дома блог страница 5065

ШОК НА БАЛКАНОТ: Оваа позната убавица е девојка на Марија Шерифовиќ

fewgiojwoaihehet

Девојката на познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ е фатлната мажена Елена Кариќ. Приказната за врската на сопругата на Југослав Кариќ, синот на Драгомир Криќ и Марија Шерифовиќ дојдоа новинарите на српски Курир,  со тоа и пристигнале и фотографиите кои сведочат за нивната блискост.

fwegtfowjgerh

 

ВИДЕО: Неколку години живее со змија во косата: Луѓето бегаат од него

screenshot_3-6-640x395

Луѓето најчесто се плашат од змиите. Меѓутоа, ова момче го нема тој проблем. Тој направи нешто што никој до сега го нема направено – живее со змија во косата.

Толку се спријателиле што целосно се навикнале еден на друг, како вистински цимери. Меѓутоа, поради ова тој загубил многу пријатели, луѓето бегаат од него.

Ф.Г.

Неверојатно: За 29 часа родила 17 бебиња

Катарина Мостов од Индијанаполис е нова светска рекордерка, родила 17 бебиња за 29 часа.

bebinja

Тоа било неверојатно искуство не само за мајката туку и за целиот лекарски тим. Вакво чудо досега никогаш не се случило.

-Бебињата стално доаѓаа и доаѓаа.! Милам дека ќе имам ноќни мори поради овој ден, подолг временски период, изјави докторот кој го изврши ова неверојатно породување Џек Моров.

Катарина и нејзиниот сопруг се одлучиле за вештачко оплодување на клиника во Родос како последна надеж дека ќе стана родители.

Процесот на оплодување, без сомнение бил многу успешен, Катарина родила 17 идентични машки бебиња.

Нивните имиња се Џејмс, Џексон, Џерод, Џервис, Џесон, Џереми, Џес, Џером, Џими, Јоаким, Џонатан, Џон, Џозеф, Џулијан, Џимбо и Дет Поркинус.

НЕГОВИОТ ПРИЈАТЕЛ ГИ ИЗРАДУВА ФАНОВИТЕ: Шумахер успешно се опоравува

mihael-sumaher-foto-profimedia-1446463284-775611

Пријателот на фамилијата Шумахер, Рос Брон, изјави дека легендарниот германски возач и седумкратен светски шампион во Ф1 добро се опоравува.

Шумахер се опоравува од тешката повреда на главата, која ја доби на кијање во Франција на 29 декември 2013 година.

Тој долго време беше во кома во болницата во Гренобл, а сега е на рехабилитација во својот дом во Швајцарија.

” Фамилијата на Михаил одлучи информациите за неговото опоравување да ги држи во тајност и јас тоа го почитувам. Постојат охрабрувачки знаци и сите секојдневно се молиме да видиме уште повеќе. Тешко ми е да кажам нешто повеќе бидејќи имам голема почит кон неговата фамилија “, рече Брон, кој беше и директор на Ферари.

Во Кривогаштани интензивно се работи на изградба на регионалниот пат Р2335

19

Во Кривогаштани интензивно се работи на изградба на регионалниот пат Р2335. Патот ќе биде изграден во вкупна должина од 208м, ширината на патот ќе биде 7м со патеки од бехатон плочки од двете страни на коловозот и со површина од 796м².

Изградбата на овој регионален пат е дел од една урбана целина во општина Кривогаштани на која Центарот за развој на Пелагониски плански регион заедно со општина Кривогаштани работи во изминатиот период. Целината се започна со подготовката на техничка документација за изградба на паркинг на сточен пазар во Кривогаштани, потоа изградба на паркинг на сточниот пазар во Кривогаштани, изградба на тротоар, партерно уредување на плоштадот околу општинска зграда во Кривогаштани и сега имплементација на проектот за изградба на дел од регионален пат Р2335.

Изградбата на овој регионален пат овозможува поврзување со сточниот пазар во Кривогаштани кој е најголемиот сточен пазар во Пелагонискиот регион и на кој транзитираат голем број на товарни возила со останатиот дел од општината и регионот. Преку имплементацијата на овој проект ќе се подобри секојдневното општествено-економско функционирање на најмалку 115.000 жители од микрорегионот Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар-Долнени. Ќе се создадат услови за зголемена пазарна активност на најмалку 300 продавачи и најмалку 2000 купувачи од овој микрорегион, кои на дневна основа ги користат регионалниот зелен и регионалниот сточен пазар во Општина Кривогаштани.

Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион, а истиот е финансиски поддржан од страна на Бирото за регионален развој на Република Македонија, преку Прогрмата за регионален развој за 2016 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.435.925,15 мкд со ддв.

Банкнотата од 5.000 денари заминува во историјата – во оптек се пуштаат новите 200 и 2000 денари

20161104092117yjn65u56u56

Народната банка на Република Македонија од 15 декември годинава ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари.

