Ноќеска, во 3 часот по полноќ, со поместување на стрелките еден час назад, почнува зимското сметање на времето.
Како што соопшти Бирото за метрологија при Министерството за економија, времето во три часот ќе се смета за два.
Овие неверојатни фотографии се направени на “Piton de la Fournaise”, за време на ерупција. За среќа временските услови биле добри па фотографот Лајонел Гинги успеал да направи неколку феноменални фотографии. Неговото искуство е незаборавно, бидеќи со хеликоптер летал само неколку метри над врела лава.
Ф.Г.
Во ова место велат не постои ограничување на уживањето затоа што е под вода, таму луѓето пијат пијалоци, танцуваат, прават селфија, а со помош на кацига нормално дишат, дури и играат подводно пикадо.
Вакви места засега се само идеја за иднината, затоа што во прашање е реклама за часовници наменети за маринци.
На интернет се појави видео на кое се гледа како археолозите ја откриваат мраморната плоча од гробот на Исус во храмот во Ерусалим.
Под плочата научниците откриле и големи камења. Сега треба да истражат како изгледала оригиналната површина на плочата на која било положено телото на Исус Христос и да ги споредат со онаа која ја пронајдоа.
Според едно од Евангелијата, по смртта на Исус Христос, неговото тело е положено во една пештера во гората.
Според преданието, Света Елена, мајката на римскиот цар Константин, во 4 век го открила гробот на Исус и таму го пронашла крстот на кој бил распнат , а потоа на тоа место наредила да се изгради храм.
Ф.Г.
Земјите од регионот ги затегнуваат сообраќајните правила. Србија воведува нов закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, според кој, казните значително се зголемуваат.
Според новиот српски закон, ако возите дете до 3 годишна возраст во автомобилот и при тоа немате детско седиште, полицијата ќе ве казни со 1000 евра.
1000 евра ќе треба да платат и возачите кои имаат постаро дете, но го возат во автомобил без да биде врзано со безбедносниот појас.
Интересно е дека според новиот закон, ќе мора да ставите појас и на задното седиште. Во спротивно, казната е 5.000 српски динари или околу 40 евра.
Србите пропишуваат и исклучително остри казни за оние кои возат под дејство на алкохол. Па така, ако управувате автомобил со над 2 промили алкохол во крвта, полицијата трајно ви го одзема возилото, без разлика дали вие сте негов сопственик или пак управувате автомобил на ваш пријател. Полицијата нема да ги одзема само рент а кар возилата и оние за кои низ судска постапка ќе се докаже дека биле украдени од сопственикот. Пијаните возачи по брза постапка ќе добијат и затворска казна. Тие во затвор ќе поминат меѓу 30 и 60 дена.
Хорор филмовите влијаат позитивно на човековиот организам, затоа што предизвикуваат состојба на катарза и го засилуваат имуниот систем, велат експертите.
– Гледајќи хорор филм, ние искусуваме нешто што во вистинскиот живот едвај некогаш би го доживеале. Тоа води до катарза и не ослободува од емоции и од нашите разочарувања кои се насобрале, објаснува Марк Грифитс, психолог од универзитетот „Нотингам Трент“.
Освен тоа, страшните филмови го зајакнуваат имунитетот и ја зголемуваат отпорноста кон болести.
Професори од Универзитетот во Ковентри ја контролирале крвта на доброволци, додека пред да гледаат хорор и потоа. Резултатите по „филмската сеанса“ покажале дека во крвта на испитаниците бројот на леукоцити се зголемил.
Гледањето хорор филмови предизвикува реакција во организмот, слична на онаа при физичка борба или бегство. Во крвта се ослободува големо количество адреналин, што го активира и интензивира одбранбениот систем, па дури може и да ослабнете.
Сепак, ако се работи за некој со срцеви проблеми, таквото покачување на адреналинот е многу опасно.
Во секоја куќа има сода бикарбона и таа е една од најчестите состојки кои се наоѓаат секаде. Еколошки прифатливиот прашок во познатата сина кеса со бели букви, може да ги олесни секојдневните и досадни домашни работи, но може да се искористи и за медицински цели.
-Начини на кои можете да ја употребите:
-Ставете кеса од сода бикарбона во фрижидер и таа ќе ги собере непријатните мириси. Ова е една од најпопуларните улоги на оваа состојка.
– За да го зголемите дејството на течниот детергент додадете и пола лажица од сода бикарбона.
-За време на миењето на садови додадете сода бикарбона во водата со која миете и на тој начин ќе ги заштитите рацете.
-За да ја исчистите темелно машината за перење садови, додадете половина шолја со сода бикарбона.
Ф.Г.
800 жители брои селото Македонија коа се наоѓа на колумбискиот Амазон. Скромните луѓе кои живеат од риболов, лов и знаетчиство, никогаш не виделе автомобил.
Се започнало од едно семејство од племето племето Тичуна во 19 век, кое под влијание на мисионери најпрво станале католоци, а потоа евавнгелисти.Подоцна тие ги конвертирале и другите Тичуна-семејства што дошле од соседните области во Бразил и Перу и се населиле со нив во истото село.
Тие почнале да ја проучуваат Библијата во групи, а кога стигнале до писмата на апостол Павле до Солуњаните и Филипите во Новиот завет биле импресионирани кога првпат го прочитале зборот Македонија.
Така во 1975 година, сите семејства што живееле заедно во езерското село одлучиле своето село да го наречат Македонија, сметајќи дека се единствените Македонци во светот. Така е создадена амазонската Македонија.
Градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на “Светскиот ден на тутунот” каде со кратка забавна програма и промоција на тутунопроизводството беше отворена денешната манифестација.
Тутунопроизводството е поддржано со државни субвенции и останува егзистенција за околу 150 илјади жители во земјава. Тутунот има водечка улога во македонскиот земјоделски сектор и еден е од неговите препознатливи белези како производство кое е блиско поврзано со традицијата на македонското село во голем број земјоделски региони од државата. Жолтото злато е секако еден од синонимите за Прилеп и прилепско како најголем производен регион за тутунот во Македонија.