Во древна гробница откриена најголемата тајна на Библијата !

ec54ef2a9761a5685c3b89de23e88392-696x398

Една од најголемите и најважните мистерии на Библијата ќе биде решена, бидеќи археолозите за прв пат откриле филистејска гробница, како и останките на 200 луѓе со накит и миризливи масла.

Научниците планираат да извршат и дополнителни истражувања како би дознале повеќе за овој народ.

“Филистејците ги бие лош глас, а ова откритие ќе сруши многу предрасуди”, вели Лоренс Стејджер, архитект кој од 1985 година ја води експедицијата.

Сите досегашни сознанија за филистејците потекнуваат од предмети кои тие ги оставиле зад себе. Меѓутоа, сега се за прв пат откриени нивните посмртни останки.

“По повеќедецениското проучување на се што е останато од филистејците, конечно пронајдовме и луѓе”, вели Даниел М. Мастер, професор по археологија на колеџот Витон.

“Ова откритие е доволно за нас да ја откриеме тајната на нивното потекло”.

Во Библијата, филистејците се опишани како заколнати непријатели на древниот народ од Израел, како туѓински народ кој дошол од Запад и населил пет главни градови во Филисеја, на територијата на денешниот јужен Израел и Појасот Газа.

Најпознатиот човек од овој народ е Голијат, храбриот воин кој е убиен од помладиот брат Давид. Наследството на филистејците живее во Палестина.

“До сега требаше да молчиме за ова откритие”.

Археолозите 3 години ја криеле тајната за откритието а ја обелоденија кога веќе завршуваа. Ова го сториле поради опасностите со кои се соочува археологијата во Израел.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.