дома блог страница 5101

Samsung подготвува два модели Galaxy S8

screenshot_5-33

По грешката наречена Note7, од Samsung одлучија да не го произведуваат повеќе овој мобилен телефон и компанијата ги повика сите корисници да го вратат во салоните од кои го купиле. Освен огромната финансиска загуба, Note7 и нанесе штета и на репутацијата на компанијата која е лидер на пазарот за мобилни телефони.

Во Samsung веќе се изгради стратегија со која повторно и другата година ќе го освојат пазарот, односно производство на нови телефони кои ќе бидат наследници на Galaxy S7 и S7 Edge.

На “Бизнис инсајдер”, се соопштуваат најважните карактеристики кои би ги имале новите мобилни телефони. Секако, овие информации сеуште не се официјално потврдени.

Ако се овие гласини вистинити, следната година Samsung би требало да претстават два нови модели Galaxy S8.

МАРКУКУЛЕ.МК

Анкета на Институт Димитрија Чуповски: ВМРО-ДПМНЕ со голема и убедлива предност пред СДСМ

dimitrija

27,6 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 16,1 отсто за СДСМ. Владејачката партија има стабилна и убедлива предност пред опозициската СДСМ во пресрет на изборите на 11-ти декември.

Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот Димитрија Чуповски спроведена во периодот меѓу 07 и 10 октомври Институтот Димитрија Чуповски на 1237 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување.

anketa-1-1

-Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти, информираат од Институтот.

2 4 6

 

 

Нова спортска сала во Кривогаштани

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот Тони Заткоски денеска во Кривогаштани ја пуштија во употреба спортската сала во ОУ „Манчу Матак“.

 

sala

Според заменик министерот Ристовски во ова населено место првпат се пушта во употреба спортска сала. Тој истакна дека инвестицијата чини 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука. 
– Ова е веќе 66 спорстска сала која на ниво на Македонија ја изгради Министерството за образование и наука. Заедно со спортските сали кои ги градии Агенцијата за спорт и млади ова е 96-та спортска сала која што како Влада ја изградивме во изминативе неколку години. Навистина сум многу среќен затоа што ако се навратиме пред еден период кога дојдов тука во посета на општина Кривогаштани, заедно со градоначалникот како изгледаше училиштето, а денес имате комплетно реновирано енергестки ефикаксно училиште, спортска сала, детска градинка, спортски комплекс веднаш до ова училиште, сето ова говори само за сериозноста на Владата и општината што го прават за населението тука, рече Ристовски.
Како што појасни градоначалникот на Кривогаштани, Заткоски, спортската сала се изгради во рок од една година.
– Со оваа инвестиција значително ќе се подобри спортската инфраструктура во оваа општина, а бенефит ќе имаат сите жители на општината. Ова е втор поголем спортски објект што се отвора во последниве три години во општина Кривогаштани. Прво се изгради повеќенаменското спортско игралиште, кое е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт и ова е вториот објект, училишна спортска сала, која што ќе ги задоволува потребите на 400 ученици на ОУ „Манчу Матак“ и подрачните основнии училишта на ова училиште, со тоа што овој бенефит ќе го користат не само учениците од нашата општина туку и повозрасните структури, бидејќи овие спортски објекти ќе ги користат сите граѓани, изјави Заткоски.
Беше најавено дека е подготвена документацијата за изградба на спорстка сала во селото Обршани и за ново повеќенаменско игралиште во ова село.
За изградба на спортски сали во земјава досега Министерството има инвестирано 30 милиони евра.

Стартува екстремниот викенд во Прилеп: Бајкерите се подготвуваа за вечерашниот настан (ВИДЕО)

img_20161015_155403

Вечерва со почеток од 18:00 часот стартува адреналинскиот настан “Екстремен викенд” во Прилеп.

На скејт паркот во близина на “Паркот на револуцијата” на едно место прилепчани ќе имаат можност да се дружат со најдобрите во Македонија бајкери, скејтери, ролери и да погледнат неверојатни паркур точки.

Задолжен за музичкиот дел од програмата е Dj Гоце Саф.

Нашата камера забележа група бајкери кои изведуваа опасни скокови од поголема висина, а потоа истите се упатија кон скејт паркот.

Утре настаните продолжуваат на мото крос арената во Лагово, каде ќе се одржи возбудливата трка “Stormriders 2016” .

ЦРНА ПРОГНОЗА: Балканот ќе биде арена за војување на Западот и Русија !

balkan-1476459386-1012029

Американскиот институт за стратегиски предвидувања “Стратфор” смета дека Балканот е уште една “европска арена” која ќе го привлече вниманието на Русија и Западот во последниот квартал од оваа година.

” По контроверзниот референдум во Република Српска кој беше одржан и против вољата на  Уставниот суд на Босна и Херцеговина, се зголемија тензиите помеѓу србите и босанците. Се смета дека овој референдум ќе ги наруши и така лабавите односи меѓу етничките групи во Босна и Херцеговина”, наведува Стратфор во предвидувањата за последниот квартал од 2016 година.

srebrenica-srbi-bosnjaci-prijava-prebivalista-biracki-spiskovi-bih-izbori-1349654711-216749

Во текстот на институтот се оценува дека судирот ќе биде со мал интензитет, но поддршката на Москва на српскиот став и можноста за избивање на етнички судири, и дава на Русија уште една арена за посредување во преговорите со европјаните и американците. Во меѓувреме, како што предвидува институтот, Европската Унија веројатно ќе им дозволи на државите од балканот да ги задржат границите затворени како би ги обесхрабриле мигрантите во обидот да допрат до Унијата.

Според Стратфор, Европската Унија ќе започне да дава финансиска помош на државите од Африка и Блискиот Исток како би им помогнале на владите на тамошните земји и на тој начин да се намали миграцијата.

Кон крајот на годината ЕУ ќе започне дебата за својата политика во поглед на Русија и уште еднаш ќе излезат на површина поделеностите меѓу Москва и Унијата, особено кога станува збор за санкциите поради Украина.

azilanti-migranti-izbeglice-makedonija-grcka-granica-foto-tanjug-1440110779-723571

 

 

„Ме гледаат како да сум дух“ – Еве зошто сите мислат дека Аркан е жив

wegreashtrjyt

Дарко Малиш Даркан ги запали социјалните мрежи кога објави фотографија покрај гробот на Жељко Ражатовиќ Аркан и ја загреа теоријата на заговор дека командантот на Српската доброволна гарда и понатаму е жив.

Сличноста меѓу Дарко и Аркан е навистина неверојатна, па Малиш го викаат Даркан.

Малиш вели дека не објавил фотографија за да предизвика внимание бидејќи не ни сонувал дека ќе предизвика големо внимание.

– Пријателите ми рекоа дека се појавила моја фотографија на Интернет и дека почнало да се зборува дека Аркан е жив, па дошол да го посети својот гроб. Се се случило за помалку од 24 часа, открива Даркан за босанксите медиуми.

_ ме прашуваа дали сум Даркан кој го копира Аркан и дали се облекувам како него, Дали дојдов на негвиот гроб за да се сликам за медиумски да се експонирам… Далеку од тоа. Никогаш не би се експонирал на гроб на мртов човек. За Аркан мислам се најдобро, додава Малиш.

14570455_1191672667542197_6161519002694825137_n

 

Марјан Ристески: Оние кои денес сакаат да ја разнебитат Македонија, во 2001-ва уживаа на грчки плажи

Да се биде градоначалник на Прилеп е чест и задоволство, но и голема обврска бидејќи Прилеп е историски град кој многу ја задолжил Македонија со голем број на револуционери кои потекнуваат од градот херој под Марковите Кули, истакна градоначалникот Марјан Ристески на денешната панел дискусија.

 

1

-Како прилепчани Македонци го следиме патот и го доживеавме сонот на Македонците кои сонувале за независна и самостојна земја. Илјадници го дале животот за тоа. Заложбата и времето кое го носиме од нашите предци од нашата тешка и мрачна историја, сега имаме шанса со гордо крената глава да ја исправиме Македонија да стане дел од  Европа. Не смееме да си дозволиме некој да си поигрува со суверенитетот и интегритетот на Македонија.  Голема е болката кога гледаме странски служби и сили кога делуваат за разнебитување на Македонија и народот, но повеќе боли кога сили од внатре се стремат да ја разнебитат нашата земја, истакна Ристески.

Тој беше дел од бранителите во 2001-ва година, период за кој говори со многу емоции.

-Македонија беше повторно на крстосница, на војна која не можеме да ја дефинираме, од каде и за што почна. Тоа прашање не мачи од 2001-ва до денес. Јас знам дека тогаш чесните Македонци со еден патриотизам, елан и позитивна енергија чекавме да застанеме на браникот на нашата земја и да му покажеме на светот дека никој не смее да си игра со она што  тешко го имаме спечалено. На повикот од АРМ влегувавме во резервниот состав  пак истите тие под наводници Македонци  правеа напори  да ги омаловажат оние кои се јавуваа на браникот на Македонија, а себе и своите деца се правеа болни вадејќи си лекарски уверенија, а додека траеше воениот конфликт си ги испраќаа да учат во странство само за да не ја бранат државата, а летото го минуваа на грчки плажи, рече Ристески.

Ноќен живот во Прилеп: Caffe Virus – 14.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”385″ gal_title=”OktomvriNoken5″]

Од недела почнува зимското сметање на времето – стрелките одат еден час назад

dfqefgwegpoerk

Зимското сметање на времето оваа година ќе почне во недела на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 18:30 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнително ќе придонесе за тоа.

Денеска е сабота, 15 октомври 2016 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 77 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути.

Денов трае 11 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 17 часот и 45 минути, а ќе зајде во 5 часот и 31 минута.

ГО СТОПИ СРЦЕТО НА ЖИРИТО: Младата прилепчанка Марија заблеска на сцената на “Пинкови ѕвездички” (ВИДЕО)

screenshot_62

Марија Костоска од Прилеп ги доби сите 5 гласови од жирито на  “Пинкови ѕвездички”.

12-годишната прилепчанка го освои срцето на целото жири, изведувајќи ја песната од Каролина Гочева, “Не се враќаш”.

 

“Снажно и силно. Еве типичен и егзактен пример кога некој има крупен и силен глас, голем волумен, а всушност цело време ја збогатува песната со украси, трилери, вибрато, со сите можни финеси и во тоа богатство ние го препознаваме добриот пеач”, била реакцијата на Леонтина.

“Ова е за петка, затоа што не се работи за детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е шега. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така да токму неа и ја посветувам”, рекла Гоца Тржан.

Уживајте во изведбата на Марија: