дома блог страница 5121

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска музичка легенда

По кратка и тешка болест, синоќа почина Љупка Димитровска, познатата македонска пејачка на забавна музика.

hfhyjugkgukujyu

Нејзиниот прв албум под името „Љупка“ е објавен во 1975 година, по што следеше долга и успешна кариера со голем број на албуми и синглови.

Љупка Димитровска беше позната во цела поранешна Југославија, а голема популарност имаше и во Чехословачка и Германија.

Голем дел од нејзините хитови ги напиша Никица Калоѓера со кој се венчаше во 1968 година. А многу од песните ги изведе во дует со Ивица Шерфези.

Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година со песната „Бај,бај“ со која го освои 6 место. Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, а до својата смрт живееше и работеше во Загреб.

 

Роналдињо откри за што најмногу жали во својата кариера

ronaldinho_ow4nqb2rb1ky1skb7tute1wez

Бразилскиот волшебник Роналдињо откри за што најмногу жали во својата кариера.

Тој рече дека навистина му е жал што не играл подолго време заедно со ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Петкратниот освојувач на “Златната топка”, својата брилијантна кариера ја започнуваше кога Роналдињо беше на излезна врата во Барселона.

Роналдињо замина во Милан а Меси продолжуваше со блескавите настапи и стана прв стрелец во Барселона и Ла Лига.

“Постигнав се во мојата кариера и задоволен сум со тоа. Секако навистина жалам што не играв подолго со Меси, тој е одличен играч и среќен сум што му помогнав во почетокот на неговата кариера. Среќен сум што бев асистент на неговиот прв гол”.

“Меси е одличен играч и Аргентина има одличен тим и искрено им посакувам многу среќа”

 

МАРКУКУЛЕ.МК

Прилепчанец ќе биде стилист на бомбастичната Ким Кардашијан

14088611_1181212655284145_2552160069689241172_n

Прилепчанецот Тодор Тодороски ќе ја дотерува познатата Ким Кардашијан во Дубаи. Тоше ќе учевствува на Мастеркласот на Марио Дедиванович -личниот шминкер на најпознатата риалити ѕвезда во светот, Ким Кардашијан, која оваа година лично ќе присуствува на настанот.

Инаку прилепскиот стилист редовно ги разубавува пред настап сите познати ѕвезди кои гостуваат во Прилеп, но и во другите градови.

Неговиот талент и желба за работа и докажување се огромни, а Мастеркласот во Палм Џумерах во Дубаи ќе биде и печат на наговиот квалитет.

13879313_1161274723944605_2572222924904414541_n

 

Презентација на вториот проект за подобрување на општинските услуги во Македонија

Во општина Прилеп денеска се оддржа Презентација на вториот проект за подобрување на општинските услуги во Македонија.
Презентацијата беше извршена од страна на претставник од МСИП проектната единица при Министерството за финансии и претставник од Канцеларијата на Светска банка во Скопје и градоначалници.

1

Целта на проектот е преку финансирање на општините, по пат на долгорочно on-lending задолжување, да се овозможи реализирање на инвестициони проекти кои преку зголемување на приходите односно намалување на оперативните трошоци на општината, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински функции и надлежности уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа. На настанот се презентираа најчестите проблеми и искуства при имплементација на проектите од првиот проект за подобрување на општински услуги преку кој успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини.

2

Во општина Прилеп со срдства од првиот проект за подобрување на општинските услуги, градот доби нов современ влез со четири ленти, од бензиската Лукоил до раскрсницата кај Солидност, а веднаш потоа поради успешно завршниот проект (влезот во градот на потегот од бензиската на Лукоил до Солидност) Прилеп доби нов грант од Светска Банка во висина од 130 илјади евра, реши наменски да го искористи за финансиска поддршка, за изградба на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1.

ФОТО: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Атлетико Мадрид

Еден од двата најголеми клубови од Мадрид од следната сезона ќе го замени Винсенте Калдерон за нов, модерен стадион. Веќе 4.500 сезонски влезници се продадени за следната година, а новиот дом на Атлетико Мадрид ќе собира околу 67.000 гледачи.

 

atleticonuevo3-520x240

Формата и изгледот на новото фудбалско здание веќе се препознава, а на фотографиите може да погледнете до која фаза се завршени градежните работи на новиот дом на Атлетико Мадрид.

 

66-520x376

55-520x376

4

 

ОРБАН ЈА ШОКИРАШЕ ЕВРОПА: Го менуваме уставот, ЕУ не е способна да ги решава нашите проблеми !

viktor-orban-1-e1455882194210

Во Унгарија е започната постапка за промена во уставот, како што изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Промените на уставот треба да се однесуваат на тоа одлуките кои ги донесува унгарската влада да имаат предност во однос на оние заедничките, кои ги донесува Европската Унија.

Постапката на промена во уставот треба да трае околу 3 седмици, после кои би требало да се одржи седница на унгарското Собрание на која би била изгласана оваа промена.

Се очекува за оваа промена да гласаат две третини од унгарското Собрание.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Нови поволни мерки за самовработување, отварање бизниси и нови работни места

Од денеска во наредните две недели сите невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис и да отворат до три работни места во помали дејности или до пет во дејности од поголем обем или постоечки компании кои сакаат да го зголемат бројот на вработени можат да аплицираат во Агенцијата за вработување на Република Македонија за поволен кредит со каматна стапка од 1 процент на годишно ниво, со грејс период од една година и рок на отплата од три години.

132827704-18

Со првата мерка за самовработување со кредитирање секое невработено лице може да искористи кредит во висина од 3 илјади евра за самовработување и дополнително по 3 илјади евра за отворање до 3 работни места во дејности од помал обем и 5 илјади евра за самовработување и по 3 илјади евра за отворање до пет работни места во дејности од поголем обем.

Мерката за кредитирање на компании за нови работни места овозможува отворање до три нови вработувања или вкупно 9.000 евра.

– Мерките кои се објавуваат денеска се однесуваат на самовработување со кредитирање и кредитирање на правни субјекти компании за отворање нови работни места. Тие се спроведуваат од 2008 година и досега резултираа со отворени над 7.000 нови работни места, со 3.200 новоформирани компании. За годинава се обезбедени 724 илјади евра за спроведување на овие две мерки, кои нудат поволни услови за водење бизнис, рече на денешната прес-конференција дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додаде дека овие две мерки за кои се објавуваат огласи имаат неколку позитивни аспекти.

– Тие ќе помогнат во отваорањето работни места, намалување на невработеноста, отворање нови копмпании, ќе ја раздвижат македонската економија, а на постоечките компании ќе им помогнат да искористат поволен кредит за средства кои ќе им помогнат да отворат нови работни места и да ја прошират својата дејност, рече Спасов.

 

Министерот за финансии Кирил Миновски посочи дека само со креирање на ефективен систем за развој на приватниот сектоор, преку микро, мали и средни претппријатија, може да се дојде до генерирање нови работни места.

– Двете програми за вработување за кои денеска се објавуваат огласи се во насока на поддршка на сегментот на микро, мали и средни претпријатија. Со овие програми можат да се добијат средства и до 17 илјади евра кредит за развој на бизнис и отворање нови работни места под исклучително поволни услови, рече Миновски.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски дека многу од компаниите кои ги користеле мерките во изминатиот период работат се уште на пазарот на трудот се уште бараат нови работници и евтини средства кои ги даваме заедно со овие мерки.

Тој напомена дека доколку некое од лицата кои ќе се вработат со една од овие две мерки било технолошки вишок, стечаец или вработен во ликвидирана фирма ќе добие уште дополнителни 1.000 евра.

 

ВИКИЛИКС УТРЕ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ КАМПАЊАТА НА КЛИНТОН !

28-assange-clinton-w710-h473-2x-759x500

Претседателската кампања на Хилари Клинтон и на Доналд Трамп е во тек а во моментов битката за претседателската фотеља го достигна својот врв и е се поостра.

Помалку или повеќе сите сме опфатени од овој “циркус”, а сето ова се зголеми по претседателската дебата која ја следеле 84 милјони луѓе ширум светот.

По завршувањето на дебатата Хилари е убедена во својата победа. Но според некои извори веќе утре таа би можеле да го добие уништувачкиот удар на нејзината кампања и тоа од кој друг ако не од Јулиан Асанж.

Роџер Стоун на твитер напиша дека Викиликс се подготвени да пуштат во јавност нешто што ќе ја уништи кампањата на Хилари.

screen-shot-2016-10-03-at-1-36-41-pm

Да не заборавиме дека во 2010 година Хилари Клинтон предложила Асанж да се убие со дрон.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

Овој генијалец има само 9 години а веќе оди на факултет: “Сакам да докажам дека бог постои” (ВИДЕО)

screenshot_5-12

Вилијам Маилис има само 9 години, заврши средно школо, а сега веќе оди и на факултет.

Тој моментално работи на докажување на својата теорија како е настанат универзумот и сака да стане астрофизичар.

Овој мал генијалец од Пенсилванија рече дека сака на сите да им докаже дека Бог постои. Тој тоа ќе го направи така што на сите ќе им покаже дека универзумот можел да настане само со помош на виша сила.

“На само 6 месеци тој веќе можеше да ги препознава броевите, а веќе на 7 месеци говореше течно. На две години научи да пишува, чита и да помножува, на 4 години научи да говори грчки јазик а на 5 години научи геометрија”, изјавија неговите родители.

Ова 9 годишно момче оди и на факултет, а неговиот професор по историја вели дека забележал само една разлика помеѓу него и другите студенти:

“Вилијам е единствен студент кој што не запишува забелешки на предавањата”.

МАРКУКУЛЕ.МК

Пожар изгоре до темел куќа во Прилеп – внатре имало младо момче

policija-1-1-360x217th45y45y4

Околу 07 часот и 30 минути во Прилеп на улицата „Дабничка“ во куќата на 47-годишниот С.С. од засега непознати причини настанал пожар, при што за малку била избегната голема трагедија. Куќата е целосно опожарена како и покуќнината во неа. На таванскиот дел од куќата имало околу 430 бали со тутун кои исто така изгореле.

Од пожарот со полесни изгореници во пределот на вратот се здобил 18-годишниот С.С. на кој му била укажана лекарска помош од екипа на Итната медицинска помош.

Се превземаат мерки да се открие како дошло до пожарот.