дома блог страница 5052

Ова се целосните кандидатски листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција во Метрополис арена на Скопски саем ги објавува листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

 

pratenici-2-640x355

7 ИЕ

1. Рамазан Мифтароски
2. Зоран Стојановски
3. Славица Галевска-Милчиноска

6 ИЕ

1.Влатко Ѓорчев
2. Јусуф Хасани
3. Дафина Јованоска-Стојаноска
4. Горан Манојлоски
5. Фатмир Имероски
6. Валентина Стефановска
7. Дениз Ризванче
8. Јованка Ставреска-Данаковска
9. Стојан Тодороски
10. Јасминка Богдановска
11. Лоран Страшевски
12. Елизабета Новеска
13. Елвира Ејупи
14. Ангеле Јовановски
15. Ерол Исмаили
16. Наташа Блажевска
17. Зоран Спанџевски
18. Игор Павлески
19. Дијана Бибовска
20. Верица Тофиловска

5 ИЕ

1.Антонио Милошоски
2. Зоран Илиоски
3. Лилјана Затуроска
4. Љубен Арнаудов
5. Благоја Деспотоски
6. Нола Исмајлоска Старова
7. Крсто Мукоски
8. Сашо Василевски
9. Лилјана Кузмановска
10. Соња Талевска
11. Момчило Аврамоски
12. Алим Билали
13. Сузана Божиноска
14. Јован Тозиевски
15. Хасан Мазлум
16. Олга Лозановска
17. Дејан Пандилески
18. Максуд Мутаир
19. Николина Дамчевска
20. Валентина Стојкоска

4 ИЕ

1.Никола Груевски
2. Ванковер Манчев
3. Ане Лашкоска
4. Панчо Минов
5. Весна Пемова
6. Васил Пишев
7. Нада Ципушева
8. Димитар Стевананџија
9. Драган Цуклев
10. Павлинче Честојнова
11. Ѓоко Камчев
12. Дајанчо Ефтимов
13. Мирјана Хаџиевска
14. Александар Галапчев
15. Тони Гражданлиев
16. Павлина Георгиева
17. Јованче Јошев
18. Оливер Трајков
19. Гордана Тошеска
20. Катерина Шурбеска

3 ИЕ

1. Илија Димовски
2. Емил Димитриев
3. Слаѓана Митовска
4. Трајчо Димков
5. Стојан Миланов
6. Магдалена Манаскова
7. Зеќир Рамчиловиќ
8. Никола Мицевски
9. Благица Ласовска
10. Емилија Александрова
11. Иван Иванов
12. Ѓорѓи Коџабашиев
13. Милка Христова
14. Марјанчо Колевски
15. Александар Ѓорѓиевски
16. Сузана Секуловска
17. Костадин Штериов
18. Весна Јованова
19. Тина Петрова
20. Зоран Здравевски

2 ИЕ

1.Никола Тодоров
2. Трајко Вељаноски
3. Жаклина Пешевска
4. Иван Стоилковиќ
5. Амди Бајрам
6. Владанка Авировиќ
7. Зоран Ѓорѓиевски
8. Јохан Тарчуловски
9. Весна Дамчевска – Илиевска
10. Невенка Стаменковска
11. Бојан Стојаноски
12. Драган Петковски
13. Емилија Трајковска
14. Ѓоко Велковски
15. Дарко Костовски
16. Марија Николовска
17. Зоран Бајовски
18. Марија Ангелова
19. Марио Цветковски
20. Милка Спасевска.

1 ИЕ

1. Никола Попоски
2. Елизабета Канческа Милевска
3. Борис Змејковски
4. Драган Данев
5. Даниела Рангелова
6. Љупчо Димовски
7. Крсто Јовановски
8. Чедомир Саздовски
9. Светлана Јакимовска
10. Јасминка Дамческа
11. Владимир Нелоски
12. Андон Чибишев
13. Ирена Попова
14. Оливер Зафировски
15. Роберт Вељаноски
16. Симона Чаминска
17. Мите Костов
18. Жарко Ристоски
19. Светлана Колариќ
20. Марија Јакимовска

Фејсбук направи ужасна грешка- погледнете каква

„Фејсбук“ по грешка соопшти за смртта на стотици свои корисници, вклучувајќи го и својот шеф Марк Зукерберг, пренесе ТАСС, повикувајќи се на интернет порталот „Гизмодо“ (Gizmodo).

 

mark

Социјалната мрежа се извини за тоа што се случило.

„Дојде до ужасна грешка која ја поправивме“, се наведува во соопштението на „Фејсбук“.

За кратко време, во профилите на корисници на најпопуларната социјална мрежа во светот се појавија пораки испратени при смрт на соодветен човек. Меѓу жртвите се појави и основачот и претседател на „Фејсбук“ Марк Цукерберг.

 

Повеќе нема бегање со автомобил од полиција – направа која сама ги лови криминалците

g543thf3fy4jh5t43h54th3

Овој изум ги разочара криминалците а и олеснува работата на полицијата. Со негова помош полицијата може да ги фати криминалците од поголемо растојание.

Се надеваме дека за скоро време и нашата полиција ќе добие ваква опрема.

 

ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ НА ФБИ: Вистинскиот Тито исчезнал во Русија во 1937 година – СФРЈ ја водел Николај Лебедев

fbi-696x400

Тајните документи на ФБИ од неодамна станаа достапни на јавноста.

Маријан Маркул е роден во Ливно во 1909 година, а во САД се доселил во 1936 година. Државјанство добил 1944 година бидеќи две години служел во американската армија за време на Втората Светска војна.

Во извештајот пишува дека не е сигурно дали сите информации се точни, но се наведуваат и неговите тврдења дека тој е социјалист и дека сака даде информации кои би можеле да бидат важни за безбедноста на САД.

fbi-agenti-leda-foto-printscreen-yt-1413972588-583507

Во забелешките од состаноците на агентите на ФБИ, пишува дека Маркул ја посетил Југославија во 1953 година и дека два пати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел околу еден час и Маркул забележал дека на Тито сите прсти на рацете му се на број.

Маркул тврди дека вистинскиот Тито го изгубил средниот прст од левата рака. Додава дека “Тито” со кој тој разговарал во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир. Од друга страна, вистинскиот Тито бил необразован, и колку што помнел Маркул, тој не знаел да свири клавир.

Меѓу другото, Маркул тврди дека Јосип Броз бил висок околу 180 центиметри, додека овој “лажниот Тито” бил висок околку 160. Маркул исто така рекол дека човекот кој му се претставил како Тито говорел со благ руски нагласок и говорел тивко. Додека вистинскиот Тито говорел гласно и остро.

kuca-cveca-josip-broz-tito-godisnjica-foto-zorana-jevtic-1430748306-653639

 Маркул тврдел дека вистинскиот Тито бил доста “болежлив” , дека имал туберкулоза и дека исчезнал во Русија во 1937 година. Исто така изјавил и дека на крајот од дваесеттите години разговарал со вистинскиот Тито, а се видел со него неколку пати во Париз во 1935 и 1936 година. Тој додава дека е цврсто убеден дека тој човек е вистинскиот Јосип Броз.
Ф.Г.

Ова се православните светители кои се празнуваат денес

svetiteli

Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија

Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера и големото материјално богатство ги наследија од нивните родители. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две – живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се поклониш“. Свети Зиновиј одговори: „Животот без Христа не е живот туку смрт, а смртта заради Христа не е смрт туку живот.“ Кога го подложија на маки, на судијата му се јави Зиновиевата сестра и му рече: „Чашата на страдањата сакам да ја испијам и јас, и да се овенчам со таков венец“. После многу маки во оган и зовриена смола, обајцата беа убиени со меч околу 285 година. Така овие брат и сестра се преселија во бесмртното Царство Христово.

Светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем

 Од Седумдесеттемина. На Клеопа му се јави воскреснатиот Господ на патот за Емаус. Терциј го запиша посланието на Св. апостол Павле до Римјаните (Рим. 16, 22) и заврши маченички како епископ Икониски, после апостолот Сосипатар (под 10 ноември). Свети Марко (наречен Јован: Дела 12, 12), ѝ е син на благочестивата Марија, чијшто дом им беше засолниште на апостолите и на првите христијани. Тој е и роднина на Варнава. Беше епископ во самарискиот град Аполонијада. Јуст му е син на праведниот Јосиф. Заедно со Матиј беше избиран на местото на Јуда Искариот, но не беше избран. Како епископ пострада за Евангелието во Елефтеропол. Свети Артем беше епископ во Листра Ликаонска, а се упокои мирно.

ВИДЕО: Бебе панда ги освојува срцата на луѓето: Погледнете ги неговите први чекори

screenshot_11-6

Бебе панда ги освои срцата на илјадници луѓе. На видеото кое е има скоро 1 милион прегледи, прикажани се неговите први чекори. Гледајте и уживајте.

 

Марк Барнс: Трамп нема да дозволи промена на името Република Македонија

САД по изборот на новиот претседател Доналд Трамп ќе продолжат да го градат патот на добрата соработка со Македонија, вели Марк Барнс, советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

11

Во интервју за програмата „Гласот на народот“, овој духовен советник на новоизбраниот американски претседател истакнува дека никој не смее да го смени уставното име и идентитетот на Република Македонија.

