дома блог страница 5085

ПРИЛЕПСКИ СРАМ: Колкав идиот треба да е човек, за да го направи ова?

1

Во средното општинско училиште “Ѓорче Петров” изминатата недела започна уредувањето на парковите површини, но само што никна зеленилото, се најде некој “паметен” сето тоа да го упропасти.

Само губитници и луѓе без свест можат да прават вакви нешта. Се прашуваме само какво е тоа бедно задоволство да се уништува се’ што е убаво?

2

3

4

Холивуд ќе снима филм за Јелена Марјановиќ – која светска ѕвезда ќе ја глуми убиената пејачка

211000x0

Во Холивуд наредната година би можел да почне со снимање филм инспириран од животот на Јелена Марјановиќ, чие нерасветлено убиство е една од најголемите мистерии на криминалистиката

Улогата на Јелена во трилерот би требало да ја играат Кира Најтли или Сандра Булок.

„Филмот ќе го пратат агенти од ФБИ кои доаѓаат да им помогнат на колегите да го решат мистериозно убиство. Во фокусот нема да биде само злосторството кое се случи на 2 април во Борча, но ќе зборува за него. Моментално се работи на сценариото и повеќе детали ќе се знаат на пролет. Идејата на авторот е да се прикаже врската меѓу криминалот и државата и улогата на медиумите. Убиството на Јелена Марјановиќ е интересно затоа што за него половина година, секој ден пишуваат медиумите, а нема цврсти докази за тоа кој е убиецот и целиот случај изгледа како совршено злосторство“

Сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ вели дека е спремен да им помогне на драматурзите во текот пишањето на сценариото.

„Најважно би ми било профилот на личноста на Јелена, со сите работи кој ја праеле посебна, да биде прикажана во што пореално светло. Веќе неколку автори со кои се сретнав покажаа интерес да напишат книга за мојата сопруга. Знам дека овој случај е интересен на многумина, затоа што вакво нешто никогаш не се случило. Мене не ми е до актерство и филмското платно, туку да се дознае кој и го одзема животот на Јелена, а на Јана правото да расте со мајка. Изгубив се на светот и секако дека сега за мене е значајно се што има врска со нејзиниот живот и работа“, изјави Зоран.

 

Од Москва до Лондон за само 2 часа со воз

csm_voz_5dd5d06b0a

Патувањето од Москва до Лондон со вакумскиот воз Hyperloop ќе трае само 2 часа, изјави Зијавудин Магомедов акционер во компанијата  Hyperloop One.

Според инвеститорот, проектот ќе се реализира во наредните 15 години. Магомедов не можеше да ги соопшти и деталите за тој план.

Зијавудин Магомедов два пати инвестираше во компанијата Hyperloop One, но ова не и  е познато на јавноста.

 

Ф.Г.

 

 

Груевски: Подготвени сме за силна и голема победа!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес оствари средба со коалиционите партии во коалицијата „За подобра Македонија“.

gruevski-sredba-768x479

-Ние како партија и како коалиција сме спремни во секој поглед. Програмата веќе ја затвораме, последните работи се прават деновиве и таа  ќе се затвори. На терен сме максимално присутни во комуникација со граѓаните и сите оние други работи кои се потребни за една изборна кампања ги подготвуваме и се во една динамика која ги исполнува сите потребни рокови. Денешната средба беше една од нашите редовни средби на кои разменувавме информации, мислења и гледишта за некои работи, усогласуваме одредени работи за тоа како понатаму да ги спроведуваме. Од тој аспект можам да кажам дека сме подготвени за една силна, за една голема победа. Победа која ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, победа која ќе обезбеди економски просперитет за народот, за граѓаните на Македонија независно на нивната етничка или верска провиненција. Победа која ќе обезбеди Македонија да излезе од оваа криза во која што ја донесе опозицијата и да застане цврсто, да застане стабилно и да продолжи по патот на економскиот просперитет, по патот на зачленување во НАТО и ЕУ и по сите оние други стратешки приоритети кои ги имаме зацртано како држава и се разбира ние како коалиција, истакна лидерот на владејачката партија.

