дома блог страница 5076

Саботно кафе во Прилеп – 29.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”394″ gal_title=”Sabotno1″]

Клинтон бара ФБИ да ги објави сите факти од истрагата против неа

Ваквото барање на Клинтон уследи откако ФБИ вчера го информира Конгресот на САД дека ја разгледува можноста за отпочување нова истрага против неа во врска со испраќањето службени електронски писма од нејзината приватна адреса.

hilari-klinton-foto-reuters-1474006885-992343

Демократскиот кандидат за преседател на САД, Хилари Клинтон го повика американското Федерално истражно биро (ФБИ) да ги објави сите факти во врска со истрагата против неа околу службените електронски писма, што таа ги испраќала од нејзината приватна и-мејл адреса додека ја извршуваше должноста американски државен секретар.

Ваквото барање на Клинтон уследи откако ФБИ вчера го информира Конгресот на САД дека ја разгледува можноста за отпочување нова истрага против неа во врска со испраќањето службени електронски писма од нејзината приватна адреса. По претходната истрага, што заврши во јули, ФБИ соопшти дека нема основа за покренување кривична постапка против Клинтон.

– Американскиот народ заслужува итно да ги дознае сите факти. Самото ФБИ посочи дека не знае дали и-мејлите за кои говори се важни или не, изјави Клинтон на прес-конференција во американската сојузна држава Ајова.

Клинтон нагласи дека не ја знае содржината на електронските писма кои би можеле да бидат опфатени со новата истрага на ФБИ и изрази надеж дека Бирото нема да го промени својот став изнесен по завршувањето на претходната истрага во јули.

– Уверена сум дека каква и да е содржината (на писмата), тоа нема да го проемни заклучокот донесен во јули, рече Клинтон.

Претседателски кандидат на републиканците Доналд Трамп, кој синоќа веднаш ја поздрави најавата на ФБИ за можна нова истрага против Клинтон, ја објави неговата демократска противкандидатка дека се обидува да го исполитизира случајот со тврдењето дека за својата одлука Бирото ги инфромирало само републиканските конгресмени.

Трамп ја обвини Клинтон дека лаже кога тврди дека ФБИ за своите планови ги известило само републиканските конгресмени, додавајќи дека и некои демократи биле информирани за тоа.

Според Трамп, најновиот развој на настаните околу електронската пошта на Клинтон, претставува најголем политички скандал во САД по „Вотергејт“, кој доведе до оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон во 1974 година.

Во врска со можната нова истрага на ФБИ против Клинтон се огласи и демократскиот кандидат за американски потпретседател Тим Кејн, кој изјави дека е „многу вознемирен“ од целиот развој на настаните.

Според него, ФБИ треба треба да соопшти повеќе детали за целиот случај, кој се обелоденува на десетина дена пред изборите закажани за 8 ноември.

Кејн додаде и дека е вознемиран што за своите планови ФБИ прво ги информирало медиумите, а дури потоа официјалните претставници.

Еј-Би-Си Њуз објави дека до новооткриените електронски писма, поради кои е можна нова истрага против Клинтон, ФБИ дошло во рамки на истрагата против поранешниот конгресмен Ентони Вајнер во врска со СМС пораките со сексуална содржина што тој и ги испраќал на едно 15-годишно девојче.

Според телевизијата, мејловите на Клинтон биле откриени при проверка на лап топ компјутерот што го користел Вајнер од страна на агенти на ФБИ.

Американскиот Национален републикански комитет синоќа оцени дека по најновите откритија на ФБИ, Клинтон треба да биде исклучена од претседателската трка „поради вмешаност во корупција“.

– Овие шокирачки информации го покренуваат прашањето за тоа какви материјали не биле доставени (во претходната истрага) и дали тоа значи дека имало обид за кршење на законот. Несомнено, во времето кога работеше во Стејт департментот на САД, Хилари Клинтон илјадници пати создала услови за откривање на доверливи информации, во обидот да ги прикрие своите корупциски шеми со исплата на пари за извршени услуги, се наведува во реакцијата на Националниот републикански комитет.

Според највисокото раководство на Републиканската партија овие сознанија „би требало да бидат основа за дискавлификација од изборната трка на кој било кандидат за претседател“.

Ваквото барање на републиканците успеди по објавувањето на последната анкета на јавното мислење која покажува зголемување на предноста на Клинтон пред републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, спроведена меѓу 21 и 27 октомври, 42 проценти од испитаниците изјавиле дека на изборите на 8 ноември ќе гласаат за Клинтон, а 36 за Трамп.

Разликата е од шест проценти претставува зголемување за два проценти поени во однос на претходната анкета на Ројтерс/Ипсос од пред една недела, кога предноста на Клинтон пред Трамп изнесуваше четири отсто.

