ФОТО: Свадбата за која дозна целиот свет

Свадбата на Џејмс Ластид и Клои Робертс влезе во документарна емисија.

dzudze

28 годишниот актер Џејмс Ластид е висок само нешто повеќе од еден метар, а неговата сопруга со која се ожени во август годинава, 22 годишната Клои Робертс,  има 1 метар и 70 сантиметри. По нивната свадба Би Би Си сними документарец со наслов: Роден мал: Венчавање!

dzudze-1

Џејмс и Клои од Колвин Беј се заедно три години.

– Клои и јас се запознавме во 2012 кога јас го носев Олимпискиот оган. Веднаш се спријателивме и долго време бевме пријатели, додека да сфатиме дека имаме чувства еден за друг – раскажува Џејмс.

dzudze-2

– И предложив брак на 28 август 2014 година, а денот на нашата венчавка 2 години подоцна беше едноставно совршен! Бевме на меден месец во Доминиканската Република и тоа беше феноменално. Сега сме сконцентрирани на нашиот нов дом – вели Џејмс кој признава дека со сопругата зборувале за планови да имаат деца.

Клои сега ќе студира за да стане наставничка. И ова досега и се останато во приказната е како за секој нормален млад вљубен пар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.