[Best_Wordpress_Gallery id=”402″ gal_title=”NoemvriNoken4″]
НОВ ИЗУМ: Овој човек направил Ферари од дрво – Погледнете како тоа изгледа
Ова е автомобилот кој го привлече вниманието на целиот свет и сите зборуваат за него. Во Венеција се забранети автомобили па така овој човек својата желба да се вози во Венеција ја претвори во реалност.
Ливио де Марко немал многу пари за да си купи Ферари, па направи свој изум, а му требале 5 месеци за да го направи ова чудесно возило во кое ставил Yamaha мотор за чамци, како би можело да плови во вода. Во продолжение погледнете го видеото и уверете се сами во ова чудо.
Ф.Г.
Прилепчанец излетал од патот – Несреќа на патот Охрид – Кичево
На магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера во 8:20 часот во близина на местото викано „Разделна“, се случила сообраќајна незгода во која 58-годишниот Н.Д. од Прилеп, управувајќи товарно моторно возило „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во незгодата Н.Д. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.
ФОТО: Самсунг на големо го создава својот нов смартфон Galaxy S8
Со откривањето на некои од карактеристиките на новиот Galaxy S8, Reuters потврди дека смартфонот ќе содржи нов AI (artificial intelligence) дигитален асистент!
Новиот Al дигитален асистент ќе биде базиран на Viv, асистент кој Samsung го купи минатиот месец. Основачите на Viv Labs се и оригиналните основачи на Siri на Apple. Reuters потврди дека звучниот асистент ќе бидат достапен и за други Samsung уреди.
Секако, Samsung веќе има асистент за своите смартфони, но неможе да се спореди со Siri, Google Assistant, или Cortana на Microsoft. Новиот асистент треба да биде покорисен.
Заедно со новиот асистент, Galaxy S8 ќе има нов модерен дизајн и поквалитетни камери. Смартфонот најверојатно ќе биде најавен во февруари или март, а ќе биде достапен на пазарот кратко потоа.
Над 300 играорци се претставија во Прилеп на Регионалните фолклорни смотри
Во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржаа веќе традиционалните Регионални фолклорни смотри на кулктурно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Западна Македонија.
На манифестацијата учествуваа 10 ансамбли и друштва и ова беше навистина ретка и прекрасно можност прилепчани да уживаат во убавиот македонски фолклор кој го претставија повеќе од 300 играорци.
Домаќин на овој несекојдневен настан беше Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп, а покрај него пред публиката се претставија и фолклорните друштва од Брвеница, Тетово, Вевчани, Ресен, Битола, Демир Хисар, Кичево и Струга.
Дожд и снег во Македонија – Ова не очекува во наредните денови
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе има поголемо наоблачување и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе има повремен слаб снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 13 степени.
Во почетокот на наредната недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но постудено. Во вторник се очекува слаб локален дожд. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Фотографија која „заработи“ два милиони лајкови
– Кајли Џенер на Инстаграм објави фотографија на која позира речиси гола.
Предниот дел на телото и е прекриен само со сина боја, што беше сосема доволно да ја заинтигрира фантазијата кај фановите.
Џенер (19) со оваа фотографија го најави проектот со фотографката Саша Самсон и патем собра два милиони лајкови.
Најмладата членка на кланот Кардашијан во последно време почна да објавува се повеќе провокативни фотографии, а најави дека наскоро ќе објави уште слични фотографии.
Неверојатно искуство – Допре два континенти во исто време

Дали е можно да допрете два континенти во исто време ?
Верувале или не постои едно неверојатно место во светот каде тоа е возможно. Тоа неверојатно место е наречено “Кракот Силфра” и се наоѓа на средината од Атланскиот океан.
Ова претставува најдолгата пукнатина на нашата планета, се наоѓа на голема длабочина и поради тоа е тешко видлива.
Ова е најатрактивното место за екстремните нуркачи бидеќи водата е мирна, чиста и изгледа како да лебдите во вселената.
Доколку сте доволно храбри да нуркате во овие длабочини ќе можете да ги допрете европскиот и северно американскиот континент во исто време.
Ф.Г.
Браќата Јованоски во блескаво издание – Се вратија со злато и бронза од меѓународниот параглајдерски турнир во Грција
Изминатиов викенд
Имено во многу силна конкуренција каде земаа учество параглајдеристи од Бугарија, Грција и Македонија, нашите параглајдеристи доминираа за време на целиот натпревар и после 4-серии , на прво место беше Борјан Јованоски
Само да напоменеме по повод 3-ти ноември,










































