дома блог страница 5106

Срце им застанало кога ги виделе уплатниците: Најстрашната покана за свадба испратена во Хрватска

14691022_326511087704959_698240173633268232_n

Оригинална покана за свадба на идни младенци од Имотски стана хит на интернет набрзо откако беше објавена на страницата Дневна доза просечен Далматинец. На гостите младенците им испратиле покани во вид на уплатници. Иако некои коментираат на Фејсбук дека срце им застанало кога го виделе розовото ливче, набрзо сфатиле за што се работи.

Младенците се пошегувале, така што внеле висок износ, дека цел на дознака е вино, пршута, сирење, ракија и јагнешко месо.

 

Во Прилеп се одржа одбојкарски турнир во организација на Женскиот одбојкарски клуб “11-Октомври” – ГАЛЕРИЈА

_dsc7934-markukule

Вчера во Прилеп, женскиот одбојкарски клуб “11-Октомври” повторно го организираше традиционалниот турнир во одбојка, по повод денот на народното востание во градот под “Марковите Кули”.

На турнирот учевствуваа повеќе клубови, а на крајот остварени беа следните резултати:

1-во место “Планет” – Скопје

2-ро место “Љуботен” – Тетово

3-то место “11-Октомври” – Прилеп

4-то место “Форца” – Скопје

[Best_Wordpress_Gallery id=”384″ gal_title=”ОдбојкаТУрнир”]

Победа лесно во четвртфиналето на Купот

14615829_10210844045481163_8669630195941116939_o

Фудбалерите на Победа според очекувањата изборија пласман во четртфиналето на Купот на Македонија. Во денешниот реванш осминафинален натпревар, одигран на теренот со вештачка трева во Прилеп, совладан беше второлигашот Новаци со 5-0, полувреме 2-0.

14712962_10210844045401161_6794123447247368607_o

Стрелци на головите за Победа беа: Гешоски, Здравески, Спиркоски и најмладиот на теренот Лука Трајкоски со два гола. Треба да се одбележи дека првите голови во црвено белиот дрес ги постигнаа Бојан Спиркоски и Лука Трајкоски, кој иако далеку најмлад беше еден од најзабележителните-ако не и најдобриот актер на мечот. Пласманот меѓу 8-те најдобри е изборен со вкупен резултат 7-1. Ова беше само третиот официјален меч во текот на една година на Победа одигран во Прилеп (по последните два домашни дуели од минатогодишната второлигашка сезона со Љубанци и Велазерими), а прв откако се стекна со прволигашкиот статус.

14691255_10210844045441162_6630586864960812816_o

Иако настапи со комбиниран тим прилепскиот прволигаш го декласира гостинот од Новаци. И онака убедливиот триумф можеше да биде уште поубедлив доколку се искористеа големиот број создадени шаси на Здравески, Гешоски, Карчески, Спиркоски, Л.Трајкоски… Пласман во четвртфиналето оставрија уште:Брегалница(со две победи над Тетекс 4-0 и 1-2), Шкупи(со две победи над А.Пандев 0-1 и 3-1) и Силекс(победа дома над Турново со 2-1 и реми во реваншот 3-3). На 19-тти се играат реванш натпреварите Шкендија-Работнички(2-0 во првиот меч) и Вардар-Велазерими(3-1 во првиот меч) а на 20-тти ќе играат Ренова-Пелистер(победа на битолчани од 2-0 во првиот натпревар). Според календарот на ФФМ четвртфиналните натпревари се на програмата на 26-ти октомври и на 7-ми декември(како последен меч од есенската полусезона, по одигрувањето на последното 18-тто коло со кое завршува вториот круг).

14706919_10210844045161155_7332156937252755470_o

EKСТРЕМЕН ВИКЕНД ВО ПРИЛЕП: Скејтери, бајкери, паркур, мотокрос, оff road возење…(ВИДЕО)

 

58

Престојниов викенд во Прилеп ќе биде во знакот на екстремните спортови.

Програмата започнува во сабота 15.10.2016 со почеток од 18:00 часот, локација Скејт парк во Прилеп. На едно место најдобрите од Македонија: скејтери, бајкери, паркур, ролери…

За музичката програма ќе се погрижи Dj Гоце Саф.

