дома блог страница 5087

Пронајдоа стар ковчег дома, а кога го отворија им се промени животот

screenshot_5-41

Брачен пар за време на реновирањето на нивниот дом пронашле стар ковчег кој им го промени животот.

stari-kovceg1

“Го извадив ковчегот надвор и ја повикав сопругата. Одма сфативме дека  во него има нешто вредно “.

“Кога го отворивме пронајдовме стари весници кои датираат од 25 март 1951 година и долари ”

stari-kovceg2-576x1024

“Во банкноти од по 50 и 100 долари имаше скоро 23.000 долари. Одма го повикавме адвокатот да ни објасни дали можеме да  ги задржиме”.

Со тие  пари ја отплатиле хипотеката.

 

Ф.Г.

Уште една жртва на Бил Клинтон: Му велев да престане, а тој само се смееше и ме силуваше!

Некогашната телевизиска новинарка го обвини Бил Клинтон за сексуално злоставување во 1980. година во Арканзас, додека бил гувернер на таа американска сојузна држава.

 

lesli-milvej5

Според нејзиното сведочење, била “преплашена и парализирана”, а кога му кажала да престане само се смеел. Исто така, кажала дека Клинтон еднаш и дошол во нејзиниот дом за да ја види.

-Сигурна сум дека не сум единствената жена која доживеала нешто такво од Клинтон, рекла таа.

Таа објаснила дека размислувала да проговори за тоа за време на скандалот со Моника Левински во 1998. година, но сакала да ги поштеди своите деца кои тогаш биле многу млади.

 

ИНЦИДЕНТ: Македонски ракометари делеа правда со тупаници (ВИДЕО)

Бурниот дуел од седмото коло во македонскиот шампионат меѓу Радовиш и Еурофарм Работник заврши без победник.

 

tepacka-rakomet-640x331

На изненадување на ракометната јавност, Работник продолжува со својата променлива форма во домашното првенство, тоа го искористи составот на Радовиш и ја надминаа негативата од шест голови за на крај да се радуваат на бод.

Сепак борбениот меч во спортскиот центар „25 Мај“ во Радовиш ќе остане во сенка на инцидентот кој се случи во 18-тата минута од првото полувреме.

Милан Левов настрада во дуелот со гостинскиот играч Ашраф Адли, а по завршувањето на акцијата на радовишани незадоволен од неспортскиот потег и судиска проценка Левов се одлучи сам да ја превеме правдата во свои раце при што го удри противникот. Откако заврши мешаницата на теренот судиите доделија две директни дисквалификации за највоинствените на теренот.

Видео: 24Ракомет

Ноќен живот во Прилеп: The Gallery House Pub, Caffe Virus & Club Calypso – 22.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”392″ gal_title=”OktomvriNoken7″]

Ако ја имате оваа банкнота од 1993 можете да заработите

1

Петстотини милијарди динари денес вредат 1.500 динари (750 денари). Сите по дома имаме барем една стара банкнота, а не сме ни свесни дека со продажба на стари книжни или метални пари можеме да заработиме.

Имено, доколку некој има банкнота од петстотини милијарди од 1993. година за неа може да заработи 1.500 динари.

2

Во Прилеп одбележан 23 Октомври „Денот на македонската револуционерна борба“

_mg_5615

По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври „Денот на македонската револуционерна борба“, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп положи свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев, Ѓорче Петров, на  Могилата на непобедените и на гробот на Методија Патчев во Кадино село. На истите локации по повод 23 Октомври свежо цвеќе положија и претставници од останатите политички структури, Сојуз на борци и група на граѓани.

_mg_5543

_mg_5633

_mg_5670

_mg_5740

_mg_5784

_mg_5789

_mg_5809

_mg_5850

_mg_5874

_mg_5907

ФОТО: Вака Елена Ристеска го пребродува најтешкиот животен удар

ubavi-makedonki-elena-risteska-16tyh65huy65uh65u5tghe5y54y45-17192thtrhrthr

Убавата македонска пејачк,а Елена Ристеска, го пребродува тешкиот удар кој и го зададе животот, со смртта на татка си. Елена наоѓа време да им се обрати на своите фанови и пријатели со нови фотографии и да се занимава со спорт.

3-14ytjn65u56u65u65

 

Денеска се слават братот и сестрата кои се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 октомври.

macenici-brat-i-sestra-640x387

Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија.

Беа брат и сестра, од Никомидија. Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина.

За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог.

По ова судијата нареди и го биеја долго дури не го облеа крв и го мачеa со долги, лути маки. Кога слушна за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрча и самата заедно со брат ѝ за да прими маки за Господ Исус Христос. И таа беше биена додека крвта не ѝ удри на носoт и на устата.

Потоа ги фрлија во врела смола, па во вжарена печка, но тие со силата на името Христово и со знакот на Крстот го направија огнот безопасен.

Најпосле на Евлампиј му ја отсекоа главата, а Света Евлампија издивна пред отсекувањето.

Тогаш беа погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на Св. Евлампиј и неговата сестра.

Сите се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство.

Стигнаа првите резултати од изборите – кој се смее, Хилари или Трамп?

98215news1-reuter-mike-blakeffyjytjytty

Стигнаа и првите резултати за претстојните избори во САД. Хилари Клинтон бележи предност пред Доналд Трамп, кандидатот во трката за претседател на Соединетите Американски Држави.

– Тимот на Трамп со оглед на прелиминарните резултати, треба да биде загрижен, велат експертите.

Се очекува 45 милиони луѓе да гласаат пред изборниот ден.

И Хилари и Трамп ги повикуваат гласачите да гласаат за нив.

 

Мајката е постара 44 години од ќерката : Обидете се да погодите која од нив е мајката

screenshot_15-660x330

Манекенката Кристи Бринкли не престанува да изненадува. На инстаграм постави фотографија со својата ќерка која е помлада 44 години. Обидете се да погодите која е мајката на сликата.

kristi-i-kcerka-1

Оваа поранешна манекенка тврди дека никогаш немала операција. Таа има 65 години но изгледа како да има 30. Таа вели дека нејзиниот изглед го одржува со вежбање и здрава храна.

kristi-i-kcerka-2

kristi-i-kcerka-3

 

Ф.Г.