дома блог страница 5123

Симеон Стојчески, Претседател на “SOT. МC Macedonia”: “Мотоциклист може да биде секој, но моторџија – тоа е животна филозофија”

За животот на две тркала, дружењето, возбудливоста на долгите мото релации и адреналинот, разговаравме со Претседателот на мото клубот “Sons of Thunder MC Macedonia” Симеон Стојчески. Прилепскиот мото клуб функционира од 2008 година, зад себе имаат многу хумани дела, многу заеднички релации, братско разбирање и почит, како и неверојатна магија која ја шират каде и да се појават. Тие се нашите култни момци, без кои животот во градот под “Марковите Кули” не би бил ист.

14528252_10209452797769869_1249651626_n

Кога за прв пат се вљубивте во моторите и кога за прв пат се разгори таа страст во вас?

Љубовта кон моторите мислам дека вирее од мојата рана младост, но како сериозен настап кон моторџиството може да ја сметам 1986 година, кога за прв пат го имав мојот поголем мотор да речам, а тоа беше “Jawa California Twins 350cc”, додека пак конкретно целосно навлегов во 90-тите години, кога извесен период живеев во Велика Британија.

Член сте во моторџискиот клуб “SOT. MC Macedonia”. Kога е формиран клубот, колку членови брои и кои се главните приоритети и активности на клубот?

Да, јас сум член, претседател по функција и еден од основачите на SOT MC Мacedonia. Клубот своите први скалила ги започа 2008 год. и помина низ неколку фази на тоа скалило, за да во 2012 год. се офиицијализираме како “Sons of Thunder MC Macedonia”, со признавање на истиот од страна на Меѓународната “Мото Култ сцена”. Да разграничиме една работа, постои мото сцена, тоа е онаа во која спаѓаат сите мотоциклисти, и мото култ сцена, во која спаѓаат оние кои живеат 24 часа за тоа – животна филозофија, а тука ние го најдовме нашето место во тој свет. Први и основни приоритети на клубот и самите нас како членови е КЛУБОТ, нормално. Почитта, честа и поврзаноста помеѓу нас која се надградува и тоа е веќе како братство-фамилија. А, како втор приоритет ни е дружењето првично помеѓу нас, другите клубови кои имаат иста филозофија, поединци моторџии, и секако да се биде од добробит во општеството во кое живееме. Бројот на членови е доволен, но секогаш секој е добредојден кој би се пронашол во нашиот стил на живеење.

14527433_10209452798049876_1569904509_n

Кој може да стане член на клубот и дали постојат некои посебни услови што треба да се исполнат за да се членува во SOT. MC Macedonia?

Посебни услови во глобала ако ги земеме не постојат. Но, пред се оној кој што сака да пристапи кон клубот треба да помине низ неколку фази за да се види она дали истиот тој ја разбира таа животна филозофија, а тоа е да се биде моторџија, а не мотоциклист. Мотоциклист може да биде секој кој вози мотор, но моторџија – тоа е животна филозофија, пат и стил на живеење.

14527637_10209452797729868_1169806595_n

Кога човек еднаш ќе се вљуби во оваа опсесија може ли некогаш слободно без грижа на совест да речи, “Доста ми е мене од ова, го оставам моторот” ?

Не, не би рекол. Како што напоменав во погорниот текст тоа е животен пат и филозофија, кој зачекорил по истиот тешко би му било да се врати – откаже. Можеби ќе живее така, но оној внатрешен немир ќе го гризе. Ќе живее соло-моторџија, но тоа е веќе навлезено во секоја пора од телото. Кој тоа го осетил, тој добро знае.

Моторџиите се култна појава каде и да присуствуваат. На што се должи таквата позитивна атмосфера што ја создавате и како со леснотија плените сечиј поглед?

Видете, самата ведрина и дух кој го носиме со себе се префрла на другите кога се непосредно во наша близина и тоа создава позитивни вибрации и добро чувство. Со секого за многу кратко се спријателуваме, луѓето тоа го чувствуваат, па понекогаш освен разговорите за моторите и патувањата, луѓето ни се доверуваат за други проблеми, бараат мислење токму поради тоа што ние ја носиме таа позитивна вибрација и љубов помеѓу нас.

14555875_10209452798369884_1278876008_n

Кога се зборува за моторџиите во прв план се долгите релации, “танцувањето по асфалтот”, дружењето и стекнувањето на нови искуства. Колку често заминувате на долги релации и која е најдолгата траса што сте ја извозиле?

Кај нас не постои крај на сезона, мислам во поглед кога ги оставаме моторите па да чекаме подобри временски услови. Ние возиме во секо време, и по дождови, ветришта па и по снег сме возеле. Тука е оној дух на авантуристот, тоа е таа култ-сцена. Многу често сме по патиштата низ нашата држава па и надвор, а претпознатливи сме по нашите кожени елеци и грбот кој го носиме со гордост на него, по тоа секој ќе не препознае. Тешко би било да издвојам посебна траса која сме ја извозиле, сметајќи дека онаа другата имала некоја своја посебна содржина. Тоа е веќе поединечно чувство и кој како го доживеал од нас. Многу километри сме направиле на белосветските патишта, зборувам во името на клубските возења, а поединечно секој си има своја омилена релација која ја извозил.

