дома блог страница 5084

Угледниот американски магазин „Форбс“ пишува: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите

Американското списание Форбс објави интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во кое најавува дека неговата партија ќе победи на изборите на 11 декември, и дека земјата со тоа излегува од периодот на политичка неизвесност. Според ова водечко американско списание од областа на економијата, Македонија успеала успешно да ја преброди и мигрантската криза и притоа да привлече поголем број инвеститори од САД и од други земји, и да ја намали стапката на невработеност.

forbes_1200x1200

Во интервјуто, Форбс најавува дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ќе победат на претстојните избори. Според Форбс, земјата успеала да ја надмине големата мигрантска криза, а сега излегува и од политичката криза.

– Македонија е земја од поранешниот комунистички блок која спроведува пазарни реформи и воведува капитализам од западен вид. Повеќе американски компании го забележаа тоа и отворија свои фабрики во Македонија. За 11 декември се закажани избори кои по се изгледа ќе донесат победа на владејачката партија, и покрај неодамнешниот период на нестабилност. Како и да е, ниту политичкиот застој ниту мигрантската криза од 2015 година не успеаја да и наштетат на оваа мала држава од два милиона луѓе, пишува Форбс во воведот на интервјуто.

– Следат избори во декември. Точно е, ние поминавме низ тешка криза, која се уште не е целосно завршена. Но, во ниту еден момент не престанавме да работиме со бизнис заедницата. Нашата економија продолжи да расте. Не го нарушивме кредитниот рејтинг. Убедивме неколку нови компании да инвестираат во Македонија. Нема да биде совршено, но мислам дека земјата сега оди во подобра насока. Да видиме што ќе кажат гласачите, вели Груевски во интервјуто за Форбс.

Списанието ја претставува македонската даночна политика како клучен фактор кој придонел да се развијат слободните индустриски зони, да се привлечат компании од автомобилската индустрија и со тоа да се смени структурата на македонскиот извоз кон производи со повисока вредност. Груевски, кој неодамна беше во посета на Вашингтон и Њујорк, за Форбс вели дека и во екот на политичката криза Македонија не престанала да работи на привлекување на странски инвестиции, при што нови фабрики се отворале и во време на кризата. Очекувањата се дека во 2016 година извозот од слободните индустриски зони ќе надмине две милијарди евра.

– Во 2015 година од слободните економски зони имавме извоз од околу една и пол милијарда евра, што претставува 36 проценти од нашиот вкупен извоз. Поради тоа, овие зони се многу важни за нас и направија Македонија да биде атрактивна извозна дестинација. Последните податоци од јануари до септември покажуваат раст на извозот за 19,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Американските корпоративни инвестиции доаѓаат главно од автомобилската индустрија. Џонсон Контролс отвори две фабрики во Македонија во 2015 година, за време на кризата. Кемет Електроникс од Јужна Каролина исто така е активен во Македонија и отвори фабрика во Скопје. Ки Сејфти Системс, компанија од Мичиген која произведува воздушни перничиња, почна да работи во технолошката индустриска зона во Кичево. Амфенол е компанија во Масачусетс која веќе има две браунфилд постројки и работи на нова гринфилд инвестиција, вели Груевски.

Форбс го прашува Груевски и за економската соработка на Македонија со Русија и Кина. – Македонија е мала држава и мораме да бидеме отворени за инвестиции од сите кои се подготвени да работат со нас. Од американските корпорациски инвеститори, во моментов главно доаѓаат автомобилските компании. Кина има фонд за инвестиции во средна и источна Европа и досега видовме како тие инвестиции одат во изградба на автопати. Што се однесува до Русија, ние им извезуваме земјоделски производи и генерички лекарства. Се разбира, увезуваме руска нафта и природен гас, вели Груевски.

На прашањето за мигрантската криза, Груевски вели дека од летото 2014 досега низ Македонија минале повеќе од еден милион лица, што е висока бројка за држава со два милиона жители. Груевски вели дека Македонија имала значителни трошоци поврзани со кризата, а притоа не добила посериозна помош од надвор. Според Груевски, рано е да се каже дали кризата е целосно надмината, дури и по затворањето на балканската рута.

Деликатес повкусен од пица: Домаќинките полудеа по овој рецепт

123-1

Рецепт со кој ќе направите промена во секојдневното мени. Еве како да ја приготвите оваа фокача:

500 гр брашно
1 сув квасец
350 мл вода
10 маслинки
3 лажици путер
5 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажица сол

Во сад се мешаат брашното, квасецот, солта, шеќерот и постепено се додава водата. Се прави тесто и се меси додека стане нелепливо.Откако ќе нарасне тестото (околу 45 минути), повторно замесете го, и оставете повторно да нарасне. Ставете го во тава за печење и додадете ги маслинките над него.Премачкајте со путерот кој претходно сте го стопиле и наросете сол.Печете на температура од 220 степени околу 20 минути.

Во Прилеп се одржа Државно првенство во џудо за млади: Секоја чест за организацијата на ЏК “Бушидо”

14695337_664437907064243_2481960913703678162_n

По повод Денот на револуционерната борба во просториите на новата спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“ беше оддржано државно првенство во џудо за млади во организација на ЏК „Бушидо“ – Прилеп.

6460-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-39

Технички Џ.К.Бушидо-Прилеп направи се за да беспрекорно биде реализирано ова државно џудо првенство и тоа: обезбеди спортска сала, обезбеди две борилишта 4X4 со три заштитни зони, исто така го подигна квалитетот на ова државно првенство како реализационо така и медиумски, учествувајки на повеќе локални медиуми, а исто така и на национален медиум, каде беше презентирано Џудото ….Покрај другото беа поставени 10 билборди низ местото каде ќе се случува настанот.

14721499_662949143879786_626211399010743564_n

Самото државно првенство се одвиваше во фер и коректна борба без никакви инциденти, како надвор така и внатре на местото каде беше и одржано.

Од страна на Џ.К. “Бушидо” беа обезбедени 140 медали за сите натпреварувачки категории.

“Искрено жалам што некои клубови не најдоја сила и разбирање за пријавување на своите такмичари за ова Државно првенство и ги осакатија сопствените членови да ги покажат своите вештини на борилиштето.
Благодарност до 11 клубови од Р.Македонија кои учествуваа на ова Државно првенство и голема благодарност од нас како клуб до сите вас за укажаната доверба за реализација на истиот настан”, истакна Рубин Пеески, тренер на ЏК “Бушидо”-Прилеп.

6460-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-44

Клубот се пофали  и со освоени медали на ова државно првенство, па поединечно се освоени следните резултати:

1.Елеонора Илиоска -2007 -2 место
2.Мартина Јанкоска -2005 -2 место
3.Кристијан Магероски -2006 -2 место
4.Наумоски Христијан -2004 -2 место
5.Филип Попоски -2004 -2 место
6.Миле Грижоски-2004-3 место
7.Петар Јанкоски-2001-4 место
8.Емануел Алиоски-2000-5 место

 

 

ВАКА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗРЕАГИРА ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ КРИЗА: Вучиќ вечерва ги поапси сите кои му помагале на „чадорот“ вклучително и пола ЦИА!

Премиерот на Србија Александар Вучиќ вечерва изјави дека се уапсени лица поради нелегални активности за територија на Црна Гора, вклучително и пратење на црногорскиот пермиер Мило Ѓукановиќ. Кај уапсените се пронајдени пари и униформи. Во Србија е засилена активноста на разузнавачките служби и од исток и од запад, предупредува Вучиќ

vucic-konferencija

Александар Вучиќ на прес конференцијата во српската Влада, која се одржа по седницата на Бирото за координација на работата на службите за безбедност, истакнал дека се приведени и се наоѓаат во Белград.

