дома блог страница 5102

Урнебесно – погледнете како Аца Лукас падна од стол на сред емисија (ВИДЕО)

Фолк пејачот Аца Лукас е главен актер на урнебесната видое снимка која на социјалните мрежи ја постави Марија Шерифовиќ.

 

aca

Имено Марија на инстаграм објави видео настанато на снимањето на емисија на која се гледа како Аца Лукас паѓа од столицата.

Додека ги оценувал пејачите, Аца ги кренал нозете на масата, но не очекувал дека во следниот момент ќе се преврти. Лукас падна и ги исплаши, но и насмена публиката и сите останати во студиото.

Јелена Карлеуша и Вики дошле да му помогнат, но тој им објаснил дека се  е во ред.

Вака би изгледал животот по нуклеарна војна

bomba_main-900x600-696x398

Рускиот водител Димитри Киселјов ја предупреди Америка дека секое сериозно непочитување насочено кон Москва, може да има “нуклеарни импликации”.

Ова предупредување стигна откако американскиот Државен Секретар Џон Кери изјави дека Русија и Сирија мора да се соочат со истрага за воени злосторства поради неодамнешните напади над сириски цивили.

Овие постојани “препукувања” со различни коментари меѓу Русија и САД, воопшто не се наивни ако се земе предвид дека се тоа земји кои поседуваат огромен нуклеарен арсенал кој би можел да го уништи целиот свет.

Што би се случило со планетата доколку дојде до нуклеарна војна ? Односно какви последици би имале врз животот доколку во нашата непосредна околина се случат нуклеарни експлозии како онаа во Хирошима ?

  • Во атмосферата би имало пет мегатони црн јаглерод, кој е производ на пожари. Пред да падне на земјата тој ќе ја апсорбира сончевата топлина, а дел од него ќе се врати на Земјата како нуклеарен дожд .
  • Само по една година температурата на земјата ќе падне за 17 степени целзиусови а ќе треба да поминат 20 години за да температурата се врати во нормала.
  • 2 до 6 години по војната, уништена би била 40% од светската вегетација.
  • Озонската обвивка која ја заштитува земјата би ја “изеле” хемиски реакции.
  • Намалувањето на озонската обвивка би имало уште една импликација- зголемување на заболени од рак а одредени растенија би можеле целосно да исчезнат.
  • На светот би имало околу 2 милјарди гладни луѓе а по 2000 луѓе ќе умираат во ден.

МАРКУКУЛЕ.МК

Куќа која можете да ја носите со себе каде сакате

kodasema-696x398

Естонската компанија “Кодасема” измисли нова еднособна куќа која е наменета за луѓето кои многу патуваат. Куќата се расклопува и може да се состави за неколку часа.

Овој производ се нарекува “Кода” и расклопен се простира на 80 квадратни метри. Содржи дневна соба, купатило, куња и спална соба. Доколку е потребно повеќе простор може да се направи и дополнителна структура.

Се што е потребно е куќата да се поврзи на водовод, канализација и струја.

На горниот дел се наоѓаат панели кои ја прават куќата економична. Моменталната цена е 95.000 долари.

2 3 4 5 6

МАРКУКУЛЕ.МК

Успешно раздвоени сијамските близначиња кои беа споени со главите!

Енијас и Џејдон МекДоналд се 13 месечни близначиња кои се родиле споени со главите. Нивните родители морале да ја донесат најтешката одлука пред која ни еден родител не би требало да биде поставен – да се согласат на операција за раздвојување на децата, која е исклучително ризична. Во спротивно, нивниот животен век би бил многу краток!

 

bliz

Бебињата се родени на 9 септември 2015 година, со споени глави на начин кој се појавува еднаш во 2,5 милиони случаи!

Операцијата ја извршил искусниот доктор Џејмс Гудриџ кој зад себе има бројни успешни операции на раздвојување на сијамски близнаци.

Оперирани се во Монтефиоре медицинскиот центар во Њујорк, а операцијата траела 16 часа.

Утрово нивната мајка во 5 часот на фејсбук напиша дека операцијата била успешна.

– Во еден момент доктор Гудриџ зборуваше за опција да се запре целата работа бидејќи ризикот е преголем, но се појави шанса која ја искористи и излезе дека правилно постапил. Следните неколку месеци ќе бидат критични за опоравувањето и неколку недели нема да знаеме како Аниас и Џејдон ќе заздравуваат – напиша нивната мајка.

Таа додава дека едно од децата е во подобра состојба но другото веројатно ќе има проблеми.

Доктор Гудриџ пред операцијата изјави дека децата нема да имаат проблеми со говорот, но постои можност движењето да биде отежнато.

Операцијата која чинела 2,5 милиони долари ќе ја покрие осигурувањето – пишуваат американските медиуми.

Ова беше 59-тата операција за раздвојување на сијамски близнаци во светот, од 1952 година.

 

 

 

Ќерката на Цеца во врска со еден од најдобрите светски кошаркари?

anastasija-raznatovic-teodosic-620x350-640x362

Откако раскина со Костадин Терзиќ, Анастасија Ражнатовиќ утеха пронашла во ново момче, а како што тврди српски Блиц, ќерката на Цеца е наводно во врска со еден од најдобрите светски кошаркари Милош Теодосиќ.

Анастасија неодамна била во Москва за да се види со Милош кој игра за руска ЦСКА.

Од друга страна, портпаролот на популарниот Тео вели дека српскиот репрезентативец не дава изјави за приватниот живот.

МАРКУКУЛЕ АНКЕТА: Дали поддржувате истополови бракови и хомосексуални парови?

Изминатиот период, фасцинирани од брилијантните претстави на прилепскиот фудбалски мајстор, Илија Несторовски, во тимот на Палермо, ги запрашавме нашите читатели дали Иле заслужува прва постава во македонската фудбалска репрезентација.

На анкетата речиси едногласно, 88% од читателите сметаат дека Несторовски го заслужува првото место во фудбалската репрезентација, а тој возврати со два погодоци против Израел и Италија и го докажа својот страшен капацитет и потенцијал.

Во нередниот период ќе провериме една тема на која често пати се развиваат дискусии и расправи.

Ќе ги запрашаме нашите читатели: “Дали поддржувате истополови бракови и хомосексуални парови?”

[democracy id=”17″]

НЕСТОРОВСКИ ГЛАВНА ЅВЕЗДА ВО ПАЛЕРМО: Редици фанови чекаа да се сликаат со “НЕСТОР-ГОЛ”(ФОТО)

1

Прилепскиот бомбардер со неверојатните неколку партии во дресот на Палермо, го привлече вниманието и симпатиите на сите навивачи на клубот од Сицилија.

Момчето што на почетокот од сезоната, кога се реализираше неговиот трансфер од Интер Запрешич, кај фановите на Палермо беше познат како “Нестор-кој?”, денес е познат како “Нестор-гол”.

На денешниот ден со Илија Несторовски, што клубот го организираше во фан шоп просториите, стотици фанови чекаа за потпис и фотографија со нашиот Иле.

14666137_10157593256210553_5267052711920621591_n

14670643_10157593255805553_8792252394578623202_n

14670734_10157593178895553_5506452801238265210_n

14670795_10157593255810553_2117960238740066568_n

Kој од познатите личности затајува данок ?

1

Само затоа што се богати и познати не значи дека сите од познатите личности си ги исполнуваат своите обврски кон државата. За некои од нив навистина ќе се изненадите.

Во 2012 година Линдзи Лохан не платила точно 233.904 долари федерален данок.

lindsay-lohan

Шпанската принцеза Кристина беше обвинувана за повеќе криминални дела како перење на пари и даночна измама пред шпанските судови.

3

Во 2009 година беше објавено дека познатиот холивудски актер Николас Кејџ има затаено точно 6.2 милиони долари федерален данок.

3-nicolas-cage

Познатиот пеач Ози Озборн и неговата сопруга Шерон затаиле 1.7 милиони долари.

Ова се само дел од мозаикот на познати личности кои вршат кривични дела, оваа листа нема крај.

МАРКУКУЛЕ.МК

Прилепскиот Стојанче Стоилов расте и созрева во РК Прилеп: Интервју со Методи Илиески

Ракометниот ген и талентот во неговото семејство не се ништо ново. Методи Илиески е вистински ракометен потенцијал и вистински наследник на Стојанче Стоилов во македонската ракометна репрезентација.

14658408_1305036102842436_612684032_n

Кога се роди љубовта за спортот и зошто баш ракометот стана твој избор ?

Љубовта кон спортот кај мене постои одкога знам за себе. Уште како мал моја единствена играчка беше топката. За изборот на ракометот пресудно беше тоа што во мојата потесна фамилија има две личности кои придонеле за развојот на ракометот во Прилеп, а тоа се: мојот чичко Страшо Илиески и мојата тетка Весна Оханесјан.

Колку ти беше тешко да се навикнеш на спортскиот режим и начин на живот? 

Тешко не беше, јас цело време успевам да се навикнам на тој строг режим и животот ми е насочен кон тоа да успеам и се надевам дека во иднина би ми се исплатило тоа.

Кој е твој мотиватор и поддршка ? На кого го должиш својот напредок ?

Мотиваторот да успеам и поддршка за тоа е моето семејство, моите најблиски, кои секогаш се тука за мене. Мојот напредок го должам на мојот чичко, тетка, тетин, кои цело време, секој од свој аспект, ми кажуваат како да продолжам понатаму, укажувајќи ми на секоја грешка и пофалувајќи ме за секој чекор понатаму.

14694732_1305036539509059_1135070951_n

Настапуваш за екипата на РК Прилеп. Како си задоволен од организацијата во екипата, колкава шанса добиваат младите играчи и какви се перспективите на клубот?

Да бидеш дел од тимот на РК Прилеп е привилегија за секого, а посебно за мене. Секој треба да ја искористи шансата кога им се дава безрезервно, до крај, без разлика дали си повреден, пофален. Доколку се продолжи со ваква стратегија на клубот мислам дека перспективата на клубот се движи во нагорна линија. Во летниот период 2016 настапував за кадетската репрезентација на Македонија со која настапив на Европското првенство во Варна Бугарија, каде што помогнав со моето учество и постагнати три гола, да се дојде до резултатот 4 место.

Ти си млад ракометар и цела кариера е пред тебе. Кои се твоите планови за во иднина, каде се гледаш за 10 години ?

Моите планови за иднината се да студирам и да успеам како спортист, без цена на слободното време кое ќе го нема и за 10 год. Се надевам дека ќе ја искористам секоја шанса која ќе ми биде понудена надевајќи се дека ќе успеам во тоа.

Кој е твојот ракометен идол ?

Ракометен идол ми е Стојанче Стоилов, еден од најзаслужните за ракометните успеси во Македонија.

14694637_1305036086175771_2049016025_n

Како успеваш како млад човек да избалансираш живот на еден спортист со она што е нормалноза еден 18 годишник – излегувања, дружење?

За да го избалансирам животот на еден 18 годишник се откажувам од дружби и излегувања, сето проследено со правилна исхрана, редовен режим и др.

За крај кажи ни кој е патот до успехот според тебе ?

Патот до успехот: упорност, издржливост на се што ќе ти се случува, некогаш горе другпат долу, почитување на тренери, селектори, само така успехот ќе си дојде сам.

 

ОПЕРАЦИЈА ВО ЖИВО: Жан Митрев во живо емитуваше изведување на операција на срце преку ФБ!

Еден од најдобрите кардиохирурзи во Европа, сопственик на приватната клиничка болница „Филип Втори“ денес во живо емитуваше оперирање на срце кај пациент. Нема да коментираме повеќе, оставаме маестрото да продолжи: