дома блог страница 5086

Какво време не очекува викендов?

treeinclouds

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните и во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во наредните три дена ќе преовладува претежно стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните без поголеми промени.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

3

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ,Билјана Вуковиќ, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој . Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, шратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија како и претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството денес ја посетија општина Кривогаштани. Делегацијата најпрвин беше пречекана од Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски кој ги запозна со реализираните проекти и активности на општината по што беше одржана средба со граѓаните и беше посетена изградбата на новиот сточен пазар во Кривогаштани кој е во завршна фаза од реализацијата. Потоа во населеното место Славеј беше одржана средба со населението кое досега се соочуваше со голем проблем кој благодарение на Министерството и Владата на РМ беше решен со давање на користење на петнаесет години на државно земјоделско земјиште. Покрај тоа поставени беа и други прашања на земјоделците.

1

2

4

Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

IMG_2779

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, општина Прилеп денеска по 17-ти пат ги отвори вратите за граѓаните. Основци, средношколци, извидници, пензионери, ракометари и заинтересирани граѓани денеска зачекорија на црвениот тепих и беа дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“.
Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерскиот систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општина. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.

[Best_Wordpress_Gallery id=”46″ gal_title=”Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните”]

Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“

Poster2

Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“, која годинава ќе се одржи по четврти пат, ќе с е одржи на 27 септември, недела. Како и претходните три години, центарот на Кавадарци е резервиран за историски автомобили и мотоцикли кои поминувале по истите улици пред повеќе од 30 години.

Настанот ќе го збогатат возила од целата држава, а организаторот ќе се погрижи да ја оправда гостопримливоста по која е позната Тиквешијата.

Учеството е бесплатно, а сите кои сакаат да го најават своето присуство можат да се пријават на телефонскиот број 070 239 423 и единствено што треба дан направат е да ги остават податоците за сопственикот и возилото.

Настанот ќе трае од 10 до 14 часот, со што учесниците треба да бидат во Кавадарци најдоцна до 9 и 30.

unnamed

ЕКСКЛУЗИВНО: ПАЦИЕНТКА И КОМШИВКА НА ПИРГАНОСКИ НЕОФИЦИЈАЛНО ГО ЗАПАЛИЛА НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ?!

pozar.jpg-500

НЕЗАДОВОЛНА ОД СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИОТ НАОД СО КОЈ СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА НЕСПОСОБНА ДА БИДЕ СТАРАТЕЛ НА СВИОТЕ 3 ДЕЦА ПАЦИЕНТКАТА ОДЛУЧИЛА ДА ГО НАПРАВИ ОВАЈ КРАЈНО НЕХУМАН ЧИН!!! ИСТАТА ВАЖЕЛА ЗА СТОРИТЕЛ НА НЕКОЛКУ СЛИЧНИ ДЕЛИКТИ!

СИТЕ КОРИСТИМЕ ВИБЕР: Дали сте го забележале ова?

vvvv

Апликацијата за размена на пораки преку Интернет, стигна до 570 милиони корисници и доби нова верзија. Вибер има промени кои го олеснуваат комуницирањето.

Постои опција за полесен видео контакт, да започнете видео повик дирекно од листата на пријатели.

Се делат добрите вибрации: Може да создавате групи за разговор.

Исто така има и нови начини за плаќање, преку новите вибер кредити.

Баба и Пелистер, Преспанско – Пелагониска бајка

8

Доколку сте љубители на алпинизмот, недопрената природа, и небесните височини, несомнено мора да ја посетите планинската убавица во Пелагонија, Баба Планина со нејзиниот највисок врв Пелистер (2.601 м).
Овој планински масив е пелагониското- преспанско природно ремек дело кое изобилува со многу ендемични видови од кои несомнено треба да се одвои Моликата или Белиот бор како растителен вид кој го има само на неколку места на Балканот.

2

3

Планинскиот масив Баба се наоѓа помеѓу двете котлини Преспанската и Пелагониската и има свој правец на протегање од север кон југ. Баба е млада верижна планина која се карактеризира со симетричен изглед.
На Баба Планина постојат 24 врвови сите повисоки од 2000 метри. Најзначајни од нив се : Пелистер (2.601 м), Илинден ( 2.542 м), Широка (2.218 м), Ветерница (2.468 м), Бела Вода (2.156 м). Од дел од овие врвови се гледаат Солунска Глава на север, Пелагонија и Кајмакчалан на исток како и Преспанското Езеро, Галичица и Јабланица на запад.
Искачувајќи ги овие висини допирате до до една мистична средина каде секој нов чекор е и ново откритие, секој изоден предел говори преку звуците на природата и ве привлекува уште повеќе да истражувате и да уживате во неверојатните пејсажи.

11

15

Планината нуди можност и за развивање на манастирскиот туризам. Над 50 манастири се дел од туристичката понуда, кои се наоѓаат на двете страни, од едната страна кон Битолско поле, а од другата страна кон Преспа.
Највисокиот планински врв на Баба Планина е Пелистер ( 2.601 м) кој претставува трет највисок планински масив во Република Македонија. Пелистер е синоним за Битола и Битолчани кои се гордеат на него. Извишен над Битола, Пелистер претставува природен убавец во сите годишни времиња особено во зимскиот период кога нуди можност за развој на зимските спортови. Од 1948 година Пелистер е прогласен за национален парк.

12

7

На Пелистер се наоѓаат двете глацијални езера Пелистерски Очи кои – Големото и Малото Езеро кои несомнено ја надополнуваат и така возбудливата авантура на овие предели. Пелистерските Очи познати и како “Горски Очи” ќе ве маѓепсаат со бистрината на водата и расцветана околина во пролет. Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за зањубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

13

14

Целата ова бајка пренесена преку текст е многу малку да ја долови оваа разиграност на природата која царува на овие предели. Затоа посетете ја Баба Планина и Пелистер и бидете сведоци од блиску, бидејќи рекле кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ќе дојде пак.

6

 

5

10

Пишува: Александар Георгиоски

Изложба „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

11

НУЦК ,,Марко Цепенков,, Прилеп

Во петок 25 септември 2015 година во целиот слободен простор на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде поставена изложбата ,,Ретроспектива,, од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски. Едновечерната ретроспектива на двајцата уметници, брачен пар, ќе започне во 19, а ќе заврши во 24 часот.
Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружно ќе има и видео записи.
Со изложбата ,,Ретроспектива,, ќе бидат одбележани 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.
Носител на проектот е НУ Музеј за современа уметност во соработка со ЦК,,Марко Цепенков,,. Автор на проектот, кој е поддржан од Министерството за култура е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

Податоци за авторите

Виолета Блажеска е родена во Охрид 1952 година. Академија за ликовни уметnости завршила во Приштина во 1980 година. Работела како професор во гимназијата во Прилеп.

Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Акадеmијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп.

Текст за изложбата од Марика Бочварова Плавевска
Од првите контакти остварени за време на студиите се насетува блискиот сензибилитет што понатаму ќе ги здружи во креативна смисла и во брачен живот. Грабулоски се обиде еден период да создава класични скулпторски решенија изработени во мермер, но исчекорот набрзо беше направен и се случи спојувањето на идејните решенија во кои акцентот беше ставен во комбинирањето на мермерот со други материја (стакло, дрво, метални мрежи, весници и.т.н) често како read made. Така нивниот концепт на директно интервенирање во природен, урбан, фабрички или галериски простор ги содржи веќе апсолвираните искуства на т.н. нова уметничка пракса, доминантна во претходните седма и осма деценија на бившите ју – сцени, но без идеолошко – политичка позадина. Едноставно се концентрираа на ликовното во неоколасичното негово доживување, каде што се истакнува неговото значење во сфаќање на процесот на дематеријализација на уметничкиот објект. Моментот на дематеријализација, поточно илузионистички замислените скулптурални елементи, проследено често со обработен звук ја дефинираше идејата за прифаќање на нивните повеќеслојни осмислени дела, поради можностите што максимално ги искористија во нивните зафати во различните амбиенти. Сместувајќи ги во широкиот спектар на постмодернистичките појави најлесно е да се споредат со раните и подоцнежните постконцептуалистички дискурси врзани за нашата уметничка сцена со што се поедностави начинот на класифицирање на идејни решенија, валоризирани како сегменти на актуелните случувања кај нас, па и наградени.
Првобитно беа забележани на релевантни изложби и интервенциите во Прилеп. Следуваше нивното вклучување во комплексот на проектни презентации – 1993 во Истанбул, во 1994 на Кутија на слики во Скопје, потоа низ Македонија со Ликовниот експеримент (кој траеше година ипол 1995/96), малку подоцна на 91/2 Нова македонска уметност -1995/96, партиципираа на Биеналето во Сао Паоло и Биеналето во Санкт Петербург, 1996. 2001 година ја одбележаа со мошне возбудливиот Крикот на глувонемиот (видео во чија креација учествуваше и ќерката Софија). Тука некаде се заокружува нивната интензивна продукција на креативен план, иако заморот не е нивна карактеристика, бидејќи континуирано се концентриранина експерименти врзани за нивниот ликовно имагинарен свет. За крај да споменеме дека на прилапчани им го подарија меморијално обликуваната инсталација (во Касарната ,,Мирче Ацев,, ) во која се обединети сеќавањата на борците од НОБ, и на оние кои загинаа на Карпалак.

