дома блог страница 5104

ВИДЕО: Со ваква професорка математиката на сите ќе им биде омилен предмет

Оксана Невеселаја е професорка по математика од Белорусија е професорка чија видео снимка го обиколи светот и ја направи вистинска ѕвезда.

 

oksana-1

Видеото од едно нејзино предавање стана вирално откако се појави на Јутјуб под името: „Еве ви одлична причина да останете во училиште“.

Убавицата беше многу активна и на Инстаграм што на големо ги развесели нејзините бројни фанови.

Денес е голем ден за жените – ова задолжително треба да го направите

cqefowejofgrjwgftegh

Православните верници денес го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца се молат на овој ден да добијат.

Подгответе се – еве каква зима не очекува

soijijfadoid

Сува и топла зима предвидуваат метеоролозите на AccuWeather за подрачјето на Балканскиот полуостров.

Откако делови од Балканот во август беа погодени од тешки поплави, се очекува сува зима од вообичаеното, како и значително потопла.

Олујните бранови кои ќе доаѓаат до овие подрачја ќе бидат генерално со слаб интензитет и нема да предизвикуваат дополнителни промени.

Дури и количеството снег што се очекува на планините на Балканот ќе биде под нормалното ниво за зимскиот период.

Исто така, се очекуваат пократки или дури воопшто и не се очекуваат долги периоди со температури под нулата, бидејќи полињата со висок притисок во тој период ќе служат како заштита на Балканот од студениот арктички воздух.

 

(ВИДЕО)ХРАБРА МАЈКА, ЗА ПРВПАТ ВО ИСЛАНД ГО НАПРАВИ ОВОЈ ЧЕКОР: Пратеничка во Исланд го доеше бебето додека зборуваше на говорница во парламентот

untitled

Исландската пратеничка Унур Бра Конрадсдотир го доеше бебето додека држеше говор во парламентот. Ваквиот потег на храбрата пратеничка е прв во Исланд и веројатно единствен во светот. Пратеничката изјавила дека бебето било гладно, а таа не очекувала дека ќе треба следна да излезе на говорница. Вели: „Требаше да одлучам дали да го оставам бебето гладно во солзи или да излезам со него на говорница и да го нахранам“

 

КАЗНИ ЗА МАКЕДОНЦИ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ: Бугарија почнала да казнува Македонци со бугарски пасоши!

Од вкупно 283-ца, за три лица се прекинати постапките затоа што потврдиле дека престојувале во Бугарија или во земја на европската Унија повеќе од три месеци пред изборите.

bugarski_pasos

За Македонците со бугарски пасоши од исток почнаа да стигаат казни високи и до илјада лева. Казнети се затоа што во мај лани гласале на европските избори во бугарските конзуларни претставништва во Македонија, а немале право, пренесува Телма.

Најмногу постапки според бугарските медиуми се водат во пограничните градови Благоевград и Ќустендил каде се домашните адреси на многу новопечени македонски Бугари.

Во Благоевград се покренати постапки против 283-ца иматели на двојни пасоши, во Ќустендил за 250 двојни државјани. Обвинителка од Благоевград за Телма објаснува дека македонците згрешиле по два закони.

-Затоа што го искористиле гласачкото право иако немале поради неисполнување на условот за живеалиште. Под тој услов за да се гласа на европските избори мора пред денот на одржувањето, непрекинато најмалку три месеци да имаат живеалиште односно престојувалиште во Бугарија или во земја членка на ЕУ. Вториот престап е што тие самите пред избирачките одбори декларирале дека имаат избирачко право, изјави Весела Стоилова, обвинителка и портпарол на Обвинителството во Благоевград, Бугарија.
Претседателот на судот во Ќустендил Андреј Радев потврди дека има такви постапки и во неговиот суд, но рече дека се проверува точната бројка.

-Сигурно не се 250, нема повеќе од 30 такви судења, ни изјави Радев телефонски. Казната за македонците гласачи со бугарски пасоши во Ќустендил е илјада лева, односно 500-тини евра. Најголемиот дел од постапките во Благоевградта се уште се водат.

Од вкупно 283-ца, за три лица се прекинати постапките затоа што потврдиле дека престојувале во Бугарија или во земја на европската Унија повеќе од три месеци пред изборите. 85-мина направиле спогодба со обвинителство и се осудени на помали казни.

-По прифаќањето на спогодбата од страна на судот на 85-мина им е пишана глоба од по 300 лева, изјави обвинителката Стоилова.
Во бугарските медиуми се цитира изјава на извесен Благој Панов кој тврди дека за гласањето во бугарската амбасада во Скопје, 20 членови од неговото семејство се осудени на глоба од по илјада лева. Тврди дека никој не ги известил дека немаат право да гласаат. Но левовите од пишаните казни ќе мора да летнат кон неговата втора татковина.

КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ТЕШКА: „Натпревар во лежење“ во Црна Гора

Петиот по ред „натпревар во лежење“ ќе се одржи в сабота на 15 октомври во етно селото „Монтенегро“ во црногорското место Горно Брезане.

120641295-4

Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври.

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора „да одморат по напорната предизборна кампања“.

Победникот ќе добие награда од 200 евра, а оние кои ќе го освојат второ и трето место, добиваат вечера за две лица во ресторанот кој е спонзор на настанот.

 

 

Дрогата го уништи: Светскиот шампион во тешка категорија ги предаде титулите

Британскиот боксер Тајсон Фјури повеќе не е светски шампион во тешка категорија. Тоа стана јасно, откако 28-годишниот британски боксер реши доброволно да ги предаде титулите во ВБО, ВБА и ИБО категориите. Фјури беше светски првак од ноември минатата година, кога го победи речиси непобедливиот Владомир Кличко.

 

1fjuri

Токму Кличко беше оној кој неколку пати го предизвикуваше Фјери на реванш. Во септември минатата година, Кличко беше поразен, но најави дека сака реванш во брзо време. Сепак Фјури не му најде термин за втор меч.

 

2fjuri

Самиот боксер призна дека примал недозволени средства, кои му биле против депресија. Бил позитивен и на користење на кокаин. И покрај тоа што мораше да ги предаде титулите без борба, самиот Фјури најави дека ќе се врати уште посилен и повторно ќе се обиде да ги врати трофеите во негова сопственост.

ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ: Фотографија од 53 милјарди пиксели

fotografija-696x410

Ова едноставно мора да се види ! Бидеќи ова е најквалитетната фотографија која некогаш била фотографирана.

Фотографијата е направена за потребите на рекламата за Бентли, и веројатно сега нивните конкуренти се љубоморни бидеќи не се сетиле на ова. Рака на срце, ова е една од најкреативните реклами кои некогаш сме ја виделе.

Нема смисла да се зборува. Уверете се сами што се може денешната технологија.

МАРКУКУЛЕ.МК

Времето утре со нови изненадувања – подгответе се!

fdewqfpwegprewk

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува јужен, а долж Повардарието југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 18 до 25 степени.

И во сабота ќе се задржи сончево и релативно топло време, но во текот на денот облачноста ќе се зголемува.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат ноќта кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи. Од понеделник дневните температури ќе бележат благо опаѓање.

Градежни работници случајно пронашле фосилизирани јајца на диносауруси

Градот сега го доби и надимакот ” Град на диносауруси”.

egg6

Во кинескиот град Хејуан пронајдени се илјадници јајца на диносауруси во последните неколку децении, а сега нивната колекција повторно се зголеми.

Од 1996 година во градот се откриени 17.000 фосилизирани јајца и многу од нив биле пронајдени од обични луѓе а не од научници. Всушност, првите јајца биле пронајдени од група на деца кои си играле на местата каде што имало градежни активности.

2

19 јајца биле целосно зачувани и ќе бидат испратени на тестирање од научниците. Претходните јајца кои биле пронајдени во овој град, потекнувале од пред 89 милони години.

3 5

МАРКУКУЛЕ.МК