дома блог страница 5051

Баба и Пелистер, Преспанско – Пелагониска бајка

8

Доколку сте љубители на алпинизмот, недопрената природа, и небесните височини, несомнено мора да ја посетите планинската убавица во Пелагонија, Баба Планина со нејзиниот највисок врв Пелистер (2.601 м).
Овој планински масив е пелагониското- преспанско природно ремек дело кое изобилува со многу ендемични видови од кои несомнено треба да се одвои Моликата или Белиот бор како растителен вид кој го има само на неколку места на Балканот.

2

3

Планинскиот масив Баба се наоѓа помеѓу двете котлини Преспанската и Пелагониската и има свој правец на протегање од север кон југ. Баба е млада верижна планина која се карактеризира со симетричен изглед.
На Баба Планина постојат 24 врвови сите повисоки од 2000 метри. Најзначајни од нив се : Пелистер (2.601 м), Илинден ( 2.542 м), Широка (2.218 м), Ветерница (2.468 м), Бела Вода (2.156 м). Од дел од овие врвови се гледаат Солунска Глава на север, Пелагонија и Кајмакчалан на исток како и Преспанското Езеро, Галичица и Јабланица на запад.
Искачувајќи ги овие висини допирате до до една мистична средина каде секој нов чекор е и ново откритие, секој изоден предел говори преку звуците на природата и ве привлекува уште повеќе да истражувате и да уживате во неверојатните пејсажи.

11

15

Планината нуди можност и за развивање на манастирскиот туризам. Над 50 манастири се дел од туристичката понуда, кои се наоѓаат на двете страни, од едната страна кон Битолско поле, а од другата страна кон Преспа.
Највисокиот планински врв на Баба Планина е Пелистер ( 2.601 м) кој претставува трет највисок планински масив во Република Македонија. Пелистер е синоним за Битола и Битолчани кои се гордеат на него. Извишен над Битола, Пелистер претставува природен убавец во сите годишни времиња особено во зимскиот период кога нуди можност за развој на зимските спортови. Од 1948 година Пелистер е прогласен за национален парк.

12

7

На Пелистер се наоѓаат двете глацијални езера Пелистерски Очи кои – Големото и Малото Езеро кои несомнено ја надополнуваат и така возбудливата авантура на овие предели. Пелистерските Очи познати и како “Горски Очи” ќе ве маѓепсаат со бистрината на водата и расцветана околина во пролет. Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за зањубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

13

14

Целата ова бајка пренесена преку текст е многу малку да ја долови оваа разиграност на природата која царува на овие предели. Затоа посетете ја Баба Планина и Пелистер и бидете сведоци од блиску, бидејќи рекле кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ќе дојде пак.

6

 

5

10

Пишува: Александар Георгиоски

Изложба „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

11

НУЦК ,,Марко Цепенков,, Прилеп

Во петок 25 септември 2015 година во целиот слободен простор на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде поставена изложбата ,,Ретроспектива,, од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски. Едновечерната ретроспектива на двајцата уметници, брачен пар, ќе започне во 19, а ќе заврши во 24 часот.
Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружно ќе има и видео записи.
Со изложбата ,,Ретроспектива,, ќе бидат одбележани 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.
Носител на проектот е НУ Музеј за современа уметност во соработка со ЦК,,Марко Цепенков,,. Автор на проектот, кој е поддржан од Министерството за култура е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

Податоци за авторите

Виолета Блажеска е родена во Охрид 1952 година. Академија за ликовни уметnости завршила во Приштина во 1980 година. Работела како професор во гимназијата во Прилеп.

Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Акадеmијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп.

