дома блог страница 5113

Прилеп втора година по ред е домаќин на меѓународниот Поштенски маратон

?

?

Градот Прилеп втора година по ред е домаќин на меѓународниот Поштенски маратон. Како и минатата, така и оваа година маратонот е под покровителство на „Македонска пошта АД“ и Општина Прилеп.

?

„9-ти октомври е светскиот ден на Поштите и одржувањето на Поштенскиот маратон всушност претставува вклучување на „Македонска пошта“ во меѓународното одбележување на Поштенскиот ден. Со него сакаме да ја подигнеме јавната свест за здравиот начин на живот како и за популаризирање на маратонското трчање и поштенската дејност кај нас“, посочија   организаторите и додадоа дека одборот на маратонот одлучи годинешната целокупна стартнина уплатена од страна на учесниците да биде донирана на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што „Македонска пошта“ и целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности насочени кон ублажување на последиците од катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

?

 

?

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и настанот, кој во градот се случува по втор пат и посочи дека градот под Марковите кули од година во година станува се по препознатлив по развојот на екстремните спортови и на сите учесници кои се пријавија на поштенскиот маратон им посака многу среќа.

?

?

?

Годинешните трки беа организирани во три различни категории од 5 км. (трка), 21 км. (полу-маратон) и 42 км. (маратон), а еден месец пред одржувањето на маратонот официјални претставници на најголемата асоцијација за маратони во светот, „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races) ја сертифицираа патеката на Поштенскиот маратон, по што тој ќе биде и нејзин официјален член.

Со ова Поштенскиот маратон ќе биде поставен на листата на светски познатите маратони и ќе привлече маратонци од целиот свет.

?

 

 

 

Прилеп домаќин на Меѓународен меморијалeн турнир во орентација

Преку 200 натпреварувачи зедоа учество на Меѓународниот  меморијалeн турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, кој по V-ти пат се одржува во Прилеп, но за прв пат има меѓународен карактер. На ова јубилејно петто издание, покрај македонски натпреварувачи, учевствуваат и тркачи, професионалци, аматери  и рекреативци од  други 12 земји: од  Австрија, Скандинавските земји и од Балканските земји.

img_0423

Натпреварувачите во зависност од категоријата и старосната граница, трчаат на три трки на различни должини.  Првата трка е  во центарот на градот, на скрин патеки, што значи патеки долги од 1 до 3 км.

Втората трка се организира кај Прилепското мермерно езеро, во должина од 4 до 8 км, а последната патека е во понеделник,10-ти октомври, во Варош и Камена баба, во должина од 3 до 6 км.

_mg_0455

Орентационото трчање не е класично трчање, затоа во него можат да учествуваат натпреварувачи од 7 до 77 годишна возраст. Станува збор за  натпреварување во орентација, кое се трча со помош на компас (восола) и се чита мапата, со цел да се помнат сите зададени контролни точки. А, за да се потврди дека натпреварувачот ги поминал сите контролни точки се користи електричен чип кои го носат натпреварувачите за време на трката и од кој се чита времето на поминување од една до друга контролна точка и за кое време  натпреварувачот ја поминал целата патека, зададена на мапата. „Се собира времето на секој натпреварувач  од трите трки и така  ќе се знаат кои ќе бидат победниците“- велат организаторите , од планинрското друштво „Златоврв“, задоволни од бројноста на учесниците.

_mg_0291

_mg_0304

_mg_0318

_mg_0374

_mg_0382

_mg_0449

_mg_0492

_mg_0523

Меѓународен  меморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, во организација на планинрското друштво „Златоврв“ и градот  Прилеп, започна викендов и  ќе трае  до понеделник кога ќе бидат доделни наградите на најдобрите натпреварувачи.

Mеморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“ е дел од програмата на Прилеп за  одележувањето на националниот празник 11-ти Октомври, односно 75 години од антифашистичкото востание на македонскиот народ.

Втор Поштенски маратон во Прилеп

Во Прилеп денеска ќе се одржи вториот по ред Поштенски маратон.

prilep

Маратонот, покрај рекреативниот карактер има и хуманитарен, секоја котизација од пријавените тркачи ќе биде донирана на фондот на Црвениот крст за помош на поплавените подрачја во Македонија.

 

КИНА ИЗДАЛА СЛУЖБЕНА НАРЕДБА НА ГРАЃАНИТЕ: Подгответе се за “Трета светска војна” !

kina-696x418

Кинескиот министер за одбрана Чанг Ванкван ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна.

“Ве предупредувавме претходните неколку месеци дека ќе се случи нешто големо, но сега е извесно и имаме потврда за тоа”, изјави кинескиот министер.