Ти ќе ми велиш дека немам? Бесно момче ги купи сите Ајфони и ги уништи со чекан

fwefwplgperh

Кинеските социјални мрежи се преполни со снимка од една луда ситуација која се случила во една тамошна продавница на “Apple”. Имено, едно момче ги купил сите телефони IPhone 7 и сите ги искршил со чекан, а сето тоа го направил поради една безобрзна реченица.

Како што пишуваат тамошните медиуми, момчето наводно од менаџерот побаралo да му се поправи мобилниот кој неодамна го купил од таму.

Менаџерот од непознати причини го одбил, па на момчето рекол дека може да си купи нов мобилен, но доколку нема пари, стариот да го даде на друго место да му го поправат.

Навреден што ја довел во прашање неговата имотна состојба, момчето од џебот извадил пари и ги купил сите мобилни телефони и во тој момент почнал да ги крши.

 

 

Старлета од Америка е двојничката на хрватската претседателка ! (ФОТО)

Познатата старлета Коко Ти, во една ТВ емисија изјави дека ни малку не и се допаѓа тоа што ја споредуваат со хрватската претседателка Колинда Грабар-Кирарович.

koko-instagram

Коко е сопруга на познатиот рапер Ајс Ти и е успешна бизнисменка.

Нејзиното вистинско име е Никол Остин и таа има српско потекло а тоа го објави на твитер.

 

 

ВИДЕО: Ќе ви ги наполни очите со солзи: Ова бебе за прв пат го слуша гласот на мајка му

104647_bebica_ff

По сите неволји низ кои помина, ова бебенце од Џорџија по извршениот хирушки зафат во неговото уво, за прв пат во животот го слушна гласот на својата мајка.

 

Ксандер сега има осум месеци а веќе помина низ многу тешкотии. Роден е 9 седмици пред терминот, а поради крварење во мозокот го изгубил и слухот. Борбата за живот на ова бебенце на американскиот институт за неонатологија, траела повеќе од два месеци.

Меѓутоа, неговата мајка приметила дека не е како другите деца. Не реагирал на звук. И требало долго време за да му докаже на лекарите дека нејзиниот син не може да слуша. Погледнете ја неговата реакција кога за прв пат го слуша гласот на мајка си.

Ф.Г.

СЕКОЈДНЕВНО ПИЕЛ ОД ОВОЈ НАПИТОК И ЖИВЕЕЛ 152 ГОДИНИ: Сурутка – најздравиот напиток кој постои

Дури и да не може да  направи сите да поживееме 152 години, нема никакво сомневање дека сурутката е еден од најздравите напитоци кои постојат. Еве што се лекува:

surutka-jpg-infomaks

Томас Пар, скромен англичанец од село, го држи рекордот кога станува збор за најстарите луѓе на светот-доживеал 152 години!

Toмас живеел еден и пол век благодарејќи на напитокот кој го пиел секојдневно, а тоа е сурутката.

Состав и лековитост на сурутката

Сурутката е толку благотворна што може да се пие речиси од раѓање до смрт.

Сурутката е изворен облик на течност која содржи помалку од еден процент масти и над 93 % вода. Главни состојки на сурутката се калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, важни ензими и аминокиселини. Содржи само 26 калории на сто грама, која воедно е и добра за слабеење.

Најздрав напиток за заболувања на црниот дроб

Здрав црн дроб е клуч на здравјето на оргнизмот, а сурутката е моќен прочистувач на црниот дроб. Доколку имате било какво заболување на црниот дроб задолжително пијте сурутка. Таа содржи и бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини(BCAA),а посебно за заболените од цироза овој  (BCAA)придонесува да живеат подолго и поквалитетно, тврдат стручните лица.

profimedia-0101633101-1

За кондиција и слабеење

Aко интензивно се занимавате со спорт или пробувате да ослабнете, или доколку сте под стрес, како и доколку боледувате од тешки болести , сурутката треба да биде составен дел од вашето мени. Сурутката е богата со електролити, одлично го хидрира телото, дава зголемена енергеија и затоа е многу подобар избор од штетните енергетски пијалоци.

Сурутката  е неизбежен дел од исхраната на секој спортист и конзумирањето на сурутката овозможува побрзо заздравување и растење на мускулите е главна сировина за производство на протеини , кои се неизбежен дел од исхраната на спортиститеa . Воедно сурутката го намалува апетитот и затоа го поттикнува слабеењето. Воедно, допринесува и за здравјето на нервите, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата на врвни клиники и научни центри за исхрана.

gojaznost

Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува бројот на штетни бактерии во цревата, а нејзината ниска PH ја поттикнува работата на истите.

Суруртката се препорачува редовно да се конзумира кога имате надуеност, грчеви и хронично воспаление на цревата. Сурутката е најдобриот народен природен лек скоро за сите болести, како и најдобриот лек за превентива.

Сурутката може да ја купите на пазар, во продавниците за здрава храна а најдобро е да ја набавите од произведувачите на млеко и млечни производи.

Козјата сурутка е докажано најдобра, но секако може да се употребува и кравјата.Најважно е животните да не се хранети со хормони.

Бидејќи сурутката има диуретичко својство , се препорачува на почетокот да се конзумира во умерена количина,односно можете да пиете три пати на ден по 150 мл., а потоа оваа доза може да се зголеми и до 1 л. на ден. Пијте ја сурутката пред секој оброк.

Покрај внатрешната употреба сурутката може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата.

 

Инцидент во ноќен клуб во Прилеп

32fgwergeropkhgteh

Инцидент се случил вчера во позната дискотека во Прилеп. Како што информираат од МВР, 31-годишниот прилепчанец пријавил во полиција дека околу 03,20 часот отишол во ноќен клуб и откако влегол внатре во објектот без повод и причина В.С. го нападнал со неколку  тупаници во пределот на главата и го изнел надвор од објектот, а потоа во физичкиот напад се приклучиле уште четири лица по што истите го удриле и со празни шишиња во пределот на главата.

На повредениот веднаш му била укажана лекарска помош од општата болница во Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полциијата работи на расветлување на случајот.

Набавена нова медицинска опрема за прилепската болница “Борка Талески”

untitled

Во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп извршено е комплетно реновирање на сите одделенија. Завршена е набавката на голем број медицински апарати за поквалитетна здравствена заштита и услуга. Со сето ова прилепската градска болница ја враќа комплетната доверба кај пациентите. Директорот на болницата г-дин Петар Ристески изјави дека за само една година, прилепската градска болница доби комплетно нов лик, и почна да работи рентабилно, има доволен број на лекови и мазут за затоплување во престојната грејна сезона.

„Журнал“: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)

Незадоволството од политиките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е во својата кулминација. Не само граѓаните, кои гледаат што Заев и прави на државата и многу поважно што планира да направи во иднина, туку и членовите на опозицијата се незадоволни од лидерот пишува „Журнал“.

 

mmmmm-640x359

Како што дознава „Журнал“ неодамна се случила средба во затворен круг преку координација на незадоволни членови на опозицијата. Тие се незадоволни од тоа во каква насока оди СДСМ и во што се претвори партијата под влијание на соросовата доминација и слабиот капацитет на Заев да ја води партијата.

На средбата се кажувале шеги на смета на Заев, а паднале и предлози за тоа што ќе се прави по изборите. Присутните најмногу се смееле  на предлогот на Дејан Тодоровски, советник на СДСМ, кој сметал дека Заев треба да се врати во Струмица. Игор Ивановски рекол дека нема нормален човек кој што би ја одбрал СДСМ, знаејќи дека Вице-то и еден куп криминогени структури се зад Заев. Свесни се, додал тој, дека кога тогаш тие структури ќе наплатат за „лојалноста“.

Исто така шеговит бил и Јани Макрадули кој рекол дека едвај чека Радмила Шеќеринка во знак на протест од поразот кој им следи, да не ја признае новата колекција на Шанел.

Од друга страна, Шиповиќ им бил лут бидејќи сметал дека калкулирале со неговата судбина, додека пак, Андреј Петров по средбата се видел со Бранко Црвенковски.

Зборел дека е жално што на сите им е јасно дека СДСМ не е алтернатива за ВМРО-ДПМНЕ и дека народот не смета дека СДСМ ќе бидат подобри од ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив. Заклучил и дека за таквиот рејтинг е крив Заев и „багажот“ кој го носи со себе но и неговото деструктивно работење со кое веќе ја преминал границата на нормалното.

Каква е состојбата на девојчето oд Прилеп кое беше прегазено кај Соброна?

fwergyehtrjyt

А.Ќ. (23) од Прилеп, која завчера вечерта беше прегазена од автомобил додека го преминувала булеварот Партизански одреди на пешачки премин, се уште се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22 часот на крстосницата од булеварот Kлимент Охридски и улицата Орце Николов. Автомобил „голф“ управуван од Љ.С. (32) од Скопје, удрил во А. Ќ. Од ударот А.Ќ. се здобила со тешки повреди по што веднаш била однесена во Ургентниот центар.

Лекарите констатирале тешки повреди, односно внатрешно крвавење во главата, фрактура на черепот, фрактури на десната потколеница и десното рамо. Врз девојката била извршена хируршка интервенција и е во животна опасност.