дома блог страница 5097

РЕЦЕПТ КОЈ ПРАВИ ЧУДА: Пред спиење ставете го ова под јазикот и наутро ќе бидете како нови

Овој хормон го нарекуваат и хормон на спиењето. Тој управува со нашиот биолошки часовник, а засилено се лачи навечер и во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото, производството на мелатонин се намалува и ние се будиме.

411534-pred-spienje-stavete-go-ova-pod-jazikot-i-nautro-kje-bidete-kako-novi

Станува збор за мешавина од мед и розова хималајска сол која пред спиење се става под јазикот. Оваа сол е навистина посебна, таа му помага на нашето тело да стане алкално и така поуспешно се бори против разни болести.

Исто така, помага во регулацијата на серотонин, што е многу важно во борбата против депресија. Серотонинот е невротрансмитерска хемикалија која ги регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот и болката, а управува и со нашето однесување, крвниот притисок и дишењето.

Кога балансот на серотонинот во телото е нарушен, доаѓа до депресија и останати нарушувања во однесувањето, на пример нарушување во спиењето.

Овој хормон го нарекуваат и хормон на спиењето. Тој управува со нашиот биолошки часовник, а засилено се лачи навечер и во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото, производството на мелатонин се намалува и ние се будиме.

Освен тоа, мелотонинот го штити нашето тело од слободни радикали и кардиоваскуларни болести, го забавува стареењето бидејќи ги подмладува клетките и ја намалува шансата од развој на болести врзани со староста. Инаку, како што старееме, нашето тело се’ помалку го излачува и тоа е причината зошто децата спијат повеќе, а возрасните луѓе помалку.

Рецепт за смесата од мед и хималајска сол

Измешајте пет лажички мед со една лажичка сол и ставете го тоа во тегла. Секоја вечер пред спиење ставете малку од смесата под јазикот.

 

ВИДЕО: Среќата на ова дете и вас ќе ви го разубави денот

Детската среќа е бесценета, а толку малку е потребно да усреќиш дете.

 

srekno-detence

Така ова мало момче за прв пат во животот отиде да гледа трки и не можеше да ја сокрие огромната возбуда.

Неговата реакција и вас ќе ви го разубави денот.

 

Најмладата натпреварувачка во Пинкови ѕвездички: Петгодишната Јована со својот настап го воодушеви регионот! (ВИДЕО)

Ако некој успеал преку ноќ да привлече големо внимание во музичкиот натпевар „Пинкови ѕвездички“, тогаш тоа е секако петгодишната Јована Радоњиќ.

d56g4t43h4f3yhj

Ова преслатко девојче потврда за својата популарност добива и на Јутјуб.

 

За само 24 часа нејзиниот настап во најпопуларниот музички натпревар забележал повеќе од 150.000 прегледи. И не само нејзиното изведување на песната „Дајре“ привлекло големо внимание, туку и нејзината комуникација со членовите на жирито, која исто така на осебен начин има повеќе од 100.000 прегледи.

Хороскопот и домот: Неколку астролошки насоки, за да го направите домот уште поудобен

hor-1-640x373

Домот е просторот од кој црпиме енергија. Преку неколку астролошки насоки, направете го уште поудобен, а во исто време препознајте ги сопствениците на домовите според хороскопскиот знак.

Овен

Овновите се секогаш во движење, па местото на нивниот стан е блиску до некој стадион или игралиште. Просторот често го претвораат во уметничко ателје. Битно им е да се чувствуваат  слободни и свои на своето.

Бик

Биковите сакаат уреден и сигурен дом. Како вистински хедонисти, најчесто се одлучуваат за природно дрво и топли бои, створени за уживање.

Близнаци

Близнаците тешко можете да ги најдете дома, па затоа местото на живеење често им е блиску до центарот на случувањата. Најдобро се чувствуваат во простор со разновидни креативни украси и детали.

Рак

Вистинските Ракови сакаат дом полн со ситни предмети, антиквитети и семејни слики во рамки. Најважно им е во домот да владее хармонија.

Лав

Лавовите најубаво се чувствуваат во раскошни, кралски опремени станови исполнети со украси и кристали и уметност. За опремување на домот не им е проблем да потрошат повеќе пари.

Девица

Основно правило за Девиците во домот е: едноставен, но посебен. Практичноста и функционалноста им е поважна од естетиката.

Вага

Вагите ја ценат естетиката и во својот дом сакаат префинети и квалитетни материјали. Сè мора да биде стилски усогласено и удобно. Важен украс им е цвеќето.

Скорпија

Сакаат едноставни геометриски форми со бајковити декоративни елементи. Домот им е нивно бегство од реалноста.

Стрелец

Главните услови за Стрелците се добро искористен простор и престижен кварт. Ускладеноста на боите не им е толку важна, а сакаат драгоцени стари предмети кои зрачат со посебна енергија.

Јарец

Амбициозните Јарци сакаат во домот сè да биде добро осмислено и ускладено, па средувањето му го препуштаат на внатрешен дизајнер. Преферираат класичен стил со модерен дизајн.

Водолија

Водолиите сакаат современ стан со модерни дизајнерски решенија. Им се допаѓа минималистичкиот стил кој ја изразува нивната иновативност и индивидуалност.

Риби

Необичен стан со мек мебел и топли теписи е совршен за Рибите – сонувачи. Камините им создаваат чувство на топол дом, а посебна важност имаат завесите и перничињата во пастелни бои, како и полиците за книги.

Пратениците изгласаа распуштање на Собранието

Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за распуштање на Парламентот. За одлуката гласаа 110 пратеници. Немаше против и воздржан.

 

sobranie-raspustanje-640x479

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски му порача на следниот состав на Парламентот да продолжат да ја градат Република Македонија и да ја зачуваат онакава за каква што се бореле генерации Македонци.

– Следните 50 дена како никогаш досега ќе бидат клучни за тоа дали РМ ќе чекори кон патека која што ќе значи стабилност или ќе дозволиме на разноразни удбашки структури повторно да ја повлечат оваа држава во сомнителен колосек, рече Димовски.

Додаде дека граѓаните на РМ ќе застанат зад онаа политика која што значи отворање на десетици и десетици илјадни работни места.

Граѓаните на РМ, нагласи тој, ќе гласаат за онаа политика која што значи буквална реизградба на целата патна инфраструктура во РМ.

– Граѓаните на РМ без разлика на својата етничка или религиозна припадност не прифаќаат ниту обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку ткн. експерти всушност поранешни министри во владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување страв дека банките во РМ штотуку не пропаднале, рече меѓу другото Димовски, додавајчи оти граѓаните на РМ, исто така, не залсужуваат да гледаат физички напади врз припадниците на МВР, онака како што видовме од претставници на една политичка партија.

Димовски истакна дека граѓаните на РМ никогаш нема да поддржат политика која што значи виткање на кичмата и калкуилирање, како што рече, со националниот идентитет на македонскиот народ и со името на РМ онака како што лидерот на СДСМ неколкупати во минатите неколку годни наназад кажа дека има намера да направи.

– Граѓаните на РМ нема да поддржат и не поддржуваат пазарење со внатрешните меѓуетнички односи и пазарење со уставното уредување на оваа држава онака како што видни претставници на СДСМ кои директно кои индиректно најавуваат дека планираат да направат во следниот период. Граѓаните на РМ не сакаат повеќе со оваа држава да маневрираат, да манипулираат и да ја уценуваат разноразни припадници на безбедносните служби од минатиот систем којшто до ден денеска неказнети за жал ја малтретираат целата држава, коишто за жал учествуваа и во следењето на многу политички претставници од почетокот на 90-тите години коишто учествуваа во креирање на „Глемото уво“, кои учествуваа во креирање на воениот конфлкт во РМ, коишто очигледно учествувале во креирањето и прислушувањето во минатите неколку години и коишто денеска рамо до рамо и тука во Парламентот и надвор од Парламентот со истите удбашки методи се обидуваат да ја уценуваат целата држава, рече меѓу другото од говорницата Димовски.

 

Тој изрази надеж дека неговите колеги од СДСМ, како што рече, после два дена, четири, пет, десет дена или на пет дена пред изборите нема да трчаат по странските амбасади да бараат помош некој да ги спасува од сигурен изборен пораз заради тоа што овојпат, истакна, македонскиот народ и граѓаните на РМ ќе се борат оваа држава да продолжи да привлекува странски инвестиции, да продолжи да отвора нови фабрики онака како што минатите денови се отворија во Охрид, Велес, онака како што работат веќе во Штип, Кочани, Струмица, Бунарџиќ, Битола, Кавадарци.