ДОАЃА СНЕЖНА ЗИМА: Многу снег во Македонија!

Експертски тим од Управата за хидрометеоролошки работи подготви анализа за можните изгледи за времето во текот на сезоната есен- зима 2015-16.

zabrana-sneg

При тоа користени се податоци од УХМР, информации и продукти од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Националниот центар за атмосферски истражувања на САД како и останати расположиви центри. Колку и да е сезонската информација за времето со помала остварливост, сепак Управата, се одважи да за потребите на граѓаните и институциите во државата со сопствени ресусрси, знаење и искуство да подготви и воведе во својата операативна практика, ваква информација-која претставува сезонска рамка за можните изгледи за времето во Македонија во текот на есента (која календарски започна) и престојната зима.

Прогноза за месец октомври

Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена во однос на температурите и понатаму не очекува релативно топло време, меѓутоа со температури околу просекот за овој период од годината, а не екстремно високи како што беа во изминатиот период. Најтопло се очекува во втората недела од прогнозираниот период (28.09 до 04.10), кога температурата се очекува да биде за околу 2 степена повисока од просекот за овој период од годината. 21.09-27.09.2015 28.09-04.10.2015 05.10-11.10.2015 12.10-18.10.2015 2 Прогноза на максимална температура за Скопје (21.09 до 04.10.2015) Прогнозирана максимална температура за Скопје за следните две недели според прогностичкиот модел на ECMWF. Средната задебелена линија ја дава просечната температура за овој период, што значи дека во следните две недели не очекуваат температури претежно околу просечните за овој период од годината. Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена не очекува нешто поврнежлив период. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела, за околу 30л/м2 повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела, кога се очекува да бидат околу просекот.

Според прогностичките материјали кои УХМР ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), а врз основа на стручните анализи и методи кои се применуваат во Секторот за метеорологија се предвидува дека есента и зимата во Македонија ќе бидат малку потопли и повлажни од просекот. Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември- ноември покажува дека температурите на воздухот ќе бидат во граница на просечните вредности. Количината на врнежи оваа есен се очекува да биде поголема од просекот, особено во источна Македонија. Постои голема веројатност дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C. Што се однесува до врнежите во овој период, малку надпросечна количина даваат повеќето модели. Поизразито ќе биде во централниот и особено источниот дел на Македонија. Исто така постои веројатност во зимската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени негативни 4 отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија.

Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Во зима температурата се движела од -1,5°C во Маврово до 5,0°C во Гевгелија. Врнежите биле во опсег од 90mm во Штип до 318,9mm во Лазарополе.

