дома блог страница 5099

Победа за ППК Младост во второто коло од Супер лигата

20161016_140627

Во второто коло од Супер лигата на Македонија во пинг-понг, екипата на “Младост 96” ја извојува својата прва победа. Победена е екипата на “Радовиш” со резултат 5-4. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, во кој играчите на “Младост 96” покажаа повеќе смиреност и умешност. По две победи извојуваа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, додека една победа имаше Александар Штаргоски. Оваа победа е одличен мотив за младите пингпонгари за понатамошни добри игри и поволни резултати и во наредните кола. Во третото коло ППК “Младост 96” ќе гостува во Скопје на екипата на “Телеком Нец”.

Поради еден пост на „Фејсбук“, загубиле сѐ што имале

Беки Знек и нејзиниот свршеник Марк Хигинс ги изгубиле сите работи што ги поседуваат откако, за да се преселат ангажирале компанија која ја пронашле на „Фејсбук“.

ograbeni-520x302

– Го најдов профилот на „Фејсбук“ каде што имаа доста позитивни оцени и коментари. Се договорив со мојот свршеник и ги повикавме. Дојдоа навреме, како што се договоривме, а за околу еден час веќе спакуваа сѐ што имавме, раскажала Беки.

Дел од работите биле во кутии, а другите парчиња мебел и останатите предмети ги замотале во заштитна пластика. За кратко луѓето кои ги ангажирале им рекле дека се брзаат и дека имаат друга обврска за еден час, што набрзо откриле дека е лага.

– Поминаа околу 45 минути откако тргнаа со возилото полно со нашите работи од станот, но нив се уште ги немаше пред адресата која им ја дадовме. Ги барав повеќе од 40 пати на телефон, но не успев да ги добијам, изјавила Беки.

Во својот нов дом тие останале само со 7-месечното бебе помеѓу празни ѕидови. Целата заштеда која ја имале претходно ја инвестирале за да отворат кафуле.

– Некои луѓе ни помогнаа со тоа што ни донираа мебел, но сепак сеуште ги немеме сите неопходни работи за домот. Освен работите вредни околу 11 000 евра, ние изгубивме и наши спомени, фотографии, драги предмети и подароци. Сето тоа го однесоа со своето комбе крадците од лажната фирма за селење, завршила Беки.

Случајот го пријавиле во полиција, која работи на откривањето на овие криминалци.

 

Мистериозна болест: Што се случува со Лионел Меси? (ВИДЕО)

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси уште еднаш потсети на лошите моменти од кои страдаше од мистериозна болест и повраќање на теренот.

 

mesi

Аргентинецот плукаше и кашлаше на клупата пред да се појави во игра во дуелот со Депортиво Ла Коруња, иако постигна гол три минути откако влезе во игра.

 

 

РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Ова се најубавите мали градови во светот

goreme2-696x400

Некаде меѓу недопрени и ненаселени долини и урбаните средства на метрополите, сместени се градчиња кои можеби не привлекуваат милиони туристи и немаат атракции кои ги нудат големите градови, меѓутоа претставуваат вистински рај на планетава.

Тоа се мали дестинации кои редовно воодушевуваат стотина туристи и никогаш не разочаруваат. Во продолжение погледнете за што станува збор.

Марсакслок, Малта

malta

Алберобело, Италија

italija

Монсанто, Португалија

monsanto

Хои Ан, Виетнам

hoi-an

Село Данба, Тибет

danba

Реине, Норвешка

reine

 

МАРКУКУЛЕ.МК

Застрашувачки пророштва кои веќе се оствариле

plane-crash-scenes-knowing-696x398

Иако до сега голем дел од пророштвата, особено оние кои се однесуваат на крајот на светот, не се оствариле, во историјата забележани се неколку случаи во кои видовитите луѓе биле во право.

-Трагедијата која се случи на 11 септември 2001 година, кога терористи на Ал Каеда превзедоа патнички авиони и го срушија Светскиот трговски центар, однесе многу животи. Меѓутоа, Барет Нејлор преживеа. Патуваќи кон своето работно место кое се наоѓало во кулите близначки, како што вели тој, го послушал својот внатрешен глас и ја избегнал смртта. Кога се вратил дома, го видел неговото работно место во пламен, пишува “The Sun”.

5970-linkoln-580x326

Абрахам Линколн точно ја предвидел својата смрт. Поранешниот претседател на САД сонувал дека присуствува на погреб во Белата куќа. Кога прашал за кого е погребот, му одговориле: “За претседателот”. Неговиот сон се остварил по кратко време.

-Многу пророштва на францускиот филозоф Нострадамус се оствариле. Неговите напишани пророштва се интерпретирани на различни начини,  а многу сметаат дека тој точно предвидел и падови на авиони.

-Психоаналитичарот Карл Јунг ја предвидел Првата Светска Војна. Во сонот видел море од крв и ровови од Алпите до Северното море. Војната започнала еден месец од неговиот сон.

10293-hitler-580x0

Нострадамус наводно го предвидел и Хитлер. Како што се опишува во неговите пророштва: “Од сиромаштија ќе се издигне моќен човек на исток, кој ќе живее во Германија и ќе има голема улога во големата војна”.

Нострадамус ги предвидел и атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.

16097-titanik-580x0

Многу луѓе тврдат дека го предвиделе тонењето на Титаник, а меѓу нив е и Ен Ворд. Таа била собарка која одбила да се качи на бродот бидеќи била убедена дека нешто лошо ќе се случи.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

Овие симптоми ве предупредуваат дека стресот полека ве убива !

kosa-glava-ff-e1466341015943-600x364

Прераното обелување на косата се случува поради неподносливиот стрес или генетски. Денес дури и млади луѓе од 20 години имаат бела коса.

Други симптоми се :

Лупање на срцето : стресот доведува до непријатност и анксиозност, што може да доведи до хипертензија. Силното чукање на срцето е еден од главните знаци на хипертензија. Доколку можете да го слушнете чукањето на срцето, тогаш мора да посетите лекар.

Главоболка : дали некогаш сте слушнале за “главоболка поради напнатост”. Преголем стрес може да доведе и до голема главоболка.

Крв од носот: може да се случи вашиот крвен притисок изненадно да се покачи, без предупредување. Природен одбрамбен механизам на телото е да испушти крв од носот, поради контрола на крвниот притисок.

Паѓање на косата: Во современиот живот, сресот е еден од главните причини за губење на косата. Можеме да видиме прерано појавување на ќелавост на многу луѓе во своите дваесетти години.

 

ВИДЕО: Околу 40.000 граѓани на масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ

Околу 40.000 граѓани од цела Македонија излегоа на масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува денеска.

 

boris-4-640x357

Реки од народ се упатија кон СЦ Борис Трајковски и пеејќи народни песни и’ даваат поддршка на владејачката партија.

boris-2-640x383

Целиот простор пред СЦБТ е веќе речиси исполнет, а групи на граѓани продолжуваат да доаѓаат од сите страни. Упатените велат дека доколку собирот бил на отворено, тогаш бројката би била и поголема, со оглед на ограничениот простор во салата.

boris-3

tri-2-640x360

dva-2-640x360

Внатрешноста на СЦБТ е целосно исполнета.

Понеделник е неработен ден

fwe4fwragehltelshprljplhyt

По празникот 11 Октомври останаа само уште два неработни дена до крајот на оваа година.

Неработни се 23 Октомври, Денот на македонската ревулуционерна борба, кој воедно е и последниот продолжен викенд за годинава, како и  08 декември кога се празнува “Св. Климент Охридски”

 

ВИДЕО: Турска обожавателка сподели досега невидена снимка од Тоше

fwtgerhatrj

Навршија девет долги години, откако засекогаш не напушти нашиот македонски славеј, човек со ангелско лице и глас, Тоше Проески. Денес (16.откромври) голем број обожаватели се потсетуваат на пејачот што остави врежана трага меѓу сите нас, како со своите песни, така и со хуманитарните дела по кои беше познат.

Имено, на официјалната фан страница од интернационални обожаватели на Тоше на Фејсбук се најде досега невидена снимка, а ја објави турска обожавателка.

Баш онаков каков го знаеме, непосреден, мил, со широко срце, благороден, полн со љубов за секого… Седнат во кафеана, распеан на маса.

Велеше „Не сакам да ми симнувате капа, сакам само да се гордеете со мене“, а ние би додале дека засекогаш сме твои -потпишуваме!

Погледнете:

Суеверие или не : Дали скршеното огледало носи 7 години несреќа ?

depresija-1-ff-e1468400627586-600x364

На сите им е позната изреката: скршено огледало носи 7 години несреќа.

Постојат две верзии на ова верување.

Некогаш огледалата претставувале вистинска реткост.

Технологијата која се употребува за правење на денешните огледала не е толку стара. Во далечното минато постоеле огледала, но не било лесно да се направат. За изработка на овие огледала се користеле ретки материјали, како вулканско стакло.

Дури и да го имале целиот потребен материја, требало да поседуваат посебна технологија за производство, која се криела од јавноста. Од овие причини ретки биле луѓето кои поседувале огледала дома. Па така верувањето дека скршено огледало носи 7 години несреќа се појавило со цел луѓето да бидат претпазливи и да ги чуваат огледалата од оштетување.

Втората верзија од ова верување потекнува од старите римјани. Тие верувале дека огледалото ја зема човековата душа.

Старите римјани го имале ова верување бидеќи човекот во огледалото може да го види своето лице.

Затоа, кога ќе се скршело огледалото се сметало дека еден дел од душата на човекот ќе остане заробен во него.

 

МАРКУКУЛЕ.МК