дома блог страница 5066

Прилепско-Американска свадба од бајките: Прилепчанецот Методи и американската убавица Марија – ВИДЕО

13782265_10154381850033656_668373399387776994_n

Мајсторијата на Фан Продукција, уште еднаш на дело. Нивната умешност создаде уште една бајка за паметење.

Свадбената бајка на шармантниот прилепски младоженец Методи и неодоливата Американка Марија претставува вистинска уметност.

2

1

Видеото кое следи ќе освои сечие срце и ќе предизвика топлина и љубов во секој од вас.

 

 

Сите користиме микро печка, но дали знаете што не смеете да топлите во неа?

mikro-pecka

Брзиот живот и секојденвните обврски се незамисливи без микро печка, сите ја користиме но дали тоа го правиме правилно?

 

Постојат некои работи кои никако не смееме да ги ставиме во неа.

Никако не се обидувајте да направите јајца во микро, резултатот ќе биде катастрофа. Влагата која се создава внатре при работењето на микрото, ќе создаде хаос. Може да дојде и до експлозија.

Исто така не смее да ви падне напамет и да подгревате масло. Маслото од влагата ќе прска и ќе настане хаос, но исто така печката може да пукне и да се запали.

Не се става ниту метален сад, ни алуминиумска фолија.

Не треба да се пали микро печката ни ако е празна.

Бред Пит тешко болен деновите ги минува во Болница

Бред Пит во тајност го посетува најдобриот специјалист за инфективни болести, а низ сето тоа поминува без поддршката на семејството.

r4g54dth5gfth

Како што велат изворите на порталот Radar Online, секое утро, многу рано, го гледаат 52-годишниот актер на клиниката за инфективни болести. Тој доаѓа пред отворањето на клиниката за преостанатите пациенти за да не го види некој. Доаѓа околу 7.30 часот, изјавил еден извор.

Медиумите јавуваат дека Бред Пит е во многу лоша емоцијална состојба откако се разведе со сопругата Анџелина Џоли, но се’ уште не е утврдено каков здравствен проблем има.

Доколку Бред Пит е навистина болен, тоа е само еден во низата проблеми што му се случија изминативе месеци. Актерот моментално се бори со разводот, неможноста да поминува време со своите деца, полициската истрага поради наводите дека ги злоставувал децата…

 

ВИДЕО: Поставил камера во собатa: Му се заледила крвта кога видел што прави неговото дете во 3 часот на утро

2ujutru

Татко поставил камера во собата, но се преплашил кога видел што прави неговото дете во 3 часот на утро.

Ова е морничаво. Погледнете за што станува збор…

Ф.Г.

 

ВИДЕО: Чудо невидено во Алепо- мртовци оживеаја во вестите на Си Ен Ен

Статистите очигледно не забележаа дека камерата е веќе вклучена, и се создадоа смешни сцени кои го преплавија интернет.

mrtovci

-Иако во Алепо веќе е договорено примирјето, руските и силите на Асад го прекршија, убивајќи 25 лица, се ударните вести на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си.

Цивилната одбрана која е активна во бунтовничкиот дел на градот, соопшти на Твитер дека во воздушните напади на бунтовничкиот дел од Алепо загинале 25 лица. Не се споменува дали станува збор за цивили или војници. Сириската и рудската војска не беа достапни за коментар, а ниту „жртвите“ како што може да се забележи на снимката.

Ударните вести први ги објавија „Си-Ен-Ен“ и „Би-Би-Си“, а ги пренесоа и останатите медиуми. Во брзањето да ја пренесат веста воопшто не забележаа дека статистите им се мдраат.

Видеото веќе е објавено со неверојатна брзина и пренесено ширум светот. Цената за статистите изнесувала 100 долари.

Победа доби специјална плакета за јубилејот на ОФС Прилеп

2

Вчера попладне на пригодна свеченост во големата сала на Општина Прилеп, Општинскиот Фудбалски Сојуз на Прилеп го одбележа златниот јубилеј-50 години постоење. Во рамките на одбележувањето на ФК Победа му беше доделена специјална плакета како најистакнат и најуспешен фудбалски клуб од градов со посебни заслуги за развојот и унапредувањето на фудбалскиот спорт во Општина Прилеп. Плакетата ја прими претседателот на клубот Д-р Гоце Ингилизов.

-,, ФК Победа е огромен колектив во кој се развиваат околу 300 млади фудбалери. Покрај грижата за првиот тим, ние посебно внимание посветуваме на развојот и продукцијата на наши млади фудбалери кои во иднина ќе бидат носители на играта на првиот тим и ќе прераснат во репрезентативци на Македонија. Прилеп секогаш имал и ќе има фудбалери кои достојно ќе ја репрезентираат нашата држава. За клубот да функционира ние вложуваме максимални напори, огромен труд и средства. Морам да истакнам дека најголема заслуга за функционирањето имаат вложувањата во клубот на Општина Прилеп и прилепските компании: ,,Прилепска пиварница” ,,Жито Прилеп”, ,,Комфи Ангел”, ,,Мермерен комбинат”, ,,Витаминка” и ,,Кабелнет”. Се соочуваме со инфраструктурни проблеми, но постепено ги решаваме. Со завршувањето на реконструкцијата на градскиот стадион и решавањето на проблемите со терени за тренинг, Победа ќе стане клуб кој секоја сезона ќе биде во врвот на македонскиот фудбал”, истакна претседателот на клубот Д-р Гоце Ингилизов.

1

На свеченоста специјални плакети беа доделени на: постхумно на првиот претседател на ОФС Прилеп Петар Чатлески, на иницијаторот за формирање на ОФС Александар-Цане Самарџиоски и фудбалскиот судија Трајче Маџоски, на биснисмените Симон Наумоски и Кирил Самарџиоски, за повеќегодишно несебично помагање на спортот во Општина Прилеп од страна на компаниите ,,Витаминка” и ,,Прилепска пиварница”, на Градоначалникот Марјан Ристески за подршката на спортот во градот, на претседателот на ОФС Прилеп Марјан Стојкоски и на поранешниот прв човек на Победа Александар Забрчанец.

3

Се чека оставка од Спасовски поради политичко- полициската местенка

spasovski-oliver

Се чека оставка од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната прес-конференцијата на која изнесе куп невистини и се обиде да направи политичко- полициска местенка.

Исто така, Спасовски се обиде да ја заштити и криминалната структура која ја води предизборната битка на СДСМ во недостаток на политички капацитети на партијата.

Веднаш по интервјуто на Диме Спасов на ТВ Нова, во кое направи реконструкција на настанот од петокот вечерта, кој медиумите на СОРОС го извртеа и направија викенд-сензација, Спасовски излезе на прес-конференција и изјави дека има снимки на кои се гледа дека никој не го брка Спасов и не му се заканува.

Потоа рече дека има и снимки од тоа како Спасов удира во автомобилот на Албанците.

Но, на лагата ѝ се кратки нозете.

Веднаш по прес-конференцијата на Спасовски, во дневникот на ТВ Сител беше објавена ексклузивна видео снимка од безбедносни камери на кое јасно се гледа дека Спасов не само што бил бркан низ скопските улици, туку врз него била спроведена сила и закани со огнено оружје. Од истите снимки се утврди дека немало ниту судар со автомобилот на Албанците.

Спасовски и до сега се покажа како еден од најлошите министри за внатрешни работи, во краткиот мандат кој не го доби од граѓаните, туку преку политички договор.

Наместо да ја извршува својата улога на министер за внатрешни работи соодветно, тој го користи министерството и неговата структура за политички хајки.

Затоа македонска јавност бара оставка од техничкиот министер на СДСМ, бидејќи полицијата постои да го брани народот, а не да го тероризира.

ВИДЕО: Кои се луѓето што го нападнаа Диме Спасов?

Лица со дебели криминални досиеја, со двоцифрен број на кривични дела и одлежани затворски казни минатата недела го нападнале и бркале дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов.

napagjaci

Тешки кражби, насилства, тепачки со оружје се меѓу делата за кои одговарале лицата од групата која сакала да се пресмета со Спасов. Овој податок фрла нова димензија на случајот од минатата недела за кој проопозициските портали и активисти преку социјалните мрежи објавуваа бројни дезинформации со цел дискредитација на Диме Спасов.

На ова се андоврза и партиската изјава на СДСМ преку портпаролот Шилегов со што овој случај стана дел од црната политичка кампања.

МВР пак во првиот извештај до јавноста воопшто не ја споменува криминалната група а и наши извори наведуваат дека и самата постапка која ја води е со низа намерни пропусти. И додека МВР пласира недоречености во јавноста, медиумите блиски до СДСМ ја туркаа информацијата за наводната “алкохолизирана состојба” на дополнителниот заменик министер која е неутврдена.

Круцијално во целиот случај е што надлежното министерството тенденциозно пропушта да истакне дека Спасов бил следен од осудени криминалци кои позади себе имаат досиеа за тешки престапи и тоа:

-Даут Динарица кој во полициското досие имал дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Ова лице било осудено за насилство, предизвикување тепачка користејќи  оружје. До 26.8.2016 издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија.

– Омер Аџами  кој има дури 16  криминални дела за тешки кражби и помагање во други кривични дела

-Учесник во криминално-полициската акција бил и извесниот Етем Абаз кој е со полициско досие за загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка.  Во претходна постапка МВР му ја одземала дозволата за управување со возило.

-Рафет Ќазими

Во саботата порталите блиски на опозицијата информираа дека наведените лица дале изјава во полициска изјава дека не го бркале, ниту го виделе Спасов ноќта кога се случувал настанот.

Во целата конструкција се добива впечаток дека заканите кон Спасов, обидите за физичка пресметка како и можните мотиви на оваа криминална група се затскриваат и во постапувањето на надлежните служби во МВР во расветлувањето на случајот.

Министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски вчера во изјава за медиумите истакна дека сите информации околу овој случај се речиси готови и дека законите ќе важат за сите подеднакво.

 

ОВА НЕ И ТРЕБАШЕ : Северина ги разочара своите фанови на социјалните мрежи

untitled

Иако многу ја сметаат за една од најзгодните пејачки на балканот, тоа изгледа на Северина не и е доволно.

На нејзиниот изглед во петтата деценија многу и завидуваат, дури и многу млади девојки, но Северина не е задоволна.

Таа на својот инстаграм профил објави фотографија на која позира со кратки фармерки и краток џемпер кој го открива стомакот.

Меѓутоа, она што е очигледно е дека Северина се послужила со “фотошоп” како би го намалила својот струк и стомак.

 

ВИКИЛИКС СТАВИ БЕТОНСКА ПЛОЧА НА ЦРНАТА ДИПЛОМАТИЈА НА САД: Објавени документи од припадници на ИСИС во фондацијата на Клинтон!

Викиликс конечно го доврши она што го почна пред неколку месеци. Според „Конзерватив Дејли Пост“: Барак Хусеин Обама и Хилари Клинтон се основачи на ИСИС. Докажано е низ е-мејлови и документи објавени од Викиликс: Сепак, либералните медиуми одбиваат да објават за тоа.

 

hillary-supports-isis-900x350

Објавениот е-мејл меѓу Клинтон и Џон Подеста гласи: „Западните разузнавачки служби, разузнавачките служби на САД и изворите во регионот“, а од него е јасно дека Катар и Саудиска Арабија „овозможуваат тајна финансиска и логистичка поддршка на ИСИС и други радикални групи на Сунитите во регионот“.

Хилари на Подеста во мејловите му вели дека „постои потреба да се искористат дипломатските и потрадиционалните средства за разузнавање“, додавајќи дека моменталните случувања во Блискоисточните држави се „важни за САД од различни причини, што варираат од држава до држава“.

Чудно е како Клинтон изјавува дека Саудијска Арабија и Катар помагаат да се финансира ИСИС, кога најголемите донации кон Клинтоновата Фондација доаѓаат токму од овие две држави.

Во друг разговор од 2012 година, Директорот за надворешна политика на Фондацијата Клинтонови, Амитаб Десаи, договара состанок со Бил Клинтон на 5 минути, во замена за „роденденски чек“ од милион долари.

Е-мејлот додава дека малата, но богата нација на Катарскиот Полуостров ќе ги „прими предлозите на Фондацијата Клинтонови за инвестирање на Хаити, а особено во областите образование и здравство“. Десаи додава дека Катар веќе „ги премести поголемиот дел од 20-те милиони долари. Тие беа среќни со проектите што ги предлагавме“.

„Бил Клинтон добива 1 милион долари за роденден. За ваша информација: Во Катар тепањето и силувањето на сопругите е легална и вообичаена практика.“, објавено од Мартин Волш на Твитер (13.октомври 2016)

За оние што се уште не сфаќаат како се е поврзано и оди во огромен прилог на Хилари Клинтон, следува објаснување:

Хилари, како државна секретарка им одобрувала продажба на оружје на терористичките нации, но само откако тие ќе даделе голема донација на нејзината „фондација“. Овие оружја, обезбедени од Хилари и Стејт Департментот, потоа се пробиваат од Саудиска Арабија, Катар, Либија итн., и директно ги помагаат терористичките групи.

Ова е начинот на кој се создаде ИСИС. Но, наместо да ги бомбардираат со воздушни напади, Хилари и Обама одлучија да ги остават ИСИС на мир. Зошто? Бидејќи присуството на ИСИС на Блискиот Исток и овозможува на Обама/Клинтон машинеријата да заработува милиони долари личен профит од овие држави во повторувачки циклуси на продажба на оружје.

oruzh2n1
Тие го избраа личниот профит наместо елиминирањето на терористичка група. Зошто Хилари не е уапсена за овие криминали? ФБИ апси и за многу помалку од тоа: Обидете се само да ги славите Алах и ИСИС на Фејсбук и ќе се уверите во тоа.

„Ако Жулијан Асанж лаже, зошто со сите сили се обидуваат да го замолкнат?“ –Мартин Волш на Твитер (23.октомври 2016)

Поголем дел од медиумите во САД се уште молчат за сето ова. Ако Трамп беше обвинет за вакво нешто, американските медиуми ќе беа преплавени од вести. Но, неупатените политичари не се проблемот. Проблемот е што неупатените граѓани гласаат за нив на сите избори. Ова е само уште еден показател за нивото на корумпираност на американскиот систем.