дома блог страница 5056

Заев најави промена на Уставот за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност (ВИДЕО)

При гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, опозицискиот лидер Зоран Заев најави прoмена на Уставот на Република Македонија за да ги исполни барањата  на Албанците за двојазичност. Заев вели дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.

-Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост, Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик, рече Заев.

Првиот човек на СДСМ вели дека “сега му е мајката да ги отвориме овие теми“ и дека ако било “грдо лицето на Македонецот“ тогаш не било важно што ќе ги изгубел македонските гласови, бидејќи други избори ќе дошле.

-Некои викаат еј ало, пред избори си, ќе изгубиш македонски гласови. Па ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно, ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари. Сега му е мајката да ги отвориме овие теми, вели Заев.

Заев обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува оти тоа ќе се случи.

-Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи, рече Заев.

Заев со ова ги потрвдува неговите најави за двојазичност на целата територија, што наиде на огромен револт кај македонските граѓани, но и кај експертската јавност. Плааформата на Заев на овие избори меѓудругото се базира и на антимакедонски ставови, кои во континуитет со години ги спроведува најголемата опозициска партија на штета на македонскиот народ.

 

Што се треба да имате од зимска опрема во возилото за оваа зима

133427751-10

Во продолжение на текстот информирајте се за законските одредби кои треба да ги исполнат сите возачи за управување на возила во зимски услови.

Што се подразбира под зимска опрема во возилата?

Под зимска  опрема  за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбиразимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази,  минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина  за погонските  тркала или други соодветни помагала.

2

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на  шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по  обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина  за  погонските  тркала или други  соодветни помагала;

3

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и: – прирачен алат – лопата.

Казни за непочитување на законот

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

4

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира  до возачите,  да направат зимска проверка и подготовка на своето возило,  навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема,  и истата  секогаш да ја носат во своето возило  и  правилно да  ја користат,   бидејки  само на тој начин, ќе си овозможите услови за безбедно управување со своето возило и непречено ќе пристигнете на саканата дестинација.

Емина Јаховиќ се соблече: Сите зборуваат за нејзините секси сцени во хотел (ВИДЕО)

emina-jahovic-620x350

Пејачката Емина Јаховиќ сними песна со Амел Чуриќ, победникот на X Фактор, песната се вика „Кост“, а провокативниот спот за оваа песна привлече големо внимание.

Видеото собра повеќе од 350.000 прегледи на Јутјуб за само еден ден, што и не треба да чуди бидејќи спотот изобилува со секс сцени во кои доминира разголената Емина.

Се слави маченичката која даваше се на сиромашните

Денеска е Св. маченик Терентиј и маченичка Параскева.

 

macenica

Свети Терентиј беше Сириец. Беше женет и имаше седум деца. После многу маки пострада за Христа, заедно со жената и сите свои деца.
Истиов ден Црквата ја прославува и света маченичка Параскева од Иконија. По смртта на родителите, таа го раздаде целиот имот на сиромашните. За време на гонењето од страна на император Диоклецијан беше изведена пред суд.

Пред судот таа отворено изјави дека е христијанка, па заради тоа беше ставена на маки и најпосле погубена.

Што ќе работи сега Барак Обама?

obama

Што ќе прави Барак Обама по јануари следната година кога ќе ја напушти Белата куќа? Пред него се откриваат неколку перспективи по двата претседателски мандати, пишува „Фигаро“.

Во прво време Барак и Мишел Обама немаат намера да го напуштат Вашингтон. Тие веќе имаат изнајмено голема куќа недалеку од Белата куќа и ќе живеат таму две години, додека малата ќерка Саша заврши училиште. Имотот во населбата „Калорама“ има осум спални и девет бањи.

Од 1921 година, сепак, немало случај поранешен претседател на САД да остане во Вашингтон. Затоа е можно по две години Обама да се пресели во Њујорк. Таму тој може да предава право на Универзитетот Колумбија, каде учел во почетокот на 80-тите години на минатиот век. Самиот Обама признава дека сака да подучува.

Една можна опција пред него е универзитетот Хауард во Вашингтон, каде што преовладуваат студенти Афроамриканци. Ова ќе биде можност за него да продолжи да ја поддржува каузата на младите Афроамериканци, забележува „Фигаро“.

Обама може да се впушти во пишување мемоари – традиција за поранешните претседатели. Се тврди дека од таква негова книга приходите би биле над 300 милиони долари.

Претседателот на САД може да држи предавања и конференции за плата како еден од своите претходници Бил Клинтон и за секој би можел да добива хонорар од 250.000 долари.

Друга опција пред Обама е да се пресели во Чикаго, каде е неговата претседателска библиотека и каде тој поминал дел од својот живот со својата сопруга Мишел. Претседателот на САД работел таму како социјален работник, а потоа како адвокат и професор по право, а конечно бил член на Сенатот на државата Илиноис пред да стане федерален сенатор.

Евентуално враќање во Хонолулу на Хаваите е последната веројатна опција за семејството Обама, кое ги поминува таму божиќниот и новогодишниот одмор.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТОТ “РУРАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ”

15078876_170238973440590_8250381974764576757_n

РУРАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Проектот се спроведува во рамките на ИПА програмата за Развој на човечки ресурси; грантова шема Поттикнување на социјална инклузија. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ а спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии на
Република Македонија.

Општи податоци за проектот:

Партнери и спроведувачи:
• Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп
• Младински културен центар – Битола

Целна група:

– Лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

• Главната цел на проектот е да е да ја зголеми вработеноста и вработливоста на лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, да помогне во нивната социјална интеграција, како и да ја подобри нивната компетенција која ќе биде клучна во добивањето на постојана работа.

Пивото е поздраво од млекото

pivo-696x398

Во принцип, самата помисла дека некој алкохолен пијалок може да биде поздрав од некој дар на природата, делува како апсурдно тврдење.

Меѓутоа научниците утврдиле дека е пивото е поздраво од млекото.

За почеток, млечните производи може да предизвикаат озбилни здравствени проблеми како дијабетес и гојазност, срцеви и други болести.

Од друга страна, пивото не само што го смалува ризикот од срцев удар, туку може и да заштити од дијабетес.

Пивото исто така има помалку калории и натриум од млекото, па од него помалку се задебелувате. Млекото има маснотии кои може да доведат до растење на холестеролот, што со пивото не може да се случи.

Млекото влијае и на појавата на акни, вишок лактоза, надуеност, а според одредени истражувања и остеопороза.

 

Ф.Г.

 

„Алкатраз: Од овој затвор никој не избегал, ниту ќе избега – еве зошто

За разлика од останатите, во овој затвор никогаш нема галама, нема гужва, а затворениците никогаш не се движат слободно низ ходниците.

1

Тука 23 часа од денот осуденикот ги минува во својата ќелија. Овој затвор не нуди апсолутно никаква рехабилитација, туку само сурово издржување на казна.

Затворот се вика “АDX Florence”, сместен е во сојузната американска држава Колорадо. На стотина километри околу него нема ниту едно населено место. Таму лежат најопасните криминалци во САД и од него до сега никој не избегал.

Познат како “Алкатраз во карпестите планини”, а “АDX Florence” е место каде голем број од затворениците го завршуваат својот живот. Се верува дека ова е најсигурниот затвор на светот.

2

Неговата внатрешност и начин на функционирање од секогаш биле чувани во тајност. Во последниве десетина години на ниту еден медиум, освен две-три кратки посети на новинари кои имале разговори со затворениците, не му бил дозволен пристатап во затворот. Од сите затвори во Америка, во овој затворениците најмногу ги контролираат.

Осудениците кои тука завршиле, деновите ги минуваат во самици кои имаат површина 3 х 2 метри, дебели бетонски ѕидови и двојни метални врати. Во сите соби има по едно мало прозорче широко само 8 сантиметри низ кое затворениците можат само да видат мало парче од небото. Во собата има комбинацијата од лавабо, ВЦ шоља и туш, а затворениците имаат кревети од бетон.

alkatraz2

Инаку, затворот се простира на површина од 35 хектари и нормално, покрај многуте безбедносни препреки, е опколен со висока бодликава жица. Секое недозволено движење се детектира со помош на ласери, а во земјата има вградени плочи кои можат да го отфрлат затвореникот ако стапне на нив при бегство. Во дворот на “АDX Florence” има и дресирани кучиња, па заради комбинацијата од многуте безбедносни мерки, досега никој од оваа казнена установа нема избегано.

– За разлика од другите затвори тука нема галама, нема гужва, и затворениците не шетаат по ходниците. 23 часа од денот се во своите ќелии, а од нивните прозорчиња не можат да ги видат ниту планините кои се во близина на затворот. Тој не е направен за никаква рехабилитација, туку за издржување на мачна казна, изјавил поранешниот управник на затворот Роберт Хут.

alkatraz3

ВИДЕО: Си играа во езерото а она што влезе заедно со нив ќе ве остави без зборови

57efeeb9-8cd4-4e64-b11d-331d0a0a0a6c-577654af-4acc-46c2-86f2-64470a0a0a77-duh-preview-690x480-660x330

На прв поглед изгледа како обично видео во кое две деца си играат во водата на езерото во близина на тврдината Гвалиор во Индија.

Меѓутоа, оваа тврдина е позната по многу морничави настани. Поминала низ многу различни владеења, па позната е по голем број на битки и освојувања.

Снимено е како децата си играат, а потоа се случува нешто неверојатно.

Ф.Г.

 

ФОТО: Русокосата Русинка никого не остава рамнодушен- нејзиното време допрва доаѓа

Русокосата Русинка Анастасија Вербоваја располага со бујно деколте и ангелско лице кое освојува со својата убавина.

anastasija

Оваа Русинка ја сметаат за вистинска принцеза на социјалната мрежа Инстаграм, а со оглед на тоа што нејзиното време само што почна, таа има потенцијал да стане вистинска кралица.

anastasija-14

Анастасија има „само“ 120.000 следбеници на Инстаграм, а иако не е една од најпопуларните убавици на оваа социјална мрежа, во секој случај станува збор за девојка чија популарност сигурно ќе порасне во иднина.

0 4 5 6 7 8 9 anastasija-13