дома блог страница 5064

Ораторска вечер „Стереотипите кај младите“: Трет пат прилепските гимназијалци се докажаа како врвни оратори

oratorska-vecer-2016

Ораторството е вештина со која говорникот јавно ги искажува своите размислувања и ставови на одредена тема или по некое прашање, со цел да остави добар впечаток кај слушателите и да ги убеди во она што сака да го каже.

Традиционално и оваа година учениците од гимназијата “Мирче Ацев” пред јавноста ги покажаа своите ораторски вештини. Вчера (04.11), во просториите на градската библиотека „Борка Талески“, пред полна сала публика, десет ученици низ своите говори им ги пренесоа на присутните своите ставови на тема „Стереотипите кај младите“
Со говори настапија: Филип Димовски, Ангела Николоска, Деспина Сиљаноска, Стефанија Стефаноска, Катерина Божиноска, Елена ’Ртоска, Христина Трајкоска, Анастасија Насевска, Веселинка Илиовска и Стефани Мирческа.
Меѓу учениците, родителите, наставниците и останатите гости, во публиката беше и градоначалникот Марјан Ристески кој е редовен посетител на сите досега одржани ораторски вечери во организација на училиштето.

6

5

Комисијата која по утврдени критериуми ги вреднуваше настапите на ораторите ја сочинуваа професорите Рубин Матески – претседател, Емона Јованоска, Димче Настоски, Мартин Наумоски и Николче Богданоски.

По настапот на ораторите, следуваше кратка музичка пауза на која комисијата ги сумираше резултатите.
За најуспешни оратори комисијата едногласно ги прогласи:

  • Деспина Сиљаноска – прво место
  • Филип Димовски – второ место
  • Стефани Мирческа – трето место

3

2

1

На најуспешните оратори, доделени им беа дипломи и книги, а на останатите учесници доделени им беа благодарници.

За успешната реализација на ораторската вечер придонес има и Младинската организација од Гимназијата со претседателот Панче Патоски.

4

Фото: Емили Ратајковски со длабоко деколте на попладневен ручек

Британската манекенка и актерка Елими Ратајковски вниманието врз себе го сврти со провокативни едиторијали и секси фотографии, кои редовно ги објавува на социјалните мрежи.

 

emili1-640x695

Овој пат згодната манекенка објави фотографија од ресторан, каде е на ручек со пријатели, на која се гледа необичниот стајлинг на згодната Емили.

 

Задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

 

zadusnica-1

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света фамилија за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

 

Зошто некои од нас заболуваат од рак, а некои не? (ВИДЕО)

rak_21052014_screen

Многумина од нас за тоа воопшто не размислуваат, но мали делови од нашето тело непрестано изумираат. Клетките на нашата кожа, коса и нокти умираат секоја секунда.

Во исто време, нашето тело непрестано создава и дели нови клетки. Единствениот проблем е тоа што не сме совршени. Секој пат кога ќе дојде до нова делба, доаѓа до одредена грешка, а некои од тие грешки излегуваат од контрола и стануваат канцерогени.

На видео снимката може да погледнете токму детали од оваа тема.

Училишни тимови за безбедност и медијација

manu-obse

И оваа година, мисијата на ОБСЕ во Македонија повторно организираше работилници за учениците од средните училишта во Македонија, кои се одржаа во хотел „Монтана„- Крушево од 27-29 октомври 2016 год. Во тие работилници учество зедоа и средношколците од СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,, под менторство на професорката Мануела Котеска.

Целта на работилниците беше поврзување на учениците од различните етникуми во Р.Македонија, со цел нивно ангажирање во справувањето со ризиците и конфликтите кои што постојат секојдневно во нивното опкружување – училиштето и средината.

Работилниците се водеа по следниве теми:

1.Менаџирање на конфликти

2.Тимска работа преку спортски и друштвени активности

3.Работилница за видео и фотографија

4.Активно младинско учество

5.Мултикултурализам.

Учениците од прва и втора година од училиштето “Кузман Јосифоски-Питу”, Михаела Анастасовска, Ирмела  Хасановиќ, Наталија Савеска и Стефани Атанасоска, беа дел од петте тимови кои активно работеа во совладување на зададените задачи од преставниците на ОБСЕ. Учениците требаше да разговараат за тоа како се справуваат со конфликтите во нивната средина, како ги надминуваат меѓуетничките разлики, како спортските активности ги поврзуваат различните етникуми и како гледаат на мултикултурализмот како позитивна придобивка во нивниот живот. Убавото време и желбата за дружење ги поврза сите ученици и менторите со цел престојот да се искористи во постигнување на предвидените цели и ширење на познанства и склопување нови пријателства, кои треба да продолжат активно и во понатамошниот период. Во периодот што следи учениците треба да  изработат презентативен материјал, видео и слики, со кои ќе придонесат за ширење на интересот меѓу нивните соученици-врсници и активно вклучување во вакви и слични настани.

 

Професор Мануела Котеска

СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,, Прилеп

(ФОТО+ВИДЕО) Го каснал заразен комарец и го претворил во чудовиште

profimedia-0284282044-620x350-620x330

Ногата на овој човек личи на сурла од слон по каснувањето од комарец, а тоа целосно му го променило животот.

Рајмунда од Бразил пред 20 години го каснал комарец, а тоа предизвикало паразитска инфекција. Од тој момент тој ја започнал борбата против оваа инфекција, гледајќи ја својата потечена нога како се повеќе личи на сурла од слон.

Оваа болест е позната по тоа што на пациентот му го зголемува волуменот на кожата и поткожното ткиво, а тоа доведува до големо здебелување, а некогаш и до деформација на деловите од телото.

profimedia-0284282061

Болната и опасна тропска болест е честа во Африка, Централна и Јужна Америка, Јужна Азија и островите на Пацификот.

Ф.Г.

ФОТО+ ВИДЕО: Катица Јанева извадила членска од СДСМ

„Име: Kатица, презиме: Јанева, дата на раѓање: 9.2.1965 година, член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2004 година“, вака изгледа членската книшка од СДСМ на специјалната обвинителка до која дојде „Дневник“.  Дали Kатица Јанева во 2004 година извадила членска карта од СДСМ?

katicajaneva

Во неа, освен личните податоци на обвинителката од десната страна, стои и потписот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а симболите на партијата и серискиот број: 038196 се на левата страна.

Во моментот, пишува Дневник, кога дојдовме до членската книшка, пред четири дена, веднаш побаравме писмен одговор од партијата како и од кабинетот на обвинителката. Но, сe до затворањето на весникот вчера, и покрај потсетувањето дека очекуваме одговор, истиот не стигна ниту од едната ниту од другата страна.

Под претпоставка дека членската книшка е издадена во општинската организација на партијата во Гевгелија, родното место и до пред формирањето на СЈО – постојаното живеалиште на Јанева, испративме прашање и до нив: На чие име е членската книшка, односно пристапницата поднесена во нивната организација со сериски број 038196?

Извор: КУРИР

 

 

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА: Тензии во СДСМ поради составот на листите, Радмила и Заев во борба, Бранко бара свои луѓе!

Составот на пратеничките листи на коалицијата предводена од СДСМ за која се шпекулира дека ќе биде составена од лица од шарената револуција, албанци и недефинирани појави како Никола Димитров, предизвикува тензии во партијата, а како што дознаваме со свои барања се вмешал и Бранко Црвенковски

branko_zaev_seker

Најавите дека на листите за кандидати на пратеници ќе се најдат припадници на платеничката „револуција“, неколку Албанци и недефинирани појави во ликот на Димитров предизвикале тензии во СДСМ, откако за прв пат во историјата на партијата на листите ќе се најдат најмалку членови на партијата.

Поради ваквата констелација на односите во партијата, Заев решил до последниот момент да ги крие имињата на кандидатите, а во меѓувреме заедно со Катица Јанева договара веднаш по завршување на конгресот Катица Јанева да тргне жестоко со пријави и да зачести со одржувањето на прас конференции за да се намали незадоволството од составувањето на листите. Од понеделник, Заев барал силен дефокус бидејќи за прв пат СДСМ ќе има најмал број на свои партиски членови на листите.

Последниве неколку дена пред просториите на СЈО е забележано зголемено присуство на лица од Амбасадата на САД, за што од засега непотврдени информации дознаваме дека истите веќе цела седмица ја подготвуваат Катица Јанева за „офанзива“ која треба да започне во понеделник, веднаш по партискиот конгрес.

За мир во куќа, свои луѓе на листите барал и екс-лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски што дополнително ги подгрева тензиите. Според извори во партијата, главната битка во моментов се води помеѓу Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за тоа кој ќе инсталира повеќе свои послушици.

Знаат дека по изборите е готово, и дека потоа ќе има внатрепартиска борба за позиција соред бројот на освоени пратеници.

 

Извор : Infomax

ВИДЕО: Направија цвет од 8.000 кибритчиња а потоа го запалија – Ќе останете без збор од ова неверојатно видео

108209_sibice_ff

Не можеме а да не уживаме во организираната катастрофа на правилно распоредени предмети кои се распаѓаат во рок од само неколку секунди.
Авотрите на ова видео поставиле 8.000 кибритчиња и создале фигура од розев цвет, а визуелната рапсодија на пламенот просто хипнотизира.

Ф.Г.

Интервју со Антониј Мисаилески: Уште една прилепска искра во ракометот

Антониј Мисаилески е голем ракометен потенцијал кој веќе жари по паркетот. Има големи желби, а вложува уште поголеми напори за да стигне до врвот. Неговиот раскошен талент ветува голема кариера и ѕвездени натпревари.
14914552_1163907093685684_1921591636_n

Кога започна да се занимаваш со ракометот, кој се твоите мотиватори, оние на кои им должиш за твојот напредок?

 Со ракомет започнав да се занимавам на 9 годишна возраст, мојот напредок им го должам на сите мои досегашни тренери, оние од кои сум се трудел да научам нешто повеќе, а за мотиватори се разбира пред се моето семејство

Кој прв го забележа твојот голем потенцијал и кој е твојот прв ракометен клуб за кој си играл ?

Мојот потенцијал го забележа еден од тренерите на тогашните школи во Прилеп , а прв ракометен клуб ми беше “РK Филип”.

14936932_1163907087019018_1789493433_n

За успех спортистите се откажуваат од многу работи. Од што ти се откажа ? Успеваш ли да го поделиш времето спорт-учење- дружење?

Па да , за да успееш во нешто мора да се одкажеш од многу работи , тоа е правило број еден , но успевам да се навикнам на тој строг режим и се надевам во иднина би се исплатило.

Дали ракометот може некого да го промени како личност, како делува овој спорт на психофизичкиот развој во смисла на развој на телото, духот, начин на размислување?

Се разбира дека ракометот може да го промени некој како личност и не само ракометот туку и другите спортови, од случувањата на утакмиците можеш да научиш многу работи каков да бидеш во различни ситуации.

На која позиција на теренот најдобро се чувствуваш ?

Сум пробал на повеќе позиции, но централен бек ми е најдобро.

Што може да те изнервира најмногу како ракометар? Имаш ли некој непријатен настан од натпреварите ?

 Да ме изнервираат можат многу работи,  но се трудам да бидам стабилен и сконцентриран на играта и што е најважно стрплив.

14877219_1163907090352351_530294276_n

Ракометот во Македонија е во огромен подем. Колку според тебе им се дава шанса на младите ракометари да се истакнат и да се докажат себе си ?

Ракометот во Македонија е спорт број еден, па така сега му се дава шанса на младите и имаат доволно места да се докажат, а  тие што се трудат секако нема да останат незабележани.

Каде се гледаш во иднина, постои ли некоја неостварена желба ?

Во иднина се гледам како играч во некој голем европски клуб како што е Вардар.

Постои ли некој ракометар на кој му се восхитуваш и те инспирира ?

Се разбира дека постои , тоа е Даниел Нарцис

Кој е патот до успехот според тебе ?

Патот до успехот: пред се верба во себе, упорност, издржливост во сите подеми и падови, почитување на тренери, па така успехот ќе си дојди сам.