„Работеле заедно со луѓе за кои можам да кажам дека постои елемент на странска соработка“, истакнал Вучиќ.

Добра вест е дека во сето тоа не наидовме на вмешаност на било кој политичар од Србија, или од Црна Гора, рекол српскиот премиер. Според неговите зборови, обезбедени се докази дека „одредени лица го прателе секое движење на премиерот на Црна Гора и тоа на дневно ниво, секоја секунда и за тоа известувале други лица“.

„Тоа не се овие кои се уапсени дола. Со ова само ги запознавме нивните безбедносни структури“, напоменува Вучиќ.

„Се сеќавате дека веднаш по апсењето реков дека тој башибозук не би можел тоа да го направи, но има некој кој може“, рекол Вучиќ и додал „Знаете за кого зборувам“.

Премиерот рекол дека српските служби за безбедност, во текот на акцијата добиле директни признанија, како и дека се запленети униформи и пари во вредност од 125.000 евра.

Српскиот премиер исто така истакнал дека е зголемена активноста на разузнавачките служби од странство во Србија, како од Исток така и од Запад.

„Нашите надлежни органи во склад со посебен закон, закон за Безбедносно информативната агенција, успешно евидентираше низ активности на разузнавачките служби вперени проти интересот на Република Србија. Евидентирани се и прекршоци“, нагласил премиерот.

Наведува и деканекои од овие лица биле неутрализирани од српските служби, и дека повеќе нема да можат да ја обавуваат својата работа на ист начин.

„Без обзир на цената која лично ќе ја платам, но и цената која ќе ја платат други чесни луѓе од слжбата за безбедност, Србија ќе ги процесуира оние кои мислат дека е дозволено да се даваат оперативни обработки на криминалистичката полиција на службеници од странските амбасади“, наведува Вучиќ.

„Тие прво убаво ќе си одговараат, а потоа нека одат и нека се пријават во таа земја и нека зборуваат што сакаат против Србија“ нагласил српскиот премиер, „Ако знаете нешто пострашно од тоа, кажете ми“.

Не им се лутам на оние од големите разузнавачки служби, бидејќи тие мислт дека тоа им е работа, иако загрозуваат нечиј суверенитет, но не можам да го објаснам својот бес поради Србите кои работат со нив, нагласил премиерот.

Тој предупредил дека во периодот кој следува ќе се случат 5.000 афери и напади врз него и него блиските луѓе и дека граѓаните треба да знаат дека тоа е бидејќи се обидел да го заштити суверенитетот и независноста на Србија. Додал дека ова што Србија го направила не го направила ниту една мала земја, дека тоа го можат само големите, но и дека не е важна цената која ќе ја платат и дека ќе одат до крај.

Запрашан што мисли кога рекол дека ќе плати висока цена, одговорил дека тоа го рекол затоа што малите земји тоа не го прават и дека ќе се најде на црната листа на оние кои мислат дека на малите земји ова не им е дозволео.

Запрашан за помошта која Србија заедно со Русија ја испрати во Сирија, дали поради тоа има притисоци и проблеми, рекол дека „се распрашуваат во врска со тоа“.

„Се распрашуваат нешто, немам поим што сакаат. Страшен злочин направивме со тоа што испративме ќебиња, лекови, брашно и шеќер, а убаво е кога нам ни ги одземате оперативните обработки од држаната безбедност и не знаете да кажете извини. Престанете бре, со лицемерието, колко и да сте големи“ рекол Вучиќ!

„Срам да им е на сите. И тоа го работат нивните служби, разузнавачката агенција…Сите најсилни во светот“ – рекол Вучиќ.

ИЗВОР ИНФОМАХ

Се породи прилепчанката која премина во Ислам

111-1

По една година брак се породи прилепчанката која премина во Ислам. Како што пренесува порталот Алмакос, таа родила здраво дете по име Един. Сопругот за порталот изјавил дека е пресреќен.

“Не знам како да го опишам ова, но можам да кажам дека ние двајцата сме задоволни со фактот дека во нашето семејство е роден ангел, млад наследник на семејството. Ова дете нормално им припаѓа на сите муслимани и се одлучивме на име почитувајќи ги принципите на исламот, и му дадовме име Един “, вели сопругот на Катерина, Јасмин за Алмакос.

Катерина е една од ретките православни Македонки кои поради љубовта кон саканиот ја смени верата и премина во Ислам.

Во Романија кривична одговорност, а кај Катица Јанева непотизмот бил зајакнување на капацитетите

Поранешна романска пратеничка осудена поради непотизам – ја најмила својата мајка за работа во Парламентот. Додека во Романија за непотизам кривично се одговара, кај Катица Јанева непотизмот претставува „зајакнување на капацитетите“.

 

111

Поранешната пратеничка од романската Социјалдемократска партија Оана Никулеску Мизија, вчера е осудена од Врховниот касациски суд на една година затвор условно по обвинение за конфликт на интереси, соопшти агенцијата “Аџерпрес”, цитирана од агенциите.

Поранешната народна претставничка била обвинета дека ја најмила мајка си за работа во својата парламентарна канцеларија. Првично во октомври 2014 година, Оана Никулеску Мизија е осудена на три години затвор условно. Вчера, петчлен судски состав и ја усвои жалбата и ја намали казната.

Во судницата поранешната пратеничка изјави дека ја најмила мајка си во парламентарниот канцеларија, бидејќи никој друг не сакал да ја преземе функцијата советник во тешката изборна комисија Рахова-Ферентари. Оана Никулеску Мизија била испратена на суд во септември 2013 година.

Според обвинителите нејзината мајка Лидија Никулеску Мизија Штефанеску реализирала приходи во износ од 14.500 евра за својата работа во парламентот во периодот од  мај 2009 до септември 2011 година. Во март 2015 година Оана Никулеску поднесе оставка како пратеник.

За Катица Јанева вработувањето роднини е зајакнување на капацитетите

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во неодамнешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија го потцени македонскиот народ и фелата од каде доаѓа и самата. Таа призна дека во СЈО постојат роднински врски што е вистински срам. Според Јанева, јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот.

-Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.

На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:

-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.

Огромни успеси за Џудо Клуб “Сеишин” на Државното првенство во џудо за млади

На 23.10.2016 во Прилеп спортска сала на ООУ “Добре Јованоски” се одржа државно првенство во џудо за помлади пионери и млади сениори до 23 години. На истото учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од Македонија.

Џудо клубот СЕИШИН – Прилеп учествуваше со 15 натпреварувачи (10 во пионерска и 5 во сениорска конкуренција), а освоени се вкупно 14 медали (4 златни, 3 сребрени и 7 бронзени).

drzavno-23-10-16

Поединечно освоени се следните резултати:

Помлади Пионерки:
Настоска Теа  кат. -24 кг. 1-во место
Настоска Теона кат. -24 кг. 2-ро место
Тасеска Теодора кат. -36 кг. 1-во место 
Настоска Леона кат. -44 кг. 3-то место 
Белушанец Вероника -48 кг. 3-то место
Помлади Пионери:
Магдески Никола кат. -38 кг. 3-то место
Магдески Георгиј кат. -46 кг. 2-ро место
Рошкоски Дино кат. -46 кг. 3-то место
Џокоски Димитри кат. -50 кг. 3-то место
Сотироски Андреј кат. -55 кг. 3-то место
Млади Сениорки:
Најдоска Александра кат. +78 кг 1-во место
Млади Сениори:
Ивчески Диме кат. -66 кг. 1-во место
Тошески Марио кат. -66 кг. 2-ро место
Цинцароски Марио кат. +100 кг. 3-то место
Конески Михаил кат. -81 кг 4-то место
Клубот продолжува со припреми за наредното меѓународно првенство во Скопје на 29.10.2016 година.

СЕДМО СРЦЕ ЗА ДЕЈВИД РОКФЕЛЕР: Сакам да живеам 200 години !

rokfeler_wide

Милијардерот Дејвид Рокфелер (99), еден од најбогатите луѓе во светот повторно изврши трансплатација на срцето или шеста во последните 4 децении, така што сметаќи го и неговото, сега користи седмо срце.

Врвниот тим на хирурзи изврши хирушки зафат но не во болница како што е вообичаено, туку во неговата главна резиденција на семејниот имот во Покантико Хилс, во близина на Њу Јорк. Овој зафат траел 7 часа.

Операцијата не го изморила многу милијардерот познат по динамичноста и лукавоста, пишува порталот “World News”.

img_1430396175

99 годишниот милијардер се согласил репортерите да му постават неколку прашања само 36 часа по операцијата. Кога бил запрашан за тајната на својот долг живот тој одговорил дека едноставниот живот е главниот рецепт.

“Секој пат кога добивам ново срце, тоа е како здивот на животот да ми поминува низ телото. Се чувствувам жив и со обновена енергија”, им изјави Рокфелер на новинарите.

Тој вели дека треба да се живее едноставен живот, да си играте со деца, да уживате во она што го имате и да го поминувате времето со добри и верни пријатели.

Рокфелер и понатаму се однесува позитивно и се надева дека ќе живее 200 години како што им изјави на новинарите.

 

Ф.Г.

 

 

Во древна гробница откриена најголемата тајна на Библијата !

ec54ef2a9761a5685c3b89de23e88392-696x398

Една од најголемите и најважните мистерии на Библијата ќе биде решена, бидеќи археолозите за прв пат откриле филистејска гробница, како и останките на 200 луѓе со накит и миризливи масла.

Научниците планираат да извршат и дополнителни истражувања како би дознале повеќе за овој народ.

“Филистејците ги бие лош глас, а ова откритие ќе сруши многу предрасуди”, вели Лоренс Стејджер, архитект кој од 1985 година ја води експедицијата.

Сите досегашни сознанија за филистејците потекнуваат од предмети кои тие ги оставиле зад себе. Меѓутоа, сега се за прв пат откриени нивните посмртни останки.

“По повеќедецениското проучување на се што е останато од филистејците, конечно пронајдовме и луѓе”, вели Даниел М. Мастер, професор по археологија на колеџот Витон.

“Ова откритие е доволно за нас да ја откриеме тајната на нивното потекло”.

Во Библијата, филистејците се опишани како заколнати непријатели на древниот народ од Израел, како туѓински народ кој дошол од Запад и населил пет главни градови во Филисеја, на територијата на денешниот јужен Израел и Појасот Газа.

Најпознатиот човек од овој народ е Голијат, храбриот воин кој е убиен од помладиот брат Давид. Наследството на филистејците живее во Палестина.

“До сега требаше да молчиме за ова откритие”.

Археолозите 3 години ја криеле тајната за откритието а ја обелоденија кога веќе завршуваа. Ова го сториле поради опасностите со кои се соочува археологијата во Израел.

 

ФОТО: Сакаше да го изненади момчето со секси фотографија, но заборави да ја расчисти собата

Додека таа се сликаше пред телевизорот не забележа дека во ќошот се наоѓаат чевлите од нејзиниот љубовник

received_10209403857524862

Челзи е девојка од Австралија која сакаше да го изненади момчето додека е на службен пат и да му испрати секси фотографии. Но, таа несвесно откри детал со кој призна дека не е сама во хотелската соба.

Додека се сликала пред телевизорот не забележа дека во ќошот се наоѓаат чевлите од нејзиниот љубовник.

received_10209403862484986

Кога момчето ја добила фотографијата таа невешто се обидувала да излаже но тој и рекол дека веќе е на пат кон нејзиниот хотел.

Оваа фотографија брзо се рашири на социјланите мрежи, со пораката ВНИМАВАЈТЕ кога праќате секси фотографии и не го изневерувајте партнерот.