sredba-koalicija-768x427

Груевски посочи дека на овие избори дефинитивно граѓаните ќе имаат можност да изберат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како партија која работи, испорачува резултати и ветувања, гради, создава дела, прави реформи и го прави животот на граѓаните подобар или СДСМ на другата страна како оние кои се најдобри во сплеткарошење, манипулации, правење на игри и чија главна платформа е деструкцијата.

Во четврток се празнува Св.Петка: Како да се подготвите за празникот

Иако ја викаат Црна света Петка, луѓето веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести. Поради тоа, народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

sv-petka-640x356

Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.

На Петковден именден слават Петко, Петкана, Параскева, Пенка.

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува утре. Сите три името го добиле бидејќи биле родени во петок кога (пред христијанството) Евреите се подготвувале да го одбележат празникот и неработен ден – сабота. Уште од тоа време Параскева значи подготовка.

Според житието на св. Петка Епиватска, таа е родена во Епиват во Тракија, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на 10 век. Нејзините родители биле од словенско потекло, побожни луѓе, па така ги одгледувале и своите деца. Параскева била многу мала кога покажувала интерес за монашкиот живот. Имала брат Ефтимие, кој подоцна станал епископ мадитски.

Параскева живеела со своите родители до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, па во јорданската пустина (денешен Израел) каде што живеела во пост и во молитва до староста. Се вратила во родниот Епиват каде што по две години се упоколила, според житието, во 11 век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во романскиот град Јаши.

Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември. Денешната се нарекува и Црна света Пека бидејќи светицата секогаш била облечена во црно.

 

Гимназијалките Ивона Нанческа и Елеонора Михаиловска освоија златни медали на Интернационалниот танцов натпревар

14798994_1366745353358296_307298383_n

На 22.10.2016 во Скопје се одржа 32-от Интернационален танцов натпревар Скопје Опен 2016. На овој натпревар гимназијалките Ивона Нанческа и Елеонора Михаиловска освоија по два златни медали.Елеонора првото место го освои во категоријата Dance Show Solo Youth, а Ивона Нанческа првото место го освои во категоријата Latino Show Solo Youth.Двете заедно ја претставуваа Македонија и во категоријата Latino Show Duo Youth каде освоија прво место и златен медал.Танцот е нивната љубов, а златните медали потврда за нивната упорност и работа и поттик за понатамошни успеси.

14800702_1366744873358344_325520973_n

 

Кои се најплатените професии во Македонија?

30-otvoreni-oglasi-za-rabota-ovie-kompanii-nudat-vrabotuvanje-192846thrthrtr

Според податоци на Државниот завод за статистика за просечна бруто плата, во август најголеми плати во Македонија се земале во секторот на компјутерско програмирање, воздухопловен сектор и фармација.

Топ 10 на најплатени професии изгледа вака:

1. Компјутерско програмирање 72.029 денари
2. Воздухопловен транспорт 70.506
3. Фармациски производи и препарати 60.827
4. Телекомуникации 59.626
5. Финансиски дејности и осигурување 58.192
6.Снабдување со енергија и гас 55.756
7.Складирање и помошни дејности во превоз 53.384
8.Информации и комуникации 53.251
9. Правни и сметководствени дејности 47.368
10. Информатички услужни дејности 45.896

 

Жестока тепачка помеѓу Чкембарите и Фалангата, повредени полицајци

rsjhdfgdsfgds

Шест полициски службеници од Кочани се повредени по вчерашниот фудбалски натпревар „Брегалница“ – „Пелистер“ откако интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу 16:40 часот, а го предизвикале навивачи на ФК „Пелистер“ кои на заминување, излегле од автобусот и се упатиле кон паркираниот автобус на ФК „Брегалница“, како и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот.

Во обид да спречат настанување поголем метеж, полицајците биле физички нападнати од поголем број навивачи. Покрај нив, телесни повреди здобиле и навивачи. Сите се пренесени во Клиничкиот центар Кочани за укажување лекарска помош.

За кратко време ситуацијата се смирила, навивачите со автобусот биле препратени до Штип, а приведени  се П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), од Битола.

За настанот е информиран и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Бил на гости кај другар во Прилеп – Србин почина на Токсикологија

Во полициската станица во Прилеп, вчеравечер околу 21.00 часот од страна на ЕИК Скопје било известено дека починал Т.Л., државјанин на Р.Србија, кој претходно со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил префрлен во Ургентниот ценар во Скопје на Клиниката за Токсокологија.

 

brza-pomos

Од извршените проверки било утврдено дека истиот ден околу 12.00 часот од страна на Д.Т. од Прилеп, Т.Л. бил донесен за укажување на лекарска помош во Општа болница Прилеп, од каде поради влошена здравствена состојба бил препратен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Т.Л. престојувал кај Д.Т. од 20 октомври.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

КОЈ ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА ТЕРОРИСТИТЕ, А КОЈ НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Колку Руски доброволци имаше во „Лавовите“ во 2001!

Аферата „Големото уво“ која беше причина за воениот конфликт во 2001 сцениран од истите луѓе кои денес ги гледаме во друштво на лидерот на опозицијата, заштитени од таканаречениот „чадор“, резутираше со потпишување на рамковен договор, од кој произлезе територијалната поделба и воведување на втор службен јазик.

ruski_dobrovolciРуски доброволци во редовите на Лавовите

Очигледно, работата која ја започна „чадорот“ тогаш остана недовршена па со истото сценаријо повторно се обидуваат преку нивната марионета Заев да ја довршат, па дури и по цена на започнување на нов конфликт.

Во 2001 година беше формирана и специјалната единица за брзи интервенции „Лавови“ која меѓу другото во голем дел беше заслужна за зачувувањето на територијалниот интегритет на државата, и заштита на мирното население во конфликтните зони.

Нивната ефикасност предизвика гнев во редовите на УДБАшките структури во СДСМ, па по доаѓањето на Хари Костов за министер за внатрешни работи истите беа насилно расформирани, и јавно омаловажувани.

Дел од доброволците во оваа специјална единица беа и доброволци од Русија, меѓу кои борци и инструктори. Бројките на доброволците се движат од 30-50, но некои зборуваат и за повеќе. Освен помошта во доброволици, Русија тогаш донираше и воена опрема во вид на лесно вооружување, опрема но и артилерија.

2Руски инструктори во редовите на Лавовите

„Во 2001, за време на конфликтот, од тогашниот министер за одбрана на РФ, Сергеј Иванов, беше понудена воена помош од Русија, но за тоа нашите власти никогаш јавно не проговорија. Колку за информација, хаубиците на АРМ беа од донирани од Русија, а произведени во времето од СССР. Затоа на цевките сеуште како пред очи ми стои симболот на СССР, српот и чеканот, насликани на секоја хаубица. Прирачникот и упатствата истотака беа на руски.“ – изјавува еден од припадниците на „Лавовите“.

За разлика од помошта која ја добиваа Македонските безбедносни сили од страна на Русија и рускиот народ, Западните сили на чело со НАТО кои тогаш ја водеа операцијата во Македонија отворено застануваа во поддршка на УЧК и терористите, па во неколку наврати беше забрането јавно да се зборува за хеликоптерите кои слетуваа во упориштата на УЧК каде што според сведоци била доставуванаа воена помош на терористите.

Денес, упорно некој се обидува да ги замени улогите на овие две светски сили. На едната давајќи и заслуги за воениот конфликт, а другата воопшто не споменувајќи ја.

Извор: Инфомакс