НБРМ информира дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.

– Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по период од 20 години. Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и анализи на сите постоечки фактори, при што се утврди дека постојат реални потреби за воведување на двата нови апоена. Воведувањето ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции, а како секундарен ефект се очекува урамнотежување на побарувачката за одредени деноминации, појаснуваат од НБРМ.

Додаваат дека искуствата покажуваат и дека, во одредени случаи, потребно е да се елиминира некоја од деноминациите со цел структурата на деноминации да стане покомпактна.

– Книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата. Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна, велат од НБРМ.

 Истакнуваат дека потреба од книжни пари со оваа деноминација не пројавувале ниту банките и наместо нивната количина во оптек од година во година да се зголемува, таа постојано опаѓала и затоа тие ќе престанат да бидат законско средство за плаќање на 15 декември 2016 година.

Деловните банки во Република Македонија ќе ги заменуваат книжните пари со апонска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 година до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната замена ќе се врши од страна на Народната банка на Република Македонија.

За соодветно да се вклучат во системот на готовинското работење и заради непречено одвивање на готовинските трансакции, со новите апоени нивното пуштање во оптек е предвидено за 15 декември 2016 година. Во меѓувреме, временскиот период од пристигнувањето на книжните пари до нивното пуштање во оптек ќе се искористи за едукација и запознавање со основните карактеристики и заштитни елементи на книжните пари на вработените во банките и другите финансиски институции. Исто така тоа е време во кое можат да се спроведат и активности за приспособување на софтверските модели на машините за обработка на книжните пари, банкоматите и останатите автоматизирани машини за самопослужување коишто работат со готовина, што ќе овозможи непречена циркулација на новите апоени.

ГРУЕВСКИ: Завршени се 80% од работите во прилепската општа болница “Борка Талески”

lok-640x384

Груевски денес најави значителен инвестициски циклус во македонското здравство. Покрај изградбата на Клиничката болница во Штип, започнато е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.  Во тек се и градежните работи за дооформување и адаптација на постојниот болнички објект на Општа болница Струмица, ќе се изврши комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“, проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија,  а се планира и комплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби., како и  комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола.

Меѓу останатите проекти  Груевски потенцираше дека завршени се 80% од работите во прилепската општа болница “Борка Талески”.

“Сакам и да истакнам дека веќе во завршна фаза, завршени се 80% од работите, од реновирањето и адаптацијата на објектот на Општата болница во Прилеп, во вредност од 70 милиони денари. Ова е прва комплетна реконструкција на болницата од 1980 година, од која корист ќе имаат околу 120.000 жители”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Доделени нови решенија за бесправно изградени објекти

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-14

Осумдесет нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти денеска додели градоначалникот Марјан Ристески.
„Овие податоци говорат дека општината со добра динамика ги решава предметите за легализација, но напорот треба да е заемен. Без поддршка и соработка со граѓаните, процесот на легализација не може успешно да заврши, посочи градоначалникот Ристески.

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-9

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-2

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-8

Тој ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-15

6480-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-12

Ванковска за „невладините“: И „Алфи“ ќе засакате ако ви користат во хајката против власта

Професорката Билјана Ванковска позната по тоа што не ги штеди про-опозиционите невладини кога се во прашање нивните двојни стандарди, синоќа на нејзиниот фејсбук профил објави уште еден статус со кој потенцираше уште еден токму ваков момент.

 

vankovska

Според неа, сите активисти од соросовите невладини кои учествуваа во насилните протести во кои беше напаѓана и полицијата се токму оние кои редовно се противат на начинот на дејствување на единиците од „Алфа“ тимовите во полицијата – освен кога дел од припадниците на овие тимови, за кои јавноста дозна дека се кадри вработени од Оливер Спасовски – не им одат „од полза“ на приказните кои ги смислуваат соросовите активисти и имаат за цел дискредитирање на членови на власта.

Ванковска пишува:

„Не така одамна, сите НВО и активисти велеа дека “Алфите” се лошите момци, кои пречекоруваат овластувања, кои не се легитимираат, кршат човекови права, употребуваат насилство, итн. Перцепцијата се смени и буквално преку ноќ, истите станаа добрите момци. Just saying…“

Во Прилеп доделени плакетите и дипломите по повод 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

imgl8395

Салата на ЦК „Марко Цепенков“ беше претесна да ги собере сите гости кои беа дел од свечената седница по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Во присуство на Претседателот на Совет, советниците, пратениците во собранието на РМ, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на фамилии, добитници на наградите и граѓани, свечено беа доделени наградите и признанијата – 3-ти Ноември.

imgl8392

imgl8409

imgl8453

imgl8464

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделија на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.

imgl8741

imgl8754

imgl8773

imgl8787

imgl8479

imgl8498

 
Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделија на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.

imgl8522

imgl8725

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се додели на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.
Оваа година се навршија точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.