Изложба на Васил Василев во галеријата на домот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп

14495346_1130272887053180_7023360750984852561_n

Во понеделник 10 октомври во 19.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на скулптури и цртежи од Васил Василев. Изложбата има ретроспективен карактер и е дел од програмата за одбележување на државниот празник 11 Октомври- Денот на вооруженото востание.

  Податоци за уметникот

ВАСИЛ ВАСИЛЕВ – Роден е во 1938 година во Скопје. Академија за ликовни уметности запишал во Љубљана (Словенија) во класата на проф. Борис Калин и проф. Драго Тршар. Студиите ги продолжил во Белград (Србија) каде и дипломирал во 1965 година на Академијата за ликовни уметности, во класата на проф. Јован Кратохвил. Член е на ДЛУМ од 1966 година. Остварил студиски патувања во: Италија, Франција, Германија, Грција, Бразил, Египет, Кина, САД итн.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: Скопје 1970, 1972, 1981, 1984, 1995, 1999, 2012; Битола 1970; Белград (Србија) 1971; Струмица 2001

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ: Белград (Србија) 1963, 1964, 1966, 1970, 1971, 1972, 1974, 1975, 1976, 1980, 1981, 1989; Словен Градец (Словенија) 1965; Хаг (Холандија) 1966; Загреб (Хрватска) 1966, 1970, 1971, 1972, 1976; Љубљана (Словенија) 1966, 1970, 1971, 1972, 1979; Скопје, 1966-2010; Ферара (Италија) 1969; Ница (Франција) 1970; Куманово, 1971, 1972, 1974, 1987, 1990, 1992, 1996, 2009; Јаши (Романија) 1972; Пореч (Хрватска) 1972, 1977; Мурска Собота (Словенија) 1973; Велес 1975, 1986; Сараево (Босна и Херцеговина) 1975, 1979, 1985; Бања Лука (Босна и Херцеговина) 1975, 1978; Париз (Франција) 1975, 1996, 2008; Александрија (Египет) 1976; Панама (Куба) 1976; Атина (Грција) 1977; Тузла (Босна и Херцеговина) 1979; Дубровник (Хрватска) 1979; Приштина (Косово) 1980; Рим (Италија) 1980; Панчево (Србија) 1981, 1982, 1983, 1985, 1987; Штутгарт (Германија), 1985; Штип 1989; Нови Сад (Србија) 1990; Гринзборо, Северна Каролина; Темпи; Ричмонд – Вирџинија; Мериленд (САД) 1992/94; Њукасел (Австралија) 1992/94; Будимпешта (Унгарија) 1994, 1996; Кичево 1995; Истанбул (Турција) 1995; Струмица 2008; Софија (Бугарија) 2009.

УЧЕСТВО НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ: Струмица 1971; Прилеп 1973, 1998; Аранѓеловац (Србија) 1983; Титоград (Црна Гора) 1985; Лендава (Словенија) 1985; Кичево 1995, 1996, 1998; Пелинце 2008.

ИЗВЕДЕНИ ПАРКОВНИ МОНУМЕНТИ: Скопје 1967, 1986; Аранѓеловац (Србија) 1983;  Титоград (Црна Гора) 1985; Лендава (Словенија) 1985; Белград (Србија) 1989; Кичево 1995, 1996, 1998; Прилеп 1998; Пелинце 2008.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

1964 Белград (Србија), Универзитетска награда за скулптура; 1969 Скопје, „Нерешки мајстори“ – на изложбата на ДЛУМ; Скопје, I награда за скулптура на изложбата „25 Години АСНОМ“; 1971 Белград (Србија), Откупна награда „Моша Пијаде“ за скулптура на изложбата „НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија“; Скопје, I награда за скулптура на изложбата „Нашето историско минато во делата на македонските ликовни уметници“; 1975 Сараево (Босна и Херцеговина), Награда „Моша Пијаде“ за скулптура на изложбата „Современа југословенска уметност“ – СЛУЈ; 1976 Александрија (Египет), III награда за скулптура на XXI меѓународно биенале во Александрија; Белград (Србија), II награда за скулптура на Четвртата изложба „НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија“; Тетово, Откупна награда на југословенскиот конкурс за споменик на паднатите борци во НОБ; Скопје, Диплома од Градското здружение на ликовните педагози за изложби и други дејности; 1977 Дебар, III награда на југословенскиот конкурс за споменик на паднатите борци на НОБ (I награда не е доделена); Скопје, II награда за скулптура „Македонка“ за Извршниот совет на СРМ во Белград; 1981 Скопје, Награда „ЛИКУМ“ за скулптура – ДЛУМ; 1982 Скопје, Награда, „11 Октомври“ на СРМ, за самостојната изложба на скулптури во Даут-пашиниот амам; Скопје, Откупна награда од МСУ од изложбата „ДЛУМ – цртеж“; 1983 Скопје, Награда „Истакнат ликовен педагог“; 1987 Скопје, I награда за скулптура од изложбата „ДЛУМ – ситна пластика“; 1998 Скопје, Гран при на VII зимски салон на ДЛУМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.