дома блог страница 5078

„Денови на Крали Марко“ по деветти пат

Легендарниот лик на Кралот Марко, кој историски нераскинливо е поврзан со Прилеп, по деветти пат е инспирација за организирање на културната манифестација “Денови на Крали Марко”.
Во негова чест во дворот на црквата „Св. Никола“ во Варош се одржа ликовна колонија, литературно читање и историски час посветени на ликот и делото на овој легендарен јунак. Учениците кои членуваат во историската секција од ОУ „Блаже Конески“ и ликовната секција од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ се потрудија преку своите изведби и дела да го прикажат ликот на Крали Марко.
Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која традиционално ја организира Локалната самоуправа, синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање со поетско читање на тема „Ликот на Крали Марко во македонската современа литература“
Со манифестацијата се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко, а целта е промовирање на Прилеп како град каде што живеел овој легендарен крал.
Градоначалникот Ристески истакна дека во скоро врема во центарот на Прилеп ќе биде поставен споменик во чест на оваа легендарна и култна историска личност.

[Best_Wordpress_Gallery id=”14″ gal_title=”„Денови на Крали Марко“ по деветти пат”]

Посетена месноста каде загинал Никола Карев

Изминаа 110 години од смртта на  Никола Карев, првиот Претседател на Крушевската Република.

По тој повод делегација од општина Крушево, Советот на Општина Крушево, наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“, потомци на Карев како и претставници од НУ „Историски Музеј“ ја посетија месноста Свиланово , положувајќи цвеќе на местото каде во 1905 година херојски загина Никола Карев.

Во чест на Никола Карев свои творби прочитаа учениците од училиштата во Крушево и Кочани кои го носат неговото име.

– Горди сме на херојското дело на Карев и споменот за него го чуваме во нашите семејства. Првпат сме на местото каде што загинал нашиот дедо, изјавија Петар и Борис Кареви, внуци на Никола Карев кои беа дел од делегацијата.

[Best_Wordpress_Gallery id=”16″ gal_title=”Посетена месноста каде загинал Никола Карев”]