– Околу прашањето коешто се однесува за името на вашата земја, коешто сакаат да ви го сменат и да престанете да се викате и именувате како Македонци, што пак е нечуено во светската историја, никој не смее да ви го смени името и идентитетот затоа што вие сте родени како Македонци и ќе продолжете да живеете и да се именувате така, вели Барнс.

Многу е нечесно, додава Барнс, што Грците во САД даваат милиони долари за Демократската партија само за да и се додворуваат и да ве натераат да го смените името.

– Бидете сигурни дека сега со именувањето на Трамп за претседател на САД, нема тоа да се случи, односно нема да се смени името на вашата земја Македонија. Гарантирам дека со изборот на Трамп за претседател на САД, секоја иницијатива предводена од Демократската партија на САД и демократското владеење веднаш ќе биде запрено. Тоа се однесува и за промената на името на државата Република Македонија, потенцира Барнс.

Во однос на претстојните парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември, Барнс со став дека очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го добие повторно мандатот за формирање на нова влада.

– Господинот Трамп е запознаен со работата на господинот Груевски и му ја дава неговата целосна поддршка за сето она што тој го прави за македонскиот народ. Очекуваме да го добие повторно мандатот од народот на престојните избори во декември, бидејќи сметаме дека Никола Груевски ќе продолжи со истата ангажираност што досега ја правеше за подобар економски развој и за безбедноста на државата, оценува Марк Барнс.

Запрашан за странските инвестиции во Македонија, меѓу кои е и американската компанија „Џонсон Контролс“ , како и за 5-то место во светот во извештајот „Дуинг бизнис“, Барнс со став дека Груевски се залага за економски раст на државата и оти се надева дека ќе продолжи да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Во интервјуто Барнс говори и за понатамошните односи со Русија за кои вели дека врвен приоритет на новиизбраниот американски претседател ќе биде да донесе стабилност и единство во светот.

– Трамп сака да донесе мир и стабилност во светот. Наместо хаос, да донесе стабилност и единство и и тоа ќе биде врвен приоритет. Како човечки суштества, без разлика на расата, бојата и политичката припадност, сите заедно треба да се поддржуваме и светот да стане подобар, а тоа е еден од најглавните приоритети на Трамп, истакнува Барнс.

Тој додава дека не е точно оти новоизбраниот американски претседател не е религиозен, а во однос на нападите за корупција, вели дека Трамп е многу богат и оти нема потреба од натамошно богатење.

– Тој ја сака Америка и верува дека во САД треба заедно да ги вратиме вредностите кои се изгубени во минатото, вели Барнс.

Изгледа како обично плакарче но што се случува кога ќе го допрете стаклото (ВИДЕО)

rgh534thf453hjyf43j

Навистина технологијата од ден на ден се повеќе оди напред, погледнете го овој неверојатен изум.

 

 

Барал диви свињи, а нашол соборен авион: Гугл ерт ја вознемири Хрватска

Познат истражувач, познавател и вљубеник на меѓимурската пририда, Јосип Хорват Мајзек, пребарувајќи на Гугл ерт останал шокиран од она што го пронашол.

google-earth-640x382

-Подготвувајќи се за својот нов проект за дивите свињи на подрачјето на Меѓимурје, користев Гугл ерт. Одеднаш видов светлечко крвче, го зголемив – кога на сателитската снимка се покажа контура на голем авион (ербас 380 или боинг 747) кој лежи среде шумата, вели Мајзек за емеѓимурје.хр.

Сателитската снимка на Гугл ерт навистина покажува авион среде шума, но за среќа не станува збор за соборен авион или за заборавен, туку за авион во прелет кој бил фатен од сателитот на Гугл во текот на снимањето на теренот за Гугл ерт.

Во скоро време авионот веројатно ќе исчезне од сликата, зашто Гугл двапати месечно ги менува снимките од воздух, но не се менуваат сите снимки одеснаш, туку според актиаелноста на подрачјето, па староста на сликите варира од една до три години.

 

Докторот му соопштува дека по долги 10 години се буди од кома – Погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

8dty8fyy645uy5j

Се онесвестил од премногу алколхол, па пријателите решиле да си поиграат со него бидејќи ова му е 5-ти пат како добива казна за возење во алкохолизирана состојба.

Имено тие го носат во болничка соба, актери глумат лекари кои на Реј му соопштуваат дека тој 10 години веќе е во кома и дека сега се буди.

Погледнете ја неговата реакција: