дома блог страница 5112

Столиќ и Кираџиева победници на Поштенскиот маратон во Прилеп

file317

Саша Столиќ од Србија и Весна Кираџиева од Скопје се победници од машка и женска конкуренција на вториот Поштенски маратон, кој утрово се одржа во градот Прилеп. Зад Столиќ, кој истрча за време од 2:48:50, и Кираџиева со време од 3:20:47, второпласиран маратонец од машка конкуренција беше Александар Кираџиев 2:51:50, додека третопласиран Трпе Мартиноски со време од 3:16:39. Снежана Милошевиќ и Милјана Ристиќ беа второ и трето пласирани во женска конкуренција со време од 3:42:22, односно 3:47:33.

flp_7223

flp_7272

Увертира за почетокот на годинешното, второ по ред издание на Поштенскиот маратон беше Детската трка на 1 км. На патеката оваа година се одвиваа четири трки во неколку дисциплини: маратон од 42,195 метри, полумаратон од 21,097 метри и рекреативна трка од 5км на кои учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи.

Собраните средства од котизацијата ќе бидат донирани на фондот за помош на
поплавените подрачја во Македонија, со што организаторите на маратонот и сите негови учесници се вклучија во хуманитарните активности по повод катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

Само еден месец пред неговото одржување, Прв Поштенски Маратон стана член на
најголемата асоцијација за маратони во светот “Асоцијацијата на интернационални
маратони и трки на далечина” (AIMS- Association of International Marathons and Distance
Races). Во оваа престижна организација членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 земји и територии во светот.

Викендов хорор во Kрушево: Мртов маж пронајден во двор

poluk67i67icijalenta8

Во 18 часот и 50 минути во Полициската станица Крушево, било пријавено дека во селото Алданци има починато лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека пред семејната куќа во селото Алданци, во дворот има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот. Од страна на медицинска екипа од Здраствен дом Крушево констатирана е смрт на 52-годишниот М.П.

За настанот известен е Јавен обвинител кој извршил увид на местото на настанот.

Во врска со настанот во полициска станица приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Боксерици од 188 евра, чорапи од 45: Запознајте го Македонецот Шеки кој живее во знакот на “Версаче”

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

61280330-shenki-maslani

Целиот свет пишува за Шеки Маслани од Македонија. Дури и британскиот “The Sunпосвети статија за ова 30-годишно момче од Македонија, а сето тоа поради неговата опсесија со “Версаче”. Тој живее во скопско Арачиново, а апсолутно се’ што поседува е во знакот на “Версаче”.

12417754_198037063918962_6291592330734019899_n

Кога велиме се’, мислиме на автомобили, ентериерот на неговиот дом, облеката….

“Опседнат сум со Версаче од 2009 година. Започнав да купувам облека, а во мојот дом опремив буквално се’ со “Версаче”. Од подот, до бањата. Освен тоа, тука се и автомобилите и базенот, мојот накит, козметика, постелнина, теписи…. Не постои нешто што не е “Версаче”.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Дури и моите тајнири се “Версаче”, тоа е мојот живот”, вели Шеки за медиумите, а пренесува The Sun.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Поголемиот дел од работите ги купил од Италија, а според медиумите потрошил околу милион евра на својата опсесија. “Го живеам мојот Версаче сон и не ми е жал да платам 188 евра за боксерици или 45 евра за чорапи”. Планира  да отвори кафич во Скопје, кој исто така ќе се вика “Версаче”. Освен тоа, планира да го промени и своето презиме.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Во населеното место Бонче се празнува Св. Јован Богослов

_mg_0839

Градоначалникот Марјан Ристески денеска ја посети црквата во населеното место Бонче и на сите првославни христијани им го честита празникот Св. Јован Богослов.

Апостол Свети Јован е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец, еден од творците на Евангелието.

_mg_0786

_mg_0792

_mg_0807

_mg_0817

_mg_0823

_mg_0843

 

Танцов и џудо натпревар по повод празникот 11-Октомври во Прилеп

_mg_1081

Денеска во просториите во ОУ „Кочо Рацин“, во организација на танцовиот спортски клуб Темпо – Прилеп се одржа танцов натпревар кој беше вистински празник за очи. Натпреварот беше бодован во стандартни и латино – американски танци прва лига, танцови двојки втора лига и модерни танци во дисциплини и категории.

_mg_1002

_mg_1011

_mg_1012

_mg_1015

_mg_1058

. По повод празникот 11-ти Октомври во спортската сала на ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп,  се оддржа и турнир во џудо за возрасните категории Полетарци, Помлади Пионери и Пионери.

Овој викенд, сите љубители на модерните танци имаа можност да уживаат во неколку часовниот ангажман на младите и талентирани таленти, а спортистите и љубителите на џудото во натпреварите во џудо.

_mg_0899

_mg_0955

_mg_0957

_mg_0966

Изложба на Васил Василев во галеријата на домот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп

14495346_1130272887053180_7023360750984852561_n

Во понеделник 10 октомври во 19.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на скулптури и цртежи од Васил Василев. Изложбата има ретроспективен карактер и е дел од програмата за одбележување на државниот празник 11 Октомври- Денот на вооруженото востание.

  Податоци за уметникот

ВАСИЛ ВАСИЛЕВ – Роден е во 1938 година во Скопје. Академија за ликовни уметности запишал во Љубљана (Словенија) во класата на проф. Борис Калин и проф. Драго Тршар. Студиите ги продолжил во Белград (Србија) каде и дипломирал во 1965 година на Академијата за ликовни уметности, во класата на проф. Јован Кратохвил. Член е на ДЛУМ од 1966 година. Остварил студиски патувања во: Италија, Франција, Германија, Грција, Бразил, Египет, Кина, САД итн.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: Скопје 1970, 1972, 1981, 1984, 1995, 1999, 2012; Битола 1970; Белград (Србија) 1971; Струмица 2001

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ: Белград (Србија) 1963, 1964, 1966, 1970, 1971, 1972, 1974, 1975, 1976, 1980, 1981, 1989; Словен Градец (Словенија) 1965; Хаг (Холандија) 1966; Загреб (Хрватска) 1966, 1970, 1971, 1972, 1976; Љубљана (Словенија) 1966, 1970, 1971, 1972, 1979; Скопје, 1966-2010; Ферара (Италија) 1969; Ница (Франција) 1970; Куманово, 1971, 1972, 1974, 1987, 1990, 1992, 1996, 2009; Јаши (Романија) 1972; Пореч (Хрватска) 1972, 1977; Мурска Собота (Словенија) 1973; Велес 1975, 1986; Сараево (Босна и Херцеговина) 1975, 1979, 1985; Бања Лука (Босна и Херцеговина) 1975, 1978; Париз (Франција) 1975, 1996, 2008; Александрија (Египет) 1976; Панама (Куба) 1976; Атина (Грција) 1977; Тузла (Босна и Херцеговина) 1979; Дубровник (Хрватска) 1979; Приштина (Косово) 1980; Рим (Италија) 1980; Панчево (Србија) 1981, 1982, 1983, 1985, 1987; Штутгарт (Германија), 1985; Штип 1989; Нови Сад (Србија) 1990; Гринзборо, Северна Каролина; Темпи; Ричмонд – Вирџинија; Мериленд (САД) 1992/94; Њукасел (Австралија) 1992/94; Будимпешта (Унгарија) 1994, 1996; Кичево 1995; Истанбул (Турција) 1995; Струмица 2008; Софија (Бугарија) 2009.

УЧЕСТВО НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ: Струмица 1971; Прилеп 1973, 1998; Аранѓеловац (Србија) 1983; Титоград (Црна Гора) 1985; Лендава (Словенија) 1985; Кичево 1995, 1996, 1998; Пелинце 2008.

ИЗВЕДЕНИ ПАРКОВНИ МОНУМЕНТИ: Скопје 1967, 1986; Аранѓеловац (Србија) 1983;  Титоград (Црна Гора) 1985; Лендава (Словенија) 1985; Белград (Србија) 1989; Кичево 1995, 1996, 1998; Прилеп 1998; Пелинце 2008.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

1964 Белград (Србија), Универзитетска награда за скулптура; 1969 Скопје, „Нерешки мајстори“ – на изложбата на ДЛУМ; Скопје, I награда за скулптура на изложбата „25 Години АСНОМ“; 1971 Белград (Србија), Откупна награда „Моша Пијаде“ за скулптура на изложбата „НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија“; Скопје, I награда за скулптура на изложбата „Нашето историско минато во делата на македонските ликовни уметници“; 1975 Сараево (Босна и Херцеговина), Награда „Моша Пијаде“ за скулптура на изложбата „Современа југословенска уметност“ – СЛУЈ; 1976 Александрија (Египет), III награда за скулптура на XXI меѓународно биенале во Александрија; Белград (Србија), II награда за скулптура на Четвртата изложба „НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија“; Тетово, Откупна награда на југословенскиот конкурс за споменик на паднатите борци во НОБ; Скопје, Диплома од Градското здружение на ликовните педагози за изложби и други дејности; 1977 Дебар, III награда на југословенскиот конкурс за споменик на паднатите борци на НОБ (I награда не е доделена); Скопје, II награда за скулптура „Македонка“ за Извршниот совет на СРМ во Белград; 1981 Скопје, Награда „ЛИКУМ“ за скулптура – ДЛУМ; 1982 Скопје, Награда, „11 Октомври“ на СРМ, за самостојната изложба на скулптури во Даут-пашиниот амам; Скопје, Откупна награда од МСУ од изложбата „ДЛУМ – цртеж“; 1983 Скопје, Награда „Истакнат ликовен педагог“; 1987 Скопје, I награда за скулптура од изложбата „ДЛУМ – ситна пластика“; 1998 Скопје, Гран при на VII зимски салон на ДЛУМ.

ВИДЕО: Како да излупите пиперки без да си ги извалкате рацете?

Во екот на правењето зимници, совет плус за олеснување на работата, никогаш не е на одмет.

 

piperki

Затоа, оваа година откако ќе ги испечете пиперките, ставете ги во хартиени кеси. Не пластични, туку хартиени.

 

Ноќен живот во Прилеп: Аrt Caffe, Club Calypso & Jazz Club Take Five – 08.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”382″ gal_title=”ОктомвриНоќен3″]

ВОЗБУДЛИВ ВИКЕНД НА ЈУГОТ: Гевгеличани умеат да се забавуваат (ГАЛЕРИЈА)

[Best_Wordpress_Gallery id=”381″ gal_title=”ГевгелијаНоќен3″]

Важна информација за навивачите за вечерашниот натпревар Македонија-Италија

Фудбалската федерација на Македонија е максимално ангажирана за организацијата на квалифакицискиот натпревар за СП ‘Русија 2018’ во недела против Италија на националната арена ‘Филип Втори’ во Скопје.

 

navivaci-stadion-640x283

-Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места, соопштуваат од ФФМ.

Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, кој е закажан од 20:45.