Во недела пак на 16.10. програмата се сели на Мото крос арената во Лагово, каде посетителите ќе уживаат во атракција  во возење  мотокрос “Stormriders 2016” и џипови “1st Macedonian trophy off road”, со почеток од 10:00 часот.

ВИКИЛИКС: Се спрема војна во вселената, вонземјани постојат и сакаат да му помогнат на луѓето

nlo-vanzemaljci-amerika-vojska-irak-1-600x338

Вонземјаните сакаат да му помогнат на човештвото, но се плашат од насилните тенденции на луѓето, стои во мејловите кои ги објави Викиликс.

Мејловите кои ги испрати космонаутот Едгар Мичел Џон Подест, кажуваат дека Ватикан знае за животот на вонземјаните.

 

ФОТО: Што напишаа регионалните медиуми за историскиот успех на Македонија

1

Сите медиуми ширум регионот известуваат за огромниот успех на младата фудбалска репрезентација која успеа да се пласира на ЕП во Полска.

2

3

4 5 6

 

Во Прилеп традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм

germ-film

Од 13 до 15 октомври 2016 во Кино Мис Стон традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм. На 12 издание на фестивалот, што Центарот го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија, ќе бидат прикажани шест филмови – трагикомедии, комедии драми, историски драми и еден филм за деца.

Отворањето на фестивалот, во присуство на претставници од Германската амбасада,  е во четврток 13 октомври во 20 часот во трагикомедијата ,,Мед во главата,, во режија на  Тил Швајгер. Овој филм ја добил германската филмска награда за 2015 година, како и специјалната награда за најпосетен филм. Се работи за филм во кој темата е алцхајмер, исполнет со многу срдечност и топлина.

Во петок ќе бидат прикажани два филма. Од 18 часот е  ,, За една девојка,, (комедија- драма)  а од 20 часот -,, Државата против Фриц Бауер,, (историска драма)

Во сабота се три филма . Од 16 часот е филмот за деца,, Куќата на крокодилите,,, од 18 е ,, Хердер помеѓу два света,, (историска драма) и од 20 часот,, Тура на животот,, (трагикомедија).

Годинашниот фестивал е под мотото,, Сакам филм,,.

-Филмовите непосредно допираат до луѓето и придонесуваат за интеркултурно разбирање кое не признава граници – велат од Амбасадата на Германија во Македонија.

germ-film

 

 

За Македонија се работи !

slikas1

Деновиве се одбележаа 75 години од почетокот на народно-ослободителната борба на македонскиот народ. 11-ти Октомври претставува еден од најзначајните датуми од македонската национална историја, тој претставува ден кога македонскиот народ одлучно се спротивстави на фашистичките и големобугарските стремежи, но и на претходните големосрпски цели и силно порача дека нема да дозволи повеќе негирање и поробување туку со сите сили ќе се бори за својата слобода. На тој 11-ти октомври 1941 година започна и последната фаза од вековната борба на македонскиот народ, фаза која резултира со исполнувањето на вековниот сон на генерации Македонци-самостојна и суверена Македонија, најпрвин како рамноправна република во рамките на поранешната СФРЈ, а од 08-ми Септември и како целосно самостојна и суверена држава.

Исто така, наредните денови ќе се одбележат и 123 години од денот кога е формирана првата револуционерна организација на Македонскиот народ, односно од денот кога Македонскиот народ почна организирано да се бори за своја држава. И овој датум, 23-ти Октомври претставува камен-темелник на кој почиваат темелите на Македонија. Овие два светли датуми од поновата македонска историја се нераскинливо поврзани еден со друг-едноставно кажано, да не беше првиот, можеби немаше да биди ни вториот.

Борбата на овие две генерации Македонци треба да претставува светол пример за нас денес, таа треба да инспирира, да мобилизира и да насочува во иднина.

Ова е момент кога треба да си спомниме за безбројните херои и жртвите што тие ги дале за денешната слобода. Да се потсетиме за тогашните времиња, но и за денешната стварност-колку ние ги почитуваме нив, нивните идеали, но и нивните аманети.

