дома блог страница 5103

Во вселената постоеле и постари цивилизации од оваа на нашата планета ?

planeta-svemir-ff-e1459891342138-600x364

Кога се зборува за вонземските облици на живот, секогаш сме се делеле во две групи на луѓе- едни кои веруваат дека постојат и други кои се сигурни дека ние сме единствени во вселената.

Во последната студија на списанието “Astrobiology” ги проучуваше егзопланетите кои се откриени во последните дваесет години. Ова истражување покажува дека освен луѓето постоела и некоја друга цивилизација. Физичарот и астроном Адам Френк кој е и автор на студијата, наведува дека можноста да постои друга цивилизација освен оваа на Земјата е многу голема.

Френк смета дека многу е веројатно дека пред нас се има развиено и друга интелегентна цивилизација која била и технолошки понапредна.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Два големи китови пронајдени мртви во Германија: Големо количество на пластика и автомобилски делови пронајдени во нивните стомаци

kitovi

Оваа година 29 големи китови беа пронајдени мртви на брегот на Северно Море во областа која е позната позната по  “дивиот свет”.  Тие беа испитани од голем број на научници. Научниците кои го извршија испитувањето се вознемирија од она што го пронајдоа во стомаците на китовите.

Според многу од медиумите, многу од китовите кои биле пронајдени мртви биле исполнети со пластичен отпад, вклучуваќи и 13 метри долга рибарска мрежа и делови на автомобили.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

ХОРОР ВО АМЕРИКА: Авион се сруши во центарот на градот !

avion

Мал авион се сруши на главната улица во градот Источен Хартфорд, во американската држава Конетикат, потврди локалната полиција.

Авионот потоа се запали. Полицијата соопшти дека не е познато дали во несреќата има повредени или загинати.

https://twitter.com/NBCConnecticut/status/785934556146827264/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

https://twitter.com/NBCConnecticut/status/785934556146827264/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

https://twitter.com/NBCConnecticut/status/785934556146827264/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

https://twitter.com/NBCConnecticut/status/785934556146827264/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

Напад на ајкула од до сега не виден агол ! (ФОТО)

56703_ajkula-foto-profimedia-6_ff

Како е да се биде во близина на ајкула ? Никој не сака тоа да го дознае ! Сепак, сега е можно да се види како се чувствува пленот на ова морско чудовиште. Оваа “ненормално” реална слика ја прикажува внатрешноста на устата на тигреста ајкула, а неверојатните детали ги забележа британскиот фотограф Адам Ханлон.
МАРКУКУЛЕ.МК

Убиен водачот на навивачката група „Гробари“- десет дена пред неговата свадба (ФОТО)

Едно лице е убиено, а две се потешко ранети во пукотници кои вечерва се случиле во центарот на Белград.

 

1

Според информациите на српски „Курир“, убиен е Александар Станковиќ, познат како Сале Мутави, еден од водачите на навивачите на Партизан и еден од трите лица коиго нападнале директорот на клубот Милош Вазура.

2

Станковиќ за десетина дена требало да се ожени, пишува весникот.

Во моментот бројни полициски сили вршат увид на местото, а повредените се пренесени во Ургентен центар.

Денот на здрава храна одбележан во ООУ “Кире Гаврилоски” во Прилеп

14657741_10209031036867523_200041163_n

По повод  14-ти октомври “Денот на здравата храна”, колективот на основното општинско училиште “Кире Гаврилоски-Jaне” – Прилеп, во соработка со овластен нутриционист, организираше настан за поттикнување на свеста кај младите за тоа што точно значи здравата храна.

14694833_10209031011986901_619137764_n

14657805_10209031013026927_281634022_n

14686325_10209031036707519_724584964_n

14686422_10209031036987526_615090816_n

Во училишниот двор учениците изложија здрави производи кои беа до последен продадени.

Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

14741076_10209031011866898_110523006_n

14696942_10209031012386911_1829363521_n

14699875_10209031036947525_993174967_n

“Целта на овој настан беше да се поттикне иницијативата кај младите за здрав живот, како и да се развијат здрави навики. Во наредниот период ќе биде одржано и едукативно предавање во врска со нутриционизмот”, истакна  Марина Релушкоска  – нутриционист.

 

Фестивал на новиот германски филм во Кино “Мис Стон”

1

Во Киното Мис Стон синоќа во преполна сала беше отворено 12 издание на Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК,,Марко Цепенков,, го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија. На отворањето говореа градоначалникот Марјан Ристески, кој ја потенцираше добрата соработка со Германија на сите полиња и Хелга Тајпеј аташе за култура во Амбасадата на СР Германија во Македонија, која истакна дека соработката со Центарот и општина Прилеп е на високо ниво, заблагодарувајќи се при тоа на големиот интерес за посета на фестивалот, кој започна со трагикомедијата ,,Мед во главата,, во режија на Тил Швајгер, филм што ја добил германската филмска награда за 2015 година, како и специјалната награда за најпосетен филм.

6

2

3

4

5

Годинашниот фестивал е под мотото,, Сакам филм,, а деенска и утре во Кино мис Стон ќе бидат прикажани уште пет филмови – трагикомедии, комедии драми, историски драми и еден филм за деца.

Суштества кои пленат поглед: „Трагопан“ изложи избрани видови на украсни птици

6448-tragopan-izlozi-izbrani-vidovi-na-ukrasni-ptici-960x600-3

Здружението за заштита и одгледување на украсни птици и животни „Трагопан“ од Прилеп и оваа година ја организира традиционалната изложба на украсни птици на државно ниво.

_mg_3642

_mg_3639

_mg_3641

Вљубениците во украсните птици имаа можност да видат најразлични видови на домашни и егзотични птици кои беа изложени во ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески кој истакна дека соработката на Локалната самоуправа со здржението „Трагопан“ е на исклучително конструктивно ниво, и дека токму проектот „Рајска градина“ е заедничка успешно реализирана идеја. Воедно најубавите експонати на украсни птици беа стручно избрани и наградени.

_mg_3742

_mg_3762

_mg_3763

_mg_3654

_mg_3663

_mg_3670

_mg_3730

Што се случуваше во Прилеп? Aдреналинско видео кое нема да ве остави рамнодушни!

14686260_10209026546715272_1552580715_n

Во вторникот по повод празнувањето на Денот на народното востание 11-Октомври, во Прилеп се одржа голема  изложба на автомобили и олдтајмери.

14741753_10209026546755273_1561759107_n

Настанот со дрон го снимија од “Фан Продукција-Прилеп” и сето тоа изгледа моќно и одзема здив.

Погледнете го видеото кое нема да ве остави рамнодушни:

ОЈО Прилеп склучи спогодба со обвинет за обљуба врз немоќно лице за шест годишна казна затвор

По завршената истражна постапка против А.Ќ. од Прилеп обвинет за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп склучи Предлог-спогодба со обвинетиот со која се спогодуваат обвинетиот да му биде изречена казна затвор во траење од шест години.

ojo-prilep

-Судијата на претходна постапка ја прифати поднесената Предлог-спогодба и донесе пресуда со која на обвинетиот му ја изрече предложената казна затвор. Со истата пресуда до започнување со издржување на казната се продолжува определениот притвор против осудениот, информираат од Основното јавно обвинителство.

Настанот за кој е изречена Пресудата врз основа на спогодба се случи во јули годинава, кога осудениот злоупотребувајќи го заостанатиот душевен развој на оштетената извршил обљуба. Тој со неговото возило ја следел оштетената која се движела пеш и ѝ понудил да влезе во неговото возило. Откако бил одбиен, обвинетиот насилно ја внел во возилото, ја однел надвор од градот и го сторил кривичното дело. По настанот на сега осуденото лице му беше определена мерка притвор.