Samsung подготвува два модели Galaxy S8

screenshot_5-33

По грешката наречена Note7, од Samsung одлучија да не го произведуваат повеќе овој мобилен телефон и компанијата ги повика сите корисници да го вратат во салоните од кои го купиле. Освен огромната финансиска загуба, Note7 и нанесе штета и на репутацијата на компанијата која е лидер на пазарот за мобилни телефони.

Во Samsung веќе се изгради стратегија со која повторно и другата година ќе го освојат пазарот, односно производство на нови телефони кои ќе бидат наследници на Galaxy S7 и S7 Edge.

На “Бизнис инсајдер”, се соопштуваат најважните карактеристики кои би ги имале новите мобилни телефони. Секако, овие информации сеуште не се официјално потврдени.

Ако се овие гласини вистинити, следната година Samsung би требало да претстават два нови модели Galaxy S8.

МАРКУКУЛЕ.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.