дома блог страница 5100

Реки од народ во Скопје – Народот одлучи на кого да ја даде поддршката

sobir1

Скопје исполнет како никогаш до сега. Сите патишта водат кон СЦ”Борис Трајковски”. Реки од народ се слеваат во главниот град. Народот одлучи на кого да ја даде поддршката на претстојните избори. Ако цениме по бројноста на луѓето на овој собир, резултатите од изборите се веќе јасни.

sobir2 sobir3 sobir4

 

Ноќен живот во Прилеп: Club Calypso – 15.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”386″ gal_title=”OktomvriNoken4″]

Невреме во Македонија

fwersjrkutf

Северозападниот дел од Македонија (полошкиот регион и Скопската котлина) утрово се зафатени од поголема влажна и нестабилна воздушна маса, која услови врнежи од дожд од пороен карактер проследени со ретки грмежи.

 

Околу пладне ќе има престанок на врнежите скоро насекаде, а повторно ќе се интензивираат попладне и во вечерните часови, особено во источните и југоисточните делови.

 

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.

Прилепчани масовно тргнаа на големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

И покрај лошото време, прилепчани во голем број со автобуси и автомобили тргнаа кон Скопје да присуствуваат на собирот.

 

1

Прилеп масовно дава поддршка на големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

2 3

Прилепчани му порачаа на Оливер Спасовски-НЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ!!!

1

Денес во посета на Прилеп треба да пристигне министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својство на секретар на СДСМ.  Тој со своите колеги ќе го проба партизанското гравче во манастирот Св. Димитрија во село Селце.

Револтот од најавата за двојазичност во Прилеп го искажаа прилепчани со танспаренти на повеќе локации.

2 3 4

 

 

Eкстремен спектакл: Бајкери, скејтери, ролери и паркур во Прилеп – ГАЛЕРИЈА

dsc_0041

Синоќа во Прилеп започна адреналинскиот настан “Екстремен викенд”. На скејт паркот во близина на “Могилата на непобедените” се случуваше вистински адреналински спектакл.

На едно место беа собрани најдобрите во Македонија: бајкери, скејтери, ролери и паркур изведувачи.

Присутните гледачи ги забавуваше Dj Гоце Саф.

Денеска настаните продолжуваат на мото крос арената во Лагово, каде ќе од 10:30 часот ќе се одржи мото крос трката “Stormriders 2016″.

[Best_Wordpress_Gallery id=”387″ gal_title=”EkstremenVikend”]

Киднапирано девојче се враќа во прегратката на родителите- Емотивната средба ќе ви го згрее срцето

qwtgfwegerhnty

Брачен пар од Флорида преживеа хорор кога нивната четиригодишна ќеркичка беше киднапирана од поранешен семеен пријател.

За среќа, приказната заврши среќно, бидејќи девојчето беше пронајдено.

По неколкудневна потрага, полицијата успеа да ја врати малата Ребела Луис во прегратката на родителите. Емотивната средба ќе ви го згрее срцето.

 

Во Прилеп се одржа трка со стари велосипеди – ФОТО

6

Вчера вљубениците на велосипедизмот во Прилеп зедоа активно учество во промоцијата на стари велосипеди, добро зачувани и во функција. Промотивната трка на стари велосипеди, започна во центарот на градот, со 20–тина стари велосипеди. Најстариот „точак“, беше од 30-тите години од минатиот век, детска велосипед на три тркала, а најстариот точак за возрасни беше од почетокот на 50-тите година.

1

2

3

„Ја подржавме оваа акција за промотивно движење на стари велосипеди во градот, со цел да се зголеми свеста за користење на велосипедот како превозно средство. Скоро секоја втора куќа во Прилеп има стар велосипед или точак.

5

7

8

Доколку тие се репарираат и се реставрираат, можат да бидат функционални, бидејќи Прилеп има традиција за возење велосипед, а ние како општина правиме напори да се зголемат велосипедските патеки, за побезбедно возење точак“ – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој зеде активно учество во ревијалната трката со стари велосипеди.
На изложбата на стари велосипеди во организација на здружението на велосипедисти од Прилеп, беа доделани и симболични награди: за најстар велосипед и најдобро реставриран велосипед.

9

10

 

ФОТО: Пристигнаа новите банкноти од 200 и 2000 денари

Подготовките за издавање на парите се уште се во тек, а одлука за официјално пуштање во промет треба да донесе Советот на Народната Банка. Се уште не се знае кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред. Од Народната Банка велат дека веќе избрале компанија која е задолжена за печатење на парите.
„Избрана е печатарска компанија со која веќе е потпишан договор. Планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња од секој апоен. Согласно досегашната динамика, се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година, после донесувањето на соодветна одлука за пуштање во оптек“ – велат од НБМ.
Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени. Ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци, како и зајакнати рабови против физички оштетувања.
Одлуката за печатење на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари беше оценета како правилна, направена со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, ако се знае дека тие многу ретко ја користат 5.000-ката.
1016874_10203914660361953_2879464923018853746_n-640x309

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

10500326_10203914660841965_8740526900939801551_n-620x299

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

10411110_10203914661441980_2893971364318031844_n-620x282

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

10422527_10203914662642010_2804793242668173681_n-620x281

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

ФОТО: Зоолошка во која луѓето се во кафези, а животните шетаат слободно!

Зоолошката градина Лехе која се наоѓа во Кина е една од ретките во светот каде луѓето ја разгледуваат со возила. Причината за тоа е фактот што овде животните се тие кои шетаат слободно, а луѓето се возат во кафези за да ги видат.

zoloska2

Во возилата има мал отвор низ кој луѓето можат да им даваат храна на тигрите, мечките и другите жители на зоолошката. Таму може да се најдат и ретки видови на животни како бели и бенгалски тигри.

Службеник во зоолошката градина изјавил: „Сакавме на нашите посетители да ум овозможиме да го почувствуваат возбудувањето во ситуација кога би ги бркала голема мачка, но притоа ризикот да биде отстранет“, пренесува Дејли Меил.

Ова место е вистински хит меѓу туристите и билетите за влез се распродадени 3 месеци однапред. Според нив, ова е похуман пристап кон животните кои живеат во заробеништво.

received_10209314460409990

received_10209314459609970

received_10209314458729948