дома блог страница 5054

МЗШВ: Договорени насоки за успешен откуп на тутунот

Годинашната реколта тутун е со исклучителено добар квалитет, но родот нема да ги задоволи потребите на откупувачите. Се очекува берба на околу 18.000 до 19.000 тони што е приближно исто ниво како лани.

mzsv-640x294

Ова беше истакнато на денешниот работен состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на кој присуствуваа претставници и на здруженијата на земјоделците и тутунопроизводителите, како и на откупувачите.

Како што соопшти МЗШВ, десетте монополи склучиле 30.000 договори со тутунари и пројавиле интерес за откуп на 26.000 тони, а на состанокот се дефинирани и неколку заклучоци за успешно преземање на количините.

Министерот Михаил Цветков информира дека мострите се веќе изготвени и во понеделник ќе бидат доставени до сите откупувачи по што оние кои ги исполнуваат условите од Законот за тутун, ќе можат да почнат со откупот. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трифуновски, пак, кој исто така беше на состанокот, истакна дека Инспекторатот како и во претходните години ќе биде присутен на откупните пунктови за да врши надзор врз примената на Законот.

– Во поканите за предавање на тутунот да биде наведена целокупната договорена количина, како и терминот на предавање доколку се врши во повеќе наврати, откупните организации да ги известат тутунските здруженија за плановите и динамиката на откуп со цел навремено информирање на поверениците од здруженијата, откупните организации според Законот за тутун на секој откупен пункт на видно место да ги истакнат верифицираните мостри од сите типови тутун кои ги откупуваат, а доколку се враќа тутунот од откупниот пункт поради влажност или други причини, тутунопроизводителот да биде известен за терминот на следното преземање на тутунот, се вели во заклучоците за поуспешен откуп.

Договорено е и откупувачите ако доцнат со динамиката, да го организираат откупот со дополнителни термини (во саботи) или во секојдневната линија да бидат вметнувани тутунопроизводителите на кои навреме не им е преземан тутунот. За ова да бидат известени и тутунопроизводителите и инспекторатот за земјоделство.

Откупувачите кои доцнат со динамиката за откуп, на откупните пунктови да истакнат список на тутунопроизводители со термини за предавање на нивниот тутун, согласно член 29 од Законот за тутун производителот да го остави спорниот тутун во откупниот пункт каде што е извршена првичната процена, доколку за тоа има оправдана причина, тутунот да биде евидентиран во книгата за приговори од откупното претпријатие за да може второстепената комисија да изврши проценка. Доколку ваквата постапка не се запази, ќе се преземат казнени мерки согласно Законот.

– Според член 23 од Законот за тутун, производителот е должен да го предаде тутунот во ден и време согласно известувањето доставено од откупувачот, доколку не е во можност навреме да го извести откупувачот. Секој откупувач, пак, согласно постоечката законска регулатива е должен на дневна основа да ги внесува податоците за откупот во електронскиот систем за евиденција на тутун на МЗШВ, стои во заклучоците.

Заклучоците ќе бидат написмено доставени до сите откупувачи и здруженија на земјоделци.

Мислеле дека е починат, а тој бил мртов-пијан (ВИДЕО)

Момче со име Хорхе од Перу толку се опијанил што заспал полугол покрај река. Пијаниот 25-годишник го здогледале локалните жители, а убедени дека е починат, повикале полиција.

 

truenje-od-alkohol

Со оглед на тоа дека Хорхе целосно бил пропаднат во калта, полицајците едвај го извлекле, а се разбудил дури кога почнале да го мијат.

– Ништо не направив, промрморел кога видел што се случува околу него.

– Можел да умре од труење од алкохол или хипотермија, изјавил извор за Дејли Мејл, а локалните медиуми нагаѓаат дека Хорхе залутал до реката, заглавил во калта па заспал.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина театарската легенда во Македонија

 

ljubomir-gruevski

Поетот и театарски критичар, Љубомир Груевски, замина во вечноста каде што одамна го резервираше своето место со песните кои станаа антологија на македонската современа поезија.