Рената Дескоска пратеник од СДСМ во обраќањето нагласи дека очекува на 11 декември да има избори кои ќе бидат слободни, фер и демократски.

На изборите на 11 декември, рече таа, не смее да се гласа со лажни лични карти, не смее гласачи да шетаат и да гласат на повеќе гласачки места, не смее да има притисоци, закани и уцени на избирачи.

– На крајот на овој невообичаен, краток и турбулентен мандат ќе ги сумираме впечатоците кој за што се залагал, борел, кој што штител. Ние што се залагавме за враќање на демократијата во РМ, за враќање на парите кај граѓаните, за заштитата на човековите права, за казнување на криминалците. Ќе продолжиме да се бориме за тие вредности и заедно со граѓаните на 11 декември ќе се избориме за подобра иднина, за поправедна Македонија, рече меѓу другото Дескоска.

Формирањето на СЈО, потенцира таа, е првиот знак за нивната заложба за казнување на криминалот и криминалците да одговараат.

Пратеничката Солза Грчева не очекува промени, барем, како што рече, какви што им се потребни на граѓаните. – Целиот пржински процес не е инклузивен. Не доведе во ситуација Македонија да нема избор. Денес имаме запечатено време на партии жедни за власт, рече Грчева.

За пратеничката Роза Топузова Каревска денеска после сите турбуленции и асистенции завршува еден од најконтроверзните мандати од осамостојувањето на РМ. Во четири парламентарни состави како пратеник, подвлече таа, секогаш се залагала за јак парламентарен систем, за полн дигнитет на пратениците, и парламентот да биде вистински храм на демократијата, глас на народот затоа што граѓаните треба да ни бидат пред се, а државните интереси секогаш над партиските.

Според пратеникот од ДУИ Рафис Аљити на Република Македонија и треба нова визија и треба да оди по друг пат, пат, подвлече, на решавање на проблемите со кои се соочува. Граѓаните, истакна, очекуваат Македонија да биде дел од НАТО и од ЕУ и да ги постигне потребните стандарди. Аљити изрази верување дека ќе дојде време, како што рече, Албанец да претседава со пленарните седници на Собранието на Република Македонија.

Говорејќи за добрите работи, но и за пропустите кои ги има направено овој парламентарен состав, Аљити истакна дека се донесени два многу значајни закони за Албанците, а тоа се  официјализација на тетовскиот Универзитет и основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Не успеавме да ја расветлиме аферата со прислушувањето – кој прислушуваше, како и случајот „Монструм“. Имаме одговорност и во оваа насока, рече од говорницата Аљити и додаде оти останува идниот парламентарен состав да пристапи со поголема сериозност и да се расветлат овие случаи до крај.

ИМА НАДЕЖ ЗА ЧОВЕШТВОТО: Му направија целосна тансформација на овој бездомник

1

Ако можеби ве напуштила вербата дека постојат добри луѓе, она што ќе го прочитате во овој текст ќе ви го покаже спротивното.

Чуман Дон Лусијано живее во Перу, болен е од шизофренија и поголем дел од времето го поминува на улица.

prosjak-1

Иако има свое семејство, поради болеста повеќе му одговара животот на улица.  Луѓето од Фефенфафеу каде што живее и тој, одлучиле да му помогнат и да го средат.

Тие го избањале, му ја скратиле косата и брадата и му подариле нова облека. Резултатите се како што гледате, неверојатни.

3

4

 

Населеното место Канатларци доби градинка

1

Дваесетина деца ќе бидат згрижени во новата градинка во н.м Канатларци, која денеска беше пуштена во употреба во присуство на заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Спасов истакна дека еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

2

„Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, се со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини. Мрежата на јавни детски градинки во наредниот период ќе биде проширена ширум земјата бидејќи наша заложба е сите деца да имаат можност за згрижување и воспитание, независно од местото на живеење, а ние како Министерство ќе направиме сè за тоа да им го овозможиме, посочи Спасов.

_mg_5094

Градоначалникот Ристески информираше дека општината вложила 300.000 денари за адаптација на просторот и за инвентарот.

„Новата градинка во населеното место Канатларци, го реши децинискиот проблем со згрижување на децата од претшколска возраст. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите, посочи градоначалникот Ристески.

4

Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески, денеска го посетија и просторот кој ќе биде наменет за граѓаните од третото доба, првиот дневен центар кој треба да се отвори во Прилеп во населбата Варош.