14542852_10209452798289882_29381479_n

Моторџиите се и големи хуманисти, не ретко сме сведоци на хуманитарни акции од страна на мото клубовите. Имате ли свои хумани дела на кои сте горди?

Од 2008 година со мото турата “Мариово” (која 5 год. со ред важеше за најдобро организиран и најмасовен мото настан во Р.Македонија и на Балканот), кога се групиравме истомисленици, имаме организирано многу хуманитарни акции и тоа од крводарителски акции, па соработка со Црвениот Крст, помош на фамилии на кои им е потребно тоа, хумантарни акции за поединци, за поплавените подрачја кога беа актуелни, едукативни програми за безбедно управување со моторцикл, kампањата која и ден денес ја водиме “Погледни два пати – спаси живот“ за учесниците во сообраќајот… Но, сето тоа не го комерцијализираме, оставаме други да го почувствуваат. Нам не ни треба реклама. Доволно е што помеѓу нас љубовта, почитта и честа ни се двигатели за тоа.

14527433_10209452798049876_1569904509_n

Со каков моторџиски капацитет располага нашиот град  и какви се вашите релации со другите мото клубови од државата?

Во нашот град во последно време со отворањето на источните пазари, па и увозот, капацитетот на мотори се зголемува секојдневно, а со тоа се зголемува и бројот на учесници во сообраќајот како мотоциклисти. Но, тоа се само мотоциклисти. Ние имаме многу добри релации, односи и држења со многу други клубови во нашата држава, како и надвор од неа на меѓународно ниво, кои контакти секојдневно се зголемуваат.

За крај кои се вашите активности за во иднина и што се можат да очекуваат прилепчани за скоро време од вас?

Вратите на клубот се секогаш отворени за секој еден кој има барем мала искра во него и смета дека би се пронашол во нашиот свет. Верувам дека ги има доста такви, но поради сплет на околности не дошле до нас, па еве ги повикувам кога ќе видат некој од нас, со елекот и грбот низ градот, нека застанат на муабет, кафе, па така и на некој друг ќе му се оствари животниот сон. Од комерцијална страна сме во план да организираме неколку настани, за кои не би подранувал со изјава. Но, секако кога ние ќе организираме нешто, Прилеп и прилепчани тоа го паметат долго време.

 

Подготви: Александар Георгиоски

 

 

 

OOУ “Добре Јованоски”-Прилеп во соработка со “Ромска солза” доделија ранци за социјално загрозени деца Роми

14488947_1336845839681731_280456000_o

Во рамки на стратегијата на асоцијација за неформална едукација на Роми, „Ромска Солза“, за подобрување на условите во образованието на ромските ученици, денес се доделија 59 детски ранци за ученици запишани во прво одделение во учебната 2016/17 година, кои спаѓаат во категорија социјално загрозени семејства. Акцијата се реализираше во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп. Акција за доделување на материјали за работа на децата ќе се одржи и на ден 04.10.2016 година каде што во соработка со ЈУ детски градинки “Наша Иднина”, а во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми  во jавните установи и детските градинки“, ќе се доделат потребни материјали за 30 ромски деца, кој што редовно посетуваат настава во градинка.

14522596_1336845633015085_20388341_o

14536898_1336845829681732_1034283283_o

20160930_152157

20160930_152233-1

Учениците од ООУ “Блаже Конески” – Прилеп продолжуваат да нижат награди на сите полиња

2016-10-03-12236

Учениците од ООУ “Блаже Конески”-Прилеп важат за вистински таленти и постојано се закитуваат со нови одликувања од спортот и науката.

Најновите спортски достигнувања со кои денес се пофалија од училиштето се однесуваат на успеси во тенисот и џудото.

Постигнати се следните резултати:

Петар Игески- 1 место во зелен тенис

Мила Игеска- 2 место во зелен тенис

Иван Цапески- 2 место во портокалов тенис

Сара Павлоска- 2 место во џудо

2016-10-03-12230

2016-10-03-12262

2016-10-03-12265

2016-10-03-12268

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: БАБА ВМРОВКА VS БАБА СДСМОВКА

untitled

За тоа колку длабоко е влезена политиката во општеството, доказ е ова видео.

Две баби, една вмровка, другата сдсмовка, бистрат политика во утринската програма “Здраво Македонијо” на Канал 5 Телевизија.

Погледнете го видеото кое ќе ве насмее како ништо друго денес:

 

 

Со претставата “Приказна за една идеја”, Црвениот крст – Прилеп се вклучи во одбележување на неделата на промоција на хумани вредности

dsc_4480

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која 18 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.  Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници. Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 201 6 , изработени се 184 мали проекти преку кои им е директно помогнато на околу 4000 лица.

dsc_4460

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир , од пред 4 години е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.
Оваа година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата ќе се организираат театарски претстави со наслов “ Приказна за една идеја ” . Преку претставата заедницата ќе се запознае со ликот и делото на Анри Динан, човекот кој ја формирал организацијата на Црвениот крст. Преку 30 претстави ќе се случуваат во земјата и голем број на родители, соученици, професори, ќе имаат можност да ја проследат и да ја видат креативноста на нашите младинци. На овој начин младите кои ги спроведувале проектите ќе им се заблагодарат на сите оние кои се вклучија и ја дадоа својата поддршка за реализација на малите проекти. Настанот во нашиот град се одржа на 23.09 (среда) во 20h во Домот на културата Марко Цепенков.

dsc_4464

dsc_4475

dsc_4478

dsc_4489

dsc_4494

dsc_4511

Преку тетарот младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме. ПХВ програмата во 2016 година се спроведува со
поддршка од програмата Цивика Мобилитас (CIVICA Moblilitas). Ова е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која ја спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Железничка несреќа на релацијата Прилеп-Битола

policijayeti4

Воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, вчера удрил во камења што биле поставени на делот од пругата помеѓу железничка станица Прилеп и железничка станица Битола.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 09.36 часот веднаш по тргнувањето на возот од железничката станица во Прилеп.

– Повредени патници нема и не е предизвикана материјална штета. Во 09.48 часот возот продолжил да се движи кон железничката станица Битола, наведуваат од МВР.

 

Прилеп: Му ја скршиле колата па брутално го тепале со шипки

policiskamarica1

Триесет и седумгодишен маж синоќа бил нападнат со метални шипки во Прилеп, при што добил тешки телесни повреди.

На улицата „Беровска“ во Прилеп, синоќа околу 20 часот, 37-годишниот О.А. се движел со своето патничко возило „Лада“ со битолски регистарски ознаки и притоа намерно бил удрен во левото предно крило од патничко возило „даеву рејсер“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал 28-годишниот А.С.

Веднаш потоа од возилото излегол А.С., двајца негови братучеди и неговиот зет, кои со метални шипки почнале да удираат по предната лева врата на „ладата“ при што го скршиле стаклото.

О.А. излегол од возилото, а напаѓачите почнале да го удираат со шипки во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја тие со возилото го напуштиле местото на настанот. На повредениот О.А. му била укажана медицинска помош во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за обезбедување на сите инволвирани лица во настанот, по што, по целосно расчистување и документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Се чисти стариот пат за Битола

1

Со поддршка на локалнатa самоуправа, Агенцијата за патиштата, во соработка со Македонија пат-подружница Прилеп, работат на уредување на стариот пат за Битола, кој поврзува неколку населени места. Се чисти регионалниот патен правец за Прилеп – Демир Хисар кој поврзува неколку населени места од прилепскиот регион: Ново Лагово, Галичани, Боротино… во должина од 10 км.

3

2

4

„Ова темелно чистење на овој регионален пат е по барање на МЗ и жителите од населените места: Ново Лагово, Кадино село, Галичани…чии жители секојдневно сообраќаат на оваа делница. Ова е всушност стариот пат за Битола на кој екипите на Македонија Пат –подружница Прилеп ги чистат банките, коловозот и се отстранува вегетацијата“, истакна градоначалникот на Марјан Ристески, при посетата на активностите кои се изведуваат на оваа делница веќе десет дена.

За побезбедно одвивање на сообраќајот од Македонија пат – подружница Прилеп, најави чистење и уредување на ваквите патните правници и во наредниот период.

7

5

6

Могилата на непобедените денеска ја посетија децата со посебни потреби

1

На иницијатива на Локалната Самоуправа и во соработка со ООУ „Климент Охридски“, децата од паралелките со посебни потреби, денеска направија една кратка екскурзија, посетувајќи ги знаменитостите на градот и Могилата на непобедените. За нивната радост да биде уште поголема, прошетката ја направија со атрактивното туристичко вовче, а воедно ја посетија и рајската градина, каде покрај рајските птици, ламата, зајчињата и еленот, најмногу им се радуваа на пони кончињата.

5

3

2

Традиционално како и секоја година, нивни домаќин беше и градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави дечињата и им подари пакетчиња со слатки производи. Локалната самоуправа редовно се грижи за потребите на овие дечиња, и за сите други, обезбедувајќи им подобри услови за следење на наставниот процес и редовно уредување на ова прекрасно катче на Могилата на непобедените, на кое најмногу му се радуваат најмалите генерации.

7

4

ВИДЕО: Погледнете како изгледало првото „Југо“, било направено рачно за Тито

Омиленото возило во поранешна Југославија го прослави 38. роденден. Првиот модел на „Југо“ е претставен на 2 октомври 1978 година.

 

jugo_plakat-640x441

Дизајнот за автомобилот кој подоцна ќе стане познат како „југо 45“ е направен во Италија, но интересно е тоа што тоа првото „југо“ е склопено рачно во 1978 година и му било подарено на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Како изгледало првото југо можеме да видиме во документарниот филм на Мине Ѓукиќ „Југо-кратка автобиографија“.

Чудна сучајност е тоа што популарниот автомобил почнал масовно да се произведува во годината кога почнал Тито. Како почеток на сериското производство на „југо“ во фабрика во историјата е впишан 28 ноември 1980 година.