Текст за изложбата од Марика Бочварова Плавевска
Од првите контакти остварени за време на студиите се насетува блискиот сензибилитет што понатаму ќе ги здружи во креативна смисла и во брачен живот. Грабулоски се обиде еден период да создава класични скулпторски решенија изработени во мермер, но исчекорот набрзо беше направен и се случи спојувањето на идејните решенија во кои акцентот беше ставен во комбинирањето на мермерот со други материја (стакло, дрво, метални мрежи, весници и.т.н) често како read made. Така нивниот концепт на директно интервенирање во природен, урбан, фабрички или галериски простор ги содржи веќе апсолвираните искуства на т.н. нова уметничка пракса, доминантна во претходните седма и осма деценија на бившите ју – сцени, но без идеолошко – политичка позадина. Едноставно се концентрираа на ликовното во неоколасичното негово доживување, каде што се истакнува неговото значење во сфаќање на процесот на дематеријализација на уметничкиот објект. Моментот на дематеријализација, поточно илузионистички замислените скулптурални елементи, проследено често со обработен звук ја дефинираше идејата за прифаќање на нивните повеќеслојни осмислени дела, поради можностите што максимално ги искористија во нивните зафати во различните амбиенти. Сместувајќи ги во широкиот спектар на постмодернистичките појави најлесно е да се споредат со раните и подоцнежните постконцептуалистички дискурси врзани за нашата уметничка сцена со што се поедностави начинот на класифицирање на идејни решенија, валоризирани како сегменти на актуелните случувања кај нас, па и наградени.
Првобитно беа забележани на релевантни изложби и интервенциите во Прилеп. Следуваше нивното вклучување во комплексот на проектни презентации – 1993 во Истанбул, во 1994 на Кутија на слики во Скопје, потоа низ Македонија со Ликовниот експеримент (кој траеше година ипол 1995/96), малку подоцна на 91/2 Нова македонска уметност -1995/96, партиципираа на Биеналето во Сао Паоло и Биеналето во Санкт Петербург, 1996. 2001 година ја одбележаа со мошне возбудливиот Крикот на глувонемиот (видео во чија креација учествуваше и ќерката Софија). Тука некаде се заокружува нивната интензивна продукција на креативен план, иако заморот не е нивна карактеристика, бидејќи континуирано се концентриранина експерименти врзани за нивниот ликовно имагинарен свет. За крај да споменеме дека на прилапчани им го подарија меморијално обликуваната инсталација (во Касарната ,,Мирче Ацев,, ) во која се обединети сеќавањата на борците од НОБ, и на оние кои загинаа на Карпалак.

ДОАЃА СНЕЖНА ЗИМА: Многу снег во Македонија!

Експертски тим од Управата за хидрометеоролошки работи подготви анализа за можните изгледи за времето во текот на сезоната есен- зима 2015-16.

zabrana-sneg

При тоа користени се податоци од УХМР, информации и продукти од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Националниот центар за атмосферски истражувања на САД како и останати расположиви центри. Колку и да е сезонската информација за времето со помала остварливост, сепак Управата, се одважи да за потребите на граѓаните и институциите во државата со сопствени ресусрси, знаење и искуство да подготви и воведе во својата операативна практика, ваква информација-која претставува сезонска рамка за можните изгледи за времето во Македонија во текот на есента (која календарски започна) и престојната зима.

Прогноза за месец октомври

Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена во однос на температурите и понатаму не очекува релативно топло време, меѓутоа со температури околу просекот за овој период од годината, а не екстремно високи како што беа во изминатиот период. Најтопло се очекува во втората недела од прогнозираниот период (28.09 до 04.10), кога температурата се очекува да биде за околу 2 степена повисока од просекот за овој период од годината. 21.09-27.09.2015 28.09-04.10.2015 05.10-11.10.2015 12.10-18.10.2015 2 Прогноза на максимална температура за Скопје (21.09 до 04.10.2015) Прогнозирана максимална температура за Скопје за следните две недели според прогностичкиот модел на ECMWF. Средната задебелена линија ја дава просечната температура за овој период, што значи дека во следните две недели не очекуваат температури претежно околу просечните за овој период од годината. Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на следните месец дена не очекува нешто поврнежлив период. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела, за околу 30л/м2 повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела, кога се очекува да бидат околу просекот.

Според прогностичките материјали кои УХМР ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), а врз основа на стручните анализи и методи кои се применуваат во Секторот за метеорологија се предвидува дека есента и зимата во Македонија ќе бидат малку потопли и повлажни од просекот. Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември- ноември покажува дека температурите на воздухот ќе бидат во граница на просечните вредности. Количината на врнежи оваа есен се очекува да биде поголема од просекот, особено во источна Македонија. Постои голема веројатност дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C. Што се однесува до врнежите во овој период, малку надпросечна количина даваат повеќето модели. Поизразито ќе биде во централниот и особено источниот дел на Македонија. Исто така постои веројатност во зимската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени негативни 4 отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија.

Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Во зима температурата се движела од -1,5°C во Маврово до 5,0°C во Гевгелија. Врнежите биле во опсег од 90mm во Штип до 318,9mm во Лазарополе.

Агрометеоролошки осврт Според прогностичките материјали дека нареднава есен и зима ќе бидат потопли и повлажни, ако се земе во предвид сушата од изминатиот период и големото дехидрирање на почвата и во подлабоките слоеви, ваквите зголемени врнежи ќе допринесат и за зголемена влажност во почвата, што ќе овозможи успешно изведување на есенската сеидба, потоа успешно поникнување и развој за навлегување во поповолни услови за презимување и во понапредни фази на развој, каде осетливоста на културите кон ниски температури е многу помала. Повисоките или просечните температури на воздухот покрај врнежите се неопходни за нормално поникнување, а тоа значи ќе се постигнат и повисоки температури на почвата на 5 см. длабочина, делот од почвата каде во овие фази од развој се наоѓа кореновиот систем. На самиот почеток на есента ваквите температури се добредојдени и за собирање на родот од овогодишнава реколта и за реализирање на работите на отворено. Зимскиот период со зголемени количества на врнежи, значи и поголеми резерви на вода во подлабоките слоеви од почвата, потребни за раниот развој во пролет, и кај есенските посеви така и кај овошките и виновата лоза кои се многугодишни култури, и црпат вода и од подлабоките слеви. Присуството на снег и на снежна покривка е од голема важност за посевите кои се нај изложени на надворешните влијанија, така, зголемените врнежи во текот на зимата најчесто се од врнежи од снег, кои се очекуваат во текот на зимата. Особено битно за земјоделството во Републиката е тоа што се очекуваат зголемени врнежи во централните делови од Републиката каде што во еден подолг период врнежите беа пониски од просечните а влажноста во почвата секогаш беше на пониско ниво, така да сега би можеле да очекуваме и подобрување на состојбата најчесто во Овче Поле каде сушните периоди се нај изразени, а типот и составот на почвата во најголем дел го диригираат започнувањето и завршувањето на обработката на почвата а со тоа влијаат и на самата сеидба. Хидролошка изгледи за претстојниот период Според синоптичката прогноза за времето во наредниот месец (21.09.2015-21.10.2015) не очекуваат просечни температури на воздухот и малку над просечни врнежи од дожд за тој период од годината со посебен акцент на првата недела од месецот кога се очекува врнежите да бидат пообилни односно да бидат за 30l/m2 над просечните. 5 Во изминатиот период преовладуваше доста топло и суво време така што подземните резерви на вода полека почнуваа да се намалуваат. Денешните врнежи од дожд (21.09.2015) се добредојдени во тој поглед и ќе допринесат за зголемување на водата во подземните водоносни слоеви и достигнување на просечни водостои во водотеците. Прогнозираните пообилни врнежи во неделата што претстои (21.09.2015–28.09.2015) исто така можат да допринесат за зголемување на влажноста на почвата и да доведат до извесно зголемување на протекот во реките. Согласно на временската прогноза генерално се очекува протечните количини на вода во водотеците за наредниот месец (21.09.2015- 21.10.2015) да се движат во границите на просечните вредности или да бидат малку над повеќегодишниот просек за тој период од годината. Меѓутоа, сакаме да ставиме до знаење дека доколку врнежите од дожд бидат интензивни и доколку за кратко време паднат големи количини на врнежи ќе има можност за релативно брзо зголемување на водостојот во реките, особено на помалите водотеци со мала сливна површина и стрмни падови кај кои што времето на концентрација на водата е доста мало и каде што паднатите врнежи веднаш би се трансформирале во површинско отекување. Ова особено се однесува на југозападните предели од државата каде според прогнозата за наредниот месец се очекчува врнежите да бидат пообилни. Според временската прогноза претстојната есен и зимата се очекува да бидат малку потопли и повлажни од просекот. Согласно на тоа водостоите во реките ќе се карактеризираат со просечни или малку надпросечни вредности во однос на повеќегодишниот период. Доколку врнежите бидат пообилни и траат последователно повеќе денови можно е да дојде до заситување на почвата со влага и позначително зголемување на проточните количини во водотеците што е најмногу својствено за месец ноември и декември.

Градоначалникот Ристески го честита празникот Курбан Бајрам

7

По повод празникот Курбан Бајрам, Градоначалникот Марјан Ристески ја посети населбата Тризла и населеното место Канатларци и на верниците од исламска вероисповед им го честита Курбан Бајрам:
„Во време на верските празници се истакнува заедничкото уважување на сожителството, почита кон различните култури, традиции и обреди. Овие верски празници се можност да се покаже толеранцијата, добрите дела и љубовта на едни кон други, која е карактеристична за ова поднебје каде децениии наназад се уважувале и почитувале разликите, а сигурно тоа ќе остане и наша трајна определба“, истакна градоначалникот Марјан Ристески во изјавата за медиумите.
Курбан-бајрам доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазан-бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан-бајрам не се слави секоја година во исто време.

[Best_Wordpress_Gallery id=”45″ gal_title=”Градоначалникот Ристески го честита празникот Курбан Бајрам”]

ВИДЕО: Кинез ново засилување за Реал Мадрид

Реал Мадрид веќе се подготвува за преодниот рок, а медиумите пишуваат дека овој тим планира да го ангажира „кинескиот Серхио Рамос“.

zang-linpeng-500

Реал Мадрид во својата историја имал многу странци, но никогаш Кинез. Но, тоа би можело наскоро да се промени.

Кинеските медиуму јавуваат, а шпансите пренесуваат, дека 26-годишнот дефанзивец Жанг Линпенг е на радарот на Реал Мадрид. „Кинескиот Серхио Рамос“, како што го нарекуваат овој фудбалер, многу лесно во 2016-та година би можел да стане нов игрч на „Кралевите“. Наводно, прелиминарниот договор за трансферот е веќе направен.

Линпенг во моментов игра за Гванжу, а може да игра како стопер и како десен бек.

Интересно е тоа што за неговите услуги заинтересиран бил и Челзи, но трансферот пропаднал. Поради неверојатната офанзивна статистика (постигнал 13 голови и имал 21 асистенција), медиумите во Кина го нарекле „Серхио Рамос во кинескиот фудал“.

Реал во своите редови ги има Рамос, Пепе, Варан и Начо, но сепак идејата е веројатно освојување на кинескиот пазар, кој е доста голем, а тоа значи повеќе продадени дресови, поголема популарност и повеќе спонзори.

ЕКСКЛУЗИВНО: markukule.mk прв дознава:

МАРКУКУЛЕ прв дознава

Црквата “Св.Петка” која макотрпно се градеше со помош на сите верници во општина Прилеп, несебичната помош на бизнис секторот и божјата волја, конечно го дочека своето осветување. Населбата “Точила” со векови однапред ќе биде местото каде е сместен еден од најубавите и најуникатните божји храмови, специфичен во повеќе нешта. Сонот стана реалност и по 100 години на иницијатива на прилепското свештенство, верниците и иницијативниот одбор поддржан од Градоначалникот Марјан Ристески, пратениците и Советот на Општина Прилеп, градот под марковите кули ќе има уште еден божји дом, преубавата црква “Св.Петка”. Ве покануваме утрото на 24.октомври во 7:00h и Вие да бидете дел од свеченото осветување… ЗА МНОГАЈА ЛЕТА!

ФОТО: Целосно беззаконие – во овој град се е дозволено

Монг Ла е град во кој илегално се доаѓа со мотор преку планините, а познат е по целосното беззаконие.

citysli

Градот се разликува од традиционалните села поради големиот број на касина, хотели, бордели кој јавно ги рекламираат своите услуги.

Во еден момент, дилерите на дрога го преплавија овој град заедно со туристите по изградбата во 1989 година.

1cityslu

Лидер на градот е Саи Леун, кој до 2000 година се наоѓал на американската листа на најбарани дилери на хероин.

Иако властите тврдат дека производството на дрога во овој град е искоренета,во него и понатаму лесно се доаѓа до наркотици, особено од кристален мета, но и оружје и украдени возила.

2citysli

Прилепчанка измамила 52 лица и менаџментот на хотел во Струга, си заработи кривична

Четириесет и четири годишна прилепчанка заработи кривична пријава, и тоа поради основи на постоење сомнение за сторени кривични дела „измама“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „посебни случаи на фалсификување исправа“.

5000denari

Пријавената М.В. на 8 јули годинава во хотелот „Бисер“ во Струга на одговорното лице му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија, при што потпишала договор за престој на 52 лица во хотелот во периодот од 14 до 19 август, услуга вредна 338.068 денари.

При потпишувањето на договорот пријавената на менаџерот на хотелот му приложила исправа со невистинита содржина односно тековна состојба на Конфедерацијата од февруари оваа година. Иако никогаш не била претседател, во име на Конфедерацијата, пријавената склучила договор на кој ставила печат од Здружението за развој и унапредување на земјоделието, со што извршила измама на одговорните во хотелот за содржината на исправата што ја потпишале.

Откако менаџерот на хотелот ја увидел измамата, на 52-те лица што се сместиле во хотелот им бил откажан престојот за кој, според нивни кажувања, претходно и биле исплатени пари на пријавената.

Лешница – „Срцето на Шарпланина“ и Титов Врв

lesnica1

Лешница или срцето на Шар Планина како што ја нарекуваат планинарите, е месност сместена на 300 метри пониско од Попова Шапка и на 1450 метри надморска височина.

lesnica2

Локалитетот го краси посебна местоположба и убавина, која како мамец ги кани туристите од Македонија и светот. Лешница нуди несекојдневен и раскошен алтернативен туризам, привлечен за стотици алпинисти преку годината.

lesnica4

Живописната месност се наоѓа во најдлабоките и најодалечените пазуви на Шар Планина и изобилува со иглолисна букова и друга мешана шума, како и со богата ендемична флора и фауна која може да се најде само на ова место.

lesnica5

Низ оваа месност поминува и најголемата тетовска река Пена која се спојува со Лешничка Река, а во далечината се гледа и највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв.
Целиот овој амбиент надополнет со мирисот на сите билки, кавалот на овчарите и преубавото Шар Планинско млеко секој посетител го оставаат без здив.

lesnica10

lesnica9

Околу месноста Лешница се наоѓаат највисоките врвови на Шар Планина со висина од околу 2700 метри како и огромни пространства кои се наоѓаат на висина над 2500 метри со дебели снежни прекривки од месец ноември до месец мај во годината, при што пружаат идеални услови за подготовки за експедиции.
До Лешница може да се стигне на повеќе начини, но најдобар приод во зимскиот период е скијачкиот центар Попова Шапка, па преку врвот Церипашина да се спуштите во долината на Лешница.

lesnica6

Оваа природна оаза е раскрсница кон највисоките врвови на Шара и неодминлив раскош на природата кој несомнено треба да се доживее и види.
Лешница е Балканската Швајцарија сместена во нашата земја, месност која едноставно мора да се посети.

lesnica12

lesnica14

lesnica15

Пишува:
Александар Георгиоски

 

ВИДЕО: Го шокираше светот со својот талент – има 9 години и е експерт за фрлање ножеви

talentnoz

Малиот Гренан Бартлет-Нали има само 9 години, но неговиот неверојатен и ужасно морничав талент го воодушеви светот.

Тој настапи на шоуто Америка има талент со својата сестра, каде доби четири „да“ и продолжи во понатамошното натпреварување.

Доволно е само да го погледнете видеото и да сфатите за што станува збор.