на наивните предвидени активности, за одбележување на 30 години од
постоењето како организирана навивачка група од Прилеп.
Во присуство на заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, градоначалникот на Прилеп го посети Средното општинско училиште „Кузман Јосифоски-Питу” каде заврши проектот за “Ронструкција и примена на мерки за енергетска ефикасност “, во рамките на Демонстративeн пилот проект за одржлива енергија во Прилеп “.
Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“(Sustainable Energy thematic network of cross-border Local Authorities).Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во прекуграничниот регион: Велес (водечки партнер) и Прилеп од Република Македонија и Лерин (водечки партнер), Ираклија и Висалтија од Република Грција.
„Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. 85% од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата, а 15% е национално кофинансирање. Ние и понатаму како министерство ќе рабиме на зголемување на поретките за отворање на вакви капитални дела “-изјави заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов
„Во Општина Прилеп како демонстративен пилот проект, е реализиран проектот за Реконструкција на Средното училиште „Кузман Јосифоски Питу“, а зафатот опфати замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставување на термоизолациона фасада, замена на покрив и изолација на покрив, како и поставување на нова громобранска инсталација. Вкупниот буџет за оваа реконструкција изнесува околу 80.000 евра.“ Пилот проектот за Реконструкција на училиштето е завршен во текот на летниот период, пред почетокот на новата учебна година, според планираните рокови ,со што значајно се подобрени условите за одржување на настава во ова училиште, а со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се придонесе и за заштеда на финансиски средства за загревање во текот на зимскиот период.“ рече градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески
Инаку, во рамките на овој проект ЕНЕРЏИНЕТ, финансиран од фондовите на ЕУ за прекугранична соработка планирани се повеќе активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одржилива енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите 5 општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. А,за секоја општина беше планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност.
Градоначалникот на општина Прилеп присуствуваше на третата фестивалска вечер на интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“. Трите фестивалски вечери посетителите имаа можност да ги следат во центарот на културата „Марко Цепенков“. На фестивалот учествуваа од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Италија, Малта, Русија, Белорусија, Литванија…
[Best_Wordpress_Gallery id=”383″ gal_title=”Ѕвездички”]
Целта на фестивалот не е само презентирање на нови детски композиции туку и дружба меѓу учесниците и размена на култури. Со цел да се сеќаваат на овој фестивал, а воедно и на градот Прилеп Општината на сите учесници им додели пригодни подароци.
Надарените Александра Трајческа и Марија Костоска од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ блеснаа на ТВ натпреварот, Пинковите ѕвездички. Дванаесетгодишните музички генијалци, како на светска сцена, го минаа првиот круг.
Трајческа изјави дека í лежи пеењето и сака да го докажи својот талент. Гледајќи ги децата, í никнала желбата да се пријави на аудициите и да го мери гласот со конкурентите во натпејување.
– Имав многу трема и бев возбудена. Откако почнав да пеам, сé си дојде на свое место. Очекувам да се пласира на повисоките кругови – рече Трајческа.
За Костоска, пеењето претставува најголема љубов. Со голема храброст и со поддршка на родителите се пријавила на аудицијата.
– Бев среќна, оти пеев пред популарни и луѓе на голема сцена. Се изненадив од коментарите на жирито – кажа Костоска.
Целото училиште ги бодри двете соученички.
Извор: Неделник Зенит
Тринаесеттата по ред “Питијада” во Велес е со сигурност настан за паметење за оваа година. Илјадници посетители од целата држава, прекрасна програма, неодолива храна и вино и секако гостопримството на велешани, ја направија овогодишната “Питијада” незаборавна.
После првата вечер исполнета со македонска музика, кога главна ѕвезда беше македонското девојче Каролина Гочева, забавата кулминираше во саботата, кога пред присутните 70.000 посетители, настапи мега популарната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
Синоќа пак на затворањето уште еден спектакл приредија неповторливите ДНК, како загревање пред настапот на Ван Гог.
На 12.10.2016 година (среда), со почеток од 18:00 часот, во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе се одржи промоција на двете дела на младиот автор Бојан Бежоски од Македонски Брод.
Сите љубители на убавиот пишан збор ќе имаат можност да дојдат до стихозбирката “Од шепотот на срцето” и новелата “Низ виорите на судбината”.
Фамата којашто се скрена околу разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит се уште не стивнува. Во моментов темата околу која сите зборуваат е наводното насилство од страна на Пит врз посвоениот син Медокс.
Наводно, Бред го нападнал Медокс за време на лет за Лос Анџелес и тоа откако синот застанал во одбрана на мајка си. Бред и Анџелина во тој момент жестоко се расправале, а синот се вмешал, по што актерот наводно физички го повредил.
Според медиумите, тоа е една од причините поради кои актерката го напушти сопругот. Меѓутоа, според полицијата нештата не се случиле како што наведуваат светските медиуми.
Полицијата објавила дека Бред нема да биде кривично гонет бидејќи не е докажано дека намерно го повредил Медокс. Иако е сосема јасно дека се судриле.
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе присуствува на свеченоста по повод заклетвата на питомците од 20. генерација и промоцијата на потпоручници од 16. генерација на Воената академија.
Свечена заклетва ќе дадат 29 питомци, од кои шест припаднички на женскиот пол и седум студенти на цивилни насоки. Од студентите -питомци на Воената академија, 20 се од Македонија, 4 од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора и 2 од Косово.
Промовирани во потпоручници ќе бидат 35 питомци, од кои седум припаднички на женскиот пол. Од нив 25 се од Република Македонија, 3 од Црна Гора, 3 од Босна и Херцеговина и 4 од Косово.
Социјалдемократскиот сојуз по најавите на партискиот лидер Зоран Заев почна да ја форсира двојазичноста. Штабот на СДСМ во скопски Чаир доби двојазична табла.
Заев повеќе пати досега во неговите интервјуа истакнуваше дека ќе ја направи Република Македонија двојазична земја.
Дополнително лидерот на СДСМ во своите изјави потенцираше дека со воведувањето на двојазичноста ќе лови албански гласови.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи, дециден е Заев.
За потсетување Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.