_mg_5074 _mg_5078 _mg_5099 _mg_5109 _mg_5113

ВИДЕО: Откриени тајните градови на Советскиот Сојуз

tesla-rusija-toranj-haarp-600x400

Советскиот сојуз дал голем допринос на светската архитектура, развивајќи различни правци- од конструктивизам до авангарда– и применувајќи необични решенија во многу сфери, без оглед на тоа дали се работи за стамбени комплекси или автобуски станици.

Меѓутоа, најинтересни се тајните градови и затворени објекти.

-Радарската база Скрунда-1

Потопениот советски затвор во каменоломот Рума во Естонија привлекува љубители на екстремното нуркање во неверојатно чиста вода. По затворањето на затворот, работните активности се прекинати и кратко потоа затворот е целосно потопен. Зградите и технологијата кои останале на дното претставуваат некој вид на подводен музеј.

Хорвинската болница во Москва.

“Кула Тесла” во Москва.

 

МАРКУКУЛЕ.МК

 

ВИДЕО – “Duo Voice” на прилепчанецот Денис Димоски сними нов фантастичен кавер

1

“Duo Voice”, музичкиот склоп на прилепчанецот Денис Димоски и Дино Хриџиќ, го објави своето второ кавер видео во кое на фантастичен начин се вклопени популарните хитови “Stitches” на Шон Мендес и “Wrecking Ball” на Мајли Сајрус.

Претходно двајцата студенти на Музичката академија во Скопје, објавија и кавер за песната “Hello” од Адел, што исто така звучеше неверојатно.

Инаку Денис и Дино се дел од проектот за улични музичари на општина Центар во Скопје, а Денис на публиката и е познат и по настапите и долгиот пат во ТВ шоуто “Пинкови Ѕвезди”.

Во продолжение  уживајте во новото видео на “Duo Voice”:

 

 

Пензионерите во Прилеп ќе добијат дневен центар за стари лица

Во прилепската населба Варош, дополнителниот заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска заедно со градоначалникот Марјан Ристески го означи почетокот на градежните работи за адаптација и уредување простор во локалната месна заедница за потребите на пензионерите.

 

prilep

-Денеска започнуваат градежните работи за реконструкција и адаптација на овој простор како Центар за пензионерите од Прилеп. Инвестицијата е целосно на Министерството за труд и социјална политика во износ од еден и пол милион денари. Од нив еден милион е за реновирање на просторот, а 500 000 денари се наменети за негово опремување. Очекувам овој простор да биде ставен во функција на крајот на оваа или во почетокот на наредната година, рече Спасов.
 Додаде дека грижата што ја води Владата за пензионерите е сеопфатна.
– Покрај зголемувањето на пензиите доосега, а зголемувањето на просечната пензија е вкупно за 70 проценти, како и годинашново зголемување што ќе се реализира во декември за 5 проценти, Владата во соработка со единиците на локалната самоуправа реализира и други проекти со цел континуирано подобрување на животот на пензионерите. Тука е изградбата на приватни домови за стари лица, државен дом за старите лица кој го најавивме и секако, отворањето на повеќе дневни центри за пензионери каде тие ќе може да се дружат и а го поминуваат своето време, а Сојузот на пензионерите да одржува состаноци, истакна Спасов.
Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески желбата била Здружението на пензионери да има свое катче во населбата Варош.
– Се инвестира во старата зграда на локалната заедница на најстарата прилепска населба Варош. Се реконструираат просториите од првиот кат и пензионерите ќе имаат свое катче. Заедно со здружението во прилеп имаме отворено уште четири вакви канцеларии за потребите на пензионерите, што значи сите поголеми прилепски населби имаат пензионерски клубови. Покрај овој простор во Варош, до крајот на годината треба да се адаптира уште еден во старата населба Корзо за потребите на пензионерите, потенцира Ристески.
Кирил Џалиески, претседател на прилепското Здружение на пензионери, истакна дека ова е 11. пензионерски клуб во трите општини од кои има членови во здружението.
– За да работи едно Здружение треба да има свои простории. А една од целите е отворањето клубови. Такви простории последниве години имаме отворено повеќе, благодарение на соработката што ја имаме со прилепската локална самоуправа. Во Прилеп се отворени четири простори за пензионерите, а пензионерски простор имаме и во општините Долнени и кривогаштани во соработка со тие локални самоуправи, рече Џалиески.