Ослободувањето на Македонија лежи во едно внатрешно востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, се лаже и себеси и другите“. Ова е една од најзначајните мисли на великанот Гоце Делчев. Таа воедно претставувала и основен принцип, начело според кое тој се раководел во својата борба. Многу добро ги знаел тогашните прилики и тенденции, многу добро знаел дека Македонија за да се ослободи не можела да смета на помошта на никој од страна, затоа што сите соседни држави настојувале да ја освојат, а не да ја ослободат. Затоа, целосно се посветил на организирањето на Македонскиот народ за борба за сопствено ослободување. Сами, без помош од никого, со сопствени сили.

Поминаа повеќе од сто години од тие историски денови. Македонија е независна држава. Ние практично го живееме сонот на Делчев, но и на таа генерација револуционери што се бореа и ги положуваа своите животи за оваа денешна слобода.

Ситуацијата денес, иако можеби на прв поглед изгледа поразлично, сепак не е сосема сменета. Република Македонија е, и во иднина ќе биде предмет на странско интересирање и мешање. Големите идеи на малите народи иако денес потиснати, сепак се одржуваат притаено.

Делчевата мисла денес е исто толку актуелна како и во неговото време.А главната порака е дека Македонскиот народ мора да се потпри исклучиво на сопствените сили и можности.

Јас немам дилема дека Македонскиот народ е цврст и одлучен во својата намера да ја зачува и гради Република Македонија. Но, имам огромни дилеми кон одредени лица кои денес претендираат да бидат лидери, односно „Водачи“. Тоа некако не следело и низ минатото. Речиси секогаш постоеле мала група или народски речено „ рака“ луѓе кои се ставале во служба на туѓи интереси и му нанесувале огромни штети на Македонскиот народ, на неговата борба. Дури и самиот Гоце Делчев своевремено рекол: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот народ“. Но, иако, таквите лица направиле голема штета, сепак не успеале да го спречат Македонскиот народ во својата намера. Затоа што секој оној што се ставил во служба на други и одработувал за туѓи интереси, а на штета на интересите на сопствената нација, тоа го правел за кратко време, не постигнал подолгорочни резултати, но завршил на „буништето на историјата“-бележан, осуден и отфрлен, но и елиминиран.

Но, за жал и денес некои политичари не го проучиле неговото дело, ниту ги запомниле неговите мисли или пак можеби неговото дело, идеали и борба не ги сметаат и како свои. Затоа многу често на високи државни позиции ни се провлекуваат лица кои паѓаат на скапи часовници, скапи стари амфори, дебели хонорари и слични привилегии. Политичари кои се спремни да „свиткаат кичми“, да сквернават историја и опортунистички да дејствуваат само за свои лични интереси не можат да бидат водачи на Македонскиот народ. Политичари што се спремни да го „јадат“ својот народ не можат да бидат негови водачи.

Кои се тие лидери што со „виткање кичми“ го одвеле својот народ во некаква подобра иднина. Кои се тие лидери што служејќи на други ја зајакнале својата држава. Ако ги имало во минатото покажете ги. Јас не знам за такви. Но знам дека ниту еден фашистички соработник во текот на Втората светка војна не ја избегнал казната на народот. Исто како што старите комунистички елити биле соборени од народните маси, така и САД успеале да ги задржат од нивна страна инсталираните режими во Виетнам, Иран, Куба. Па инсталираните влади од страна на САД во Виетнам и Куба беа соборени од комунистичките сили кои имаа широка народна поддршка, а во Иран владетелот беше соборен од страна на верски радикали исто така со огромна народна поддршка. Исто така паднаа и режимите во Полска, Чешка, Унгарија или во Романија (на далеку поекстреман начин) како режими инсталирани и поддржани од страна на поранешниот СССР. Комунистите добиле поддршка од народот за да се соборат режими кои работеле спротивно на волјата на тој народ, а потоа истиот тој народ ги соборил тие комунистички режими што пред тоа ги поддржал. Треба ли уште примери. Историјата е полна со такви.

Македонија и Македонскиот народ не можи да „витка кичма“ и да отстапува назад секогаш кога ќе се соочи со проблем. Македонија и Македонскиот народ мора да се бори. Да се бори за себе, за својата иднина.

