дома блог страница 5058

Што ќе значи победата на Трамп за Македонија?

370594-sajtovi-od-makedonija-vo-uykyukyukykampanja-za-donald-tramp

Поддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени, изјави изутринава американскиот амбасадор Џес Бејли во прес центарот во скопскиот хотел „Александар палас“ каде што се следеа резултатите од претседателските избори во САД.

– Кампањите се период за нагласување на разликите, додека постизборниот период во САД е време на соединување. И сега кога кампањата е завршена, ние од Амбасадата и администрацијата ќе се вратиме на својата работа на градење добри врски помеѓу Македонија и САД, рече Бејли.

Добрата иднина, додаде американскиот амабасадор, е нешто што е заедничко за сите.

– Луѓето од Македонија и САД сакаат просперитет и добро образование за своите деца, како и мир и напредок во светот. Не секогаш ќе се согласуваме како да стигнеме до тоа, но целта е секогаш иста, изјави Бејли.

Истакна дека секои четири години погледите на светот се насочени кон САД и изборот на нов претседател.

– Секои четири години САД слават нешто специјално, право што е во самата основа на нашата држава, право за кое луѓето се бореле. Оваа кампања секако предизвика доста врева, но најважно од сето тоа е дека американските граѓани излегоа да го остварат своето право на глас и нивниот глас ќе биде слушнат, рече Бејли.

Изборот на претседател, наведе Бејли, е сериозна работа и наспроти сета бучава што оваа кампања ја предизвика, таа се занимава и со проблемите на вистинските луѓе, економијата, трговијата, тероризмот, образованието и ангажманот на САД во светот.

Потсети дека американските гласачи вчера избираа и 435 членови на Конгресот, 34 сенатори, како и голем број големи претставници.

Посочи дека во својата 31-годишна кариера, има служено 15 години за републиканците, и 16 години за демократите.

Продолжува еколошко-хуманитарната акција “Од народ за народ” во Прилеп

b3b993464bbec17d21a9d5565b4ae08d8a835873d7959394ecpimgpsh_fullsize_distr

По барање на граѓаните на урбаните заедници, повторно беше активиранa Еколошко-хуманитарната акција „Од народот за народот“, се со цел помош на сите оние семејства и поединци кои спаѓаат во социјално ранливите категории. Овој викенд повторно ќе се донира облека, обувки, мебел и куќни апарати кои се функционални и кои на други семејства ќе им бидат од корист.

12.11.2016 година (сабота) УЗ „Општина“ и УЗ „Центар“

13.11.2016 година (недела) УЗ „Рид“ и УЗ „Аличаир“

Телефони за пријавување:

070/351-823

048/412-000

РЕГИОНАЛНИ СМОТРИ НА СОЈУЗОТ НА ФОЛКЛОРНИ АНСАМБЛИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРИЛЕП

11904692_517378911771948_8646743839383860377_n

ВО САБОТА 12.11.2016 ГОДИНА, ВО ГОЛЕМАТА САЛА ОД ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ,,МАРКО ЦЕПЕНКОВ,, ВО ПРИЛЕП, ЌЕ СЕ ОДРЖАТ РЕГИОНАЛНИТЕ СМОТРИ НА СОЈУЗОТ НА ФОЛКЛОРНИ АНСАМБЛИ НА МАКЕДОНИЈА – СОФАМ ЗА ЗАПАДНИОТ РЕГИОН .

По тој повод од Културно уметничкото друштво “Мирче Ацев” – Прилеп, ги покануваат сите нивни пријатели и љубителите на макенонскиот фолклор, македонската песна и оро, да дојдат и да уживаат во настапот на големиот број културно уметнички друштва од: Струга, Охрид,Ресен, Битола, Демир Хисар, Кичево и домајкинот, Културно Уметничкото Друштво ,,Мирче Ацев,, од Прилеп.

Почеток на концертот е закажан во 18 00 часот .

Хорор во прилепско: Ја тепал и силувал невенчаната сопруга на братот

Триесет годишниот С.С. од едно прилепско село ноќта во понеделникот кон вторникот ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.

 

siluvanje-1-640x427

Хоророт на жената започнал откако С.С. земал автомобил „Голф 4“ од соселанец и отишол во плевната каде се наоѓале неговиот брат Ш.С. (50) и жената Л.К. (52). Во еден момент Ш.С. заминал во куќата на третиот брат С.С., а напаѓачот го искористил моментот додека Л.К. била сама и физички ја нападнал.

Од полицијата информираат дека следувал насилно внесување во автомобилот по што заминале во правец кон Велес. За време на возењето С.С. постојано ја удирал жената, а кога возилото останало дефект тој излегол, продолжил со ударите и ја силувал на предното седиште.

-Отишле во некој објект на приватна фирма каде С.С. побарал телефон да му се јави на братот. Откако разговарал со него си заминал, а Л.К. останала во објектот, велат од полицијата.

Кога Ш.С. дошол на местото, жената се му раскажала по што случајот го пријавиле во полицијата која сега трага по С.С.

Доналд Трамп ќе биде новиот претседател на САД

– Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 244 места во Изборниот колеџ, а неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон 215, јави Си-Ен-Ен врз основа на проекциите од првичните резултати од претседателските избори во САД.

 

donald-trump

Трамп ќе победи во Јута и ќе ги освои тамошните шест изборни гласа, јави Си-Ен-Ен.

Трамп и натаму води во Мичиген, Висконсин, Аризона, Њу Хемшир, како и во Пеннсилванија. освен во државата Јута, во сите се преброени повеќе од 63 отсто од гласовите и ако Трамп сите ги освои, ќе добие дополнителни 67 изборни гласови. Со тоа, лесно ќе ја надмине бројката од неопходни 270 изборни гласа и може да стаса и до убедлива победа со вкупно 305 електорски гласови.

Трамп извојува победа во Алабама, Арканзас, Ајдахо, Ајова, Вајоминг, Западна Вирџинија, Индијана, Јужна Дакота, Јужна Каролина, Канзас, Кентаки, Лујзијана, Небраска, Мисисипи, Мисури, Монтана, Оклахома, Охајо, Северна Дакота, Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Јута, Тексас и Тенеси, додека Клинтон победи во Вашингтон, Вермонт, Вирџинија, Делавер, Калифорнија,  Конектикет, Колорадо, Масечусетс, Мериленд, Илиноис, Невада, Ново Мексико, Њујорк, Њу Џерси, Орегон, Род Ајленд, Хаваи, како и во главниот град Вашингтон.

За победа на еден од кандидатите за претседател му се потребни најмалку 270 гласа во 538-члениот Изборен колеџ.

Во вкупниот број на досега преброени гласови Трамп освоил со 48,3 проценти, а Клинтон 47,1 отсто.

ФОТО: Свадбата за која дозна целиот свет

Свадбата на Џејмс Ластид и Клои Робертс влезе во документарна емисија.

dzudze

28 годишниот актер Џејмс Ластид е висок само нешто повеќе од еден метар, а неговата сопруга со која се ожени во август годинава, 22 годишната Клои Робертс,  има 1 метар и 70 сантиметри. По нивната свадба Би Би Си сними документарец со наслов: Роден мал: Венчавање!

dzudze-1

Џејмс и Клои од Колвин Беј се заедно три години.

– Клои и јас се запознавме во 2012 кога јас го носев Олимпискиот оган. Веднаш се спријателивме и долго време бевме пријатели, додека да сфатиме дека имаме чувства еден за друг – раскажува Џејмс.

dzudze-2

– И предложив брак на 28 август 2014 година, а денот на нашата венчавка 2 години подоцна беше едноставно совршен! Бевме на меден месец во Доминиканската Република и тоа беше феноменално. Сега сме сконцентрирани на нашиот нов дом – вели Џејмс кој признава дека со сопругата зборувале за планови да имаат деца.

Клои сега ќе студира за да стане наставничка. И ова досега и се останато во приказната е како за секој нормален млад вљубен пар.

СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО ИСТОРИСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД: Првата жена претседател или најстариот претседател во историјата, што ќе добие Америка ?

izboriamerika

Во САД во моментов се одржуваат историски претседателски избори. Овие избори се историски од повеќе аспекти бидеќи САД за прв пат може да добие жена за претседател или пак Доналд Трамп ќе стане најстариот претседател на САД во историјата.На овие избори ќе гласаат 225 милиони луѓе.

Овде може да следите што се случува во САД во моментов.

 

СЕ РАСТУРА И ОПОЗИЦИСКАТА КОАЛИЦИЈА: Партијата на Самка Ибраимовски ги повика Ромите да бојкотираат бидејќи СДСМ ги дискредитира

Се растурија пред да се соберат. На едно место собрани аболицирани криминалци, убијци, осомничени за тероризам, финансиски криминал и што ли уште не, го искористија и тој малку народ што им веруваше за на крајот тие да си се наместат, а членството и коалиционите партнери да ги пуштат низ вода, пишува ИНФОМАКС.

samka-ibraimovski-620x330

По оставката на Куновска, Николовски и Сугаревски кој му порача на Заев дека ги изневерил, гласни се и реакциите на тврдокорните опозиционери од новинарската фела и од таканаречениот „граѓански“ сектор, кои буквално беа „коњи за трка“ без кои Заев немаше реално да постигне ништо.

Последна во низата реакции и напуштање на политиките на Заев е и партијата на Самка Ибраимоски чиј потпретседател излезе со соопштение на кое најавува растурање на коалицијата и ги повикува Ромите да не гласаат за СДСМ.

agus_demirovskipcer

Лавовите го одбележаа својот заштитник “Св. Великомаченик Димитриј” – Mитровден

14997011_10209244663128046_574608508_n

Во манастирот Св. Петка во село Лениште прилепско, единицата за брза интервенција од конфликтот во 2001 година Лавови, и оваа година го одбележа својот заштитник Св. Великомаченик Димитриј – Митровден.

Нивната традиција на празнување и собирање во овој божествен храм претставува традиција која се негува. На празнувањето присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Традиционално беше одбран и нов домаќин за наредната година, тоа е Дејан Тодороски, кој ќе го продолжи аманетот на овие бранители и нивната посветеност и љубов кон овој божји храм.

14958706_10209244663008043_150004137_n

14961444_10209244662808038_1994959929_n

14962512_10209244662728036_2094410275_n

14962817_10209244662528031_546244395_n

14962992_10209244662848039_754933622_n

14996401_10209244663208048_1294264666_n

14997204_10209244662688035_788288992_n

 

Трамп: Нема да гледам позитивно на изборите ако изгубам

fegrehtrjyu

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека доколку победи неговиот противкандидат Хилари Клинтон, нема позитивно да гледа на изборите.

– Ако не победам, ќе го сфатам тоа како огромно губење на време, енергија и пари, истакна Трамп во телефонски разговор за американската телевизија „Фокс енд френдс“.

Тој ја нарече претседателската кампања „неверојатен процес, кој му ги открил неостварените тежнења на американскиот народ“.

Трамп додаде дека очекува победа во голем број држави, но не знае што ќе се случи на крајот, нагласувајќи дека во кампањата вложил над 100 милиони долари лични финансиски средства