дома блог страница 5102

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија десетта година по ред

123

Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е десетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија.

Како база за својата оценка Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека се „над ББ просекот“. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како исклучително поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

Фич во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто.

Банкарскиот сектор во Македонија кредитната агенција го опишува како добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост.

Како ризик Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине со спроведување на договорот потпишан под покровителство на комесарот Хан.

Според прогнозите на Фич Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена.

Македонија е инаку една од ретките земји во регионот и пошироко која успеа да го задржи истиот кредитен рејтинг толку долг период. Минатата и оваа година им беше намален рејтингот на Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.

 

Нови инвестиции во училиштата

Нови инвестиции во училиштата

Нови инвестиции во училиштата

Градоначалникот Марјан Ристески ги посети СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и ОУ „Блаже Конески“ каде во тек се нови инвестиции во училиштата.
Првиот спрат од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ доби нови подови. Извршена е замена на стариот и оштетен паркетен под со нов под од линолеум со висококвалитетни својства. Во ОУ „Блаже Конески“ во тек е изградбата на нова балон сала во дворното место на основното училиште. Станува збор за приватна инвестиција која ќе се реализира по пат на јавно – приватно партнерство, а ќе допринесе за подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот. При крај се и реконструктивните зафати за менување на подот на влезот во училишптето како и во неколку училници.
Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Локалната самоуправа како и од училиштето.

[Best_Wordpress_Gallery id=”2″ gal_title=”Нови инвестиции во училиштата”]

Интензивно се работи на уредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

Интензивно се работи на доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1. Во тек е асвалтирање на главната улица која води до индустриската зона во должина од 350 метри. Во индустриската зона Прилеп 1 експресно беа продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 6 објекти за кои инвеститорите имаат прибавено одобрение за градба, а останатите се во тек на постапка.
„Продолжува изградбата на инфраструктурата во зоната Прилеп 1. Лани ги поставивме водоводната и канализационата мрежа, а годинава продолжуваме со доградбата на целосната инфраструктура и асфалтирањето. Ќе се асфалтираат сите улици во зоната и пристапот до сите парцели во должина од 700 метри. Од буџетот на локалната самоуправа, за оваа намена се издвоени 13 милиони денари. Исто така подготвени за продажба се и 10 парцели во индустриската зона Прилеп 2 кај Сточното пазариште. Таа зона ќе биде наменета претежно за мали и средни претпријатија“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Интензивно се работи и на уредување на инфраструктурата во Слободната зона или Технолошко развојната индустриска зона Алинци, каде според најавите, во октомври со работа треба да започне американскиот гигант од автомобилската индустрија Гентерм. Моментално во зоната е донесена струја, веќе е поставена и трафостаницата на ЕВН, а се работи на изградба на улиците, водоводната и канализациона мрежа. Улиците во ТИРЗ се со должина од 2,1 километар.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”3″ gal_title=”Интензивно се работи на уредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1″]

Ден на Армијата се одбележа во прилепската касарна

Со централна свеченост во прилепската касарна, денеска беше прославен Денот на Армијата на Република Македонија.
Градоначалникот Ристески го честита 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија и посака многу успех и лична безбедност во извршувањето на секојдневните обврски и задолженија на припадниците на АРМ.
18 Август е прогласен за Ден на АРМ со одлука на Владата на Република Македонија од 3 јуни 1993 година и првпат е одбележан таа година.

Отворени денови со земјоделците

Вкупно 102 населени места во 60 општини во Македонија ќе бидат опфатени со отворените денови наменети за земјоделците што се реализираат од страна на Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Тимовите од Министерството за земјоделство ќе ги презентираат и можностите на ИПАРД-програмата. Тимот  од Министерството за земјоделство ќе ја посети и Општина Кривогаштани на ден 20.08.2015 година каде во 20:00 часот ќе биде во ПОУ Јонче Смугрески во Боротино и во 21:00 часот во ОУ Јонче Смугрески во Обршани.

Почна санацијата на ударните дупки на патот Мажучиште – Мраморани – Дупјачани – Десово

Почна санацијата на ударните дупки на патот Мажучиште – Мраморани – Дупјачани – Десово која во наредните неколку дена комплетно ќе биде завршена. Со решавање на овој инфраструктурен зафат ќе се подобри патна инфраструктура, а воедно и ќе се олеснат условите за одвивање на сообраќајот.

[Best_Wordpress_Gallery id=”15″ gal_title=”Почна санацијата на ударните дупки на патот Мажучиште – Мраморани – Дупјачани – Десово”]

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со ново централно греење

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со почетокот на учебната сезона ќе добие ново централно греење. Оваа инвестиција чини 150 илјади евра, средствата се обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески денеска беше во посета на ова училиште и во изјавата за медиумите посочи:
„Продолжуваме со подобрувањето на условите за образование во основните и средните училишта во Општина Прилеп“ посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност во училиштето. Со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет.

1475000Untitled-3

[Best_Wordpress_Gallery id=”4″ gal_title=”ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со ново централно греење”]

Одбележани 14 години од КАРПАЛАК

Одбележани 14 години од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде загинаа десет прилепски бранители за време на воениот конфликт во 2001 година. Во нивна чест еден ден пред датумот кога се обдележува чествувањето во чест на десетте загинати прилепски бранители беше посетена касарната „Мирче Ацев“ каде делегации положија цвеќ и ја посетија спомен собата во чест на загинатите кај Капралак. Свежо цвеќе се положи и пред споменикот во с.Лениште по што делегациите го посетија манастирот Св.Петка каде се служеше вечерна богослужба.
По повод одбележувањето на овој трагичен настан од поновата македонска историја делегациии од општината, од советот, соборци, граѓани најпрвин го посетија местото на трагедијата каде пред спомен плочата положија свежо цвеќе, а потоа им се придружија на членовите на нивните семејства на градските гробишта за подоцна заедно да се упатат пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот каде се одвиваше централниот настан. Во своето обраќање по повод одбележувањето на 14 годишнината од трагичниот настан градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески уште еднаш го изрази своето сочуство истакна дека загубата неможе да се врати но затоа мора да се почитува нивното херојско дело. Нивната пожртвуваност нe обврзува сите да го чуваме и почитуваме уставниот поредок на Македонија, да ги чуваме слободата, независноста и суверенитетот на нашата држава рече Ристески. Пред споменикот во центарот на Прилеп, освен делегацијата од општината, свежо цвеќе положија и делегација од Владата на Р. Македонија претводена од министерот за одбрана на Р.Македонија Зоран Јолевски, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ, делегации од здруженија на борци од Прилеп и Македонија, семејставта на загинатите и претсавници на политичките партии.

[Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”Одбележани 14 години од КАРПАЛАК”]

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИПАРД ПРОГРАМАТА ЗА 2015 ГОДИНА

По повод објавувањето на јавниот повик бр.(02/2015) за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата, Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во соработка со Општина Кривогаштани,  на 04.08.2015година во 17:00 часот во Клубот на пензионери во Кривогаштани, се одржа инфо-ден  за презентација на можностите и условите за користење на средства од ИПАРД Програмата.

Презентирани беа следните мерки:

-Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија,

-Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија,

и

-Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности

 

Нов оглас за средства од ИПАРД

zemjodelci500

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе го објави годинашниот втор јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата, пренесе МИА.

Огласот ќе трае до 15 септември годинава.

Финансиските средства се наменети за мерката 101 – инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на европските стандарди, за мерката 103 – инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за мерката 302 – диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата или нејзините работни единици од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/