Секој оној кој претендира да биди водач или лидер на Македонскиот народ, на Република Македонија мора да знае дека Македонскиот народ, односно Република Македонија мора, и при тоа нема друг избор, да се потпри исклучиво на сопствените ресурси, на своите сили, на своето „оружје“.  Република Македонија мора да ја градиме како политички, економски и воено силна и стабилна држава. Република Македонија мора секој Македонец да ја чувствува како свој дом, како нешто највредно за кое што треба да се бори. Република Македонија треба да биде приоритет на секој Македонец. Тоа им го должиме на генерациите што се бореле за оваа слобода, но тоа и им го должиме на генерациите на кои што треба да им ја оставиме во наследство. Во политичкото дејствување на секој чесен Македонец треба да бидат приоритет интересите на Македонската нација, не интересите на било кој странски фактор-странски држави, новокомпонирани империи и мали народи што се занесуваат дека се империи. Секој оној што одработува за интересите на Македонија ќе биде доволно достоен да се стави себе си во темелите или градбата на Македонската држава. Секој оној што одработува во корист на други, а на штета на нацијата на која што припаѓа, ќе заврши на „буништето на историјата“.

И повторно ќе го цитирам великанот Гоце Делчев. Неговата мисла Ослободувањето на Македонија лежи во едно внатрешно востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, се лаже и себеси и другите“, денес тоа би можела да се протолкува дека опстанокот, растот и развојот на Република Македонија е исклучиво зависна од сопствените сили. Кој мисли поинаку се лажи себеси, а и другите.

Гоце Делчев е великан на македонскиот народ. Неговото дело треба да е патоказ за сите денешни и идни политичари, за сите оние кои претендираат да бидат водачи на Македонскиот народ.

На Македонија и требаат одлучни лидери со визија и храброст да се соочат со предизвиците. А не лица од типот на мекотели или амеби или пак аморфни маси што секој ќе ги моделира според своите потреби и интереси.

Иле Тасески

Дипл.економист

Среќни Тркала – празнично во Прилеп

Тимот на Државна лотарија на Македонија празникот 11-ти Октомври го прослави во Прилеп , заедно со многуте верни играчи на инстант лотаријата Среќни Тркала.

 

srekni-trkala-gif-500

Прилепчани и овој пат се покажаа како упорни трагачи по среќата, па преку игра и забава со Среќни Тркала и другите инстант лозови на Државна лотарија на Македонија дојдоа до парични добивки, вредни подароци, но и до автомобил Пасат.

Дејан Спасески стана добитник на главната премија автомобил VW PASSAT, купувајќи неколку инстант лоза Среќни Тркала, од среќното место АЈ НИКА, кое е лоцирано во центарот на Прилеп. Дејан беше пресреќен и заедно со своето семејство го прославија празникот во ведра и весела атмосфера, сите заедно со својот нов автомобил.

srekni-trkala-1-640x426

Инаку Дејан не е редовен играч на инстант лотарија, но на сите им порача дека треба да веруваат во среќата и понекогаш да изгребат по некој инстант лоз, бидејќи САМО КОЈ ИГРА, ТОЈ И ДОБИВА.

Само за потсетување, инстант лотаријата Среќни Тркала е инстант лоз кој е во продажба од 24.10.2015 година, и нуди 7 автомобили VW PASSAT , како главна премија , но тука се и паричните добивки од 30 до 50.000 денари. Не пропуштајте ја шансата за само 50 денари да стигнете до некоја атрактивна добивка од овој инстант лоз.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште денеска да се донесе Буџетот за 2017-та и да се распушти Собранието

ВМРО ДПМНЕ ја поздравува одлуката на СДСМ да го прифати нашиот повик, да престане да бега од соочување со народот и да поднесе барање за распуштање на Собранието, се вели во сооопштението од партијата.

 

vmro-dpmne

интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овој пат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори.

ВМРО ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17.00 часот,  да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19.00 часот.

Доколку СДСМ е убедена дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и изгласа ребаланс на Буџетот.

Неносењето на буџетот ќе значи и потенцијален ризик и опасност од внесување на земјава и во финансиска криза, покрај политичката криза со која што се бориме и се обидуваме да ја надминеме.

Со поддршката на агендата што ја предлагаме, СДСМ ќе докаже дека навистина има намера да излезе на избори и дека навистина се убедени дека државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев.