Суеверие или не : Дали скршеното огледало носи 7 години несреќа ?

depresija-1-ff-e1468400627586-600x364

На сите им е позната изреката: скршено огледало носи 7 години несреќа.

Постојат две верзии на ова верување.

Некогаш огледалата претставувале вистинска реткост.

Технологијата која се употребува за правење на денешните огледала не е толку стара. Во далечното минато постоеле огледала, но не било лесно да се направат. За изработка на овие огледала се користеле ретки материјали, како вулканско стакло.

Дури и да го имале целиот потребен материја, требало да поседуваат посебна технологија за производство, која се криела од јавноста. Од овие причини ретки биле луѓето кои поседувале огледала дома. Па така верувањето дека скршено огледало носи 7 години несреќа се појавило со цел луѓето да бидат претпазливи и да ги чуваат огледалата од оштетување.

Втората верзија од ова верување потекнува од старите римјани. Тие верувале дека огледалото ја зема човековата душа.

Старите римјани го имале ова верување бидеќи човекот во огледалото може да го види своето лице.

Затоа, кога ќе се скршело огледалото се сметало дека еден дел од душата на човекот ќе остане заробен во него.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.