Агрометеоролошки осврт Според прогностичките материјали дека нареднава есен и зима ќе бидат потопли и повлажни, ако се земе во предвид сушата од изминатиот период и големото дехидрирање на почвата и во подлабоките слоеви, ваквите зголемени врнежи ќе допринесат и за зголемена влажност во почвата, што ќе овозможи успешно изведување на есенската сеидба, потоа успешно поникнување и развој за навлегување во поповолни услови за презимување и во понапредни фази на развој, каде осетливоста на културите кон ниски температури е многу помала. Повисоките или просечните температури на воздухот покрај врнежите се неопходни за нормално поникнување, а тоа значи ќе се постигнат и повисоки температури на почвата на 5 см. длабочина, делот од почвата каде во овие фази од развој се наоѓа кореновиот систем. На самиот почеток на есента ваквите температури се добредојдени и за собирање на родот од овогодишнава реколта и за реализирање на работите на отворено. Зимскиот период со зголемени количества на врнежи, значи и поголеми резерви на вода во подлабоките слоеви од почвата, потребни за раниот развој во пролет, и кај есенските посеви така и кај овошките и виновата лоза кои се многугодишни култури, и црпат вода и од подлабоките слеви. Присуството на снег и на снежна покривка е од голема важност за посевите кои се нај изложени на надворешните влијанија, така, зголемените врнежи во текот на зимата најчесто се од врнежи од снег, кои се очекуваат во текот на зимата. Особено битно за земјоделството во Републиката е тоа што се очекуваат зголемени врнежи во централните делови од Републиката каде што во еден подолг период врнежите беа пониски од просечните а влажноста во почвата секогаш беше на пониско ниво, така да сега би можеле да очекуваме и подобрување на состојбата најчесто во Овче Поле каде сушните периоди се нај изразени, а типот и составот на почвата во најголем дел го диригираат започнувањето и завршувањето на обработката на почвата а со тоа влијаат и на самата сеидба. Хидролошка изгледи за претстојниот период Според синоптичката прогноза за времето во наредниот месец (21.09.2015-21.10.2015) не очекуваат просечни температури на воздухот и малку над просечни врнежи од дожд за тој период од годината со посебен акцент на првата недела од месецот кога се очекува врнежите да бидат пообилни односно да бидат за 30l/m2 над просечните. 5 Во изминатиот период преовладуваше доста топло и суво време така што подземните резерви на вода полека почнуваа да се намалуваат. Денешните врнежи од дожд (21.09.2015) се добредојдени во тој поглед и ќе допринесат за зголемување на водата во подземните водоносни слоеви и достигнување на просечни водостои во водотеците. Прогнозираните пообилни врнежи во неделата што претстои (21.09.2015–28.09.2015) исто така можат да допринесат за зголемување на влажноста на почвата и да доведат до извесно зголемување на протекот во реките. Согласно на временската прогноза генерално се очекува протечните количини на вода во водотеците за наредниот месец (21.09.2015- 21.10.2015) да се движат во границите на просечните вредности или да бидат малку над повеќегодишниот просек за тој период од годината. Меѓутоа, сакаме да ставиме до знаење дека доколку врнежите од дожд бидат интензивни и доколку за кратко време паднат големи количини на врнежи ќе има можност за релативно брзо зголемување на водостојот во реките, особено на помалите водотеци со мала сливна површина и стрмни падови кај кои што времето на концентрација на водата е доста мало и каде што паднатите врнежи веднаш би се трансформирале во површинско отекување. Ова особено се однесува на југозападните предели од државата каде според прогнозата за наредниот месец се очекчува врнежите да бидат пообилни. Според временската прогноза претстојната есен и зимата се очекува да бидат малку потопли и повлажни од просекот. Согласно на тоа водостоите во реките ќе се карактеризираат со просечни или малку надпросечни вредности во однос на повеќегодишниот период. Доколку врнежите бидат пообилни и траат последователно повеќе денови можно е да дојде до заситување на почвата со влага и позначително зголемување на проточните количини во водотеците што е најмногу својствено за месец ноември и декември.

Градоначалникот Ристески го честита празникот Курбан Бајрам

7

По повод празникот Курбан Бајрам, Градоначалникот Марјан Ристески ја посети населбата Тризла и населеното место Канатларци и на верниците од исламска вероисповед им го честита Курбан Бајрам:
„Во време на верските празници се истакнува заедничкото уважување на сожителството, почита кон различните култури, традиции и обреди. Овие верски празници се можност да се покаже толеранцијата, добрите дела и љубовта на едни кон други, која е карактеристична за ова поднебје каде децениии наназад се уважувале и почитувале разликите, а сигурно тоа ќе остане и наша трајна определба“, истакна градоначалникот Марјан Ристески во изјавата за медиумите.
Курбан-бајрам доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазан-бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан-бајрам не се слави секоја година во исто време.

[Best_Wordpress_Gallery id=”45″ gal_title=”Градоначалникот Ристески го честита празникот Курбан Бајрам”]

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/