со ова Македонија ќе стане моќен производител на оружје.

„Се работи за американски инвеститор. Мошне значајно е да се напомене дека производството од фабриката ќе биде наменето целосно за извоз во земјите членки на НАТО алијансата“, соопшти Јолевски и додаде дека инвеститорот понатаму ќе инвестира и во други видови производство во Република Македонија.

ВИДЕО: Отвори огромно гнездно на оси – тоа што го најде внатре го шокираше

84fds

Ова е едно од оние видеа кои треба да ги прегледате два пати. Првиот пат кога ќе го прегледате видеото ќе бидете исплашени и нема да бидете во можност да обрнете доволно внимание. Ова е единствена прилика да ѕирнете во гнездо на оси. Погледнете го видеото:

Полначот од мобилниот го стави во кромид, а потоа ова се појави на екранот…(ВИДЕО)

screenshot_3-9

Мислевте дека вакво нешто не е можно- да се наполни мобилен телефон со помош на кромид ?

Се што ви е потребно е енергетски пијалок и кромид.

Тоше е највисокото момче во Македонија: Вистински проблем е да си најдам девојка (ВИДЕО)

Дали знаете кој е највисокиот Македонец. Станува збор за 20 годишниот Тоше Јовчевски.

 

tose2

Се занимава со неколку хумани и интересни професии, за кои не е потребно да е висок 2 метра и 16 сантиметри, пренесува Канал 5.

Дали е предност или недостаток твојата височина од 216 сантиметри?

-Повеќе е предност отколку недостаток. Кога ќе излезам сите ме прашуваат за тоа колку сум висок. Нема некој недостаток.

Можеш ли девојка лесно да најдеш?

-Е тоа е вистински проблем, тука е многу тешко, одговори високиот Тоше.

Во видеото погледнете го целиот разговор.