Неговото богато творештво се протега од витлите на љубовта и интимата, преку пределите на сонот и смртта, до срцевината наречена РОДИНА – опеана со љубов, излеана со жар и тешка тага. Певот на Љубомир Груевски му е збит и плавен, галежен и опор, како и внатрешниот набој – кој не тече, туку избива од битието богато со духовни наслојки, со животворна поетска енергија. Испеано е читливо и допира до душата на читателот, што во ова поетско многугласие, го сметам за голем квалитет. Поетот знае што сака да каже и тоа го кажува умно, даровито“ – напиша Михаел Ренџов во предговорот на делото „Слики и сенки“ кое претставува избрана поезија од овој автор.

Роден во Гевгелија, школуван во Битола и Штип, студирал на Филилошкиот факултет во Белград и Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал во 1971 година. Работел како уредник во издавачки куќи, но бил и директор на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, директор на Народниот театар во Битола, а ги основал и издавачките куќи „Мисирков“ и „Артерос“.

Со литературата започнал да се занимава уште во школските и студентските денови, објавувајќи песни, раскази и театарски осворти во „Млад борец“, „Студентски збор“, „Народен глас“ и други. Бил уредник на битолското списание за литература и култура „Развиток“, а подоцна го покренал и списанието „ЗА“. Во 2001 година ја покренал и невладината организација „Творечка асоцијација“ заедно со уште неколкумина уметници и истомисленици, а од 2006 година е движечка сила на меѓународната поетска манифестација „Хераклејски поетски свечености“. Застапен е во Енциклопедија Британика на македонски јазик.

Објавени дела му се „Гемии“ (поезија, 1980), „Огнена земја“ (поезија, 1983), „Опсаден град“ (поезија, 1991), „Островот и другите легенди“ (поезија, 1999), „Magna Charta“ (поезија, 2003), „Театар, филм, стих“ (критики и есеи, 2005), „Слики и сенки“ (поезија, 2008), „Музеј под Пелистер“ (поезија, 2011). Неговата поезија е преведувана на англиски, руски, бугарски, украински, српски, хрватски, словенечки, полски и други словенски и светски јазици.

Добитник е на меѓународни поетски награди, и тоа Прва награда на „Ратковиќеви вечери на поезијата“ (Црна Гора) и Втора награда на „Мелнички вечери на поезијата“ (Бугарија). Во 2006 година е добитник на наградата „4 ноември“ од градот Битола, Прва (2006) и Втора награда (2004) на „Празник на липите“, како и Втора награда на „Гоцеви денови“ (1998). На изборот на „Битолски весник“ за 2009 година е добитник за најуспешен битолчанец во областа на литературата за 2009 година.

Покрај своите авторски книги, Груевски е потписник на преводот на делата „Симболизмот“ на Андреј Бели (1997, руски), приредувач на антологијата „Љубовни пеења“ (поезија, 1996) и „Книга на мудроста“ (флорилегиум на сентенци, 2002).

Улицата „Димо Наредникот“ наскоро ќе стане современ булевар

1

Во тек се градежните активности на една од главните сообраќајници во Прилеп на улицата „Димо Наредникот“. Оваа сообраќајна артерија, која се протега во централното градско подрачје, ќе добие нови тротоари на потегот од Основниот суд Прилеп до мостот на Градска река во должина од околу 250 метри, а освен на тротоарите, интензивно со несмалено темпо, се работи на реконструкција и на самиот коловоз.

3

2

„Оваа улица за брзо време ќе стане современ булевар со 4 ленти, ќе има зелен појас на средината, исто така предвидено е да има велосипедски патеки, пешачки патеки и ново енергетски ефикасно осветлување. Станува збор за инвестиција од 11 милиони денари, пари кои се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа“, посочи Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

6

4

5

Со овој проект значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот како на возачите така и на пешаците, а исто така ќе се подобри и изгледот на овој дел од Прилеп.

