дома блог страница 5055

Интерес за Академијата за филм во Охрид, стипендии за избраните студенти

Над 1.000 посети се регистрирани за два дена на интернет страницата на новоосновата Филмска академија во Охрид, за која се во тек уписите.

akademija-5

На Институтот за филм, кој ќе биде придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ќе предаваат професори од петтата најстара филмска школа во светот, ФАМУ од Прага.

– Во првата година од функционирањето, Институтот за филм започнува со постдипломски студии на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. Програмите се прилагодени специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ во Прага, а ќе ги реализираат редовни, но и визитинг професори од Чешка. Секако, во иднина понудата ќе биде дополнително надградена и проширена, вели заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Плановите се институтот да прерасне во регионален едукативен центар. Македонското образование, посочува Ристовски, ќе се унапредува со помош на најдобрата европска филмска школа.

На ФАМУ, петта најстара филмска и телевизиска школа во светот, меѓу другите, се образувале македонскиот професор, режисер, продуцент и сценарист Иво Трајков, како и режисерите и писатели Јиржи Менцел, Милан Кундера, Милош Форман, Емир Кустурица, Лордан Зафрановиќ и Вацлав Хавел.

За упис на академијата за филм во Охрид заинтересираните кандидати од државава и странство може да аплицираат преку пополнување електронска пријава на веб страницата www.filmacademyohrid.com,. Стручен тим на Академијата ќе организира интервјуа и ќе изврши конечна селекција на идните студенти. Официјалната интернет страница на Академијата, нагласува Ристовски, во првите два дена има повеќе од 1.000 посети.

Почетокот на новата академија Министерството за образование и наука ќе го поддржи и со доделување 20 стипендии за студентите.

– Имајќи предвид дека се работи за нова високо образовна установа, во исклучително специфична област за овие простори и со релативно високи трошоци за студирање, Министерството за образование и наука одлучи за избраните студенти да додели дваесет целосни стипендии за студирање, за чиешто користење основен предуслов е кандидатот да е примен на оваа високо образовна установа. Сите дополнителни информации за останатите критериуми, како и за условите за доделување, може да се обезбедат на нашиот специјализиран интернет портал за стипендии –www.stipendii.mon.gov.mk, истакнува Ристовски.

Тој очекува успешен старт на проектот со кој смета дека ќе се зацврсти позицијата на македонското образование на меѓународно ниво и ќе се даде дополнителен импулс на националната, но и на регионалната филмска индустрија.

Спортски натпревари на Могила

15

Во организација на сојузот на училишни спортови на општина Прилеп, денеска на спортско рекреативниот комплекс на Могила со турнири во фудбал, одбојка и баскет, беше оддбележана „Европската недела на спортот“.

11

Во спортските натпревари беа вклучени учениците од основните и средните училишта. Настанот беше посетен од страна на Градоначалникот Марјан Ристески и Советникот за образование Марјан Матракоски.

16

12

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека:
„Ваквите натпревари и инвестиции во спортските објекти јасно говорат за стратешката одлука на општина Прилеп да вложува и помага не само во спортот, туку и во други полиња кои се значајни за развојот и унапредувањето на животот на граѓаните.

111

Подобри услови за спортување во СОУ „Орде Чопела“

6

По повод Европската недела на спортот во СОУ „Орде Чопела“ беше пуштено спортското игралиште со натпревар во фудбал на екипите од СОУ „Орде Чопела“ и СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“. Градоначалникот Марјан Ристески кој беше во посета на ова средно училиште истакна дека општината и понатаму продолжува да инвестира во подобрување на условите во обрзаованието. Градоначалникот Ристески, исто така посочи дека на големо задоволство на учениците и вработените, училишната зграда ќе добие нова фасада, а планиранио е и доуредување на на училишниот двор на СОУ „Орде Чопела“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”35″ gal_title=”Подобри услови за спортување во СОУ „Орде Чопела“-2″]

„Фејсбук“ воведува опција „не ми се допаѓа“

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, најави воведување на опцијата „не ми се допаѓа“ на најпопуларната социјална мрежа.

like500

– Луѓето со години нѐ прашуваат за опцијата „не ми се допаѓа“. Денес може да соопштам дека работиме на тоа да ја воведеме – изјави Цукерберг.

Основачот на „Фејсбук“ изјави дека дошле до сознанија дека на корисниците им е важно да се изразат и на друг начин освен „ми се допаѓа“.

– Сакаме на корисниците да им овозможиме да изразат емпатија. Не е секој момент добар момент – изјави тој.

„Златната топка“ ќе се додели на 11-ти јануари во Цирих

Свечената церемонија на доделување на „Златната топка“ за најдобар фудбалер ќе се одржи во Цирих на 11 јануари, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

fifa-zlatna-topka-500

Откога ФИФА во соработка со „Франс фудбал“ го доделува ова најголемо индивидуално признание во фудбалот, само двајца играчи беа лауреати – Лионел Меси три пати (2010, 2011, 2012) и Кристијано Роналдо (2013, 2014).

Двајцата имаат еден трофеј и пред тоа Роналдо 2008., Меси 2009 година.

Фудбалските стручњаци предвидуваат дека и оваа година трофејот ќе оди кај Меси, најмногу поради тројна круна во дресот на Барселона.

Покрај прогласувањето на најдобрите играчи, на церемонијата ќе биде соопштено и името на добитникот на награда „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол во изминатата година.

СТРАШНО: Го снимил сопственото бегање од пожарот кој голта се пред себе

Саботата северна Калифорнија ја одбележа “Valley Fire”,шумски пожар кој проголта повеќе од 40 000хекатри шума и опожарил 1000 згради.

pozar5

Отприлика 23 000 луѓе беа присилени да избегаат од нивните домови, вклучувајќи и еден жител кој го снимил сопственото бегство од местото Андерсон Спрингс.

Видеото поставено на Јујтуб ја покажува вистинската девастација која ја предизвика огнената стихија и тешкотиите со кои се бореа пожарникарите и жителите на северна Калифорнија.

ТВИНГОМАНИЈА- среќна за студентите, Методиј од Прилеп е најсреќниот

Инстант лотаријата „ТВИНГОМАНИЈА“ на Државна лотарија на Македонија, изнуди насмевка кај еден млад човек од Прилеп, кој моментално студира во Скопје на Архитектонскиот Факултет.

500Dobitnik-tvingo-1

Среќникот од Прилеп е Методиј Зајкоски, кој купил три лоза ТВИНГОМАНИЈА од продажното место ДЕНЕСА, кое е во близина на Градежниот Факултет во Скопје. Среќата му се насмеала на Методиј, во моментот кога го гребел последниот, од трите купени лоза.

Кога ги здогледал трите заштитни знаци на RENAULT, сфатил дека ќе вози нов автомобил, РЕНО ТВИНГО, а на среќата и немало крај.

Денес, Марјана Станојковска му ги предаде клучевите пред Капитол Мол во скопски Аеродром, во присуство на верни играчи на игрите на среќа, кои во моментот беа на продажното место на Државна лотарија. Од тука Методиј видно возбуден замина директно за Прилеп со својот нов автомобил.

Само за потсетување инстант лотаријата ТВИНГОМАНИЈА нуди 40 добивки РЕНО ТВИНГО, па затоа не пропуштајте ја шансата за само 40 денари да возите нов автомобил.

Вицепремиерот Ставрески во посета на Прилеп

1

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со Градоначалникот Марјан Ристески го потпишаа договорот за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1. Вкупната вредност на проектот изнесува 8.456.749 денари. За време на посетата, вицепремиерот Ставрески се сретна и со бизнисмените на градот, каде се запозна со начинот на кој Општина Прилеп ги подобрува условите и поволностите за инвестиции и плановите за понатамошен развој на стопанството како и можностите за привлекување на странски и домашни инвестиции во индустриските зони. На средбата со бизнис секторот, беа разменети информации и искуства во поглед на развој на општините и стопанството, но исто така стана збор за идни заеднички настапи пред фондовите на Европската унија. Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска ја посети и компанијата „Конфи Ангел“.

 

2

3

4

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

stipendija

Советот на Општина Кривогаштани донесе ОДЛУКА за доделување на стипендија на студенти од Општина Кривогаштани. Со оваа одлука се одлучи да се стипендираат ученици со одличен успех од Општина Кривогаштани кој ќе се запишат на некоја високообразовна институција со приоритет на Градежен или Архитектонски факултет како дефицитирани занимања.

По изборот на стипендистите, со нив Општина Кривогаштани ќе склучи посебен договор. Стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно, за 9 месеци во годината, се до дипломирање. Стипендистите се обврзуваат редовно да го запишуваат секој семестар, редовно да ги полагаат испитите и за тоа редовно да доставуваат известување од факултетот. Доколку студентите не се придржуваат на ова, се обврзуваат средствата дадени како стипендија да ги вратат на сметката на Општината Кривогаштани во рок од еден месец по неисполнување на условите.

Документи кои се потребни за добивање на стипендија :

1 .ПОТВРДА ЗА СОСТОЈБАТА НА ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ ( ОД УЈП)

2.ИМОТЕН ЛИСТ, ИНДЕКС НА УВИД И НЕГОВА КОПИЈА

3.ЛИЧНА КАРТА(КОПИЈА)

4.ПОТВРДА ЗА РЕДОВЕН СТУДЕНТ

Конкурсот трае до 25.09.2015 (Петок)

На повидок нов пад на температурата и нови врнежи

Во наредните денови, заклучно со сабота, во Македонија се очекува температура на воздухот која ќе биде над просекот за овој дел од годината.

eeeeeee.jpg-500

Според Метеопро максималната температура во поголем дел од земјава, ќе има вредности кои ќе бидат во границите од 30°С до 36°С. Најтопол, од оваа „серија“ на денови, ќе биде петок. Во сабота се очекува мал пад на температурата, но и покрај истиот, температурата станува со максимална вредност генерално над 30°С, а во југоисточниот крај околу 34°С.

Според Метеопро нова промена на времето ни доаѓа во недела, во текот на вечерта кон понеделник. Ќе има пад на температурата за околу 8 до 10 степени во понеделник, со што максималната нема да надминува 25 степени. Во недела попладне и во текот на вечерта се очекува продор и на влажна вoздушна маса која ќе донесе нови врнежи од дожд.