дома блог страница 5073

Прилепчанка стана прва жена од Македонија судија за борби со светска лиценца

14717083_10209565969539935_7298228295972410400_n

Македонија доби 5 нови светски судии, меѓу нив е и Елизабета Димоска од Прилеп која положи за светски судија во борби и стана првата жена од Македонија судија за борби со светска лиценца.

Во сабота исто така на нејзиниот сопруг Златко Димоски  му беше доделена бронзена значка од Светската карате федерација, во знак на благодарност за судење повеќе од 10 години на светски првенства.

Златко е   првиот судија од Македонија кој  го добил ова признание од Светската карате федерација,  кој воедно, во 2005 година, на Светското првенство во Лимасол Кипар, стана првиот судија од Македонија кој се стекнал со светска судиска лиценца.

Честитки за семејството Димоски  од редакцијата на Маркукуле!

14697005_10209568459362179_1929485651_n

ВИДЕО: Протече снимката која можеби ја крие причината за убиството на Сале Мутави

85212-110940-mutavi

Еден од најблиските луѓе на убиениот Сале Мутави, Дарко Ристиќ Медо, кон крајот на минатата година го претепал познатиот предводник на нарко кланот Америка, Зоран Јакшиќ.
28 годишниот Медо во ноќен клуб го напаѓа Јакшиќ по кого трагаат полициите на 10 различни држави.
Станува збор за еден од најбараните нарко-дилери во Европа и Америка.
Дали одмаздата за овој ќотек е причината за убиството на Сале Мутави кој бил исклучително близок со Ристиќ, нема информации.

 

Добра вест: Од декември по 670 денари плус на сметките

paridenari11

Ноемвриската пензија која пензионерите ќе ја земат на почетокот на декември ќе биде зголемена за 5 проценти, согласно ветеното зголемување кое претходно го има дадено Владата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

-Пензионерите ќе добијат ново зголемување од 670 денари кое на годишно нивно е зголемување од околу 8000 денари. Досега со зголемувањата на пензиите просечната пензија е зголемена за 70, а минималната за 90 проценти, истакна Груевски.

 

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

dscn8945Две изведби на претставата “Обѕрни се во гнев” во режија на Кристина Димитрова, во четврток, 3-ти ноември  со почеток од 19.30 часот и сабота, 5-ти ноември со почеток од 19.30 часот.

Влезници на билетарницата од театарот.

Резервации на 628 644 или 076 442 378

ВИДЕО: Дали сте знаеле дека во патничките авиони постојат „тајни соби“?

Веројатно само малкумина патници знаат дека во поголемите патнички авиони постојат „тајни соби“ во кои се дружат членовите на екипажите на леталата. Иако патниците имаат впечаток дека стјуардите и стјуардесите се цело време на нога, затоа што во текот летот постојано гледаат некои од нив, сепак во поголемите летала се наоѓаат и посебни оддели наменети само за нив.

avion

Овие „тајни соби“ најчесто се сместени во делот од кабината над првата класа и во нив можат да преспијат членовите на екипажот. Скалите што водат до нив се скриени веднаш до пилотската кабина и во зависност од големината на авионот, во нив има места за осум лица.

Во авионите „боинг 747“ креветите за членовите на екипажот се на кат, а во некои летала, како „ербас А380“, има и посебна просторија за одмор на пилотите. Во просторијата за пилотите во авионите „боинг 777“, покрај два кревета, има и тоалет, мијалник и седишта како во бизнис-класата.

 

 

Мало духовно богатство во пазувите на планината: Манастир Свети Јован во село Небрегово

ambient_za_spokojstvo_na_dusata

Последните два километри од селото Небрегово до манастирот Свети Јован Крстител, патот не е арен. Но погледите на околината го уништуваат чувството на тресење на автомобилот. Се занемува од убавината во која никнал божји дом. Ѕидовите се капат наутро во изгрејсонце, а попладне во зајдисонце. Манастирот се кроти во пазувите на планината Мукос,  припитомувајќи ја дивината над кој се извишил.

Одморот е погоден на една од трите бетонски маси и дрвени клупи. Под сенките лете и под ветките зиме тивко “ѕуни” шумолот на треперливите лисје на раскошниот даб. Нема лето, пролет или есен за кристалниот глас на птиците. И клопотарците од говедата ја раскинуваат тишината, проткаена со птичјата песна и го исполнуваат воздухот со радост. Милина и воздишки. Нежните допири на природната убавина накалемена со божји храм.

Чувствата спонтано избиваат. Воодушевува трепетот на божјата порака. Челичи благоста и милоста. И восхитеноста од духовниот спокој.

Манастирскиот храм зрачи со автентичност

crkvata_sveti_jovan__i_kambanarijata_koja_ceka_dogradba

Манастирот Свети Јован Крстител е малечко богатство здиплено во духовниот долап. Црквичката се “родила” во 1970 година, на место наречено Црквиште. Храмот е кренат на нови темели зашто надлежните институции не дозволувале да се гради на старите темели. Старата црква била урната 1300 година, а новата е осветена во 1992 година. Фрескоживописецот Ристе од Мажучиште ја украсил во 1991 година.

Во манастирската ткаеница исткаени се многу молитви до Бог, приказни за луѓе кои побарале лек од Светецот, од светонеделската, петочна вода. Луѓе, фамилии на кои им се сонило дар да дарат, фреска да направат. Ги има многу… Ѕидовите ги украсиле фрески од мајката божја, Свети Јован, Свети Кирил и Методиј, Свети Димитрија, Света Петка и Света Недела и други. Највисоко од сводот благословува Исус. Сé е дар од богољупците… Народот градел несебично.

Слава на манастирот е Свети Јован во јануари, Свети Кирил и Методиј во мај и Иванден  во јули и во септември е Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Свештеник одржува литургии за славите, веселби и за умирачки.

Домаќини на славите се разни фамилии секоја година. Се пријавуваат да дарат на Бога семејства на матуранти, студенти пред дипломирање, за здравје од мака, многу верници.

– Едно утро синот, кој беше матурант рече: “Годинава за здравје, сакам да бидам домаќин на славата на манастирот”. Решивме, така да биде. И сега ги варосуваме и чистиме конаците. Остана уште да ја обелиме црквата, зашто протекуваше покривот пред да се поправи. Потребна е внимателност да не се оштети фрескоживописот – објаснува Јованка Ацеска.

Пред црквата се извишила камбанарија од бетон.

Конакот со осум пространи светли соби има по неколку кревети. Мириса на свеж вар. Дише чистота. Фурнаџиите имаат посебна соба, зашто месат леб во специјалната фурна. Славите ги посетувале до 300 гости. За Свети Јован и до 500. Трпезаријата собира околу 180 луѓе. Во конаците има специјална соба за свештеникот.

Проблем струјата, патот и стоката

Манастирот не функционира како економат. Има само неколку хектари забел. Мештаните успеале да изградат уште неколку нови соби со пари добиени од продажбата на дрва.

Се берат и се продаваат дрва да се купи материјал за изградба на новиот конак. Помагаа и фирми, а последниве години се одржува и се надградува само од средствата на верниците кои помасовно доаѓаат за славите. Помага и сопственикот на блискиот рудник, особен за поправка на патот.

Вода има од сопствен резервоар. Една стара жена сонила уште една вода во близина, покрај светонеделската и петочната. Мисли дека тоа е вода од Свети Јован.

Од одборот се жалаат дека понекогаш добитокот прави штета со влегување во дворот, но ќе се загради со камен и цемент и ќе се стави порта.

Свети Јован Крстител – последниот пророк

3

Свети Јован Крстител е роднина на Исус, и е последниот пророк. Таткото Захарие бил свештеник. Ангел му се јавил дека ќе има син, кој ќе се вика Јован. Не поверувал во сонот, зашто сопругата била постара со години и онемел.

Јован се родил на Иванден. Името му го дал татко му, кој прозборел пак, кога го напишал името на синот како да се крсти. Уште од мал Јован сакал самотнички и пустински живот. Кога пораснал живеел во пустина, крај реката Јордан и во самотија се оддал на Бога.

Бил висок, слаб човек со црна коса и брада. Со цврста волја, праведност, вистинитост, чесност, проповедал против човечките недостатоци и повикувал луѓето да се покаат.

Велел дека тој крштева со вода, но Исус е тој кој  крсти со Свет дух и со оган. Јован го крстил и Исус на реката Јордан.

Царскиот намесник Ирод во развратното римско царство по желба на Иродија која му била втора жена, и ја исполнил желбата да и ја донесат главата на чинија на Свети Јован Крстител. Настанот се случил во септември.

Свети Јован Крстител е последниот голем пророк наречен Претеча, бидејќи се појавил пред Христа и ги подготвувал луѓето за Христос. Се вика Крстител, зашто го крстил Исус Христос.

Извор: Неделник Зенит

СДСМ ОТВОРИЛЕ ШТАБ ВО ЏАМИЈА: СДСМ влегува во водите на радикалниот исламизам преку Муки Зекири?

Откако не успеа планот за бесправна изградба на џамија во Крива Паланка, финансирана со крвавите пари од радикалните исламисти, кои ги поддржуваше тогаш „независниот новинар“, а од пред некој месец и член на Извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, најверојатно со истите тие крвави пари импровизираниот муслимански верски објект стана Централен изборен штаб на СДСМ во Крива Паланка.

stab-sdsm-dzamija

Овој потег на СДСМ наложува поставување на следниве прашања: Дали по завршувањето на изборите СДСМ ќе им го врати објектот на муслиманите за да вршат верски обреди или им ветила изградба на џамија на неколкумината платеници за да ги придобие нивните гласови? Дали ова е продолжение на сите антимакедонски кампањи, на сите антимакедонски изјави дадени од СДСМ и продолжение на сценариото на Заев за двојазичност на целата територија на Република Македонија? Дали покрај двојазичност, СДСМ со вдомувањето на исламскиот радикал Мухамед Зекири во Извршниот одбор на партијата потајно се залага и за целосна исламизација на Македонија, дури и во места како Крива Паланка каде што над 99% од населението е со православна вероисповест?

Порталот Пулс24.мк објави писмо од група револтирани кривопаланчани кое го пренесуваме интегрално

„На сите нас кривопаланчани ни е добро познато местото, каде сега партијата која се бори за „подобар живот“, отвора свој штаб и ќе се борат да дојдат до само сонуваната победа.

До пред некој месец организираа протести и ги обвинуваат локалните власти, зошто не го спречиле муслиманското (наметнато) население кое доаѓаше од сите градови од Македонија, да реализира верски дејствија во стогиот центар на градот, каде никој не сакаше да биде изградена џамија на ИВЗ и се претставуваа како бранители на христијанството, а сега дојде ред својот штаб да го отворат во истите простории?

oo-sdsm-stab

Дали ова е продолжение на сите антимакедонски кампањи, на сите антимакедонски изјави дадени од СДСМ и продолжение на сценариото на Заев и неговите сдсмовци за двојазичност во Македонија?

`Изгледа правилата постојат за да бидат прекршени`, така е и во случајот на СДСМ, еднаш ќе плукаме, ќе обвинуваме, ќе бидеме против наметнување на исламот, против албанските интереси, а сега ќе купуваме поени токму во нивните редови и ќе ветуваме двојазичност. Зад сите овие работи стоеше во одбрана и Мухамед Зекири, сега веќе добро познат член од редовите на СДСМ.

muhamed-zekiri-islamizacija

Нема место каде може да сокриете сѐ што сторивте, секој ваш обид за исламизирање, двојазичност и префрлување на топката на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ви се врати на 11ти декември!

Епа НЕ, фала ви за таквата игра, од нас гласови не добивате, се спротивставивме и тогаш, а и сега не само Крива Паланка, туку сите во Македонија се свесни што сакате да постигнете, но тука е партијата која ќе ги штити интересите на државата и која нема да дозволи да се поигрувате со сѐ што е македонско!“ – стои во писмото пратено до редакцијата.

Извор: Инфомакс

Овој ден одредува каква ќе биде зимата: Верувања и обичаи за празникот

luka

Денеска е Св. апостол и евангелист Лука.

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.

ФБИ доби судска наредба да ги истражи новооткриените мејлови на Клинтон

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) доби судска наредба да ги истражи новооткриените електронски писма поврзани со демократскиот кандидат за преседател Хилари Клинтон, додека истакнат демократ го обвини директорот на оваа агенција Џејмс Коми дека го прекршил законот во обид да влијае врз претстојните претседателски избори во САД.

 

fbi-640x294

Судската наредба му дозволува на ФБИ да ги истражи мејловите и да утврди дали постои поврзаност со неговата истрага за случајот со користењето на приватната електронска адреса за испраќање на службени писма од страна на Хилари Клинтон, во времето кога беше државен секретар на САД од 2009 до 2013 година.

Истакнатиот демократ во Сенатот, сенаторот од Невада, Хари Рид во писмо до директорот на ФБИ го обвини за двојни стандарди, бидејќи ги занемарил повиците на демократите за истрага на евентуалната поврзаност на Доналд Трамп со руската Влада, но затоа го информирал Конгресот за мејловите, кои се откриени при истрага за педофилија против поранешниот конгресмен од Њујорк, Антони Вајнер. Вајнер е сопруг на блиската соработничка на Клинтон, Хјума Абедин, со која се разделени.

– Вашите активности во последните месеци демонстрираа загрижувачки двоен стандард во третирањето на чувствителна информација, со јавна намера да и помогнете на една политичка партија за сметка на друга. Моите соработници утврдија дека ваквите дејствија можеби го нарушуваат законот Хач, истакна во писмото сенаторот Рид.

Законот, со кој им се забранува на агентите на ФБИ да ги користат своите службени овластувања за да влијаат врз избори, е усвоен во 1939 година и го носи името на предлагачот, демократскиот сенатот Карл Хач.

Одделно писмо со критики упатени до шефот на ФБИ испратија и поранешниот американски секретар за правда Ерик Холдер и повеќе поранешни федерални обвинители.

Поранешниот конгресмен Вајнер се товари за испраќање мејлови со сексуална содржина на 15-годишно девојче во Северна Каролина. ФБИ веќе имаше добиено судска наредба за претрес на неговиот лаптоп, но му беше потребна посебна дозвола за испитување на материјалот, кој можеби е поврзан со Хилари Клинтон.

ФОТО: Какво оружје е пронајдено во близина на куќата на Вучиќ, се подготвувал ли атентат?

Ден по пронаоѓањето на арсенал оружје во близина на куќата на српскиот претседател Александар Вучиќ, безбедносните српски служби интензивно работат на расветлување на случајот. По тој повод денес се огласи и самиот Вучиќ.

 

oruzje-suma-vucik

-Доколку постои и 1 процент веројатност некој да подготвувал атентат не би имал никакви шанси за да преживеам, бидејќи од 40 метри со „зоља“ и слеп ќе погоди, наведува српскиот премиер на денешната прес-конференција, додавајќи дека оружјето е пронајдено на едвај 15 метри од исклучувањето кон неговата семејната куќа.

Безбедносните служби и форензичарите работат на собирање на докази. Вучиќ истакнува дека очекува интензивна истрага.

aleksandar-vucic

-„Зољата“ има домет и на 200 метри, а доколку некој го познава теренот, нема промашување. Се надевам дека некој случајно го оставил тоа е уште поголем проблем бидејќи би можело да настрадаат деца. Единствено момците од обезбедувањето ми кажаа дека местото на кое е пронајден арсеналот е идеално за извршување на напад, вели премиерот на Србија.

Вчера попладне во шумата во Јајинци се пронајдени „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62 милиметри. Најдени се и куршуми за автоматско оружје и снајпер. Според проценките, пронајдената количина на оружје би можела да уништи цела колона на возила.

oruzje-suma-vucik1

-Околу 16:05 некој дојавил дека има нешто сомнително во шумата во Јајинци, за што преку порака ме извести Небојша (Стефановиќ, министер за внатрешни работи). Му одговорив: „Ајде да се кладиме дека ќе најдеш оружје на тоа и тоа место“. Тој простор е еден процент од шумата. Стефановиќ за кратко време се јави и праша: „Како знаеше?“. Ете случајно погодив, каде инаку луѓето би оставиле старо оружје, ако не таму. А некои стигнаа да ни се јават околу 16:15 и да знаат за што се работи. Земени се отпечатоци, се што е потребно и сигурен сум дека ќе се најде парцијален ДНК. Ако не се најде, тогаш сите ќе знаеме за што станува збор, заклучува српскиот премиер.

 

oruzje-suma-vucik2