УЛИЦАТА „ЛЕНИН“ ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ТРОТОАРИ СО БЕКАТОН ПЛОЧКИ

Улицата „Ленин“ наскоро ќе добие нови тротоари со бекатон плочки. Станува збор за површина во должина од неколку стотини метри, а со овој проект на еден начин и се привршува годинешната програма за уредување на тротоарни површини со средства издвоени од буџетот на Општина Прилеп.

6489-ulicata-lenin-ke-dobie-novi-trotoari-so-bekaton-plocki-960x600-3

„Досега се наредени околу 5.000 м2 бекатон плочки на тротоари и други јавни површини во централното градско подрачје како и на други улици во Прилеп како што се „Трајко Николоски“, „Димче Антулески“, а се изгради тротоарот наспроти касарната „Мирче Ацев“. Ние и понатаму ќе продолжиме со уредувањето на одредени прекфентни улици и секогаш тоа го правиме по барања на урбаните заедници и граѓаните“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој изврши увид во градежните активности.

6489-ulicata-lenin-ke-dobie-novi-trotoari-so-bekaton-plocki-960x600-4

6489-ulicata-lenin-ke-dobie-novi-trotoari-so-bekaton-plocki-960x600-2

Со овие инвестиции освен подобрувањето на безбедноста на пешачите се придонесува и за подобрувањето на урбаниот лик на градот во сите населби.

6489-ulicata-lenin-ke-dobie-novi-trotoari-so-bekaton-plocki-960x600-9
6489-ulicata-lenin-ke-dobie-novi-trotoari-so-bekaton-plocki-960x600-6

Мажи, ова треба да го јадете во зима!

Мажите имаат потреба од повеќе протеини и масти, за да бидат силни, активни и посетите на лекар да ги сведат на минимум.

man-eating-chicken

Сите сме луѓе, но мажите и жените сепак имаат различни потреби. Обата пола имаат различни вкусови и потреба од различни прехранбени производи, за да се чувствуваат здрави и да бидат во хармонија со духот и телото.

Синџерот ресторани „Фудпанда“ направи листа на јадења коишто најмногу му годат на машкото тело зиме. Тука пред се, се запазува превенцијата од висок крвен притисок, мозочен удар, висок холестерол и срцеви заболувања.

Дивиот лосос содржи омега 3 масни киселини кои помагаат во намалување на триглицеридите и штитат од срцево-артериски заболувања.

Мешункастите плодови не содржат нездрави масти и го намалуваат холестеролот во крвта.

Печурките содржат малку калории и се извор на калиум, состојка којашто помага во намалување на крвниот притисок и неутрализирање на негативните ефекти од вишокот натриум.

Компирите исто така содражт многу калиум, но и го повишуваат либидото.

Јајце – доволно е само едно на ден поради 15-те проценти витамин Б (лактофлавин) во него. Тоа е состојка што ја преобразува храната во енергија.

Млечен кајмак помага при апсорпција на хранливите материи кои ни се потребни.

Месо, посебно свинската кртина, всушност и не е толку штетна, колку што некои лекари велат. Но, треба да бидеме умерени и да не претеруваме. Една консумација седмично е доволно и доста полезно.

Протече секси видеото на Ана Ивановиќ

dqwefokgperhtr

Фановите на поранешниот светски тениски рекет број еден Србинката Ана Ивановиќ имаат мноху голема причина за славење. Освен што на Србинката во последно време и оди се, особено на приватно поле, пред два дена го прослави својот 29 – роденден.

По тој повод МТВ одлучи да биде креативен па објави секси видео од една фотосесија на тенисерката, која е направена пред три години, а за која тие ги имаа екскулзивните права да снимаат. Секој дел од овоа видео е вредно да се погледне.

Газдата на Палермо: Рацете подалеку од Несторовски, тој нема да биде продаден во зимскиот преоден рок!

ceqwgrehtrjnt

Првиот човек на „Сицилијанците”, Маурицио Ѕампарини порачува дека Илија Несторовски нема да биде продаден во зимскиот преоден рок

Репрезентативецот на Македонија има одлична дебитантска сезона во Италија и со шест погодоци зад своето име во Серија А е далеку најдобар стрелец во редовите на Палермо.

Па веќе го привлече вниманието на неколку клубови и се шпекулира дека Илија Несторовски би можел да биде продаден веќе во јануари.

Но првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини вели дека голгетерот останува на Сицилија.

-Рацете подалеку од Несторовски – вели газдата на Палермо во разговор со Кориере дело Спорт. Тој не е на продажба!.

-Игра добро, постигнува голови како што очекувавме, му се зголеми вредноста.

-Нестороврски е наш играч и не планираме да поставиме цена бидејќи не сакаме да го продадеме.

-Неколку клубови веќе се распрашуваа но им кажав не. Има четири годишен договор со нас и среќен е во Палермо.

-Ќе биде со нас најмалку до јуни, а очекувам да остане тука барем три години.

Дали ќе се оствари морничавото предвидување на Нострадамус?

dwqfodkeqwopgprwe

Како што секогаш се случува по некое значајно случување за иднината на светот, бројните обожаватели на ликот и делото на славниот пророк тргнаа во толкување на неговите текстови…

Уште пред неколку денови разни „експерти“ почнаа да ги толкуваат Нострадамусовите стихови и врз основа на нив заклучиле дека победник на претседателските избори во САД ќе биде Доналд Трамп.

– Тој ќе биде избран за гувернер на војската. Ќе биде безстрашен. Срушен мост, град кој се онесвестил од страв, запишал

Нострадамус.

– Лажниот трубач, прикривајќи го лудилото, ќе ја присили Византија да ги смени своите закони. Од Египет ќе стигне човек кој ќе ги повлече законите и ќе ги промени парите, стои во уште еден стих кој „експертите“ исто така го поврзуваат со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Некои стихови исто така ја предвиделе борбата помеѓу Трамп и Клинтон.

– Русокоса ќе излезе да го компромитира оној со крив нос. Ќе следи судир и таа ќе го откаже, запишал Нострадамус, а Виктор Беинс, претседателот на Американскотo Нострадамусово друштво, тврди дека тие стихови се однесуваат на претседателската кампања на која бевме сведоци до пред два дена.

Нострадамус освен овој двобој, за 2016. година наводно предвидел и Трета светска војна која ќе трае 27 години и ќе се поклопи со појавувањето на „голема комета на небото“.

Вечерва врие во СДСМ: Членството се откажува од Заев – спречен тежок инцидент

viberimagenj

За влакно е избегнат инцидент вечерва на Бихаќка каде што СДСМ заедно со коалиционите партнери ја потпишуваше коалицијата за настап на изборите. Како што брифираат за Press24 високи партиски извори, најголем проблем предизвикал Заев кога на потпишувањето на коалицијата го поканил Драгиша Милетиќ, човекот кој за членството на СДСМ е симбол за предавство.

За неговото учество во коалицијата како што информираат од СДСМ нема одлука ниту од централниот ниту од извршниот одбор на партијата.
Кратко потоа на социјалните мрежи се јавија бројни високи функционери на СДСМ кои не го криеја незадоволството и јавно се откажаа од Заев.
Поранешната потпретседателка Ана Павловска Данева на социјалните мрежи се огради од одлуката на Заев.

1 2

Остра реакција пристигна и од Горан Тодоровски Гзе, кој важи за еден од најистакнатите партиски кадри на СДСМ во скопски Центар.

3

Реагираше и Ивор Мицковски кој го обвини Заев дека е предавник на партијата.

4