Ванкван оваа изјава ја даде за време на посетата во воениот комплекс во провинцијата Зеијанг на истокот од земјата. Тој предупреди дека народот треба да биде обучен поради одбрамбениот предизвик, бидеќи се доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Министерот исто така предупреди дека надворешните закани се оние кои сакаат да ја загрозат националната стабилност. Потоа го задолжи целиот државен апарат вклучуваќи ја и војската и полицијата, заедно со граѓаните да подготват мобилизација за одбрана на државниот интегритет и суверенитетот.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

ВИДЕО: Дадилка монструм снимена како злоставува болно дете

sjngfhdfsgfdsg

Дадилка од американската сојзна држава Кентаки е обвинета за злоставување 4-годишно момче откако скриената камера снимила како безчувствителната жена се изживува врз болното дете.

Тифани Филдс, мајката на малиот Лук, ја поставила камерата откако приметила дека момчето чудно се однесува.

На вознамирувачката снимка се гледа како Лилиан Д. Вајт за наго го влече момчето, кое има Даунов синдром, срцеви проблеми и епилепсија.

Малку подоцна, седнала на главата на детео додека му облекувала панталони.

– Ти мало го…, вака ќе го направиме тоа, по мое, се слуша како му зборува изнарвираната дадилка на детето.

– Нема да ме удриш бидејќи седам на тебе, додала таа.

Вајт, која од летото го чува момчето, е уапсена за злоставување на детето. Пред судот изјавила дека не чувствува вина. Не сакала да дава никакви други изјави.

 

БЕЛОРУСИЈА СПРЕМНА ДА ГО БРАНИ ЗАПАДНИОТ ФРОНТ: Се позивесен судирот помеѓу Русија и Западот – на чија страна ќе биде Македонија?

„Ние заедно со рускиот народ ќе ја штитиме нашата татковина на важниот западен фронт. Ние овде ќе гинеме, штитејќи ја Белорусија и Русија“, изјави Лукашенко

lukashenko_putin

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија може да смта на помошта на белоруската армија на западниот фронт.

„Ние заедно со рускиот народ, со руските граѓани, ќе ја штитиме нашата заедничка таковина на ништо помалку важниот западен фронт. Ние тука ќе гинеме, штитејќи ја Белорусија и Русија“, изјавил Лукашенко.

Тој додава дека белоруската армија е опремена со најсовремено вооружување и дека е способна да пружи отпор на секој агресор.

„Но, вие треба да знаете дека се ова што го говорам е усмерено на тоа да не се случи војна. Ние нема да ѕвецкаме со оружјето за да испаднеме храбри. Постои поважна задача: да го сочуваме мирот, да им овозможиме на луѓето да живеат мирно, да работат и да одгледуваат деца“, изјавил Лукашенко.

Во мај Белорусија од Русија го доби четвртиот дивизионен противавионски ракетен систем С-300ПС. Според зборовите на командантот на силите на воздухопловството и противвоздушната одбрана на Русија Олег Двигаљев, дивизионата техника која преминала од составот на Министерството за одбрана на Русија, поминала низ капитален ремонт со гаранција од шест до седум години. Испораката на вооружувањто се реализира во рамки на програмата за развој на единствен регионален систем на противвоздушна одбрана.

Москва и Минск во 1998 година ратификуваа договор за заедничка регионална безбедност во воената сфера и осноаа Регионална воена формација. Во нејзиниот состав влегуваат Вооружените сили на Белорусија и 20.армија на Западниот воен округ на вооружените сили на Русија. Органите на командата и воените единици на двете земји треба да дејствуваат според заедничката цел и план.

 

Саботно кафе во Прилеп: 08.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”380″ gal_title=”OktomvriSabotno2″]

Нови деловни простории и пристапен пазар за Прилепчани

1

ЈП Пазари доби нови деловни простории. Станува збор за деловен простор од околу 80 метри квадратни, со вредност од 2 милиони и 800 илјади денари.,„Во тек е изградбата и на нови дуќани на површина од околу 50 метри квадратни, инвестиција вредна 2 милиони и 200 илијади денари , а веќе ЈП „Пазари“ има проект кои ќе се реализира наредната година за нови дуќани на пазарот со површина од околу 200 метри квадратни.-истакна директорот на ЈП Пазари ,Пецо Димоски

2

„Градскиот пазар отсекогаш престаува срце на градот и показател за локалната економија и затоа локалната самоуправа постојано вложува во модернизиција на градскиот пазар и подобрување на условите за работа ,и на оние кои секојдневно, тука, ги нудат своите земјоделски производи, но и на оние кои го посетуваат и купуваат, посебно во пазарните денови, кога доаѓа пазарџии од населените места, но и од другите градови на Македонија “рече градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески.

Градскиот пазарот во Прилеп пред 10 година беше во рунирана состојба, постојано опкружен со смет и ѓубре. Денска престаува еден од најмодерните пазари на отворено во Р. Македонија, со неговото покривање и партерно уредување .

 

_mg_0174

Паралелно со уредувањето на градскиот пазар, партерно и инфраструктурно се уреди и околу пазарот, со што прилепчани добија попристапен градски пазар.
Се заврши инфраструктурното уредување на пешачката зона на плоштадот „Пере Тошев“,на улица „Републиканска“,која доби бекатон плочки, канделабри, клуп за одмор, инсталирана е водоводна,канализа циона и електрична мрежа.

5 7

„Вкупната вредност на овој инфраструктурен зафат од 1.400 метри квадратни површина, е два милиони и 800 илјади денари , средства издовени од буџетото на локалната самоуправа„ – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески
Воедно, на овој дел од центарот на градот асфалтирана е и реконстуирана улицата која го поврзува „Републиканска“ и Кеј „1-ви Мај„ кај новиот трговски центар кој е и со катната гаража во близина на пазарот, во должина од 250 метри, чија вкупната вредност е околу 3 милион денари, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.

3 6

 

 

Хуманитарна акција на Здружението „Прилепски бранители“

По повод празникот 11-ти Октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ ,Здружението „Прилепски бранители“  заедно со ЈП за ПУП , ЈКП “Пазари“, Локалната самоуправа-Прилеп  и компанијата „Комфи ангел“   оранизираа хуманитарна акција, во која беа поделени производи на компанијата за семејствата на бранителите.

_mg_0022

Од компанијата „Комфи ангел“ истакнаа дека  соработка со бранителите нема да прекини, “ затоа што тие се најдоа на браникот на нашата татковина кога беше најпотребно за да ја одбранат „-  рече  Ирена Јакимоска,  менаџер на компанијата која  нагласи дека  компанија  веќе   донесе одлука да вработи и  челенови од семјствата на  Здружението на бранителите, доколу некој од нив има потреба од вработување.

_mg_0028

_mg_0039

_mg_0040

_mg_0047

_mg_0067

_mg_0085

_mg_0103

_mg_0113„Компанијата „Комфи Ангел“ е една од  опшествено најодговорни компании во Прилеп и во Р.Македонија, која секогаш излегува во пресрет кога се во пршање хуманитарните акции“ ,   истакна градоначалникот на Прилеп ,Марјан Ристески, притоа заблагодарувајќи им се и на прилепските бранители за нивната храброст и пожртвуаност, кога е во прашање одбраната на татковината.

Успешна приказна која опстојува една година: Салонот за убавина “Шанел Ексклузив е патот кон перфекција

Да се има чувствителен поглед, насочен кон совршенство, перфекција и уникатност, не е ни најмалку лесно. Но, она што другите не го умеат, го има како дар во себе Андријана Крстеска, сопственичка на Салонот за убавина “Шанел Ексклузив” од Прилеп.

_csc7291-markukule

Успешната приказна која опстојува веќе една година, во изминатите 365 дена донесе многу насмевки, лица исполнети со воздишки, фасцинираност, и грациозност. Сето тоа благодарение на умешноста, вљубеноста и посветеноста на младата сопственичка.

_dsc7234-markukule

Салонот за убавина “Шанел Ексклузив” е плод на владините мерки за самовработување преку грантовите на Агенцијата за вработување, што беше шанса за уште еден млад човек да го пронајде својот пат  кон успехот и успешно да заработува.

 

_dsc7240-markukule

Маркукуле.мк присуствуваше на прославата по повод првиот роденден на Салонот за убавина “Шанел Ексклузив”. Со тоа ја продолжуваме нашата мисија да ги промовираме позитивните вредности и секако успеси на сите оние кои со свој труд се докажуваат и градат  иднина преку напорна работа.

[Best_Wordpress_Gallery id=”379″ gal_title=”ShanelExclusive”]

 

“Сакам моите клиенти да излезат од салонот задоволни. Од секогаш го следев мојот сон,  кој со напорна работа, труд и посветеност успеав да го остварам. Во оваа професија морате да работите со љубов, само така ќе постигнете резултати. Јас вложувам се’ од себе за да ги направам среќни моите клиенти”, истакна сопственичката Андирајна  Крстеска.

_dsc7260-markukule

Салонот нуди професионални фризерски услуги, уникатна шминка и депилација, а лоциран е на улица “Васко Карангелески” бр. 39.

Нека за вас се погрижи некој што ја сака својата професија, некој што ќе го вложи целото внимание и што ќе сака да ве направи задоволни и среќни, затоа што вашиот изглед е ваша виза во општеството.