Огромни успеси за Џудо Клуб “Сеишин” на Државното првенство во џудо за млади

На 23.10.2016 во Прилеп спортска сала на ООУ “Добре Јованоски” се одржа државно првенство во џудо за помлади пионери и млади сениори до 23 години. На истото учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од Македонија.

Џудо клубот СЕИШИН – Прилеп учествуваше со 15 натпреварувачи (10 во пионерска и 5 во сениорска конкуренција), а освоени се вкупно 14 медали (4 златни, 3 сребрени и 7 бронзени).

drzavno-23-10-16

Поединечно освоени се следните резултати:

Помлади Пионерки:
Настоска Теа  кат. -24 кг. 1-во место
Настоска Теона кат. -24 кг. 2-ро место
Тасеска Теодора кат. -36 кг. 1-во место 
Настоска Леона кат. -44 кг. 3-то место 
Белушанец Вероника -48 кг. 3-то место
Помлади Пионери:
Магдески Никола кат. -38 кг. 3-то место
Магдески Георгиј кат. -46 кг. 2-ро место
Рошкоски Дино кат. -46 кг. 3-то место
Џокоски Димитри кат. -50 кг. 3-то место
Сотироски Андреј кат. -55 кг. 3-то место
Млади Сениорки:
Најдоска Александра кат. +78 кг 1-во место
Млади Сениори:
Ивчески Диме кат. -66 кг. 1-во место
Тошески Марио кат. -66 кг. 2-ро место
Цинцароски Марио кат. +100 кг. 3-то место
Конески Михаил кат. -81 кг 4-то место
Клубот продолжува со припреми за наредното меѓународно првенство во Скопје на 29.10.2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.